Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

pinky

lurker
23 мај 2009
525
428
Совет за 50м2 поткровје таванот има стаклена волна ставено горе и има каратаван (не се разбирам што е каратаван :D ) солидни прозори само внатрешна изолација има моментално во план е термо фасада 5 cm.
Буџет 70.000 без монтажа.
Фала однапред.

Погледнете го атачментот 81700

Имам еден скоро ист пример како твојов, простор ~50 m2, форма иста како на сликата (во "ге"), клима поставена исто како на сликата, ама главен проблем е што кога ќе фатат минуси, околу климата е супер, а на спротивната страна од просторот разликата во температура е осетлива. Без разлика колку моќна клима ќе ставиш, теоретски е невозможно да одржуваш рамномерна температура во радиус од 10 метри.

Моја препорака е две 3.5ки на спротивни страни од собата. Ќе добиеш:
  • рамномерна топлина низ цел простор
  • поголема максимална моќ за црни дани (2х3.5 > 5)
  • поголема енергетска ефикасност поради помало оптеретување
  • потивки внатрешни и надворешни единици
  • кога едната прави defrost, другата грее
  • ако се појави дефект, пак ти останува една клима во функција
 
Aowek

user
14 април 2012
1.212
1.169

Кои две 3,5ки ги препорачуваш?
 
pinky

lurker
23 мај 2009
525
428
Gree U-Crown за 40к мислам дека е најдобра опција во моментов. Hansol исто е океј клима, 37к. Испод тоа јас не би идел. Добри јапанци за тие цени колку што знам нема.
 
MacRazor

hello world
15 ноември 2017
234
149
Подобро две 3,5 него 3,5 со 2,5. Даикин верзијата B разликата е 20 евра помеѓу 2,5 и 3,5! Гледај ти монтери шо ке најдеш, да не плачеш после. Моја препорака Милмарк, газдата Зоки легенда, мајсторите со него уште поголеми легенди. Една клима 2,5/3 часа местат, по YU стандарди. Така да коа ќе ви каже некоја будала дека мести по 4-5 клими зиме а 7-8 у лете, терај го у пм...
 
Aowek

user
14 април 2012
1.212
1.169
2х40 плус монтажа ми е далеку на 70к + монтажа
Гледам на кајгана во темата флегма имаше постирано некое видео од Србија дечко грее 45м2 со мхз35 митсу а чудно ми е што не може со еден даикин од 5кв 50м2 да се греат инаку ќе ме послушам секако 2 ќе земам.
 
pinky

lurker
23 мај 2009
525
428
Ваљда мислиш MSZ FH35. Ако да, тоа е истата клима што се користи во просторот кај мене. Само како што реков, не е до моќта на климата. Во мојот случај е едвај 50% оптеретена на -10 степени и е супер топло во радиус од 5 метри, али како се оддалечуваш, веќе не е.

Иначе Hansol сум ја гледал во зима за 33-34к, така да, можеш да пробаш да им спуштиш.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.065
5.999
2х40 плус монтажа ми е далеку на 70к + монтажа
Гледам на кајгана во темата флегма имаше постирано некое видео од Србија дечко грее 45м2 со мхз35 митсу а чудно ми е што не може со еден даикин од 5кв 50м2 да се греат инаку ќе ме послушам секако 2 ќе земам.
Може да грее БЕЗ ПРОБЛЕМ, само дека е Г собата со некоја преграда/шанк тој дел ќе е послабо загреан. Со било која клима или грејно тело.

Иначе даикинот е идеално решение.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Зависи од топлотни загуби, тоа е различно кај различни домови. 50 квадрати не се исти (за греење) во два различни куќи.

Идејата со две клими е дека се добива 7кв наместо 5.5кв. Добиваш подеднакво покривање на топлината (уште повеќе важно во Г тип на соба). Добиваш порастеретени клими кои ќе имаат подолг животен век.

Цената е поголема отколку една 5.5кв клима ама не за многу. За Хансол зборам, Даикин секако е подобра клима - но прашање е дали е доволно силна за тој простор. Кога ќе биде изолирана куќата можеби ќе биде доволно силен, ама ќе работи на граница и со поголема оптеретеност...
 
Значи и по малку струја би трошел со 2 клими ?
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Не, од аспект на потрошувачка исто или нешто помалку во однос на климата со подобар СОР (Даикин ако гледаме меѓу Гри и Даикин).
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Ваљда мислиш MSZ FH35. Ако да, тоа е истата клима што се користи во просторот кај мене. Само како што реков, не е до моќта на климата. Во мојот случај е едвај 50% оптеретена на -10 степени и е супер топло во радиус од 5 метри, али како се оддалечуваш, веќе не е.

Иначе Hansol сум ја гледал во зима за 33-34к, така да, можеш да пробаш да им спуштиш.
Hansol nema poveke
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.241
Совет за 50м2 поткровје таванот има стаклена волна ставено горе и има каратаван (не се разбирам што е каратаван :D ) солидни прозори само внатрешна изолација има моментално во план е термо фасада 5 cm.
Буџет 70.000 без монтажа.
Фала однапред.

Погледнете го атачментот 81700
Веднаш да те разочарам дека со обичен термопан нема да имаш топлење со клима. Можат овдека да те советуваат да наредиш и 5 клими но фактите се тие.
Јеловица дограма, која претпоставувам е стара над 20 години, има (моментално) лош термопан кој едвај има 18 степени од внатрешна страна.

Мој најпријателски совет е тие пари да ги инвестираш во внатрешна изолација или во, уште попаметно, PVC дограма и тоа задолжително со 3 стакла. Ако не ставаш со 3 стакла слободно задржи ја словенската. Исто ти се фаќа.

Стави две клими, или стави клима во неизолиран простор па за кратко време ќе се фатиш како правиш математика дека двете клими (или една јака, сеедно) ти трошат колку кубик дрва месечно.
А кубик дрва (сув, добро исцепен) ослободува енергија за која било кој инвертер може да сонува.

За твојот простор зборувам. Ако ставиш добра изолација тогаш ќе завршиш работа со било која инвертер клима во ценовен ранг од 500-600 евра.
 
Внатрешна изолација има моментално а на пролет ќе се става однадвор, беа мајстори ни предложија да не менуваме прозори на овој спрат дека биле добри.
Треба да се вложат солидни пари од старт да се згрееш со инвертер
5 илјади евра фасада 3/4 илјади прозори и врати.
Фала на советот.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.241
Внатрешна изолација има моментално а на пролет ќе се става однадвор, беа мајстори ни предложија да не менуваме прозори на овој спрат дека биле добри.
Прозорите се добри, нема дискусија тука. И јас имам Јеловица но термопаните не чинат. Тука се губи страшно многу топлина
Од друга страна да се наместат три стакла на таа дограма е невозможно заради тежината.

Вчера гледав видео на Youtube каде ликот стави термометар пред обичен термопан (PVC) на сонце и истото го повтори на PVC со 3 стакла. Разликата беше 50 vs 37 степени.
Пробај ова да го замислиш со минус температури и ќе ти стане јасно каде бега топлината.

Вака имаш загуби. Ај да не претерувам со 100W но секако имаш 70. 50 квадрати пута 70W имаш загуби помеѓу 3,5 и 5kW
И сега за да задоволиш ќе ти требаат две клими. А две клими, како што кажав трошат 2 кубици дрва (во пари)
 
pinky

lurker
23 мај 2009
525
428
Еве една компарација со вистински случај, без претпоставки.

Кај мене, како што реков генерално слично, ама и бетер од тоа кај @Aowek. Се работи за куќа без изолација, освен некоја стаклена волна на таванот. Прозори од 60тите, дрвени, дупли, али солидни. FH35 сама го загрева целиот простор до мали минуси со максимално оптеретување до 50%. На поголеми минуси по потреба се пушта втора on/off клима за да се добие порамномерна температура во тие ~50m2. Mitsubishi-то и на -20 не било оптеретено повеќе од 1.3kW (60%?). Максимум му е 2+kW. Температурата внатре е ~23 степени во работно време, некој степен помалку надвор од работно време.

Во врска со математиката, сега со клими се греат вкупно ~70m2 во куќата, 24/7, 6-7 месеци, се плаќа индустриска струја (цена х2 од резиденцијална) и вкупниот трошок за цела зима е околу 20к. За споредба, предтходно се користеше печка на дрва за греење ~50m2 и подгревање ~20м2, околу 10 саати дневно, 5-6 дена во неделата, и кошташе околу 25к.
 
Aowek

user
14 април 2012
1.212
1.169
Прозорите се добри, нема дискусија тука. И јас имам Јеловица но термопаните не чинат. Тука се губи страшно многу топлина
Од друга страна да се наместат три стакла на таа дограма е невозможно заради тежината.

Вчера гледав видео на Youtube каде ликот стави термометар пред обичен термопан (PVC) на сонце и истото го повтори на PVC со 3 стакла. Разликата беше 50 vs 37 степени.
Пробај ова да го замислиш со минус температури и ќе ти стане јасно каде бега топлината.

Вака имаш загуби. Ај да не претерувам со 100W но секако имаш 70. 50 квадрати пута 70W имаш загуби помеѓу 3,5 и 5kW
И сега за да задоволиш ќе ти требаат две клими. А две клими, како што кажав трошат 2 кубици дрва (во пари)

Зошто е невозможно да се стават со 3 стакла тоа не сфатив ако веќе менуваме се?
Зар сите што се греат со инвертери имаат по 3 стакла прозори и што сум бил кај луѓе ретко кој имал со 3 стакла не негирам дека си во право, познанициве сите потврдија дека помалку трошеле од дрва и нема замарање пали чисти и слично обично пвц и 5цм стиропор.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Кај прозорците најважен е коефициентот на топлинска спроводливост на стаклото. За жал кај нас продавачите најмногу обрнуваат внимание на профилите, големина, комори не знам што. А најголемата површина е покриена со стакло и за тоа ништо не спомнуваат. Разликата во температурата од внатрешната страна на прозорецот помеѓу профилот и стаклото може да е и цели 10 степени па и повеќе во случај на солиден профил и обично стакло.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.241
Зошто е невозможно да се стават со 3 стакла тоа не сфатив ако веќе менуваме се
Затоа што оковот нема да издржи толкава тежина. Пробај извади балконска врата од Јеловица и веднаш ќе ти стане јасно што зборувам.
Зар сите што се греат со инвертери имаат по 3 стакла прозори и што сум бил кај луѓе ретко кој имал со 3 стакла не негирам дека си во право, познанициве сите потврдија дека помалку трошеле од дрва и нема замарање пали чисти и слично обично пвц и 5цм стиропор.
Во минативе 5-6 дена со еден другар имавме псевдо научно истражување по роднини и пријатели. Меревме температура со ласерски термометар и унимер со темп. сонда.
Резултатите поразителни (и очекувани од моја страна)
Кај малтарена куќа со добра дрвена дограма (термопан) која е греена на клима резултатите отприлика беа вакви:
При - 1/0 степени клима наместена на 24 степени: Температура на воздух, мерена со домашен мерач, 24. Температура на ѕидови 22, агли горе/долу од 25 до 18, подот ретко над 19, ѕидови околу прозор 19, стакла на неисправни термопани 12, кај исправни 16~18, во соби каде тешко допира топлина (Г-соби, прегради, шанкови) температура на ѕидови 15~18.

Во куќа со PVC со три стакла, обична малтерија: Температура на ѕид околу прозор 19~20, внатрешно стакло 19, под 19, агли 18~19..
Закључокот се наметнува сам.

Реториката "палам панел по потреба", "палам ќумбе по потреба" е издржана за пред гранапче.

Греење на стан е друга тема. Неспоредлива со куќа.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
@Aowek сaмо подното греење ги нема набројаните маани. Секогаш ќе има пар степени разлика на подот, и во оддалечените агли/места. Физика. Клима уредите се и подобри за ова, пошто активно го мешаат воздухот, другите видови греење имаат само пасивно мешање на воздухот (термодинамика).

Земи го за пример греењето со дрва. Потполно истите работи важат за температурни разлики на различни висини (плафон/под). Разликата е што луѓето имаат субјективно мислење за ќумбињата/печките, пошто кога ќе наложат печкиве греат со максимална моќност која е многу посилна и од најсилните (за по дома) клими од 7кв, а обично користиме 3.5 и 5.5кв. Погледај во спецификациите ќумбињата/печките што вообичаено се користат ретко се под 10-12 киловати, често идат до 18-24кв. Епа трипати повеќе се три пати повеќе, киловати топлина.

Муабетот е што со се дешава со таа топлина ако не ложиш дрва 24/7.
Луѓето обично ложат неколку пати дневно. Неколку часови после гаснењето на огнот температурите во просторијата паѓаат драстично. Наеднаш греењето со клими и ~25-24с на еден метар висина, и ~22-21с на под и не изгледаат така лошо, нели? Посебно пошто се работи за константни температури кои 24/7 се истите, и посебно пошто плаќаш помалку за струја отколку за дрва (со сегашните цени на дрвата), а не мораш да се замараш со цепење/редење/носење/ложење дрва, не се замараш со фрлање пепели и чистење оџаци, немаш чадови и пепел по дома, и не мораш да кречиш ѕидови секоја втора година. И не мора да се плашиш дека некад ќе се деси некој бед, со постојаната опасност од пожар (посебно ако не се чистат убаво оџаците барем еднаш во сезона).

Не држи вода ни муабетот дека клими се само за по станови и дека куќи со големи топлотни загуби не може да се греат со клима уреди. Можат, само треба посилни клими. Истите топлотни загуби се и со ќумбе да се затоплуваат тие куќи. Разликата е што кога ќе се изгаси оганот таквите куќи експресно бргу се ладат и внатре станува неподносливо ладно (како што добро знаат тие што се греат со ќумбиња во слабо изолирани куќи).

Греењето со клима уред има добри и лоши страни, има и маани. Секое греење има маани. Но нема поекономично греење достапно за сите, а кое истовремено освен економично е и удобно и едноставно за користење. На есен ќе ги пуштиш климите, на пролет ќе ги исклучиш, и тоа е тоа.
 
dejanm

hello world
15 јануари 2014
121
61
Јас прво ќе се извинам што сум тотално Noob на темава, но ми треба совет за инвертер со буџет до 50к денари. Ќе се загрева дневна од стан со 30тина квадрати, со можност да се отвара друга врата од соседна соба за да оди дел од топлината и таму.
Ги гледав овие
GREE AMBER -30GWH12YD-S6DBA2A
GREE VIOLA GWH18RC-K3DNA3G

VIVAX ACP-12CH35AEYI R32
VIVAX ACP-18CH50AERI R32

Секој совет и за некои подобри од овие е добредојден
 
jasminajac

read-only
21 февруари 2019
24
2
Нормално ли е,климата наместена на 22 на ауто фан во собата термометарот покаѓува скоро 25,а климата си дува постојано тооол воздух на најмала брзина дали со ова си одржува тт со тоа што не исклучува бидејки кога надвор беше потопло и и аше сонце знаеше да исклучи извесно време потоа пак да почне да дува.
 
Истиот случај го имам и јас, ми рекоа или има спора сонда климата внатре па и треба време додека ја прочита промената на температурата бидејќи се внатре во климата или воопшто не работи сондата за темп.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.241
Јас прво ќе се извинам што сум тотално Noob на темава, но ми треба совет за инвертер со буџет до 50к денари. Ќе се загрева дневна од стан со 30тина квадрати, со можност да се отвара друга врата од соседна соба за да оди дел од топлината и таму.
Ги гледав овие
GREE AMBER -30GWH12YD-S6DBA2A
GREE VIOLA GWH18RC-K3DNA3G

VIVAX ACP-12CH35AEYI R32
VIVAX ACP-18CH50AERI R32

Секој совет и за некои подобри од овие е добредојден
VIVAX AERI
 
jasminajac

read-only
21 февруари 2019
24
2
Истиот случај го имам и јас, ми рекоа или има спора сонда климата внатре па и треба време додека ја прочита промената на температурата бидејќи се внатре во климата или воопшто не работи сондата за темп.
хаха само што пишав она исклучила ке да не е точен термометарот.т
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв