1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Sylvester, 17 Јули 2010.

  1. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,535
    12,784
    2 Август 2012
    Машко
    Се случува да има криви лимчиња од фабрика. Ништо страшно
    Она е заради алкава монтажа во фабрика.

    А другоно е крај на дефростот и промена на циклусот. Звук типичен за кинез. Нормален би рекол.

    Какви репарации какви бакрачи
     
    z_u_l_u, CBB_6 и на turbiny им се допаѓа ова.
  2. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,627
    3,643
    12 Јануари 2016
    Машко
    Со среќа да си ја користиш климата.
    Патем, што те одлучи за 18-ка наместо две 12-ки? Прашувам чисто заради темава, претпоставувам дека и други ги интересира.



    Во принцип не би требало да искоментирам на ова, ама сметам дека е важно да се расчисти па ќе си дозволам (уште еден) офтопик.

    Погрешно разбираш што е „обновлив“ извор на енергија. Според твоето разбирање - не постојат обновливи извори на енергија. Или ништо „не е обновлиово“ ако „енергијата не се обновува со иста брзина како што се троши“.

    Нема значение како ти ќе ја потрошиш енергијата. Обновливи извори на енергија се тие кои сами се обновуваат. Сонцете грее, лисјата на дрвата ја впиваат енергијата, дрвата раснат и ја зголемуваат масата. Иде шумарот, обележува кои дрва да се исечат (болни, прегусти делови, итн), се сечат одредени дрва, за неколку години има пак за сечење со што се одржува шумата. Итн, итн.



    Ефикасните печки ги спомнав заради тоа што не го загадуваат воздухот.
    Другото е само бонус.

    Инаку што мислиш дека се дешава со ќумбињата и зошто сите ќумбиња се неефикасни?
    Затоа што ~60% ефикасност им е максималниот учинок, и тоа е само кога се пуштени на најсилен огин.

    Овде како што се користат ќумбињата, пуштени се „споро да горат дрвата, повеќе да траат“. Просечна ефикасност не е ни 30-20%. Знаеш што се дешава со најголемиот дел од дрвата во ќумбињата?

    Другите 70-80% (просек) од дрвата искачаат низ оџак како саѓи.
    Јас ќе кажам саѓи, а ти читај - ппм честичките кои ги гледаш кога читаш резултати од загадувањето... И после автомобилите загадувале (само во зима), и слични глупости. Ако забранат горење дрва во поголемите градови, само тогаш ќе видат сите во што е проблемот. До тогаш ќе слушаме за глупости како Коце кога сипаше хемикалии на улици за да впивале загадување од ауспуси, и сегашниве што сакаат да лепат лепенки на постари аута. А еден оџак загадува повеќе од 1000 такви стари аута.


    едит, Тл др заклучок: користете клима уреди за греење. :)
     
    Последна промена: 16 Декември 2019
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  3. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    619
    632
    15 Септември 2012
    Машко
    Дрвото е обновлив материјал.
     
  4. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    619
    632
    15 Септември 2012
    Машко
    Малце си ми контрадикторен. Не е, ама е, ама бавно е...

    Ако ги земеш реките како обновлив извор на енергија, еве оваа година ќе изнапаѓа снег и ќе имаш на пролет доволно вода за да вртат малите хидроцентрали. А ако наредните 2-3-4 години имаме помали врнежи од снег и не се произведе иста количина на енергија како оваа година? По твојава логика и водниот потенцијал НЕ е обновлив извор на енергија...
    А во Македонијава сушните со влажните периоди се менуваа на 10-тина години...
     
  5. petkotrajko

    petkotrajko
    Gaining Experience

    76
    50
    16 Јуни 2017
    Точно. И тоа е така.
     
  6. petkotrajko

    petkotrajko
    Gaining Experience

    76
    50
    16 Јуни 2017
    Се сложвам со тебе околу ~60% (за главнио дел од посто).

    Со последната реченица се сложвам 100%.
    ...ама, секоош мора д'има ама, шо ако снема струја?
    (На пример глушец се шетал низ ТФ, и....краток спој предизвикува долг прекин на нормално снабдување со струја, доволен за да се изладат ѕидовите на објектот загреван со инвертери.)
     
  7. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,627
    3,643
    12 Јануари 2016
    Машко
    Колку часови минути (во просек) нема струја годишно, гледано последниве неколку години?
    Јас последно се сеќавам пред 5-6 години, неколку часови немаше струја зимно време (Карпош/Ск).

    Инаку интересна анегдота тоа со глушецот кој шетал низ трафостаница. Еве една приказна и од мене: Си вика некој „нема да зависам од струја“ и цел радосен зима ќумбе со котел (да грее повеќе соби). Една вечер снемува струја и мене тогаш ми се гаси клима уредот и јас останувам без греење. Незгодно ама ништо премногу страшно, ќе преживеам една вечер под ќебиња нели.

    Ама што се дешава со оној кој се грее со ќумбе/парно? Пошто кога нема струја за да му ја врти водата низ парното, тогаш мора бргу да се гаси ќумбето за да не му експлодира котелот (а ако не експлодира секако ќе се уништи). Ај да те видам да изгасиш распласано ќумбе, во најдобар случај чадови ќе се изнадишете. Што правиме ако стопанот е цврсто заспан кога снемало струја?


    Плот твист: Замисли сум земал едно евтино ќумбе пампурче и го чувам спремно и полно со дрвца, специјално само за тие ситуации ако некад снема струја?


    Тл др заклучок: користете клима уреди за греење. :)
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,042
    566
    5 Јуни 2007
    Машко
    Веќе имам инвертер 12ка, но не беше доволна. Односно климава не е моја туку ја имаше во канцеларијата и кога веќе купувам сакав да купам појака која после ќе можам да ја користам здравје во друга канцеларија. Можеби ќе биде оверкил за на друго место може не, ми се учина како посигурна опција и ми се вклопи во буџет. Климата ја купив 40к и 3800 мкд ќе платам за местење. Тачно до денар ми се вклопи.
     
    На Tajson му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,627
    3,643
    12 Јануари 2016
    Машко
    Има логика одлуката.
    Да кажеше веднаш дека веќе има една клима и дека го ренташ просторот, веројатно истото ќе ти го предложевме.
     
  10. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    619
    632
    15 Септември 2012
    Машко
    Немаше електрична енергија и пред неколку недели, попладне, два дена по ред. Во Карпош во Скопје. За повеќе прекини, ќе мора да го отварам синолоџи-то.

    На пумпата им вградуваат У-Пе-еС уред кој е модифициран и работи со автомобилски/камионски акумулатор... 1:0 за ликот со ќумбето.
     
    На CBB_6 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DelphiUser

    DelphiUser
    Practice makes perfect

    1,145
    1,145
    2 Март 2011
    Машко
    Сите влади се прават луди. Решението е по една топлана на гас за секое село во Македонијава и цевки со топла вода до секој дом (парно). Со тоа ќе се реши 90% од загадувањето. Климите не го решаваат проблемот со загадување, само го пренасочуваат од едно место на друго, Прилеп и Битола голтаат јаглен.
     
  12. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,469
    3,189
    24 Септември 2012
    Ако правиш топлана на гас во секое село, и да спасуваш 3-4 месеци во годината, подобро е да направиш електрана на гас или 2-3 помали електрани на гас. Во локалитетите ќе има парно, а само треба да ја поврзеш на мрежата и ќе дава струја насекаде. А во комбинација со инвертери ефикасноста е ненормално голема, над 100% од почеток до крај само на струјниот дел. Топлата вода од турбините ќе е гратис односно чист профит.

    Win-Win-Win. Со почетна инвестиција од 2000x200x1000 = 400 милиони еур.

    The EIA’s findings suggest that natural gas–fired power plants are cheaper to build with overnight capital costs ranging from $676 to $2,095 per kilowatt (SPY), depending on the technology. Typically, natural gas power plants have capacities ranging from 85 megawatts (XLI) to 620 MW. (1 MW = 1,000 kW.) General Electric (SIEGY), which is part of various ETFs including the SPDR S&P 500 ETF (FLR) and the Industrial Select Sector SPDR ETF , is the market leader in the gas turbines segment.
     
    На angelkoski и Lokvan им се допаѓа ова.
  13. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    619
    632
    15 Септември 2012
    Машко
    Не сте биле вие по селата во Македонија.

    Идејава е остварлива по градовите, ама додека се оствари - ќе се исселат сите од таму.
     
  14. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,469
    3,189
    24 Септември 2012
    Мојата идеја се 2-3 гасни електрани. Не гледам проблем во тоа да се направат буквално каде било. Може и дирекно едната во Охис, другата кај касарна Илинден и Скопје е решено со греење и со растеретување за струја.
     
  15. DelphiUser

    DelphiUser
    Practice makes perfect

    1,145
    1,145
    2 Март 2011
    Машко
    Ова е посостварливо. Но каде сме ние, во 30 години една електро/термо централа немаме изградено. Во истите тие години, Албанија премина од мрачно доба (немаа ни светилка во 1990та) до целосно независни од увоз на струја, сега ни продаваат струја. Бато не не бива, политичариве не уништија.
     
    На bobipp, turbiny, bakigvg и уште 2 други им се допаѓа ова.
  16. turbiny

    turbiny
    Gaining Experience

    185
    89
    20 Декември 2016
    Машко
    IMG_8644.JPG
    Еве како е монтирана, се вадат дека е на панел затоа грми, да била на ѕид немало да грми



    N56 via jailbroken Monarch
     
  17. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,469
    3,189
    24 Септември 2012
    Нормално. Вибрира цел лим. Сигурно и е недампиран лимот туку гол.
     
    На DelphiUser му/ѝ се допаѓа ова.
  18. doktore

    doktore
    Intern

    32
    5
    18 Септември 2019
    Машко
    Ќе нема проблем вака од временски влијаниа? Дожд, ветар, снег ?
    Што ако утре заврне пола метро снег и ја покрие целата ....

    Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
     
    На turbiny му/ѝ се допаѓа ова.
  19. krema

    krema
    Professor

    10,127
    9,738
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ќе си уклучи климата дифрост и ќе го стопи снегот.
     
  20. doktore

    doktore
    Intern

    32
    5
    18 Септември 2019
    Машко
    А зошто тогаш сите се тепаат да ги стават климите на балкони или под стреја ако било толку лесна работава. (озбилно прашувам, бидејќи не се разбирам, а ова е само моја констарација гледајќи кај се монтирани најголем дел од климите)

    Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
     
  21. CBB_6

    CBB_6
    On your way to fame

    138
    504
    9 Декември 2016
    Машко
    Ова не е обичен лим, ова е кровен пур-панел, најчесто со дебелина од 4 или 5 цм. Сендвич од пластифициран лим од 0,5 мм на горната ребреста страна, 5 цм специјална тврда пур-пена, и пластифициран лим од 0,4мм од долната рамна страна. Има својства не само како топлотен, туку и како звучен изолатор.
    Имам работено на продажба/кроење и монтирање на фасаден и кровен пур-панел и од искуство тврдам дека не е можно да има никакви вибрации и деформации на панелот од една надворешна единица од 50-тина килограми, сме стоеле на кровен панел на иста точка по двајца возрасни магариња во центар на 5 метри меѓу гредите, па немало прекршување. Плус твојава гледам е монтирана точно над носечката греда каде е прицврстен и панелот, шо е одлично за распоредување на тежината, ама можно е и пренесување на вибрации преку конструкцијата на носечките греди (посебно ако се метални профили).

    Не гледам дали има, но за смирување на вибрациите и звуците ќе помогнат и гумени бафери на четирите „ножиња“.

    Да сум на твое место одма би го извадил снегобранот шо е пред надворешната единица и би го монтирал еден метар зад неа ;).
    Зошто? Вака во зимите од дефростите и снегот ќе се натрупа мраз пред неа врз снегобранот, нема да можи да бега надолу и ќе се заблокира целата во мраз од напред, а налетот на снег кога се топи од позади ќе ти го затрупа целосно изменувачот.
    Кога снегобранот ќе го поставиш ЗАД неа ем ослободуваш простор за водата и мразот да се топи и бега надолу, ем спречуваш лавината од снег при топење од цел кров од сртот да се излизга надолу и направи беља (што е и главна намена на снегобраните).

    Искривувањето на алу финовите на топлотниот изменувач најверојатно е од невнимавање уште во фабрика при нивна манипулација и монтажа, ништо страшно. Моментално работам во производство на опрема за индустриска климатизација и топлотни изменувачи, редовно се случуваат такви искривувања од самите оператори, после шо следува рачно исправување со „чешел“ како шо е спомнато погоре, или ако е ептен икривено со голема долга пинцета, еден по еден фин.
    Не менува многу на перформанси, но ако сакаш и имаш време и нерви качи се на столче, земај пинцетата и исправувај, ќе боли и раменото малце после :)
     
    SuperMitre, z_u_l_u, turbiny и на уште 1 им се допаѓа ова.
  22. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,627
    3,643
    12 Јануари 2016
    Машко
    Добар е коментарот за снегот, и снегобранот. Некогаш кога ќе наврне снег ќе има проблеми (сеедно колку ретко да се дешава снег овде).
     
    На CBB_6 му/ѝ се допаѓа ова.
  23. turbiny

    turbiny
    Gaining Experience

    185
    89
    20 Декември 2016
    Машко
    Да не правам реплај на сите
    Како што е спомнато панел 5цм е, наместен на железо и заштрафена е климата на два штрафа постоечки напред само има бафери два за да биде рамно.
    Ќе послушам советот за снегобранот, но дали треба да се крене климата повисоки нели капе доле ќе се смрзне дупката нема да тече после?!


    N56 via jailbroken Monarch
     
  24. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    619
    632
    15 Септември 2012
    Машко
    Железо Ferrum, е хемиски елемент со ознака Fe. Има атомски број 26. Механичките својства му се многу лоши (можеш да свиткаш железна прачка со рака) и во елементарна состојба не се користи за ништо - освен за производство на челик.
    Оној материјал што го користите е ЧЕЛИК. Композитен материјал, легура, составен во најголем дел од железо и додатоци од јаглерод, волфрам, манган, тунгсрем, молибден...
    ЈБГ, тоа се учи по хемија во седмо одделение во основно образование. Ама изгледа само ти си го губел тој час кога тоа е учено.

    Ако климата додека работи ти создава звук, единствена работа што ќе ти помогне е да ја преместиш надворешната единица да биде закачена на армирано-бетонски елемент или на ѕид од керамички блокови.

    Према она што можам да го забележам на фотографијата, надворешната единица од климатизерот е монтиран врз (како што ти кажуваш) сендвич на панел лим со исполна од поли-уретанска пена, таа пак е монтирана врз челична конструкција која покрива тераса. Целиот челик (вклучувајќи го и покривниот панел лим) е лесна конструкција и таа ќе вибрира и создава звук додека работи, почнува да работи и кога се исклучува надворешната единица. Незнам какви амортизери да измислиш и да најдеш, секогаш ќе се најде некој пик од некоја фреквенција која ќе создава вибрации. Во иднина тие вибрации може да влијаат и на споевите од челичната конструкција со бетонската конструкција или гипс-картонот (кој претпоставувам ти го насадиле внатре).

    Решение?

    Да го викнеш тој паметниот што ти ја намонтирал климата на тоа прекрасно место и да ја пренесе на ѕид. Ѕид од цигла, керамички блок или армиран бетон. Пред тоа да го прочиташ упатството за монтажа на климатизерот.

    Втора, многу важна работа. На сликата не се гледа громобранска инсталација. ПОД ИТНА ДА СЕ НАМОНТИРА. Да прашаш електро-инженер кој има Овластување за проектирање да ти ја пресмета и нацрта како да ја поставите. Да не си играте, громовите се многу опасни! Посебно кога удираат во твоја близина, а ти не си заштитен.
     
    На SuperMitre и turbiny им се допаѓа ова.
  25. alfred

    alfred
    Intern

    4
    0
    2 Декември 2019
    Машко
    Потребно инфо!!!
    Процедурата за gree клими за сетирање на сензорот за температура за 0° степени компезација е следна:
    Pred da se iskluci klimata stavija na 20° i taka na 20 isklucija Off,potoa pocekaj bar edno 5min,isklucija i od 220v.potoa vklucija 220v, pocekaj da dojde off displejot i na kraj ja vklucuvas On,i na brzina stegas 3 pati +/- na display kese menuva 20/21 i posle tretiot pat treba dase pojavi na panel 0.ako se pojavi 0 procedurata e uspesna.!

    Моделот на клима е грее у краун 18-ка
    Прашањето ми е следново:
    Пробано ми е горенаведеното и нешто не фаќа. На gree u crown 18-ка температурата се мести на пола степени пр. 20°/20.5°, да не е тоа проблем при иницијализација на кодот? Нормално ја стартам со 20° зададени, па го стегам кодот одма.
    Искуство некое и совет за ова имате или, некој да пробал/да проба на овој модел па да сподели.
     

Сподели

Вчитување...