Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Ниската модулација од 100W ја гледам како целосно непотребна, затоа што се што е греење под 250W се осеќа како ладен воздух, на 100W, делтаТ=1 степен. ЗНачи 250 W e сосема доволно ниска модулација. Она што јас сметам дека потребно е eco mode кој ја ограничува максималната потрошувачка на пример 600W. Затоа што во зима често се случува на ладен старт во ладна просторија климата да замине на 2500W и за брзо време да замрзне, па дефрост 10 минути, па пак 2500W греење, pa за 30 минути пак дефрост. Многу бучна некомфорна неефикасна (цоп 1.5) работа и не сакаш да си во таа просторија. Некои клими имаат ваков 600W еко мод на работа, со кој се спречуваат овие екстреми. Затоа се препорачува да не се гаси климата, затоа што претерано многу се мачи да постигне температура, затоа и многу им троши на повеќето.

Инаку на тиња форумот беше објаснето зошто Грее климите немаат Еуровент, правеле повеќе од дозволениот број дефрости. Не се сеќавам точно, но нешто како не смее повеќе од 3 дефрости на 2 часа, автоматски паѓа на тест. Грее Амбер знае во екстремни ситуации и на 15 минути да прави дефрости, Хансол на 40 итн..
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Ти повеќе би избрал инфериорна клима, пошто попаметно има решено дефрост?
Па можеби, во одредени ситуации... Само тоа е мач со две острици, што со другата екстрема каде од премногу „памет“ климата е направена да избегава дефрости и во специфични ситуации се дешава да стана опкована/забетонирана во мраз?
Мидеите се познати по ова, ама еј, важно еуровент поминуваат. Како да завртиш, кога купуваш евтина класа на уред секогаш правиш некој компромис. Само треба свесно да одбереш каков компромис.

На крај што е полошо, непотребен дефрост на ~40мин, или часови зае*авање со фен на -15с за да ја одмрзнеш замрзнатата надворешна единица? Патем автоматски дефрост на 40мин е одлика на многу клими, чинам и Мицибуши беа спомнати?

едит:
Она што јас сметам дека потребно е eco mode кој ја ограничува максималната потрошувачка на пример 600W...
Дап, многу точно.
И не само заради екстремите кои ги опиша, туку и заради проблемите со детекција на реална температура во просторијата во кој случај климата бутка повеќе моќност одошто реално е потребно. Ако може да се постави „еко мод“, тогаш мануелно ќе можеш да ја ограничиш.

Паметно согледано.
 
Последна промена:

doktore

read-only
18 септември 2019
32
5
Поентата е во тоа дека ако има сомневање за проблем од типот замрзната надворешна единица, истиот може и треба да се провери визуелно. Под замрзнување не се подразбира нафаќање на малку иње (бело) на изменувачот од надворешната единица. Замрзнување е кога надворешната единица ќе биде „забетонирана“ во мраз. Во такви ситуации ако има замрзнување дефростот нема да ја реши работата.

Е сега за краткоста на дефростите, тоа често е планирано однесување кога е постигната и надмината зададена температура во собата, ама климата не може повеќе да ја намали моќноста на работење. На пример инверторот симнал на најмала потрошувачка ама температурата е надмината. Тогаш често се дешава софтверот/електрониката да е програмирана да направи краток дефрост „за секој случај“, пошто нема што да прави, секако треба да се исклучи кога зададената температура е надмината и заради ефикасност прави и краток дефрост.

Затоа ги цениме климите кои можат да спуштат на помалку вати без да престанат да работат. И затоа е важно да се одбере моќноста на климата да биде таман. Ако е прејака почесто ќе се однесува вака - да работи како он-оф клима, и да се исклучува.
Од друга страна па ако не е доволно јака нема да постигнува да загрее и ќе се мачи, пократок работен век ќе има, што е полошо од двете. :)

Плус и можностите на климите варираат како се менува времето надвор. Со толку променливи не е лесно да се направи идеална ситуација. На крај сето ова се теоретски муабети. Ако се сомневаш на проблеми со замрзнување, провери визуелно. Веројатно климата ти е нешто појака за просторот, постигнува и надминува температура, и потоа влага во краток дефрост пред да се исклучи.

@DelphiUser aко бараме влакна кај Гри, тоа е дека не може да се симне под ~400 вати (барем на тие Гри клими јас што сум имал прилика да видам). Само кажи ми ти клима во таа ценовна класа која се симнува на помала потрошувачка?
Пошто ако знаеш за евтина клима со т.н. „ниска модулација“ тогаш сме завршиле голема работа за одбирање клими за во спални соби и други помали простории. :)
Мојата клима периодов работеше од 250-350w, исто во помала соба од 16м2. Daikin sensira 3.5

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Ти повеќе би избрал инфериорна клима, пошто попаметно има решено дефрост?
Па можеби, во одредени ситуации... Само тоа е мач со две острици, што со другата екстрема каде од премногу „памет“ климата е направена да избегава дефрости и во специфични ситуации се дешава да стана опкована/забетонирана во мраз?
Мидеите се познати по ова, ама еј, важно еуровент поминуваат. Како да завртиш, кога купуваш евтина класа на уред секогаш правиш некој компромис. Само треба свесно да одбереш каков компромис.

На крај што е полошо, непотребен дефрост на ~40мин, или часови зае*авање со фен на -15с за да ја одмрзнеш замрзнатата надворешна единица? Патем автоматски дефрост на 40мин е одлика на многу клими, чинам и Мицибуши беа спомнати?

едит:

Дап, многу точно.
И не само заради екстремите кои ги опиша, туку и заради проблемите со детекција на реална температура во просторијата во кој случај климата бутка повеќе моќност одошто реално е потребно. Ако може да се постави „еко мод“, тогаш мануелно ќе можеш да ја ограничиш.

Паметно согледано.

Климата е компромисно решение за греење. Но каде виде дека Мидеите замрзнуваат? Сум во план да земам една Мидеа -30.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Се во животот е компромис. Идејата е да одбереш каде и во кој поглед правиш компромис.
Инаку немам зачувано линкови и не ми се пребарува - муабети се уште од времето тоа за Мидеа. Не дека брендот е толку лош за парите, посебно кога си го купуваш евтино како Мидеа и не доплаќаш на препродавачите како Вивакс и други. Плус напредуваат Кинезите во производство како поминува времето.

Не сум слушнал за тој „-30 Мидеа“ модел, нешто наменето за балтички пазар?
Многу е поевтин од Хансол, и/или сметаш дека е подобар?
 
Го има во сетек, нов модел, 28к за 3.5ка.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Солидна цена, ако ја бива климата... Само тоа „-30“ јасно ти е дека е тешко забегување, за клима од 28К денари?

Вака според цената личи како на директен конкурент на Гри Фаери ЛЦЛХ. Ајде, треба конкуренција во тој сегмент. Нека паѓаат цените.
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Солидна цена, ако ја бива климата... Само тоа „-30“ јасно ти е дека е тешко забегување, за клима од 28К денари?

Вака според цената личи како на директен конкурент на Гри Фаери ЛЦЛХ. Ајде, треба конкуренција во тој сегмент. Нека паѓаат цените.

Знам. -25 Излегува на некои страни.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
И -20с е смешно тврдење, небаре станува збор за „арктик“ модел дизајниран да работи во Скандинавија. Почни од надворешната единица, дали е голема како за 7-ца или барем 5.5-ка клима?

Повеќето до климиве што ги имаме ќе работат и на многу ниски температури, но со колкава ефикасност и моќност - тоа е друга работа. Климите за северните региони се дизајнирани за ефикасност и моќност на ниски температури, и се многу поскапи од 28 илјади денари.

map.jpg
 
Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
@Lokvan, мислам дека енергетската класа (климатскиот регион) на таа карта не е точна.

Нашиот регион не спаѓа во медитеранска клима. Примети во заокруженото, дека ние баш таму се наоѓаме географски и климатски. Кај нас медитеранската клима осетно е доминантна во јужниот дел од државава, додека другиот дел е под континентална клима и планинска во поголемите планински масиви.

Енергетска Класа ЕУ.jpg

Мислам дека ова означување на енергетска класа и климатски региони е посоодветно за нас.

Извадок од википедија:

Според климатските и вегетативните специфики, Македонија е поделена на осум физичко-географски региони:
  • Субмедитеранско подрачје со 50-150 м надморска висина.
  • Умерено континентално-субмедитеранско подрачје со 600 м надморска висина.
  • Топло континентално подрачје од 600 до 900 м надморска висина.
  • Ладно континентално подрачје на висина од 900 до 1100 м.
  • Подгорско континентално-планинско подрачје на висина од 1.100 до 1.300 метри.
  • Горско континентално-планинско, кое се јавува од 1.300 до 1.650 метри висина.
  • Субалпско планинско подрачје од 1.650 до 2.250 метри висина.
  • Алпско подрачје на висина од 2.250 метри.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Општо климатска е мапата што ја покажав, за географско покажување на климатските услови. Муабетот беше за тие нордик/арктик моделите клими што се преферираат во северните региони како Скандинавија, и за смешниве „спецификации“ што ги вадат продавниците овде.
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Општо климатска е мапата што ја покажав, за географско покажување на климатските услови. Муабетот беше за тие нордик/арктик моделите клими што се преферираат во северните региони како Скандинавија, и за смешниве „спецификации“ што ги вадат продавниците овде.

Kaј нас почнаа бесрамно да лажат за спецификации. Пример техномаркет продава Tadiran и ги рекламира како -25. Тоа е голема лага, станува збор за обична клима до -15, прашав и кај изралциве. Треба да им се случи некоја воспитна и да престанат да лажат.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.065
5.999
По тоа се лета народ кој појма нема, и тоа е тоа. Наместо еуровент да бараат на пример, они бркаат -30 или -42 да пишувало.

Ќе испадне дека Daikin Ururu Sarara 50 -15, дека е послаба од Gree Lomo 12 LCLH -20.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
...a најјака е Мидеа -30 (додека не сетиле препродавачите да стават и -40).

Можеби треба да се направи некоја листа од препорачани клими, во одделни буџетски сегменти. Постојано се прашуваат препораки/совети.
 
doktore

read-only
18 септември 2019
32
5
Како знаете кога климата прави дефрост ?
Пример мојава ftxf нема дисплеј и незнам кога прави дефрост, а надв.единица не можам да ја видам затоа што е на тешко пристапно место.
И како изгледа еден дефрост, колку трае, затоа што незнам ништо за него прв пат годинава користам инвертер ?

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
Royston

read-only
10 октомври 2016
39
31

Тешко дека ке добиеш оговор ОВДЕ, оваа телма тука служи за ФАЛАЊЕ МЕРЕЊЕ и што имам ЈАС што имаш ТИ, од искуство ти кажувам две прашања поставив до сега... а се иначитав послем тоа дигитални мерачи како УПМ колку да заштедил а дома 20,3 степени, климата и секој уред за греење е да се загрееш како треба и да бидиш стоплен а не дека си извадил модулација од 633W а дома сите по ЈОРГАН!!

И нормално..да му помогнеш на другите
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.065
5.999
Како знаете кога климата прави дефрост ?
Пример мојава ftxf нема дисплеј и незнам кога прави дефрост, а надв.единица не можам да ја видам затоа што е на тешко пристапно место.
И како изгледа еден дефрост, колку трае, затоа што незнам ништо за него прв пат годинава користам инвертер ?

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
Прекинува да дува, прави звуци околу 5 минути, и продолжува да дува потоа.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Тешко дека ке добиеш оговор ОВДЕ, оваа телма тука служи за ФАЛАЊЕ МЕРЕЊЕ и што имам ЈАС што имаш ТИ, од искуство ти кажувам две прашања поставив до сега... а се иначитав послем тоа дигитални мерачи како УПМ колку да заштедил а дома 20,3 степени, климата и секој уред за греење е да се загрееш како треба и да бидиш стоплен а не дека си извадил модулација од 633W а дома сите по ЈОРГАН!!

И нормално..да му помогнеш на другите
Некои овде само на оваа тема имаат повеќе стотици пати постови со совети отколку што ти целосно имаш, тоа се совети до таквите како тебе. Кога ТИ ќе вложиш барем малку труд да научиш нешто и да им помагаш на другите што им треба помош, тогаш повели врати се овде и критикувај некој што во моментот никој немал време (или воља) да напише одговор на истото прашање што веќе е прашувано, и одговарано- барем стотина пати досега.

Ваква нељубезност, дрскост и неблагодарност е веројатната причина зошто луѓето не ти одговараат (тебе, и на другите падобранци кои после ги нема ни два збора да споделат за искуствата и климите што ги купиле).
 
doktore

read-only
18 септември 2019
32
5
Прекинува да дува, прави звуци околу 5 минути, и продолжува да дува потоа.
На колку време е нормално да има дефрости? Јас мојата вечерва ја приметив на саат време да прави...

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Не ни е на сите надворешната единица до прозорот. Додека да се симнам од втори спрат и да извртам позади куќа за да ја видам надворешната единица дефростот ќе помини 2 пати. Се имаат случувано дефрости минатото зимо али траеле повеќе од 20-30 секунди, ова ми падна чудно дека е многу брзо.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
Defrostot trae 7do 15 min zavisi od klimata. Kaj tebe se ima sluceno drugo- ima odmarano kompresorot.
Lomoto 18 lclh e mnogu pogodeno klimice
 
Royston

read-only
10 октомври 2016
39
31
Некои овде само на оваа тема имаат повеќе стотици пати постови со совети отколку што ти целосно имаш, тоа се совети до таквите како тебе. Кога ТИ ќе вложиш барем малку труд да научиш нешто и да им помагаш на другите што им треба помош, тогаш повели врати се овде и критикувај некој што во моментот никој немал време (или воља) да напише одговор на истото прашање што веќе е прашувано, и одговарано- барем стотина пати досега.

Ваква нељубезност, дрскост и неблагодарност е веројатната причина зошто луѓето не ти одговараат (тебе, и на другите падобранци кои после ги нема ни два збора да споделат за искуствата и климите што ги купиле).

Ајде одговори на прашањата поставени од мене неколку страни на назад, јас немам познавање колку многумина во темава и како тебе, ама кога си имал време за одгвор одговори барем во целост на моите прашања а помалку мудрења кој колку знаел..А искуството мое ке го приложам кога ке го имам.
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Ниската модулација од 100W ја гледам како целосно непотребна, затоа што се што е греење под 250W се осеќа како ладен воздух, на 100W, делтаТ=1 степен. ЗНачи 250 W e сосема доволно ниска модулација. Она што јас сметам дека потребно е eco mode кој ја ограничува максималната потрошувачка на пример 600W. Затоа што во зима често се случува на ладен старт во ладна просторија климата да замине на 2500W и за брзо време да замрзне, па дефрост 10 минути, па пак 2500W греење, pa за 30 минути пак дефрост. Многу бучна некомфорна неефикасна (цоп 1.5) работа и не сакаш да си во таа просторија. Некои клими имаат ваков 600W еко мод на работа, со кој се спречуваат овие екстреми. Затоа се препорачува да не се гаси климата, затоа што претерано многу се мачи да постигне температура, затоа и многу им троши на повеќето.

Инаку на тиња форумот беше објаснето зошто Грее климите немаат Еуровент, правеле повеќе од дозволениот број дефрости. Не се сеќавам точно, но нешто како не смее повеќе од 3 дефрости на 2 часа, автоматски паѓа на тест. Грее Амбер знае во екстремни ситуации и на 15 минути да прави дефрости, Хансол на 40 итн..
3 defrosti na 2 casa ? Defrostot zavisi od vlaznosta na vozduhot I kolku e optovarena klimata
Eve ova e od Daikin ururu sarara. Min ima100w . 2500evra kosta
Screenshot_2019-12-03-22-10-52_1.jpg
 
Последна промена:

Academic

read-only
13 октомври 2019
10
1
Вчера монтирав две клими (Gree Fairy i U-Crown 3,5ки), пред некое време прочитав дека некој се жалеше оти Краунот му стварал миризба на пластика и атмосфера како да си во дуќан за Се за 1 евро. Епа тој некој не е сам и кај мене мириса на пластика, додека пак Ферито е ОДЛИЧНО.

Едит: Се јавив во клими.мк, ми велат Ако нормално е тоа, поработи ја недела дена па ако мириса, ќе се јавиш да видиме што можиме да сториме...
 
Атачменти

  • upload_2019-12-3_22-19-5.jpeg
    upload_2019-12-3_22-19-5.jpeg
    25 KB · Прегледи: 51
  • upload_2019-12-3_22-19-5.png
    upload_2019-12-3_22-19-5.png
    117,4 KB · Прегледи: 46

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
На колку време е нормално да има дефрости? Јас мојата вечерва ја приметив на саат време да прави...
Вчера времето беше идеално за дефрости. Многу висока влажност, ниски температури.
Во такви околности ок е честотата, особено ако е климата пооптеретена.
Во обратни временски услови, може и со денови да не направи дефрост.
 
Aleksandar10

read-only
3 декември 2019
9
0
Лани купив инвертер Toshiba Suzumi Plus RAS-16pkvsg-e и после една недела почнаа проблемите. Пред да ја купам, му кажав дека се работи за куќа втор спрат, ПВЦ дограма, неизолирани надворешни ѕидови, изолација на таван, висина на таван 2.5м и површина на простор 40-45м2. Одговорот беше оваа клима ќе биди супер за тие карактеристики на просторот. После монтажата и самиот монтер рече, многу ќе топли, супер е климата. Квлитетот на климата како фирма не е воопшто спорен, меѓутоа конкретно со оваа клима сум сигурен дека има проблем, а никој не превзема одговорност, ни ЕуроКлима од Битола од каде ја купив ни Енергија од Скопје, сега проблемот според нив е во тоа дека климата само не задоволува за тој простор. Како дојде до проблемите - при самата монтажа дојде до ситуација да монтерот поради грешно мерење ги сечи цевките покуси, па мораше да ги заварува. После недела дена заврна снег и надворешната единица беше целосно замрзната со 2-3см мраз, пријавено, иди монтерот ја одмрзнува со топла вода, вели сега ќе работи, работеше неколку саати се додека повторно не замрзна, причините кои ми ги наведуваа беше премногу влажно време, а за споредба кај мојте на долниот спрат имаат ON-OFF клима НЕО која е купена пред 15 години, никаков проблем не пројави, и двете надворешни единици се под покриено, директно на нив не можи да врни, во друга куќа во истиот двор има инвертер Mitsubishi (незнам точно кој модел) 3.5kW и се греј простор од 38м2, надворешна единица на отворено, исто никаков проблем. Цела зима помина а температурата дома кај мене не надмина 16 степени, често паѓање и на 11 степени при надворешни температури под -15. Дојде пролет се издејстува некако да се напрај премонтажа, оти нели тешко оди да се замени со нова иако под гаранција е климата. Летото ја пуштив на ладење, едно утро се разбудив кај 6 часот, случнав некој звук како кршење, дробење на мраз, појдов во дневната и под климата имаше зрна од мраз по подот, повторно пријавено и покажано видео од тоа, тука Битола беше само “Ова е чудно, до сега не се има ова случено“, а во Скопје не ни веруваа дека таков проблем можело да има. Му кажав во ЕуроКлима дека сакам да се смени климата, дури и му реков дека ќе одам во пазарна да пријавам, газдата ми вели ти немаш друга работа изгледа и идиш тука да ти врви времето, беа дојдени монтери и ти кажаа дека е се во ред. Ете зима пак дојде, два дена еве климата на секои 40 мин во период после 17:00 часот прави дефрости, и ај си велам можи е од голема влажност надвор. Ама ќе дојдат за брзо и денови ко ќе има сув студ, па ако повторно работи на начин како ланска година (ова заборавив да го спомнам, на 11 степени во дневната климата пуштена на 24-25 измерив температура на издув 29 степени), ќе одам директно во пазарна инспекција да пријавам, си велам тие ќе излезат во пресрет. Ова го пишувам за да споделам едно не баш пријатно искуство, за ко ќе се реши да купува некој да размисли 2 пати од каде ќе купи, кој ќе монтира и најважно шо ќе купи. Секое мислење во врска со постов е добредојдено, само да не е дека климата не задоволува за просторот, оти таа не ги дава ни потребните излезни перформанси (како на пример темп на издув од 29 степени)
 
Атачменти

  • 49454854_2082995355127844_3326026011211988992_n.jpg
    49454854_2082995355127844_3326026011211988992_n.jpg
    82,2 KB · Прегледи: 89
  • 49622910_753973341627050_8747256040006877184_n.jpg
    49622910_753973341627050_8747256040006877184_n.jpg
    204,3 KB · Прегледи: 90

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв