Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Дечки, дајте препорака за некој мајстор за антибактериско чистење на инвертер Вивакс АЕРИ, па и проверка и дополна на фреон ако има потреба... климата е стара 2.5години, не е и направено антибактериско чистење. и која цена е таа услуга ...
Прво усисај ја со правосмукалка, исклучи ја од струја и набави Екосал или Дезинтал од аптека (шишиња од пола литар или литар)
Направи раствор и со пумпица добро испрскај ја внатрешната единица се додека не видиш дека истекува од цревото за кондензација надвор.

Придржувај се кон упатство за растворање.
Ова се прави пред и после сезоната на ладење.
Кога ладиш не ја гасни веднаш туку префрли ја на обичен вентилатор за да се исуши.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.995
COP и B немаат никакво значење без KW.

Истата клима ќе вади:
3kw на -7 со 4 COP.
4kw на -7 со 3 COP.
5kw на -7 со 2 COP.

Сме зборувале многу за ова до сега.

Затоа е важно дека се зборува за толку цоп ПРИ толку киловати.

Со други зборови:
Една ултра јака клима ќе даде 5.2KW на -7 со 1.8COP. И ќе речеш дека е слаба.

А некоја утепана ќе даде 1.8KW на -7 со 2.3COP. и ќе речеш дека таа е јака.

А нема врска. Зошто ако и дадеш на првата да работи на 1.8KW на -7 ќе извади 3.5 COP.

Тоа се тие поврзаности и зависности. И важат за сите клими.
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo

Значи кај виде дека вади 5.4KW со COP 3.7 во Cold climate посочената клима?

A/B e директно поврзан со COP. B за Cold е просечен/испод просечен резултат. Денес врвни клими се оние кои вадат А+ на Cold climate. B вадат најевтините а ти рече дека климава е импресивна, па си реков да образложиш зошто е тоа така..
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.995
Зошто ако ја направеле 4.0kw со 4.8COP ќе речеше дека е одлична со А++.

Ама ја направиле да е 5.0кw pdesignh so 3.8cop и викаш дека нечини зошто е Б.

Можело и да е 3.2KW со 5.5COP со А+++.

А уствари овие три се една иста клима. Затоа и ти објаснив дека 5.2pdesignh е многу добра карактеристика за една клима со оваа цена.

П.С. Згора на тоа е флегшип модел. Што е исто многу убава работа во поглед на финеса на работење за тој бренд. Со други зборови ова е најдоброто што знаат Грее да го направат, што е супер за 60000 денари.
 
Последна промена:

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Зошто ако ја направеле 4.0kw со 4.8COP ќе речеше дека е одлична со А++.

Ама ја направиле да е 5.0кw pdesignh so 3.8cop и викаш дека нечини зошто е Б.

Можело и да е 3.2KW со 5.5COP со А+++.

А уствари овие три се една иста клима. Затоа и ти објаснив дека 5.2pdesignh е многу добра карактеристика за една клима со оваа цена.

Не гледам во документот ни да се спомнува PDesign. Фалат (сите) тие параметри што вообичаено ги има во Еуровентот. Не гледаме на која температура колку KW вади и со кој COP. Она што имаме сега е Energy Efficiency Label B, што е лош резултат. Ако има некој повеќе инфо нека постира.

Kолку за споредба Fujitsu ASYG18LFCA има PDesign 5.9 KW.
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Повели energy efficiency label на AEYI. A+ на COLD.

vivax-y-design-serija-381kw-acp-12ch35aeyi-636440120134165376_1496_843.jpeg

Ако може да им се верува на авторитетите, тогаш овај уред е 2 класи над Crown.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.995
Така е, јака е лфца. Само што е поскапа и што ја нема кај нас. (Ја има во каталог, ама реално ја нема и е друг модел). Кога ја имаше пред 2 години беше околу 79000 ако добро памтам.
 
Моментално е 64.5 во Хидросет.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.995
Друг модел кој не е лфца. Мислам КЛТА беше во хидросет
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
И јас барам податоци за 18-ката Crown за капацитетот и ефикасноста на различни температури. Баш и нема нешто конкретно. Ако некој има, нека сподели.
 
ante1

read-only
11 јануари 2017
49
100
Повели energy efficiency label на AEYI. A+ на COLD.

vivax-y-design-serija-381kw-acp-12ch35aeyi-636440120134165376_1496_843.jpeg

Ако може да им се верува на авторитетите, тогаш овај уред е 2 класи над Crown.
Кој знае да чита ќе види дека нешто не штима во energy labelot на Вивакс! Кој не знае може и да поверува дека е подобра од у краун и да си се увери дома.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Кој знае да чита ќе види дека нешто не штима во energy labelot на Вивакс! Кој не знае може и да поверува дека е подобра од у краун и да си се увери дома.
Ај за тие што незнаеме да читаме прочитај ни да си научиме на што да гледаме и пазиме, а после продолжете да се надмудрувате

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 
Дечки да препорачате клима за 26 квадрати дневна/кујна/трпезарија, станот е од сите страни обиколен со други станови освен од главна страна и е приклучен на градско парно, така да за греење нема да треба, ама за догревање во off-season да. Има Salamander прозорци и 10цм стиропор на страната на која што е отворен. А да, заборавив, климата мора да е од Нептун бидејќи ќе зимам све комплет од таму по повластени цени. Имаат нешто во понуда што вреди?
 
ante1

read-only
11 јануари 2017
49
100
Ај за тие што незнаеме да читаме прочитај ни да си научиме на што да гледаме и пазиме, а после продолжете да се надмудрувате

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
Ако напишат во каталог дека колата троши повеќе на отворено од градска ќе веруваш? Или дека можи да се движи со 150 км/ч на угорница а на прав автопат само 100км/ч...
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Ако напишат во каталог дека колата троши повеќе на отворено од градска ќе веруваш? Или дека можи да се движи со 150 км/ч на угорница а на прав автопат само 100км/ч...
И јас чекам да објасниш ама не преку примери, добро?
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Дечки да препорачате клима за 26 квадрати дневна/кујна/трпезарија, станот е од сите страни обиколен со други станови освен од главна страна и е приклучен на градско парно, така да за греење нема да треба, ама за догревање во off-season да. Има Salamander прозорци и 10цм стиропор на страната на која што е отворен. А да, заборавив, климата мора да е од Нептун бидејќи ќе зимам све комплет од таму по повластени цени. Имаат нешто во понуда што вреди?
Со овие побарувања, можеби некоја Беко клима, најевтиниот инвертор модел. Поскапите опции од Нептун немаат логика, не се даваат големи пари за корејски клими (ако си спремен да вложиш пари, иди на јапонска клима). Немаат економска логика ни Беко, не кога во таа класа за слични пари има подобри Гри клими... Се надевам дека попустот ќе ти биде навистина голем. :)
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Ако напишат во каталог дека колата троши повеќе на отворено од градска ќе веруваш? Или дека можи да се движи со 150 км/ч на угорница а на прав автопат само 100км/ч...
Батали примери и метафори. Објасни за обичен народ на сликата што нечини. Јас негледам некој очигледен проблем или печатна грешка.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 
Stole Macukov

read-only
14 септември 2014
11
3
Друштво, ќе ве молам за препорака за инвертер клима за греење.

Околу 65 м2 простор за живеење на приземје. На подот има кошулица со стиропор 5цм, изолација на ѕидови имам солидна, ПВЦ врати и прозори нови 3 коморни, дневна поврзана со трпезарија и кујна (30м2) гледаат на југ, две спални на север (2x12m2)
Местоположбата на климата би била во дневна над прозорите кои се на југ и би била во правец на вратата на ходникот каде после вратата лево и десно се двете спални.Како главно тело за греење сакам да биде инвертер клима буџетот 55к-65к.
Фала однапред
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Aко не е проблем во спалните соби да држиш отворени врати, и да имаш неколку степени пониска температура - тогаш една подобра клима ќе ја врши работата.

За твојот буџет и потреби, мој предлог е Toshiba Suzumi Plus 16-ка.
Или евентуално Мицибуши како бренд, не знам кои се актуелните модели сега, и дали/колку ги бива, каков прајс/перформанс однос имаат, итн. Некој од колегиве можеби ќе помогне.
 
Последни теми

Последни огласи

На врв