Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Барем 18-ка би требало за овде (можеби и 24-ка), ама малку незгоден простор за јака клима, јакото дување на поголема клима може да смета. Јас би идел на две 12-ки клими, цената нема да биде многу поголема.

Или ако се иде со една 18-ка (или 24-ка), тогаш на јужниот ѕид во дневната соба да се постави внатрешната единица, да дува каја отворот во трпезаријата.

На крај истото што им го кажуваме на сите: за правилно димензионирање мора да ги знаете топлотните потреби. На што се греел просторот, со колкава моќност е тоа парното, итн, тоа може да помогне ама во случајов не баш, пошто којзнае со каков капацитет работело решениото.
Греење неколку дена на ладно време со обични греалки, дава добра општа проценка за потребите.
 
sostius

hello world
16 јануари 2017
339
796
Кочани
sostius's setup  
Processor & Cooler
Intel 13700K
Motherboard
Gigabyte Z790 Aero G
Storage
2x2TB kingston KC3000 2x 8TB WD Red
PSU
Corsair H850i
RAM
64GB ddr5 Corsair Vengance
Video card
3070 rtx
Case
Fractal North wh
Mouse
G305, MX master 3
Keyboard
FL ESPORTS FL750
Audio
Focusrite Solo MK2, B&W LM1 on Nobsound amp, Langsdom FA890 and Samson SR850
Monitor
Asus PG279q
OS
Win 10

Заборавив, со една панелка од 3kw сум го греел просторов на -10 надворешна, околу 12 часа, не беше доволно топло.

Испратено од ONEPLUS A6003 преку IT.mk форум апликација
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.079
6.014
Не, не 24. Минимумот често е ненормално голем накај 800w.

Тука даикинот fxtf50 може да е доволно или Хансол 18ка или Тошиба сузуми 18 (не 16!!!) или слично.

Повеќе од доволно ќе биде. Секако ќе се надополни понатаму со уште еден инвертер или панелка од другите соби.

П.С. оптимално една 12 парапетна и 1 ѕидна 12.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Eпа на граница си меѓу 12-ка и 18-ка.

Зависно од буџетот имаш неколку опции.
- И јас би препорачал 18кБТУ Тошиба Сузуми +, или од Мицибуши ако го имаат на лагер тој фалениот модел (нека кажат другите кој точно беше).
- Како евтина опција 18-ка Тундра од Хајер, само изгледа има повеќе модели и не се знае точно кој е тој „добриот“.
- Гри Хансол или Амбер, ама 12-ка.

Ако парите не се проблем јас би идел со првата опција, ако сакаш поевтино тогаш последната опција. Со последната опција во најладните 15-20тина денови можеби ќе треба да догреваш со панелката, или да додадеш некоја поскромна 12-ка клима. 18-ките имаат полош однос на цена/перформанси од 12-ките, кои почесто се наоѓаат на попусти и акциски цени.
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Здраво првен да ве поздравам и да ви кажам дека сте стварно сте за пофалба бре лујѓе,само многу ми е жал што ве открив многу касно дури одкако ја купив климата.
Прашањето ми е колку е добра климата бидејки сум дупка од овие познавања,се работи за греење на стан една соба од 16 м и доколку може да се загрева и ходникот од 5 м квадратни јужен стан еден надворешен ѕид,приземје солидна дрвена дупла дограма.
GREE FAIRY LCLH GWH12ACC-K6DNA1D по супер цена од 29.990 ден. се одлучив за оваа клима се надевам и дека и таа ми ја монтираа бидејки никаде на опаковката нема фери лцлх а бројката е истаПогледнете го атачментот 72788и овие беја внатре незнам што значат Погледнете го атачментот 72789 Погледнете го атачментот 72789 Погледнете го атачментот 72790 сакм да слушнам мислење дали погрешив со изборот ,и уште да прашам како му е максималната потрошња а како минималната.
Јас сега за сега не ја користам бидејки не живеам во станот каде е монтирана само еден ден ја работев ама некако многи ми беше бучна ама дуваше на трет фен незнаев ни како ни што ми рекоја дека на автоматско и низок фан нема да биде бучна ама тоа сега кога ке одам пак за некој ден ке видам ,инаку се работи за битола каде имаме и најладни зими .
Поздрав и да знаете почнав да читам од прва страна да не пропуштам нешто ама имам уште доста за читање.
PO product fiche ima 0 kW becap heating vo average zona.
A ima pdizajn od 3 kw . TOa idi mnogu dobro za 20m2 nema Da ima problem ni na -20
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Eпа на граница си меѓу 12-ка и 18-ка.

Зависно од буџетот имаш неколку опции.
- И јас би препорачал 18кБТУ Тошиба Сузуми +, или од Мицибуши ако го имаат на лагер тој фалениот модел (нека кажат другите кој точно беше).
- Како евтина опција 18-ка Тундра од Хајер, само изгледа има повеќе модели и не се знае точно кој е тој „добриот“.
- Гри Хансол или Амбер, ама 12-ка.

Ако парите не се проблем јас би идел со првата опција, ако сакаш поевтино тогаш последната опција. Со последната опција во најладните 15-20тина денови можеби ќе треба да догреваш со панелката, или да додадеш некоја поскромна 12-ка клима. 18-ките имаат полош однос на цена/перформанси од 12-ките, кои почесто се наоѓаат на попусти и акциски цени.
Tundrata momentalno e 40000 den ne idi bas sega najevtina opcija.
 
3 ноември 2012
868
1.896
Area 51
Трајче Дрварчето's setup  
Processor & Cooler
Intel 8088, 4.77MHz
Storage
dual 160KB 5.25-inch disk drives and 10 MB HDD
RAM
16K on-board RAM
Video card
Monochrome Display Adapter
Audio
1-channel PWM
Monitor
IBM 3270
OS
PC-DOS v1.0
Tundra Green (R32) е толку, поточно 41 000, постарата (R410) е 38500 (или така нешто). Таа цена што беше во Сетек пред некој месец (ако не се лажам околу 33-34000 ќе да беше) е супер, ама... ама по се изгледа Сетек нема повеќе да продава Haier, се пренасоче на Midea, ги троши залихите, а залихи има само од Tundara 12.
 
Ficho

hello world
9 јули 2015
391
285
Скопје
Можда не сум на правото место, можда има некоја друга по соодветна тема за постов, и ако има таква нека се префрли таму. Што е со официјалниве сервисери на Gree? Пред месец дена почна периодично коа ќе фати некоја фреквенција да бучи као да ќе полета и им се јавуваш да дојдат да си видат шо е работа и да си решат али македонштина. Неможеме сега, ај заѕвони ми наредна недела итн стандардно дур не им се јавиш и со малку закани ќе се појават. Се појавија, ништо не направија, мене ме окривија зашто им бучела климата. Нејсе, си пројде тоа чаре на друго место си побарав. Сеа годишен "сервис" за продолжување гаранција што кошта 800 денари. И типот дојде ги извади филтрите, ги однесе во када и ги зами со вода и ги врати. 800 денари за тоа??? Тоа е годишен сервис? 800 денари????? Сериозно?
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Jaс на ниедна Гри не сум доплаќал за продолжената гаранција, пошто баш така треба и да се вика продолжена гаранција. Ништо друго не се добива за парите, но на некој можеби му важно тоа. На пример некоја 18ка или 24-ка клима, ставена во услови каде ќе се „цеди“ и ќе работи 24/7 преку цела година или така нешто. Во тој случај можеби вреди да се платат тие фиксни 800ден годишно, кои се исти и за клима од 15 илјади и за клима од 115 илјади, за таа од 115 илјади има логика да се плати за поевтиниве клими дефинитивно не.

Само ова сме го зборувале и претходно, и секој од вас си донел одлука за себе.

Инаку за буката, тоа скоро сигурно е заради лошо нивелирање на надворешната единица. Затоа и дигаат раце, скоро секоја втора клима (или почесто) бучи повеќе или помалку на голема искористеност од моќноста. Можеш да им инсистираш да ја нивелираат. Јас повеќе би гледал дали климата често работи на голема искористеност од моќноста, тоа би значело дека е лошо димензионирана (или дома поставувате високи температури, да кажеме над 26с).
 
Ficho

hello world
9 јули 2015
391
285
Скопје
Ама не е за продолжена гаранција, туку за продолжување на гаранцијата. Ако не го направат тој редовен сервис еднаш годишно, тие едни овластени сервисери што си се у земјава, не ти важела гаранцијата. И какво форсирање и монопол е тоа. 800 денари за типот да дојде да ги замие тие, и да се потпише. А инаку вибрациите, ги потсредив со дечките што ја монтираа, што испаднаа многу покоректни него овие гнидиве од "овластени сервисери" и дојдоа ден два по јавувањето и поставија тие штрафови со гуми со што се поткрена надворешната единица од држачот и вибрациите се намалија. И интересното е што ги молиш месец дена да дојдат за дефект кој реално те буди навечер од сон, неможеш да спиеш, а се грееш со климата и те маткаат врткаат и одјебуваат додека не им спиздиш на телефон, а за еве 800 денари да зберат за 5мин глупости одма доаѓаат. Македонштини.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Противзаконски е електронски уред да има помала гаранција од 2 години, или чинам така некако беше по закон. Нека ме поправи некој ако грешам. Вие што сте ја продолжувале гаранцијата, сте потпишале некој договор кај што се согласувате да доплаќате годишни суми.

Патем ако ти ставиле сајлент бафери (ти ги наплатиле?), тогаш подобро си поминал од еден куп луѓе. Не велам дека не треба да си бараш да ја нивелираат климата подобро. Велам дека тоа многу тешко е да се направи - отпосле. Посебно ако климата е на тешкодостапно место. Затоа ќе те маткаат на сите начини. Можеш да се консултираш (и да се заканиш) со ДПИ. До тебе е колку ќе бидеш упорен.

Инаку ова е навистина чест проблем, кај мене Тошибата заебано вибрира кога е на 100%, фаќа некои интересни резонанци просторот ти се чини некаде далеку има хеликоптер. Добро е што скоро никогаш не работи на 100%, само кога е наместена на агресивни сетинзи веднаш после долго луфтирање на ладни температури. Затоа треба да се пази како се димензионира климата, ни премалку ни многу отповеќе.

Сето тоа нема врска со продолжената гаранција. :)
Ама го разбирам гневот. Клима во дневна кога се става, најдобро е надворешната единица да се постави на накое поделечно место. Све што треба е само нешто ситно да се доплати за подолги цевки и да се додаде малку фреон.
 
sostius

hello world
16 јануари 2017
339
796
Кочани
sostius's setup  
Processor & Cooler
Intel 13700K
Motherboard
Gigabyte Z790 Aero G
Storage
2x2TB kingston KC3000 2x 8TB WD Red
PSU
Corsair H850i
RAM
64GB ddr5 Corsair Vengance
Video card
3070 rtx
Case
Fractal North wh
Mouse
G305, MX master 3
Keyboard
FL ESPORTS FL750
Audio
Focusrite Solo MK2, B&W LM1 on Nobsound amp, Langsdom FA890 and Samson SR850
Monitor
Asus PG279q
OS
Win 10
Фала на препораките, изборот ќе биде меѓу Митсубиши СФ50 и Тошиба Сузуми плус 18. И бучавата ми игра голема улога. Меѓу овие две помош да изберам?

Испратено од ONEPLUS A6003 преку IT.mk форум апликација
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.079
6.014
Зошто го исфрли Даикинот?

Таа со поголема безусловна гаранција земи си ја. Не од тие гаранциите со доплати што ги имаат буџетските марки.

Јас би одел на фхтф па на Сф50 па на Тошибата. По тој редослед. Иако реално се преблиску за да се дискутира.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Фала на препораките, изборот ќе биде меѓу Митсубиши СФ50 и Тошиба Сузуми плус 18. И бучавата ми игра голема улога. Меѓу овие две помош да изберам?
Правото прашање е кои монтери да ги изберам. :)
Кај добрите клими повеќе разлика ќе направи монтажата, колку подобро нивелирана клима - толку потивка клима.

Тука важно е и да се погоди јачината на климата, добро да се димензионира. Ако е послаба од потребното, ќе работи на голема искористеност (од макс. моќност) и ќе биде бучна. Ама па и ако е предимензионирана, често ќе се исклучува и ќе прави дефрости, и на вклучување ќе биде бучна... Дап, не е лесно. Мора правилно да се процени потребната јачина и да се земе точно толку јак модел. Доброто кај станови со повеќе споени соби (посебно ако горе има некоја препрека) е тоа што често климите во такви услови работат постабилно. Да не должиме зошто, ама таа е тенденцијата.

Јас лично имам добро искуство со Тошиба Сузуми + (мојата е 14ка). На 100% искористеност е бучна, но 99% од времето скоро па да не можеш да ја чуеш дека работи. Најкул работа што ми се допаѓа кај Тошиба е „еко“ мод на работа. Тоа е практично поставување на лимит од потрошувачка до некои 600вати, ама најчесто не оди над 440 вати. Тука е најголемата ефикасност и најтивката работа, нормално за ова потребно е добра изолација и да се погоди (димензионира) јачината на климата. Кај мене во најголемиот дел од грејната сезона работи во овој мод (минус најладните денови).

Тој модел од Даикин и тој модел од Мици (што ги спомнувате) не ги знам. Знам општо дека добрите клими од Даикин почнуваат во висока ценовна класа и знам дека софтверот кај некои од климите од Мици на ауто нема оптимална работа со вентилаторот. Можеби грешам, нека ме поправи некој ако е така. Но не сум видел многу коментари овде за тие модели, и искрено не знам од каде заклучоците за квалитетот.
 
sostius

hello world
16 јануари 2017
339
796
Кочани
sostius's setup  
Processor & Cooler
Intel 13700K
Motherboard
Gigabyte Z790 Aero G
Storage
2x2TB kingston KC3000 2x 8TB WD Red
PSU
Corsair H850i
RAM
64GB ddr5 Corsair Vengance
Video card
3070 rtx
Case
Fractal North wh
Mouse
G305, MX master 3
Keyboard
FL ESPORTS FL750
Audio
Focusrite Solo MK2, B&W LM1 on Nobsound amp, Langsdom FA890 and Samson SR850
Monitor
Asus PG279q
OS
Win 10
Правото прашање е кои монтери да ги изберам. :)
Кај добрите клими повеќе разлика ќе направи монтажата, колку подобро нивелирана клима - толку потивка клима.

Тука важно е и да се погоди јачината на климата, добро да се димензионира. Ако е послаба од потребното, ќе работи на голема искористеност (од макс. моќност) и ќе биде бучна. Ама па и ако е предимензионирана, често ќе се исклучува и ќе прави дефрости, и на вклучување ќе биде бучна... Дап, не е лесно. Мора правилно да се процени потребната јачина и да се земе точно толку јак модел. Доброто кај станови со повеќе споени соби (посебно ако горе има некоја препрека) е тоа што често климите во такви услови работат постабилно. Да не должиме зошто, ама таа е тенденцијата.

Јас лично имам добро искуство со Тошиба Сузуми + (мојата е 14ка). На 100% искористеност е бучна, но 99% од времето скоро па да не можеш да ја чуеш дека работи. Најкул работа што ми се допаѓа кај Тошиба е „еко“ мод на работа. Тоа е практично поставување на лимит од потрошувачка до некои 600вати, ама најчесто не оди над 440 вати. Тука е најголемата ефикасност и најтивката работа, нормално за ова потребно е добра изолација и да се погоди (димензионира) јачината на климата. Кај мене во најголемиот дел од грејната сезона работи во овој мод (минус најладните денови).

Тој модел од Даикин и тој модел од Мици (што ги спомнувате) не ги знам. Знам општо дека добрите клими од Даикин почнуваат во висока ценовна класа и знам дека софтверот кај некои од климите од Мици на ауто нема оптимална работа со вентилаторот. Можеби грешам, нека ме поправи некој ако е така. Но не сум видел многу коментари овде за тие модели, и искрено не знам од каде заклучоците за квалитетот.
Прашав во клими.мк и ми рекоа дека може да монтираат во Кочани, ваљда имаат добри монтери.

Испратено од ONEPLUS A6003 преку IT.mk форум апликација
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Најдобро сам да си најдеш монтери, освен ако продавачите не ти гарантираат дека монтерите се прва лига. Само сега е лошо време за барање монтери, имаат преку глава работа со нарачките заради субвенциите.
Инаку реално за идење до Кочани би барале да им се плати патот, зборувам за некои овдешни монтери (кога би требало да препорачаме).
 
sostius

hello world
16 јануари 2017
339
796
Кочани
sostius's setup  
Processor & Cooler
Intel 13700K
Motherboard
Gigabyte Z790 Aero G
Storage
2x2TB kingston KC3000 2x 8TB WD Red
PSU
Corsair H850i
RAM
64GB ddr5 Corsair Vengance
Video card
3070 rtx
Case
Fractal North wh
Mouse
G305, MX master 3
Keyboard
FL ESPORTS FL750
Audio
Focusrite Solo MK2, B&W LM1 on Nobsound amp, Langsdom FA890 and Samson SR850
Monitor
Asus PG279q
OS
Win 10
Најдобро сам да си најдеш монтери, освен ако продавачите не ти гарантираат дека монтерите се прва лига. Само сега е лошо време за барање монтери, имаат преку глава работа со нарачките заради субвенциите.
Инаку реално за идење до Кочани би барале да им се плати патот, зборувам за некои овдешни монтери (кога би требало да препорачаме).
Па секако би платил, ако има некој предлог, слободно.

Испратено од ONEPLUS A6003 преку IT.mk форум апликација
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Мислам дека многумина овде ќе го препорачаат Кодус. Ама нека кажат колегите и други предлози.
 
Ficho

hello world
9 јули 2015
391
285
Скопје
Кодус беа дечките што ми ја монтираа и мене климата и што дојдоа за ден два без маткање да ги постават тие штрафови бафери и не ми ги ни наплатија. Иако три пати си кажав да си платам што сум должен.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Не сакаше ни мене да ми земе пари, ама му ги тутнав на сила :)
 
3 ноември 2012
868
1.896
Area 51
Трајче Дрварчето's setup  
Processor & Cooler
Intel 8088, 4.77MHz
Storage
dual 160KB 5.25-inch disk drives and 10 MB HDD
RAM
16K on-board RAM
Video card
Monochrome Display Adapter
Audio
1-channel PWM
Monitor
IBM 3270
OS
PC-DOS v1.0
А монтер во Битола, абе некое монтериште тешко, при монтирање на Tundra Green 18, ај што инсистирал цефките да се 2,5 метри, доволно било (секако поради инсистирање ставил 3 метри), не ги ставил гумените гумички за надворешната единица што одат фабрички со климата, немало потреба, ептен спремен бил, вакуумирање немало потреба, во Битола никој не го правел тоа (секако и вакуумирање направено на инсистирање, иако се лутел мајсторот, газдите му се мешале во работата)... абе мајстори и „мајстори“.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
Ајде и јас да барам препорака за клима. Се работи за отворен простoр од околу 50m2 во куќа. Изолација нема, само фасада од 1988. Пвц прозори со 3 стакла од рехау. Горе е поткровје без никаква изолација. Долу гаража. Се греам на парно на дрва, околу 20 кубици дрва сезона, со тоа што се грејат уште 3 соби (уште 40м2). Котелот од парното е во гаража. Сакам да се откачам од дрва, па да пробам со инвертер во овој простор, па за натаму и во другите соби. Буџет околу 80к денари. Во прилог аматерски нацртан план од просторот

Ситуацијата, во значителна мерка, ти ја поправа PVC столаријата. Од количината на потрошени дрва гледам дека си навикнат на парно и топлината што ја добиваш.
За да се откачиш од дрва единствено решение е да го замениш котелот на дрва со котел на пелети и да наместиш клими.
Ти гарантирам дека нема да бидеш загреан без 24-ка клима во оние 50 квадрати а како бонус добиваш незагреани 2/3-ини од куќата.

Идеално е да имаш парно на пелети со по-современи електромоторни вентили на радијаторите и клими кои ќе ги користиш до кај +5 (у врх главе до нула)
Под ова нека ти е со среќа. Не ја слушај герилава која ти дава совети „стави 5,5-ка“
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
:rolleyes:

Што ти згрешил човекот... Или муабетов е зошто само ти секоја година да плаќаш високи сметки за греење: ;)

П.С. Еј спремај ги сметките со трошоците за греење, за пар недели е и официјалано крајот на сезоната. Немој да си бегал од споредба на потрошувачката, уште полошо ќе биде така. :D
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
:rolleyes:

Што ти згрешил човекот... Или муабетов е зошто само ти секоја година да плаќаш високи сметки за греење: ;)

П.С. Еј спремај ги сметките со трошоците за греење, за пар недели е и официјалано крајот на сезоната. Немој да си бегал од споредба на потрошувачката, уште полошо ќе биде така. :D
Компензација ги зедов пелетите во Јули 2018 и ми искочија 120 деанри вреќа. Како ќе се докажуваме?
 
jasminajac

read-only
21 февруари 2019
24
2
А монтер во Битола, абе некое монтериште тешко, при монтирање на Tundra Green 18, ај што инсистирал цефките да се 2,5 метри, доволно било (секако поради инсистирање ставил 3 метри), не ги ставил гумените гумички за надворешната единица што одат фабрички со климата, немало потреба, ептен спремен бил, вакуумирање немало потреба, во Битола никој не го правел тоа (секако и вакуумирање направено на инсистирање, иако се лутел мајсторот, газдите му се мешале во работата)... абе мајстори и „мајстори“.
A ко не е тајна кој ти монтираше.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв