Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.165
3.215
Струмица
Користам АЕРИ 18ка од 2016, ама ако треба сега да изберам 18ка меѓу Vivax и Haier, би земал Haier. Виваксо му станаа гласни лагерите на вентилаторот после толку време, и пред месец дена ги сменивме, ама пак не е тиха ко јапонец.
Планирам да земам 2.5KW за во спална и фала богу ќе одам со Toshiba (Seyia) или Mitsubishi (HR25).
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Чинат само оние кои имаат Eurovent. Само така ќе знаеш што купуваш.

Останатото е рекла казала.
Кинеска клима како "главна" само ако има добар Eurovent.
Ама пак ако има добар Eurovent ќе има и цена како јапонска.

Евтина кинеска клима само како секундарна (спална, мала соба итн.)

Нема бесплатен ручек
 
trencevski

hello world
17 ноември 2021
56
127
Чинат само оние кои имаат Eurovent. Само така ќе знаеш што купуваш.

Останатото е рекла казала.
Кинеска клима како "главна" само ако има добар Eurovent.
Ама пак ако има добар Eurovent ќе има и цена како јапонска.

Евтина кинеска клима само како секундарна (спална, мала соба итн.)

Нема бесплатен ручек
Фала ти и тебе.
 
SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
Би сакал некој упатен да ми каже зошто Gree ги бие толку лош глас на форумов од неколку членови?
Веројатно затоа што почнаа да вадат модели така како што имаат делови на располагање.

Моето скромно искуство со некои си 250 клима уреди на многу различни локации низ Македонија во една иста корпорација не го потврдува лошото мислење за Gree, поготово не на пример за Крива Паланка каде што 90% од јапонциве не стартуваат воопшто зимно време да греат.

Какво искуство со 250 клими? Професионално, мислам на сервис, монтажа или пак кај пријател, комшија, баба, тетка од корисничко искуство?

90% од јапонциве не стартуваат воопшто зимно време да греат.

Па ако работата на климата е половина со потрошувачка на електрична панелка, а испорачаната топлина не е ни 1/3 од онаа што треба, која е логиката климата да ти работи? Ова го зборувам од технички аспект. Сега и ке ти објаснам што значи тоа.
Декларираната максимална моќност на една клима може да биде 1KW, а испорачаната да е 3,5 kW. Таа клима во тој случај работи во идеални услови, а секаде како репер е земено тоа да е на 7 степени целзиусови. (COP вредност, веројатно си слушнал). Ako ја погледнеш табелата ке видиш дека како се намалува температурата така опаѓа и COP факторот. Ако на -7 или еве нека е -10, СОР факторот е 1,5, тоа значи дека ефективноста на климата е многу ниска во однос на тоа што ние сакаме да го добиеме како топлина. Плус кинеските клими имаат грејачи на компресор, тацна и изменувач дури и до вредност од 1kW. Toa e што ги држи да работат на толку ниски температури. Е па удри проста математика. Ако имаш грејач од 1 KW и клима која троши 1KW во максимално оптоварен режим на работа за да постигне, тоа се 2KW реална потрошувачка, a во просторијата нема да добиеш задоволувачка топлина и нема да можеш да се згрееш како човек. Со панелка класична од 2 КW во просторијата ќе направиш Бања Лука.
  • напонот на струјата за жал варира и до 10%;
Напон на струја не може да варира затоа што терминот е скроз погрешен.
Постојат НАПОН и СТРУЈА, а може да варира напонот од електричната мрежа :)

Сето тоа е реална слика во Македонија. Јапонец да, ако се е по кинга, на терен не е баш така.

Jапонец и по книга и на терен е ист, и тоа го прави да биде нешто што другите не се.

Gree од друга страна има многу патенти, можда и најмногу во однос на конкуренција и малце ако прогуглате ќе видите дека одамна се во заеднички инвестиции, тоа значи и исти фабрики со Daikin.
Можда јавно не се форсира, ама реалноста е таа.
Неспорно е дека компанијата има многу патенти и дека е одлична. Но тоа не значи дека можеме да ја ставиме во ист кош со лидерите.
Споредбава ти е Дачиа и Рено. Исто е ама не е исто.

Ако нешто би избегнувал тоа е Neo, Hyundai

Ако за нешто сум сигурен и сум го видел со свои очи е тоа дека во НЕО климите (одредени модели/серии) се вградува потполно идентични машини како што беа на времето во Тошиба климите. Односно компресори. Во моментот пре би се одлучил за некој модел на Hyundai него HiSense, VOX или TESLA.
AUX исто така имаат добри модели.

Инаку кога велам некои модели, тоа значи дека тука е заебот со ефтините односно кинески производители на клими. Нема постојаност во квалитетот. Ова може да го знае увозникот при вградување на првата клима од лотот кој го нарачал. Еден лот може да биде со Тошибин компресор, со Хитачи компресор, а третиот лот да биде со компресор без никаква налепница.

Тошиба става Тошиба компресор итн како и другите топ брендови.

Ако добро изгуглате по нет, ке видите дека и Тошиба продава low cost, budget варијанти на инвертори, како на пример актуелните модели кои се на акција SEYIA, што не значи дека нечинат, туку дека не нудат ништо повеќе од некој кинески бренд на кој треба да му бидат конкурентни. Немаат смарт опции итн итн , но сепак имаат име кое што е гаранција за квалитет. Дури и ако ценовно направите споредба ќе видите дека се тука некаде со MIDEA и GREE.

Во овој случај без размислување врз база на мои лични истражувања, анализи и листање на материјали и пресметки од сите понудени 3 би ја одбрал кинеската MIDEA.
Ако станува збор за парапетна едниница, тогаш би ја одбрал GREE.

А ако сакам да платам, да не читам, да не анализирам и да не се замарам што е, како е, зошто е, дали е инвертер, дали е ѕиден, парапетен и слично, плаќам Тошиба и терам даље.

(Тоа што во моето изгалање не ги спомнав останатите HI TECН брендови не значи дека не чинат, туку Тошиба ми дојде така прва, да не се најдат навредени :D )
 
18 август 2019
1.219
1.193
Напон на струја не може да варира затоа што терминот е скроз погрешен.
Постојат НАПОН и СТРУЈА, а може да варира напонот од електричната мрежа :)
Не би рекол дека си во право. Мислам дека @godovic има поправилен термин. Струјата има напон и фреквенција кои треба да бидат стабилни (а не се). Напон на струјата (според мене) е исправен термин.
 
igor_xxxx

user
10 септември 2010
1.308
1.750
Би ценел мислење околу квалитет/перформанси на Тошиба парапетниве единици, дали актуелниов модел од 3.5KW е ОК избор за ~87,000 МКД, или има нешто сo слични или подобри перформанси на пазаров што го пропуштам, а е со слична или пониска цена?

Поради местоположбата и струење на воздухот, исклучиво во игра се само парапетни единици и овој пат (после искуство со Gree, која што ќе оди на друга локација) изборот е иницијално ограничен на јапонски модели, но ако има нешто друго што е докажано (со соодветни мерења), би го размислил.

Намената би била за ладење и греење на дневен простор (25-27м2) до потреба за вклучување на парно, но доколу се покаже добро во пракса греењето, би и дал шанса и за греење во поладни периоди.Просторот е одлично изолиран и од тој аспект нема никаков проблем за загревање, повеќе е колку ќе пречи струењето на воздухот - што е мојот моментален голем проблем.

Благодарам за помошта :)

После јавување до не знам колку фирми, според тоа што е на лагер од парапетни јапонски модели изборот би бил следниот:

1.Toshiba 3.5KW - ~85-87,000 МКД
2.Mitsubishi Electric 2.5KW - 94,000 МКД
3.Mitsubishi Electric 3.5KW - ја нема никаде на лагер, постои можност за порачка (чекам инфо), последна цена 103,000 МКД (дискутабилно дали би била пак таа цена)

*) Исто така на лагер има Toshiba 5KW модел (116,000МКД, овој како што гледам е со twin rotary компресор) и Mitsubishi 5KW (150,000 МКД) што мислам дека е премногу со капацитет и цена.

**) Сериозно размислував и за Mitsubishi LN35 (85,000 МКД) и/или Toshiba Daiseikai, но заради носечки столб (25цм) ќе треба да се монтира или преблиску до таван што би било глупост, или премногу ниско во собата што визуелно и практично не е прифатливо.Да бидам искрен, да можев просторно да ја сместам како што треба, веќе ќе беше порачанa црвенa LN35-ка.

Ценовно и со достапност, Toshiba-та (3.5KW) најмногу одговара и 99% мислам да одам со неа, но не би било голем проблем да направам напор и за некоја од останатите опции доколку се значително подобри.За 5KW моделите не сум сигурен дека се паметна опција за во мојот простор, освен можеби ако Toshiba моделот е "послаб" па би имало поента заради компресорот или што и да е.

Имам блага наклонетост спрема Mitsubishi, посебно и визуелно повеќе ми се допаѓа моделот во живо кога го видов, но за жал 3.5KW моделот го нема никаде, а не сум сигурен дали 2.5KW моделот би бил доволен и/или имал "резерва".

Пред да се јавам и да порачам Toshiba, да не има некој последен совет, или нешто да додаде? :)
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346

Земај Тошибата( парапетна) и не му ја мисли. Ако за таа соба е идеална парапетна тогаш земај таква, распределбата на топлина е предобра.
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
576
253
Може некој да ми појасни како функционира тајмерот на вивакс. Еве пример претиснав тимер он 0.5h , нели значи тоа климата да работи 30мин и да се изгаси?
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Знае ли некој од поискусните од што може да е звукот? Доаѓа од вентилаторот на внатрешната.
@FLEGMA
 
stefan_mkd

lurker
18 март 2015
843
669
Не би рекол дека си во право. Мислам дека @godovic има поправилен термин. Струјата има напон и фреквенција кои треба да бидат стабилни (а не се). Напон на струјата (според мене) е исправен термин.
Се гледа кој бегал физика во 8мо :)

Не мешај струја и напон. Едно се мери во Ампери, а друго во Волти.

Напон на струја веројатно би му дошло оптор ако идеме по равенка V/I
 
gdamjan

poweruser
3 април 2008
4.058
3.500
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
сеа ако баш тупиме, постојат напон и јачина на струја (второво кратко го викаме струја).
Мислењето е автоматски споено:

Можам да зборувам само во свое име.
Модулација НУЛА. Стартува, влече 1200-1300 вати, паѓа до 700 и исклучува. Ништо од префалените 180-200 вати. Барем од почеток да работи со 700 вати исклучувањата ќе бидат поретки. Вака работи како он-оф клима.
како мериш? (не ти спорам, ме интересира пристапот)
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Знае ли некој од поискусните од што може да е звукот? Доаѓа од вентилаторот на внатрешната.
@FLEGMA
Звукот е од пиксната. Најверојатно гумицата која го држи синтерот има укрутено од ладното
Дали ова се случи/случува кога ја работиш на ладење? Дали се губи звукот кога ќе забрза? Дали крајниот (лев) дел од перката врти ексцентрично (се гледа со голо око ова)

Ако престанува не е страшно и може да се реши со подмачкување исклучиво со силиконска маст или масло или силиконски спреј ама во никој случај масла и масти на база на петролеј како што се вазелин, литиумска маст и сл. затоа што ќе ја разџвака гумицата.

Еве за која гумица се работи.
Screenshot 2022-07-26 183918.png
Screenshot 2022-07-26 184008.png

Еве и видео како изгледа промена
View: https://www.youtube.com/watch?v=_chLl_Gavj4&list=PL3Em2DUXvjMCbarjgeQ1Oq7hAY19vnKF5&index=6

Делов се продава или менува или само металната пиксна или и двете наеднаш. Стрплив мајстор ќе ја смени без да ја вади перката.

Јас те советувам да бараш промена на делов во гарантен рок. Не предизвикува понатамошни проблеми освен во драстични случаи каде што тропањето е неидржливо и звучи како да се крши нешто.

Не би да нагаѓам но мислам дека ќе се изгуби. Ако те одбијаат за делов и решиш сам да ја подмачкаш ќе ти кажам како.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Звукот е од пиксната. Најверојатно гумицата која го држи синтерот има укрутено од ладното
Дали ова се случи/случува кога ја работиш на ладење? Дали се губи звукот кога ќе забрза? Дали крајниот (лев) дел од перката врти ексцентрично (се гледа со голо око ова)

Ако престанува не е страшно и може да се реши со подмачкување исклучиво со силиконска маст или масло или силиконски спреј ама во никој случај масла и масти на база на петролеј како што се вазелин, литиумска маст и сл. затоа што ќе ја разџвака гумицата.

Еве за која гумица се работи.
Погледнете го атачментот 115266
Погледнете го атачментот 115267

Еве и видео како изгледа промена
View: https://www.youtube.com/watch?v=_chLl_Gavj4&list=PL3Em2DUXvjMCbarjgeQ1Oq7hAY19vnKF5&index=6

Делов се продава или менува или само металната пиксна или и двете наеднаш. Стрплив мајстор ќе ја смени без да ја вади перката.

Јас те советувам да бараш промена на делов во гарантен рок. Не предизвикува понатамошни проблеми освен во драстични случаи каде што тропањето е неидржливо и звучи како да се крши нешто.

Не би да нагаѓам но мислам дека ќе се изгуби. Ако те одбијаат за делов и решиш сам да ја подмачкаш ќе ти кажам како.
Баш така. Се јавува на ладење, и се губи звукот кога ќе забрза.
Кажувај за подмачкување како и со што, мислам дека би можел сам.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Баш така. Се јавува на ладење, и се губи звукот кога ќе забрза.
Кажувај за подмачкување како и со што, мислам дека би можел сам.
Имаш неколку избори:

1. Да набавиш бела силиконска маст (ама баш силиконска, без примеси)
2. Да купиш Sonax силиконски спреј
3. Да набавиш силиконско масло (мислам дека го ставаат по кочници овие со точациве)

Најбезболно ти е со спреј. Најдобро ти е со масло и шприц+игла (да не се претерува со подмачкувањето)
Ќе и го скинеш врвот на иглата и бочно во гумицата ќе туриш масленце. Гумицата има дупче од страната

Сонаксот е чист силикон. И за други работи ќе ти се најде. K2 спрејовите се парфимирани и не се чист силикон
Последно кога земав Sonax 500ml силиконски спреј ме кошташе околу 500 денари. Го користам за автомобилот (гумици, брави и сл.)
 
Ќе видам што можам да најдам, ако најдам спреј само да прскам во гумицата?
Screenshot_20220726-193917_Gallery.jpg
Овај е спрејот?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Баш тој

[edit]
Има отвор во гумицата. Околу еден милиметар. Пробај цевчето да го протнеш внатре и еднаш-два пати прсни, пушти ја да заврти на вентилатор и пак прсни.
Не претерувај
 
18 август 2019
1.219
1.193
Се гледа кој бегал физика во 8мо :)

Не мешај струја и напон. Едно се мери во Ампери, а друго во Волти.

Напон на струја веројатно би му дошло оптор ако идеме по равенка V/I
Јас бегав во осмо, ти си бегал и во осмо и во средно.
Ти ги мешаш поимите. Струја е струја. Има напон на струја кој се мери во волти и ЈАЧИНА на струја која се мери во ампери.
Значи постои НАПОН НА СТРУЈА и јачина на струја. Се мери напон и јачина, не се мери струја. Терминот НАПОН НА СТРУЈА е исправен. Терминот „струјата се мери во ампери“ е неисправен. Струја НЕ СЕ МЕРИ. Може да се мери напон, јачина, фреквенција, снага... ама не струја.
Мислењето е автоматски споено:

како мериш? (не ти спорам, ме интересира пристапот)
Со ватметар. Следам од вклучување до исклучување.
 
Последни теми

Последни огласи

На врв Дно