1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Sylvester, 17 Јули 2010.

  1. bajramo

    bajramo
    Gaining Experience

    474
    288
    25 Јуни 2008
    Сакам да ја проверам, кога ќе мерам да знам колку да очекувам ако е се во ред.
     
  2. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,667
    3,391
    24 Септември 2012
    900w ако троши со цоп 3, тоа се 2700w топлина во внатрешноста. Тоа над 0 сигурно ќе го испорача.

    Издув околу 600м3ч имаат овие во просек 3.5киве. Ако е внатре на таван 26ц степени.

    Значи 600/60= 10м3 во минута.

    Значи dT=(2.7*3000)/(1.2*353)=19ц. Ќе земеме 20ц.
    Значи дека ќе ја крене температурата на издувот за 20ц. Ако влезна била 26, плус 20, ќе биде 46ц.

    Значи би требало на максимален фен и над 900w потрошувачка, ако е надвор 7 степени, внатре на таван 26 ( во собата доле 22-23ц) да извади најмалку 46Ц степени на издув. Може да извади над ова, но неможе да извади испод ова.

    Ако е проблематична климата може да крене 1400w, а издувот да е под 46ц. Тогаш веројатно има проблем. Ако се стабилизира на 800w и температура над 46ц си е во ред.
     
    Tajson, bajramo и на mnikolce им се допаѓа ова.
  3. civikom

    civikom
    Gaining Experience

    151
    127
    17 Декември 2011
    Машко
    Многу разбира да
    Значи ако имаш пари купи си премиум бренд а ако немаш само Грее ли се на пазаров ???
    20200425_052146.jpeg

    Испратено од SM-G930F преку IT.mk форум апликација
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Quasimodo

    Quasimodo
    Intern

    48
    19
    2 Септември 2016
    Машко
    Не дај боже да се спомне Vivax Aeri или Haier Tundra
     
    На civikom му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bajramo

    bajramo
    Gaining Experience

    474
    288
    25 Јуни 2008
    Во право си, но помеѓу Вивакс Аери и Грее Фери секогаш би одел на Грее пошто Виваксот многу послабо модулира и е многу по бучна надворешната единица.

    За Ucrown, Hansol и Vivax Y дизајн да не правиме муабет. Едноставно нема споредба во модулација.

    За Haier неможам да коментирам пошто сум немал искуство со нив.

    Али комплетно те поддржувам во констатацијата дека темата на Кајгана е чисто за промоција на Грее. Барем така и да ја крстеле, ќе знаеле луѓето каде да се обратат за кориснички искуства / техничка поддршка за Грее.
     
    На mdeni и civikom им се допаѓа ова.
  6. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,667
    3,391
    24 Септември 2012
    Само Аези/Аери и слични се битни, и од Грее Ломо ЕК ЛЦ и од Хаиер Тундра. Од тие марки тоа е битното. Зошто тие над веќе ја побиваат логиката на купување кинеско зошто има други попознати брендови. Кинезите си имаат свое поле за натпревар во 16000-30000 рангот каде нема јапонски клими.
     
    На Quasimodo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Quasimodo

    Quasimodo
    Intern

    48
    19
    2 Септември 2016
    Машко
    За Fairy незнам како модулира оти нема никој ставено слики/видеа (рекла казала)... Аерито има слики / видеа
     
  8. bajramo

    bajramo
    Gaining Experience

    474
    288
    25 Јуни 2008
    Да не го барам упатството, ај ве молам кажете ми зошто служи второво (заокруженото) црево (кое излегува од ВНАТРЕШНАТА единица)?

    Првото кое излегува од надворешната е за истекување на кондензирана вода, но другото не ми е јасно зошто е затоа што не е поврзано никаде.

    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
  9. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,326
    2,569
    19 Јули 2013
    Надворешната не создава кондензат, а низ тоа црево истекува водата од кондензација од внатрешната единица. Влегува во надворешната и преку нејзиниот отвор истекува надвор.
     
    На bajramo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    433
    343
    1 Февруари 2017
    Машко
    Тоа е за ладење да истекува кондезатот од внатрешната.
    Тука ти е превиткано -исправиго и гледај да има добар пад зошто може кондезатот да ти врати во внатрешната
     
    На mdeni и bajramo им се допаѓа ова.
  11. MitkoI

    MitkoI
    Gaining Experience

    197
    64
    11 Јуни 2017
    Машко
     
  12. MacRazor

    MacRazor
    Gaining Experience

    116
    51
    15 ноември 2017
    Машко
    Дечки да се извинам најнапред знам дека ова прашање не е за тука но не верувам дека ваква тема или слична има на овој форум. Ме интересира дали стиродур 2см заменува 10-ка стиропор за изолација. Еден стар мајстор ми го тврди ова, не дека не му верувам но никаде не можам да најдам таков податок, а битно ми е ептен. Благодарам за разбирањето и се извинувам уште еднаш.
     
  13. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,667
    3,391
    24 Септември 2012
    Не заменува. 10цм стиропор заменува 10цм стиродур. Грубо.
     
  14. Alek7

    Alek7
    Intern

    8
    7
    2 Април 2020
    Машко
    IT
    Провери во Уни24 (Штип) дали ја имаат оваа од Mitsubishi.
    Јас од таму земав Mitsubishi SRK/SRC50ZS, со монтажа и wi-fi приклучок на нејзе, некаде 72.5К ден испадна. Прилично сум задоволен.
     
    На skywalker123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pinky

    pinky
    Gaining Experience

    524
    424
    23 Мај 2009
    Разликата е далеку од 500%, а не се ни исти. Има различни податоци по интермец, али сите се согласуваат дека стиродурот е подобар изолатор и ако се земе некој просек, излегува дека предноста е ~20%. Тоа ќе му дојде 8cm стиродур да е исто со 10cm стиропор.

    Друга разлики на стиродур во споредба со стиропор:
    - има многу помала пропустливост на влага, што влијае негативно на објекти со слаба вентилација
    - има голема загуба на карактеристики кога се користи за изолација каде што има многу влага, пример темели на објект

    За повеќе инфо пребарувајте EPS vs XPS. И проверувајте го изворот, пошто има многу нарачани компарации.
     
    На MacRazor му/ѝ се допаѓа ова.
  16. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    662
    657
    15 Септември 2012
    Машко
    Му ја виде дипломата дека е мајстор?

    Барај ти некој мајстор на својот занат со Диплома, Сертификат, Лиценца отпечатена, потпишана и заверена на хартија.
    Ги има како плевел овие другите таканаречени мајстори што ја немаат.
     
  17. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,667
    3,391
    24 Септември 2012
    Мајстор мешате со инженер.

    Кажи му на мајсторот што сакаш, и ќе ти направи. Ти секако во македонија мора СЕ да знаеш на темата и да висиш врз глава.
     
  18. MacRazor

    MacRazor
    Gaining Experience

    116
    51
    15 ноември 2017
    Машко
    Другарче те разбирам и потполно си во право. Но во денешно време кој како на г*зот тесла си ставил мајстор се прави.
     
  19. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    662
    657
    15 Септември 2012
    Машко
    Ем си свесен кого прашуваш, ем бељата си ја бараш. Учени луѓе немаш во околина?
    Утре ти ќе бидеш стручен во некоја област, како сакаш да те ценат и почитуваат луѓето?
    --- Споени мислења, 30 Април 2020 ---
    Ти ги мешаш.

    За звање мајстор се полага испит. Се полагаше во сфрј, се полага во бел свет.
    Оди во стара чаршија и најди дуќан со постар вработен и прашај, да не биде јас нешто лапрдам.

    Знаеш ли што значи некој да го ословиш со мајстор? Позади него има знаење и искуство.
     
    На Tajson му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,667
    3,391
    24 Септември 2012
    Ете каде грешиш. Значи го најдовме проблемот. Тито умре пред 40 години, а со тоа и сфрј.

    Изјавата дека 2цм стиродур менува 10цм стиропор мене ми говори многу повеќе од доволно. Барај си некој што знае што зборува.
     
  21. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    644
    823
    25 Февруари 2016
    Машко
    ВКВ Мајстор е звање еднакво на инжињер со просечно искувство. За жал во систем со изгубени вредности, со '' мочковци '' со изгледани 10 туторијали на јутуб, сите си земаат за право да се нарекуваат себеси ''мајстор'', а кутрите едвај може да се наречат монтери.

    На прашањето помеѓу ''стандарден''(обичен) стиропор или поточно експандиран полистирен и екструдиран полистирен разликата е во густината на полистиренот во таблата. Односно обичниот стиропор е со поголема порозност а со тоа е и помек и полесен, има повеќе простор за воздух во себе (што го прави до некаде подобар и покорисен за фасада) поподложен на собирање (намалување димензиски во сите три насоки) при стареење односно во својот животен век.
    Екструдираниот полистирен или лиен стиропор е покомпактен со подобри механички својства, служи за изолација каде просторот е битен фактор и се бара цврстина, со многу малку собирање во животниот век.

    п.с. На вакво слично прашање пре 30-тина години кога првпат се сретнав со овие материјали, еден стар мајстор ми направи ваква компарација.
    Една рака ориз ако ја експандираш и со малку чоколадо ја споиш во една табла ќе добиеш големо чоколадо со ориз, истиот ориз ако го сомелеш и свариш со малку чоколадо ќе добиеш цврста желатинеста маса налик на пудинг. И едното и другото ќе ти дадат иста енергија, но од пудингот ќе се наполни малку ''стомакот'' а од експандираниот ориз богами може да се случи и да не го изедеш цело и да се чувствуваш сит.
    Така да секој од овие материјали си има своја примена.
     
    На maci и petkotrajko им се допаѓа ова.
  22. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,667
    3,391
    24 Септември 2012
    Но не зборуваме за енергија. Чоколадото со несолмен ориз е подобар изолатор окколку сомеленото.
     
    На Tajson му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    644
    823
    25 Февруари 2016
    Машко
    Корелацијата на мајсторот беше таа, експандираниот ориз подобро ќе те насити отколку сомелениот.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,786
    3,887
    12 Јануари 2016
    Машко
    Подвлечениот дел не е точен. При вклучено греење од надворешната единица се кондензира вода а при ладење е обратно, внатрешната единица кондензира вода.
     
    На bajramo и mdeni им се допаѓа ова.
  25. bajramo

    bajramo
    Gaining Experience

    474
    288
    25 Јуни 2008
    Благодарам, воглавно ми објасни зошто се користи, а подоцна го прочитав и упатството.
     
    На moongose му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...