1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Sylvester, 17 Јули 2010.

  1. civikom

    civikom
    Gaining Experience

    148
    122
    17 Декември 2011
    Машко
    Ама редовен си таму и никој не ти прати линкови за клима форуми

    Испратено од SM-G930F преку IT.mk форум апликација
     
  2. Ts011

    Ts011
    Gaining Experience

    132
    55
    31 Март 2020
    Машко
    opaaa eve koj sedi na 2 stolcijna ....haaaa
     
  3. bajramo

    bajramo
    Gaining Experience

    468
    287
    25 Јуни 2008
    Редовен сум само поради тоа што е поголема темата таму и се надевав дека ќе прочитам повеќе мислења за климите од Gree (ќе ми дадат една клима подарок - вујко ми ќе ми даде пошто него му должат некои пари овие од Gree, па затоа ќе земе клима пошто живи пари нема да види) и размислував дали Амбер 12 ка или Украун 12 ка, но ќе биде Амбер.

    Инаку на Кајгана се почесто гледам само беспредметно препукување и ништо друго. Затоа сакам да се префрлам на странски форуми од каде што може да се добие нешто корисно.
     
    Последна промена: 5 Април 2020
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bajramo

    bajramo
    Gaining Experience

    468
    287
    25 Јуни 2008
    Мисла ми е дали треба перката од надворешната единица (Ломо еко) да се врти малку како ексцентар или не? Само тоа ми е чудно, а инаку климата е скоро нова, нема месец дена.

    За да се елиминираат вибрации на надворешната единица треба гумени буфери да се стават или?
     
  5. civikom

    civikom
    Gaining Experience

    148
    122
    17 Декември 2011
    Машко
    Нормално дека требаат гумени бафери,јас лично имам и самолеплива лента(онаа црната што ја ставаат под профилите за да не се пренесува звукот ) од кнауф залепено на цел држач за да нема вибрации од метал со метал и метал со ѕид.

    Испратено од SM-G930F преку IT.mk форум апликација
     
  6. civikom

    civikom
    Gaining Experience

    148
    122
    17 Декември 2011
    Машко
    Од GREE само HANSOLOT вредеше,ама незнам дали уште го продаваат со Sanyo компресор. Другово е све комерцијала.

    Испратено од SM-G930F преку IT.mk форум апликација
     
  7. petkotrajko

    petkotrajko
    Gaining Experience

    96
    73
    16 Јуни 2017
    тоа за перката...не сум сигурен дали сум го разбрал прашањето, па ќе го прескокнам.
    ама ова другово, за гумениве бафери...абе наводно за таа намена служеле.
    моето лично искуство со ниф не беше ногу позитивно.
    зборвам за есеноски монтиран инвертер (Кериер Инфинити - најмал што го најдов, за во спалната).
    убоо помина монтажата, монтерите да речиме делуваа професионално, спомнав јаска бафери, кладоја бафери некакви (можда со инвертеро биле испорачани).
    не бев среќен (бучеше навечер пустата...), ај реков ќе купам бафери, од убајте, не од галичките.
    и сторив ниет, купив убај бафери, кладов, наместив...и пак бучна е кучката!
    муабето ми е: јал не јал, ако е бучна, ќе ја ја осеќаш...дур не заспијаш :)
     
  8. petkotrajko

    petkotrajko
    Gaining Experience

    96
    73
    16 Јуни 2017
    Па веројатно Хансол ќе да престана да се произведва, а за компресорите од Санио...шознам, и таа приказна ќе да заврше можда...
     
  9. civikom

    civikom
    Gaining Experience

    148
    122
    17 Декември 2011
    Машко
    Со баферите неможеш да ја намалиш бучавата на климата туку вибрациите да не се пренесуваат на држачите и ѕидот кај што е закачена.

    Испратено од SM-G930F преку IT.mk форум апликација
     
  10. petkotrajko

    petkotrajko
    Gaining Experience

    96
    73
    16 Јуни 2017
    На тошибата сузуми плус, шо ми е за во дневната, ни вибрации се пренесваат, ни бучава се слуша од надворешната, а нема никакви бафери на неа, дирек метал за метал е заштрафена. Ист е ѕидо ко тој од спалната кај шо е Кериеро, на иста страна, иста висина, само 8 (или 10) метри понатака.
    Баферите можи помагаат (ете за вибрации, ако веќе инсистираш), ама не се решение за сите ситуации, а да не спомнуваме и за различни марки на брендој :)
     
  11. Juve_fanatic

    Juve_fanatic
    Gaining Experience

    115
    86
    4 Март 2018
    Машко
  12. MitkoI

    MitkoI
    Gaining Experience

    197
    62
    11 Јуни 2017
    Машко
    Tака е, со буферите се намалуват вибрациите, но многу битно е климата на носачите да биде поставена под либела и хоризонтално и вертикално со што помалку ќе вибрира. А тоа колку е бучна секоја клима е декларирана во децибели па при избор погледнете го и тој податок.
     
  13. bajramo

    bajramo
    Gaining Experience

    468
    287
    25 Јуни 2008
    Кај мене не е воопшто бучна, но вибрира на повисоки вртежи.
     
  14. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,639
    12,996
    2 Август 2012
    Машко
    Остај
    Откако ме банира на кајгана, во тешка депресија паднат. Ми се одзеде единственото хоби и стварно не знам како понатаму.

    Не е играчка да останеш закинат од пропагандистичките постови за Gree, тешко е да гледаш непоткупена администрација како овде, досада жива што овде нема дупли акаунти на оние полу-луѓе од Gree..

    Со еден збор. Ми фали некој да ми објаснува како 5,5-ка U-Crown е подобра од Mitsubishi FH50. Или дека е нормално Amber да троши по 3kW "пошто не знаеме како му била наместена"

    Овде досада жива. Све разумни до разумен.
    Еден единствен трол да се немало.
     
    DelphiUser, Astraion и на mdeni им се допаѓа ова.
  15. Juve_fanatic

    Juve_fanatic
    Gaining Experience

    115
    86
    4 Март 2018
    Машко
    Gledam neshto chudno sakav neshto da te tagiram na kajgana, ama nemozev da ti go najdam nikot. Znaci te banirale.....
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,645
    4,524
    23 Јуни 2015
    Машко
    @mdeni Може одговорот тука да го пишеш? Фала ти.
     
  17. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,591
    3,337
    24 Септември 2012
    Околу 80тина квадрати грубо. Со напомена дека просторот јас го планирав за да може вака да се грее со само 1 клима, доколку се отворени вратите. Постирам во таа тема со години наназад и е подетално објаснето сето ова.
     
    На SiPy` му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MitkoI

    MitkoI
    Gaining Experience

    197
    62
    11 Јуни 2017
    Машко
    80m2 со отворени врати грееш со една клима??? Mitsubishi fh35VE ли е климата??? Кажи ми колку ти е температурата во просторијата каде што ти е климата, а колку е во просториите каде што ти се отворени вратите??? И опиши го просторот и изолацијата...
     
  19. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,591
    3,337
    24 Септември 2012
    Во трпезарија е климата и дува кон дневната и собите. Дневна кај што се седи е околи 23ц, во спалните е 21ц. Како што е и правилно да биде температурата во еден простор.

    Изолирана плоча одоздола, изолиран кров одозгора. 2цм стиропор на надворешните ѕидови скоро секаде. Многу големи прозорци и врати.

    Јужни соби се една спална и дневна, скоро и да немаат потреба од греење кога има сонце. Најладната северна страна е кујна и тераса каде не е ни важно многу да се грее иако зошто е блиску до климата е многу топло и таму.

    Имам подно насекаде кое го спремам секоја есен за недај боже. И го пуштам и проверувам за ако затаи климата. Годинава не го спремив, ни воздух испуштив ни бутур... Еве сеа ќе земам да испуштам и да го стокмам во изолацијава...
     
    На Lokvan и mnikolce им се допаѓа ова.
  20. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    639
    646
    15 Септември 2012
    Машко
    Да ти ги врати парите тој што те зае*ал со 2cm стиропор на надворешните ѕидови.

    Коефициентот на пренесување на топлина за ѕид со состав: 2cm малтер + 25cm керамички блок и 1cm малтер изнесува U=1.621W/(m2*K)
    Коефициентот на пренесување на топлина за ѕид со состав: 2cm малтер + 25cm керамички блок + 2cm стиропор и 1cm малтер изнесува U=0.905W/(m2*K)
    Коефициентот на пренесување на топлина за ѕид кој треба да го постигнеш согласно со Законот за енергетика изнесува U=0.350W/(m2*K)
    Тоа ќе го постигнеш со 10cm стиропор на претпоставениот ѕид.
    Бадијала се фрлени парите за надворешна термичка изолација од 2cm стиропор.

    Си има налетал на волеј на трговците со опрема за ладење и греење.
     
  21. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,720
    3,803
    12 Јануари 2016
    Машко
    Се обложувам дека некој предходник ја завршил/договарал работата одпорано пред повеќе години...

    Стиропорот е мала ставка во вкупната цена на една фасада, и стиропор под 10 см е бесмислена работа. Ама порано на времето не се разбирале работите а на изведувачите им е полесно да работат со потенок стиропор и секогаш буткаат што потенок да се користи.

    едит: Јас кога ја правев фасадата најдов само една понуда на 15+см стирпор, ама цената беше неисплатливо скапа (увоз од Косово) и количините беа незгодни требаше камион и половина, на крај се помирив со 10см стирпор од Јуб.
     
    Последна промена: 10 Април 2020
  22. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,591
    3,337
    24 Септември 2012
    Јас си знам за тоа. Од внатре е ставен пред се за да нема огромни ладни точки од столбовите и баџите кои се во огромен број.

    Изолација од 10цм нема теорија да ставам од внатре. Логика малку. Тоа ќе биде од НАДВОР кога ќе се прави нова фасада за 10тина години здравје.

    Згора на тоа површината на ѕидови надворешни е екстремно мала. Дали 2м2 по соба затоа што има големи прозорци и зошто е кос таванот.

    Итн. Генерално јас си смислив се што е направено. Затоа и си поминувам со една клима во 80м2.


    П.С. температурата на изолираниот ѕид е 21ц, на незолирана цигла е околу 18ц, а на бетонските баџи околу 15ц. Со други зборови одлично ми врши работа 2цм стиропор од внатре. И идеално е за привремено решение ако не си во можност да менуваш фасада.
     
    На flashgordon007 му/ѝ се допаѓа ова.
  23. civikom

    civikom
    Gaining Experience

    148
    122
    17 Декември 2011
    Машко
    Како бе стиропор од внатре ставен, па тебе не ти диши станот
    Немаш паропропусност што е најбитна работа, ќе видиш како полека све ќе почне да ти мувлосува за некоја година.
    Мислев дека разбираш колку толку како треба правилно да се изолира стан или куќа. Од внатрешна страна ок е само Мултипор (производ на Итонг) да се лепи заради големата паропропусност друго ништо заради дишење на ѕидот.

    Испратено од SM-G930F преку IT.mk форум апликација
     
  24. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,591
    3,337
    24 Септември 2012
    Си диши се како што треба. Затоа што кровот е 150м2 со волни, а ѕидовите како што реков 52 пати се едвај 2-3м2 по соба и се тотално небитен патаметар во спратов за да се дискутираат. Или пак да им се придава волкаво значење и дебати. Не се ни толку. Помалку се.
     
  25. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    639
    646
    15 Септември 2012
    Машко
    Во ред. Си се снашол. Си постогнал нешто: си ја намалил површината на просторијата и си ги офарбал ѕидовите.
    Кога спомнуваш логика, примени ја следната логика: изолацијата се става од надворешната страна за да ти останат ѕидовите ТОПЛИ и во моментите кога немаш греење, они да зрачат топлина. Нешто слично како логиката на термо-акумулациона печка. Ако ја ставиш изолацијата од внатрешната страна, ѕидот ќе ти биде ладен и ја зголемуваш можноста за појава на мувла.

    За да немаш топлински мостови кај столбовите и баџите, ќе си ангажираш лиценциран проектант за изработка на проект и професионална лиценцирана фирма за да ти ја изгради работата према проектот.

    Не мешај паропропусност во приказната, на лизгав терен си.
    Паропропусноста е приказна за избор на материјалите и буџет, кои ти се ограничени при реконструкција или адаптација...

    P.S. Не чекај 10 години за наредниот чекор
    P.P.S. Претпоставувам дека отворите во ѕидовите ти се соодветно пополнети со квалитетна PVC столарија и квалитетно четири сезонско стакло-пакет џамче.
    P.P.P.S. Во Македонија има повеќе од 200 лиценцирани инженери кои се занимаваат со проблематиката на термо изолацијата на згради. Цената на нивниот ангажман е определена со тарифник во Службен весник и е криминално ниска. Бидете паметни и искористете ја додека е ниска. Не се бламирајте со консултирање на мајстори и трговци. Они имаат друга цел, различна од вашата.
     

Сподели

Вчитување...