1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на DSLR за почетник

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од D3N1EL, 2 Април 2018.

  1. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,833
    1,365
    10 Август 2010
    Машко
    Размислувам да купам неколку додатни објективи
    1. Tamron AF 70-300mm f/4-5.6 AF
    2. Nikon 50mm f/1.8D AF
    Бидејќи воопшто не се разбирам, дали вреди Tamron-от да се земе за околу 6-6.5к денари? Кои марки на објективи се добри, а кои треба да се избегнуваат?

    Исто така ако ми препорачате некоја литература да читнам, онлајн курсеви (платени или бесплатни), не би било лошо. :)
     
  2. Boce!

    Boce!
    Gaining Experience

    112
    149
    4 Август 2017
    70-300 без стабилизација на ДХ тело не е добар избор.
    Ако е моделот со стабилизација и е 100 евра, би бил многу внимателен да не не чини нешто.
    Овде топло би препорачал Nikon AF-P DX 70-300 f4.5-6.3 VR пошто го имам и е топ оштар на D3300 плус има супер брз AF-P фокус.
    400 евра е нов, ама вреди.
    Исто така е лесен - Тамронот што го спомнуваш мислам дека е фул фрејм и тежи накај 800 грама (моделот со стабилизација).

    50мм ф1.8 дефинитивно одличен избор.
    Но, ако се решиш за Сигма 17-50 ф2.8 што ти ја препорачав, нема да ти треба.
    Јас го имав и го продадов.
    Сигмата ја зедов од Акселфото Белград, ми ја испорачаа до пошта Врање и ме кошташе 320 евра сосе испорака и менување денари-евра-динари.
     
    D3N1EL, Oktar и на gokica им се допаѓа ова.
  3. gokica

    gokica
    Модератор

    8,379
    10,159
    13 Јуни 2009
    Тамронот ако не се лажам го има во две варијанти со (VC) и без (DL) стабилизација. Ако ја гледаш DL верзијата без стабилизација тогаш ти треба трипод за да го користиш. Кога човек ќе купи прв пат DSLR секогаш мисли на зум и да слика подалеку. Најголем дел од тие што купиле телефото т.е. зумови никогаш не ги користат зашто човек сака да фотографира тоа што е до него. Телефото е добар за фотографирање животни, спорт. И толку. Освен ако немаш некој посебен интерес и знаеш точно зошто го купуваш.

    50mm Никонот D не фокусира автоматски на твојот апарат. Ти треба да бараш 50mm F 1.8 G.

    И јас би го послушал советот на Боце и на почеток би ја купил сигмата 17-50 2.8. Па понатаму ќе видиш што те интересира. Nikon 50мм 1.8 има фантастично боке и е побрз меѓутоа за почетник мислам дека сигмата е многу попрактична опција која ќе ти дозволи повеќе слобода да експериментираш.
     
    Boce!, D3N1EL и на Oktar им се допаѓа ова.
  4. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,833
    1,365
    10 Август 2010
    Машко
    Овој Tamron го гледав, и не приметив дека нема стабилизација. Тогаш попаметен избор ќе ми биде Nikon-ов.
    Инаку ме замисли сега баш, дали реално ми треба зум објектив. За ова време, додека го имам апаратот, неколку пати во глава ми помина мислава: "Да имав 70+мм, најверојатно ќе направев поубава слика" (немав возможност да се доближам уште повеќе). Може би и грешам од не искустност.

    Nikon 50mm f/1.8G е дупло поскап, а Сигмата уште 4к одозгоре. Ќе размислам подобро дали ми треба зумот, па ако не ќе ја земам сигмата и зумот ќе го оставам за некој нареден месец.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Boce!

    Boce!
    Gaining Experience

    112
    149
    4 Август 2017
    Добро што примети Гокица - не видов дека си гледал 1.8 D.
    Мислам дека без аутофокус (на твоето тело) џабе ти е поефтин. :)
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gokica

    gokica
    Модератор

    8,379
    10,159
    13 Јуни 2009
    Не е неискусност. Поголем дијапазон на фокални должини може секогаш да се најде. Но за жал ефтините опции те ограничуваат. Пред се во брзина и оштрина.

    Она кое треба да размислиш е дали кога ти фалеше 70+ имаше време да менуваш објектив? Дали можеше со себе да носиш торба со тој 70-300 во неа? Дали ако имаш 50мм покристална фотографија и 70+ фотка со помала оштрина и брзина би одел на 70+.

    Кога нa апаратот ќе ставиш побрз објектив 1.8, 2.8 некако потешко ќе се кандисуваш да користиш 4-5.6. За дневна светлина и на почеток нема да ти менува но сепак поскапите објективи се и пооштри а ќе сакаш таков да имаш на апаратот а другите ќе ги менуваш по потреба.

    Она кое исто така би ти препорачал да разгледаш е и некое блицче. Посебно ако често фотографираш во затворен простор. Разледај на нет разлики со баунс од таван на светлото.
     
    На Boce! му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nokia

    Nokia
    Gaining Experience

    55
    51
    18 Декември 2009
    Се е релативно кога се работи околу изборот на објективи. Едно нешто само на секој да му препорачам : Избегнувајте го срањето 18-55 кое што оди во пакет со телото колку да се рече дека има и објектив. Ако сте нов и сега купувате, боље парите дајте ги само за тело а за почеток купете си објектив на старо кој вреди, а за понатака се знае - 80% од фотографијата е леќата, па инвестиција во леќи е неизбежна (не дека FF апарат нема да смени нешто, ама муабетов го правам за оние со ограничен буџет)

    Инаку, некој сака да слика пејсажи, некој макро, некој портрети... а за секој тип на таква фотографија постои „Најдобрата“ опција. Секако, не значи дека не можеш со објектив со променлива фокална должина да завршиш работа, но резултатот за пејсаж секогаш ќе биде подобар со некој 10-20mm отколку со 18-xxx mm. Затоа, според мене, не постои идеален сет на објективи кои ќе ги задоволат сечии потреби.
     
    На Oktar и Војвода им се допаѓа ова.
  8. stefano

    stefano
    Gaining Experience

    171
    232
    8 Декември 2016
    А убо го почна постот, шо ти требаше ова на крајот?!
    Еве совет од професионалец за тоа шо тој користи и како тоа завоси од многу други работи. Се е релативно....
    These are three essential lenses for landscape photography - DIY Photography
     
  9. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,116
    4,271
    4 ноември 2013
    Машко
    Дали вреди да се купува Canon 450D со 18-55 објектив (за почетник кој никогаш до сега не користел dslr)?
    Цената е 150 евра.
     
    На DaVoRkNe му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unstoppable

    3,517
    3,533
    1 Септември 2011
    Машко
    Да зимај и штракај учи :)


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
    На HardCorec му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,259
    9,347
    23 oктомври 2012
    Машко
    Мммммм... шознам, тоа е доста стар модел и ептен кит/просечна накај слаба леќа, а не е дека е безпари.
     
    JasSum, stefan_off и на HardCorec им се допаѓа ова.
  12. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,116
    4,271
    4 ноември 2013
    Машко
    Ајде докторе, препорачајте нешто до кај 200-250 евра... имај на ум дека се работи за почетник.
    Btw... 2 ке ми требаат.
     
    На DaVoRkNe и Oktar им се допаѓа ова.
  13. stefan_off

    stefan_off
    Gaining Experience

    316
    263
    29 oктомври 2009
    Фотограф
    Види пиши оглас дека купуваш апарат Тука и Тука. Баш имаше некој прашуваше исто препорака за апарат до 15-17000 ден. D3300 со објектив 10-105мм за 17000 ден. имаше понуда што е топ комбинација за почеток. Или Nikon 1 V1 со 10-30mm и 30-110mm за 13700 ден.
     
    JasSum, HardCorec и на Oktar им се допаѓа ова.
  14. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,259
    9,347
    23 oктомври 2012
    Машко
    Убаво ти пиша лицето @stefan_off. Тоа се добри стартери. Од друга страна би ти рекол да побараш и некој канон со барем 18-135 објектив. Тоа е многу убав објектив со кој ке имаш мнооооогу подобри резултати одколку со кит. За тело, би ти рекол да е барем 550Д кој исто така е веќе доста стар модел, а може и да погледнеш нешто поново. Ај да разгледам па ке допишам тука.
     
    На l1d0v1c и HardCorec им се допаѓа ова.
  15. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,116
    4,271
    4 ноември 2013
    Машко
    Фала момци!
    Октар ај плс бро ако не ти е проблем, кога ке имаш време ѕирни нешто па сподели линкче, не се брзај бидејќи не сум во МК, се враќам понеделник (тогаш планирам и да ги купам).
    Најдов некој Nikon D80 за 220 евра со 18-55, па дајте мислење и за него.
    Поважно ми е телото дали е ОК, дополнително би земал објективи...но сега како за старт дали ке брка работа 18-55?
     
  16. stefan_off

    stefan_off
    Gaining Experience

    316
    263
    29 oктомври 2009
    Фотограф
    @HardCorec Д80 е стар и со тој објектив не вреди за 220 еур иако е една класа повисок од Д3ХХХ класата сепак е 10+ години стар апарат. Види линкот од поундите на FB.
     
    На Oktar и HardCorec им се допаѓа ова.
  17. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,116
    4,271
    4 ноември 2013
    Машко
    Фала братко... листам, листам.
    Дај мислење и за Nikon D5000 за 250 евра и не ве замарам веќе :D
     
  18. Dekio

    Dekio
    Intern

    1
    0
    23 Декември 2016
    Машко
    Здраво на сите. И јас сум за земање нешто за почетник, ама не се разбирам многу. Ај мала помош за нешто на ново(не прескапо), бидејќи на старо ќе се зафркнам, незнам да проценам исправно од неисправно, сум немал контакт со дслр. Го читав водичот за избор на објективи ама ништо не ми е јасно. Најмногу сакам да сликам пејсажи, па се останато. До сега си чкрапав со телефонот се и сешто :)
     
  19. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,703
    1,775
    8 Мај 2007
    Машко
    Тек тоа е стар апарат. Провери колку се стари, и ако се 10години, батали, без разлика на цената.
     
    На HardCorec му/ѝ се допаѓа ова.
  20. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,116
    4,271
    4 ноември 2013
    Машко
    Тешко се контактира со луѓево од групата на ФБ што ми е прати @stefan_off ...од толку контакти, пишување...само еден Nikon D3300 успеав да најдам за 15.000, на другите што им пишав не ни враќаат :D
     
  21. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    637
    2,113
    27 Јануари 2014
    Машко
    За прво тело и почетник апаратите што се достапни се минимум 5-6 години стари. На ново ништо нема да најде. За почетник тело како тело нека има некој просек побитно е да земе 1-2-3 леќи да види што повеќе му одговара па тело по некоја година кога ќе се усоврши. Новиве секако ништо нема да му понудат освен џиџимиџи како блутут, нфц, динамик рејнџ, фпс поголемо и слично. Ништо од ова не е пресудно за квалитетот на сликата, пред се кога е почетник.
     
    На HardCorec му/ѝ се допаѓа ова.
  22. gokica

    gokica
    Модератор

    8,379
    10,159
    13 Јуни 2009
    D3300 и не е лоша опција ако не е дрнкан многу. Види колку фотки направил со него. Или пиши му на динамит кој на времето нудеше апарати. Можда ќе се погодите за нешто малку повисок буџет да си земеш чичка ново.
     
    На HardCorec му/ѝ се допаѓа ова.
  23. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,588
    1,347
    27 Јануари 2011
    Машко
    Секој почетник кој сака да научи нешто од фотографиај треба да има било каков апарат со М опција. Мануелно подесување на експозиција и бленда. Потоа да ги совлада основите на фотографија и да направи барем неколку илјади фотографии и од нив да разликува добра и лоша фотографија. Да разгледа што се фотографира по свет...не овие модерни блогери и јутјубери, туку мајстори на фотографија (мислам дека имаше таква тема на форумов).
    И кога ке се пронајде во фотографија, дали ке биде стрит, пејсажи, портрети и др. ке си одбере ДСЛР и објетиви за таа намена.
     
    На M.Pix и HardCorec им се допаѓа ова.
  24. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,116
    4,271
    4 ноември 2013
    Машко
    @gokica не можам да одам со повисок буџет брат...треба да земам 2 апарати а имам само 500 евра, кнап сум.
     
  25. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,703
    1,775
    8 Мај 2007
    Машко
    Зошто 2???
    Подобро еден добар и 2 објективи, него да ги ситниш на 2 апарати.
     
Слични теми
  1. MusicFreak
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    1,178
  2. Papa Benedikt
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    2,201
  3. skullmonkey
    Одговори:
    128
    Прегледи:
    7,125
  4. AsterKekov
    Одговори:
    9
    Прегледи:
    830
  5. Garfield'
    Одговори:
    55
    Прегледи:
    2,008
Вчитување...

Сподели

Вчитување...