1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на DSLR за почетник

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од D3N1EL, 2 Април 2018.

  1. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,819
    1,349
    10 Август 2010
    Машко
    Ја имав прочитано темава, каде што се горе-доле истите апарати кои и јас ги меркам, но сепак решив да си отворам нова тема и да побарам совет.

    Примарна намена ќе ми биде за пејзажи во населени места или во шуми. Среќа Русија има доста убави шуми. Исто така планирам и timelapse-ови, но без снимање видео, туку преку редење слики во Премиер.

    Следниве камери ми се достапни, други или не ми се достапни или ми се над буџет.
    cameras.jpg

    Планирам наредниот месец да се докупат неколку почетни објективи, но морам да купам кит, бидејќи во продавниците од кои можам да нарачам немаат само body за оваа цена.

    Која камера да ја изберам, и кои објективи би ми препорачале купам?
     
  2. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,672
    1,720
    8 Мај 2007
    Машко
    Никонот мислам дека брише патос со сите канони во табелата што си ја ставил.
     
    На Marko1234, gokica, D3N1EL и уште 2 други им се допаѓа ова.
  3. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    959
    584
    8 Август 2017
    Машко
    Види нешто од Панасоник доколку имаш можност, имаат доста добри ценовно пристапни ДСЛРа.
     
  4. chemioftw

    chemioftw
    Gaining Experience

    364
    206
    26 Март 2015
    Машко
    Галичанец
    Има негде Панасоник кај нас или мора до Грција да се иде?
     
  5. smole

    smole
    Unstoppable

    2,881
    3,196
    18 Април 2007
    Земи Canon или Nikon, полесно достапни објективи, дури и ефтини кинески објективи како Yongnuo ќе има за овие 2 марки, особено за Канон.

    И блицеви исто.
     
    Boce!, D3N1EL и на Oktar им се допаѓа ова.
  6. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,819
    1,349
    10 Август 2010
    Машко
    Купено. :)

    [​IMG]

    Неколку слики што успеав да чкрапнам денес.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SiPy`, PC_GAMER, Ile bocev и уште 11 други им се допаѓа ова.
  7. Futurelakimens

    Futurelakimens
    Gaining Experience

    807
    393
    12 Април 2017
    Машко
    Ќе те посочев да разгледаш некој mirrorless.
    Sony A5100 + 16-55mm 28000 на bhphotovideo.com
     
  8. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,672
    1,720
    8 Мај 2007
    Машко
    Одличен избор. Со среќа фотографирање. Добро светло секогаш да те прати :)
     
    На PC_GAMER, Маша, Oktar и уште 2 други им се допаѓа ова.
  9. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,189
    3,516
    26 oктомври 2012
    Машко
    Добар избор :) Следен апгрејд на D7xxx серијата, да осетиш прав дслр во рака :)
    А ако гледаш дека ептен навлегуваш во фотографијата, не се залетувај по објективи многу, бидејќи ќе сакаш и FX тело, на кое DX објективите ќе ти бидат за украс, а ќе има доста поволни понуди во иднина (d600/d610/d750). :)

    Sent from my SM-G950F using Tapatalk
     
    Oktar, JasSum, D3N1EL и на уште 1 им се допаѓа ова.
  10. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,819
    1,349
    10 Август 2010
    Машко
    Mirrorless не сакав од старт. Таков апарат би купил наместо point-and-shoot апарат, бидејќи е компактен и лесен.

    Инаку, фала на сите, најдобриот ДСЛР да ви легне на рака. :)
     
    smole, gokica и на Глупав им се допаѓа ова.
  11. gokica

    gokica
    Модератор

    8,326
    10,016
    13 Јуни 2009
    Mirrorless им изгледа лесен само на тие кои со години користеле тежок DSLR. Споредено со Nikon D3xxx нема никаква значајна предност во поглед на габарит. A при тоа mirrorless ограничува многу.

    Стави му на мирорлес малку потежок и подолг објектив и веќе се претвора во DSLR големина. Ептен ако планираш да го користиш константно со пенкејк објективче, без додатен блиц, па и да искористиш некои од предностите за видео, може да се земе во предвид.

    Се си има свое но за почетник кој сака да навлегува во фотографија си го направил вистинскиот избор.
     
    SiPy`, Boce!, Oktar и на уште 1 им се допаѓа ова.
  12. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,579
    1,330
    27 Јануари 2011
    Машко
    ОФФ ТОПИЦ
    Мирорлес веке ви крши границите со ДСЛР. Дури и за исти пари има подобри перформанси. Погледнете само СОНИ А6000 е подобар од сите ентри левел ДСЛР. Да не правам муабет за А7.
    Не е битен апаратот, дали ке биде НИКОН или КАНОН, дали ке има 2,8 или 1,8 или 3.5 објетвив (секако дека има разлика). Но за почетник е најбитно да ги научи мануелните опции и да владее со апаратот, да има осет за композиција, осет за еветло и сенки итн. Ако тоа не го научи, џабе му и најскап апарат и објектив ако слика на АУТО цело време.
     
    smole, moongose и на dimsa им се допаѓа ова.
  13. AlexanderMK

    AlexanderMK
    Practice makes perfect

    1,144
    1,786
    19 Мај 2011
    Машко
    D500 или D850 ПЕПЕЛ СЕ


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  14. AlexanderMK

    AlexanderMK
    Practice makes perfect

    1,144
    1,786
    19 Мај 2011
    Машко
    А7 е со фул фрејм сензор и е двојно ако не и тројно поскап од D3400


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,579
    1,330
    27 Јануари 2011
    Машко
    Колу кошта нов 3400 а колку стар А7?
    Проблем е на прцепција, сите сакаат да ги гледаат со ДСЛР. Мислат дека изгледаат професионално.
    Јас сега гледа дека постојат полу-професионални апарати аааааууууу
     
    На Stefan.Taz му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gokica

    gokica
    Модератор

    8,326
    10,016
    13 Јуни 2009
    Џабе ми е фул фрејм ако немам стакло. Џабе ми е ако немам добри и ефтини опции за блиц.

    Јас кога го купував D3200 се мислев и за мирорлес. Но не се покајав. Почнав со малиот ретрактабл кит објектив кој повлечен зазема неверојатно мал простор во ташна.

    Па за ефтинки пари си купив фиксен, широкоаголен, телефото, брз објектив, па моќен блиц. И сега да излезам на пазар може да ги продадам. Прашањето е во Македонија што ќе купиш ефтино за мирорлесот и што ќе продадеш. А да се разбереме дека за просечен корисник ова е многу битно колку може да му се отворат вратите во фотографијата.

    Во најголем дел тој што ќе земе мирорлес во МК па дури и во светот ако е почетник најверојатно ќе заглави само со тоа што го купил на почеток зашто секој додадок ќе му изгледа солен.

    А фул фрејм со кит ленс е да му се изнасладиш. Фул фрејм без баунс блиц е како ферари без едно тркало. Па купувај адаптери, па некој објектив не работи како што треба со нив и сл. Ставете на вага се па видете што и колку е поисплатливо па и попрактично, посебно за почетник.
     
    Boce!, Oktar и на JasSum им се допаѓа ова.
  17. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    603
    1,986
    27 Јануари 2014
    Машко
    Се што кажа gokica + и самиот грип при држење. Еве пробај со 24-70, екстерен блиц и со батери грип да држиш мирорлес 4-5 саата, или да скролаш така лесно низ функции како што има тркалца на ФФ. Можда ова е и навика, ама се додека раката целосно и убаво не ти легне на апаратот, колку сака нека е јак и ефтин.
     
    На gokica и Oktar им се допаѓа ова.
  18. Bojan J

    Bojan J
    Intern

    34
    38
    11 Јули 2013
    Машко
    Истиот го пазарив минатата недела. Презадоволен до сега. Нема работа што не ја штракнав дома првиот ден. Со здравје да се користи!

    Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk
     
  19. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,189
    3,516
    26 oктомври 2012
    Машко
    D850, не е за сите, тоа е ептен за луѓе кои сериозно вадат пари.
    За вака, некој основен FX кој реално може да се дозволи, е доволен. Но тоа се понапредни стадиуми. :)
    D500, не е паметен избор баш, тој си има посебна намена, и за таа си е добар, иначе вака цена/перфоманси нема шанси со d750, па и d610 ( подобро боке, подобри Low Light фотки, помалце шум на повисоко исо и слично).
     
    На Boce! му/ѝ се допаѓа ова.
  20. flashgordon007

    flashgordon007
    Gaining Experience

    461
    498
    15 Септември 2012
    Машко
    Дечки имам сериозни забелешки околу терминологијата која ја користите:
    Професија или занимање е именка која не се однесува на опремата која се користи, затоа НЕПОСТОИ професионален фотоапарат. Тој што се занимава со фотографија можеби (и гарант) е шконтар и заработува со евтин фотоапарат. Впрочем денес не е се во опремата, најмногу е во софтверот, после окото.
    D850 е за секој кој има пари да си го купи. Дали со него ќе заработува или ќе се фали во витрина, NIKON не го интересира.
    D500 е за секој кој има пари да си го купи. Дали ќе го користи за посебната намена или ќе се фали со однос цена / перформански или ќе го чува во витрина, сеедно е за продавачот.

    Да, си ги купив, d3100, d5000, d7000, d610, d800, d750, d500 и d850, целата f/1.8 серија објективи и што уште не, од кеиф. Имав пари и си ги купив. Е*ан денар не заработив со нив. Кеифот да ги користам ми е целата добивка. Кеифот кој го имав одамна со смена 8. Е сега, тоа се професионални фотоапарати? А по професија не сум фотограф.

    На телевизорот гледате политичари и пун К од овие ПРОФЕСИОНАЛНИ ФОТОГРАФИ (да бе, ги плаќаат за тоа) што штракаат со топовите и блицовите во нив. Цел ден се шлаат во центар. А во весниците нема ниту една слика од настаните на кои биле, на интернет нема ниту една слика од актуелни настани, сообраќајки, тепечки, гужви во сообраќај и што знам што уште не се случува по државава. Тоа се професионалци со скапа опрема без резултати?!???

    Малце тие категории се изместени.

    Вратете се на првото прашање. Членот праша за помош. Откога увиде дека нема никаква помош од форумов, си купи тоа што мислеше дека е најсоодветно зе неговиот КЕИФ. Ви спомна дека не е во МК и дека е на мнооогу поразвиен пазар. Ја отепавте дискусијата.

    Да се вратам на одлуката. Со здравје да си ја користиш одбраната фотографска опрема. Со здравје и со КЕИФ.
     
    The-spiki, stefano, Costigan_Jr и на уште 1 им се допаѓа ова.
  21. gokica

    gokica
    Модератор

    8,326
    10,016
    13 Јуни 2009
    Ти благодариме за појаснувањето. Исто и за твоите погледи кон оваа проблематика. Искрено мислам дека нема потреба од тонот кој на моменти провејува во твојот пост. Не се нервирај оти стресот го скратува животот :)

    Членот доби препорака уште од старт и така постапи. Е после тоа сакавме и малку да подискутираме пошироко на темата која сигурно ја читаат и други потенцијални купувачи на апарат. Верувам ќе биде од корист.
     
    M.Pix, Sharlovski, Oktar и на уште 1 им се допаѓа ова.
  22. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    603
    1,986
    27 Јануари 2014
    Машко
    Да се надоврзам на ова. Ако не си запознаен со ситуацијата подобро би било да не коментираш. Прво, новинарството ни е утепано и луѓето пробуваат да заработат. Второ, веќе и да нема весници и портали кои работат сериозно новинарски. Трето, сите тие што акаат веќе работат за странски агенции како AFP, Getty и слично. И четврто, Македонија има врвни фоторепортери иако се малку.
     
  23. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,819
    1,349
    10 Август 2010
    Машко
    Сосема јасно ми е дека границата кај Entry-level DSLR и мирорлесс за истите пари е тенка. Дури повеќе ми се допаѓаа сликите и фокусот кај мирорлессите (А5000, A5100, Olympus моделите до $600) на авто, но да сликам на авто не беше причината да купувам DSLR. За овие денови што го имам D3400 имам само 2-3 слики на почетокот само сликнато на Авто, а се останато веќе во М. Сликите погоре што ги прикачив сите се на Manual.

    Причините зошто не сакав мирорлес, и зошто реков дека би го земал наместо point-and-shoot, се оние што ги напиша gokica.
    Најевтиниот објектив Sony E тука почнува од 15к. Пример, објектив 50mm f/1.8 ќе ме кошташе околу 18-19к, а пак кај Никон/Канон - околу 7к. Да не збориме за изборот на објективите за Никон/Канон во поскапиот сегмент.
     
  24. Boce!

    Boce!
    Gaining Experience

    112
    149
    4 Август 2017
    За мирорлес јас би го гледал во моментов Fuji X-T1.
    Супер е за мануелна работа. Пошто има и Т2, овој е сега 900 долари на Б&Х со 18-55 ф/2.8-4.
    Фуџи објективите важат за многу добри (ХF серијата).
    Ама Никон 3400 има подобри перформанси и еднакво е тежок.
    Да си земеш и една Сигма 17-50 2.8 за 300 и нешто евра и да уживаш.
     
  25. DarthJe5us

    DarthJe5us
    On your way to fame

    1,146
    937
    2 Јануари 2012
    Машко
    Само јас не ја разбирам споредбава на mirrorless со PNS?
     
Слични теми
  1. MusicFreak
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    1,167
  2. Papa Benedikt
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    2,175
  3. skullmonkey
    Одговори:
    128
    Прегледи:
    6,981
  4. AsterKekov
    Одговори:
    9
    Прегледи:
    806
  5. Garfield'
    Одговори:
    55
    Прегледи:
    1,887
Вчитување...

Сподели

Вчитување...