Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

IT.mk Огласник [change log, информации, забелешки]

D

Администратор
31 март 2007
4.019
4.200
www.aqtos.com
Коментаров е во стил ак ви чинит, ак не не идвајте.

Еве молба до вас кои реагирате во овој стил, да ни потенцирате што е лошо во одлуката со Огласникот? Би сакале да чуеме...
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Низ годините стандардно се шо огласувале тука членови имало форумски цени (пониски од реклама5 и пазар3) и форумско педигре (пазено, чувано, членовите тука се пофер и полесно е да се разбереш отколку со некој рандом лик од реклама5/пазар3)... Тоа и те како сметам дека покрива трошоци за огласување само по себе.

И сеа коа ќе му лимитирате на некој член да си огласи тука што има за огласување, ќе го огласи на некој друг огласник, или на фејсбук или нема да го огласи воопшто...

Многу е очигледно дека со вакви одлуки губи целата заедница повеќе отколку самиот тој член. Едини бенефит на огласување тука е најчесто брза продажба и тоа што не треба да се објаснуваш со купувачот како се користи уред или компонента - но ете Пане е доказ дека и тоа некогаш може да е злоупотребено (неговата случка со картицата која му ја вратија отворена/расипана па мораше да инсистира во иднина да се проба делот кај него за да не го зафркне некој пак).

Наспроти тоа на реклама5/пазар3 дополнително се огласува со поголема заработка и бенефит на самите членови.

Сметам дека малку повеќе underplay правите на вредноста на заедницата, и тоа континуирано веќе неколку пати кога се контраме на темава, а overplay на тоа колку администрацијата допринесува (одржување и - по мое мислење questionable - модерирање). Потценувате дека членовите го прават форумот форум, и дека ако ви отидат сите членови само со администрација не можете да имате форум.
Мислењето е автоматски споено:

Еве молба до вас кои реагирате во овој стил, да ни потенцирате што е лошо во одлуката со Огласникот? Би сакале да чуеме...

Еве јас пробав да објаснам, иако мислам дека истово или дел од тоа сигурно е кажано и потенцирано од други членови многу пати. Не ми е јасно како не гледате низ вакви интеракции секогаш кога дискутираме колку само имате да загубите а немате ништо да добиете.

Ете вие објаснете што толку ќе добиете со ваков начин на поставување на огласникот? Ќе убедите некој плус да се зачлени за да огласува? Нема - пошо и онака тука поевтино се препродаваат работи и е туку-речи про-боно гест на членовите да некој кој е дел од истата заедница добие нешто од целото тоа препродавање - дополнително ако ги „таксирате“ (taxing) со давачки за да го огласат делот, или лимитирате колку огласи може да стават само губите и вие и заедницата - нема да добиете членство повеќе ќе добиете членови помалку.

Лимитите ви се премали. Нереални. Или зголемете ги или тргнете ги па администрацијата нека набљудува дали обични членови злоупотребуваат огласи за комерцијални цели и такви инстанци санкционирајте.

А не да сопкате некој да продаде старите ствари од дома на општ бенефит на целата форум заедница.

Сериозно

D breeeeee

P.P.S. Напрајте маица D breeeeeeeee
 
Последна промена:

D

Администратор
31 март 2007
4.019
4.200
www.aqtos.com
Сметам дека малку повеќе underplay правите на вредноста на заедницата, и тоа континуирано веќе неколку пати кога се контраме на темава, а overplay на тоа колку администрацијата допринесува (одржување и - по мое мислење questionable - модерирање). Потценувате дека членовите го прават форумот форум, и дека ако ви отидат сите членови само со администрација не можете да имате форум.

Воопшто не се работи за потценување или нешто намерно правење штета на некој од членовите. Се работи за бизнис одлука со која сакаме да овозможиме поголема монетизација на IT.mk со цел да може да се покријат и подобрат ресурсите. Поддршката која ја очекувавме реално од заедницата не ја добивме во очекуваната мера - година ипол по лансирање на v6 имаме само 117 премиум членови, а за Black Friday имаше и премиум членство за 99 денари/годишно... па мора да изнаоѓаме други начини за монетизација.

Но очигледно ми е дека муабетот тука не е дека сме укинале целосно огласи, туку дека наплаќаме повеќе од 1 оглас месечно. Очигледен проблем е дека дел од вас не сакаат да платат за бенефитите што ги спомна погоре за ИТ огласникот, или пак им е скап износот.

За вториве, има решение, може да дефинираме цена за пакет огласи и да се купи само пакет за огласување повеќе од 1 оглас месечно за одреден период без да се купува членство, а за првите верувам дека ќе се незадоволни од одлуката што и да направиме во овој правец.
 
Кај е @TylerMkD коа ти треба...

Глеј проблемот (од моја перспектива) е дека упорно се обидувате да монетизирате од нешто кое ќе биде штетно општо за форумот/членовите (од причините кои ги изнесов погоре) и ќе ги намали огласите и ќе загубите огласи, и тоа од членови кои ете едноставно неќат да даваат пари за форум.

Значи не може на сила да монетизирате ако некој решил дека ни 99 денари нема да даде или бетер кој не бил на право место во право време за да купи за 99 денари. Ставајте почесто промоции или прилагодете ги цените за ова да го средите.

Е сега, очигледно дека популарен сајт (без да навлегуваме дека делумно сајтот е популарен и ради форумов и членовите низ годините, word of mouth и се тоа), си носи трошоци особено кога и ете имаше и ддос и свашта - се тоа е комплицирано... но тоа се други теми, сепак не е и само форумот примарен продукт ваш веќе туку имате и портал/блог имате и аналитички дел со тоа податоците од мапирање кои ги продавате итн итн итн.

Малку повеќе удрете на тие насоки валјда не бидете Елон да форсирате 8 долари месечно и за кој сака и за кој неќе, да кратите тоа шо порано било бесплатно на сметка да форсирате платени членства.

ЕДИТ: Напрајте и една маичка #DontBeElonYouGuys
 
D

Администратор
31 март 2007
4.019
4.200
www.aqtos.com
495647d3d0ac1f5dfd0b3bba.jpg

Убаво си кажа, од твоја перспектива во која лично сметам дека има премногу идеализирање на работите.
Јас само посочив дека има повеќе перспективи, меѓу кои и нашата.

Слободно кажете си кој што има на темава, тука сме и ќе исчитаме се... но моменталниот став е дека одлуката што ја спомнав во претходниот пост ќе ја тестираме следниов период - неколку месеци. За жал, економијата вика TANSTAAFL.

Тоа дека никој нема да плати... веќе има некои резултати и мали поместувања на таа тема - преминуваат во премиум членство од потреба за огласување - дали се тоа исклучоци или не, ќе каже времето и ќе донесеме финална одлука.
 
Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.295
11.827
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.784
33.893
roka.mk
Многу сервиси се наплаќаат само затоа што станале популарни, и нема нишо лошо во тоа.
Google drive ти дава да си користиш 15гига бесплатно, но ако сакаш повеќе ќе си доплатиш. Дали мислите дека можеа да земат пари ако сервисот не им се популаризирање и ако никон не им го користеше.

Сеа ќе кажете не сте вие гугл, ама само како прв пример го земав што ми падна на памет, а ги има милиони.
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.479
7.743
Скопје
www.facebook.com
Неодамна на моја телеграм група направив еден експеримент :
Сите што сакаа вип членови да огласуваат плаќаа по 2$ во криптовалута на месечно ниво за да продолжаат понатаму со нивните огласи.
Резултатот беше катастрофален , се уплатија само 6$ од 3 членови за 1 месец. Останатите премолчуваа.
Но кога дојде време да помогнат за да направеме еден сопствен сајт за крипто огласи беа собрани рекордни 160$ во рок од 1 недела бидеќи сакаа да помогнаат со кој колку можеше ! А со самото тоа увидов дека колку и да сакаш некој да притискаш подобро немој. Но доколку му ја разбудеш добрата страна и да се осеќа како хуманитарец и сака да помогне у нешто тоа ке го сторе без никакво двоумење во име на заедницата.
Затоа за жал ке морам да се сложам со Тоше во неговото напишано. Бидеќи ептен притискате со тоа огласите и со воведување тарифи за да се огласе нешто што во било која група за огласување или фб група може истото да се сторе.
Го ценам вашето време и вложен труд во овој форум и знам како ви е. Но не моравте на овој начин туку можевте и со тоа да отворете некој вид на сметка за донации за по 100-200 денари од член за да се помогне во одржувањето на овој форум и оваа заедница верувајте многу повеќе ке соберевте отколку овака со членствата со годишно ниво.
П.С сеуште чекам на вас да си платам у крипто за вип членство :) бидеќи поголемиот дел од темите и новините ви беа базирани на крипто новости така да штом пишувате за тоа значи дека имате и моќ да воведете плаќања со крипто валути :D
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
И што ти кажува логиката за оваа статистика за форум кој има 20К членови?
Дека нема логика :) И дека решиле од „проектот“ ИТ.МК да заработат на единствениот дел кој реално функционира и нешто вреди, а тоа тоа е форумот. Се друго, блог, кариера, вработување, итн. пиши пропало.
Мислењето е автоматски споено:

Многу сервиси се наплаќаат само затоа што станале популарни, и нема нишо лошо во тоа.
Google drive ти дава да си користиш 15гига бесплатно, но ако сакаш повеќе ќе си доплатиш. Дали мислите дека можеа да земат пари ако сервисот не им се популаризирање и ако никон не им го користеше.

Сеа ќе кажете не сте вие гугл, ама само како прв пример го земав што ми падна на памет, а ги има милиони.
Не сеа ќе кажеме дека никаква пропорција нема со 15ГБ што ти ги дава гугл бесплатно и вашите 1 оглас (кој и ќе биде модериран да не стаил случајно повеќе работи внатре корисникот). Уствари гарант кај да е и Гмејл ќе направи 1 порака да можеш дневно да праќаш ако не си премиум.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.290
5.269
Скопје
hackitfree.github.io
Ако може и јас нешто да кажам ?
Да сме живи и здрави - многу поголеми проблеми сме истуркале - ништо страшно не се новиве правила.
Е не може секоја да не речам б*дала да дознае за форумов - никако да не го подржи и да си треска огласи и заработува (пример на стари напојувања увезени од странство . стари лаптопи , телевизори) - досега можеше - сега Не. Фер е и да подели малку од тоа профитот за дечкиве што ги замараме секој божји ден со глупости еден тон.
А со тоа - дека не сме тука заради огласите - да не се лажеме - нали ?
 
Па не е секоја будата туку секоја будала со барем 50 мислења и 50 допаѓања.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Па не е секоја будата туку секоја будала со барем 50 мислења и 50 допаѓања.
И стаж.
Башка работата е дека може да има ограничувања, и има разни модалитети за тоа... Ама 1 месечено е пресмешно.
 
goce03

user
20 јануари 2015
1.599
3.203
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Разбирам дека самото одржување на форумов, кошта пари, мора од некаде да се финансира и тоа е ок. Во отсуство на подобри варјанти сте одлучиле наплата на огласи.
Постарите членови кои не го користат форумов за комерцијални цели, се осеќат изиграни. Предлагам компромис :
1. Правилото 50/50/6 месеца да се заостри (100/100/1 година), за добивање бесплатно огласување 1 оглас месечно со цел да се избегне злоупотреби од нови членови и да се мотивира да се купи премиум членство.
2. За постари/заслужни членови ставите нов праг на пример 1000/1000/5 години по овој праг лимитот за огласи да биде 2 бесплатни огласи месечно, но не повеќе од 20 годишно (за сите оние кои не го користат форумов за комерцијални цели ова би било повеќе од доволно а за тие што го користат форумов за комерцијални цели, недоволно).
3. Воведете систем за донации, ако сака постар член да го подржи форумов, а не да се чуствува обврзан да купи членство зашто сака да ги продаде старите деловите по дома.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Е не може секоја да не речам б*дала да дознае за форумов - никако да не го подржи и да си треска огласи и заработува (пример на стари напојувања увезени од странство . стари лаптопи , телевизори) - досега можеше - сега Не.
Кои се тие и ако ги има се исклучоци. Башка затоа постои администрација и модерација.
Фер е и да подели малку од тоа профитот за дечкиве што ги замараме секој божји ден со глупости еден тон.
Кого тоа замараме, администрација ???
Ете имаше добар предлог (5-10) огласи месечно, или годишна квота, или да си купат пакет со ХХ огласи кој несака така а не му се плаќа цела претплата.
 
NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.589
6.863
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
Поддршката која ја очекувавме реално од заедницата не ја добивме во очекуваната мера - година ипол по лансирање на v6 имаме само 117 премиум членови,
Нема доволно вредност за парите.
Пред ограничувањето на огласиве најголем поттик за зачленување беше месечното извлекување. Тој некаков „1337 билтен“ никогаш не го добивме, тие премиум текстовите и не се баш којзнае колку вредни ниту пак уникатни па да бидат заклучени позади paywall, гратис маиците се еднократна награда, за паричка што се врти и тајтл ретко на кој му е гајле, асортиманот на производи во маркетот е мал итн. итн...

Така да од тој аспект, да, веројатно огласников е нешто најопипливо што може да се монетизира, ама па од друга страна ништо не гарантира дека членовите едноставно нема прекинат да огласуваат тука и ќе си бркаат работа по други огласници. Така да јас сепак би размислувал во насока на пронаоѓање на некои покреативни начини на монетизација.

Всушност, кога веќе сакате да монетизирате форум - нешто што на никој друг во државава не му успеало, а тешко функционира и на странските форуми, треба прво да почнете од темелот, а тоа е таргет публиката и содржината. Ако сме реални форумов е одамна полу-мртов. Активни сме неколку десетици души, све истите, а најактивни дискусии се некои безвезни околу ИТ продавници, огласи и некои препуцавања меѓу членовите од време на време. Подфорумите за програмирање, дизајн, гејминг итн зјаат празни, нема дискусии, прашања, проблеми, решенија, build log-ови... Нема млади луѓе, студенти, професионалци на кои форумов им е go to за било што поврзано со IT. Без такво нешто, таква атмосфера и таква заедница никогаш нема да се соберат ни 150 членства.
Така да треба да се смисли како и дали е воопшто можно во денешно време форум да се доведе на тоа ниво, па тек после да очекувате асална заработка само од членарини. Инаку подобро ќе биде да се вратите на модел со реклами затоа што форумче со 50-тина членови кои си пишуваат меѓу себе не ни треба на поинаков начин да се финансира.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.096
Поддршката која ја очекувавме реално од заедницата не ја добивме во очекуваната мера - година ипол по лансирање на v6 имаме само 117 премиум членови, а за Black Friday имаше и премиум членство за 99 денари/годишно... па мора да изнаоѓаме други начини за монетизација.
Си тргнал од правилна точка со анализата, но место по автопат до решавање на проблемот, отидовме по селски пат до Катланово за да избегнете царина.
Логиката на размислување е точна - ако веќе „даваме гратис“ премиум членство за 99 денари, тогаш зашто никој не го купува?

Одговорот е тежок за голтање знам - дури ни со 99 денари 99% од членовите не гледаат вредност во тоа што се добива.
Место да одите во стил на корејски game developer кој одзема бесплатни опции за да ги наплаќа, треба да пробате и да креирате вредност. Таа вредност не треба да биде градуална, односно дел по дел, туку целиот пакет веднаш треба да има вредност во очите на потрошувачите.

Тргнете со една анкета на постоечки 1337 членови - дали би обновиле членство по една година? Мојот одговор е дека паричката ми свети бидејќи добив 1 година+ гратис (заради некој ваш fuck-up; не ми ни текнува) инаку пред BF немаше да обновам. Со BF покажавте потенцијал и место да одите во правилна насока, пак маркетон зјае празен и неапдејтиран - криви Нексио нели. Само еден пример од многуте за непосветеноста на 1337.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Најпросто е членови со над 1000 постови и 1000 лајкови и над 2 години членство да имаат 2/24 огласи. Ете. Толку просто. Или 2000/2000/4 нека е, сеедно.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.290
5.269
Скопје
hackitfree.github.io
Луѓе ..- Ставете се во нивна кожа. Плаќааат за Клаудфлер - ќар немаат од форумов голем (или воопшто -можеби сеуште со загуби работат со надеж дака ќе профункционира Се како што треба во иднина), преку цела година двајца не се пријавиле за членство - сите чекаа попустот на црн-петок кој е „фантазија„ а и искористивте продукти по смешни цени набавивте... Па гледајте фер на работите малку - вие би сакале и да ве плаќаат за висење и огласување на форумов...
 
D

Администратор
31 март 2007
4.019
4.200
www.aqtos.com
Ете имаше добар предлог (5-10) огласи месечно, или годишна квота, или да си купат пакет со ХХ огласи кој несака така а не му се плаќа цела претплата.

Ова започнавме да го разгледуваме од технички аспект за изведба...

Инаку подобро ќе биде да се вратите на модел со реклами затоа што форумче со 50-тина членови кои си пишуваат меѓу себе не ни треба на поинаков начин да се финансира.

15 години модел на реклами не придонесе за ниту една година позитивно салдо на IT.mk. 1 година v6 придонесе.

Инаку, ви држат вода муабетите на сите, освен нели оној на @TylerMkD кога се обидува премногу да биде вицкаст па меша царини со патарини. Пак ќе кажам - од наша страна сакаме да пробаме и да видиме што ќе се случи со ваков модалитет, после некој месец ќе донесеме финална одлука како ќе продолжиме на полево... никој не вика дека можеби нема да се врати на старото.

Кога се прават промени во повеќето случаи се реагира со премногу драма и емоција, како на пример на воведување на non-IT категорија во огласник - Non-IT работи која еве некој месец после има само 5 огласи, а нема голфови, ракија и сл. Многу е сличен и примерот кога одлучивме воведување на платени огласи на ИТ кариера каде што пак едните исти лица мудруваа со сарказам, а праксата веќе година дена in, покажа дека има интерес и има луѓе кои плаќаат.

Секој кој исполнува критериуми има 1 оглас месечно, не е дека се укинати целосно огласите.

Најпросто е членови со над 1000 постови и 1000 лајкови и над 2 години членство да имаат 2/24 огласи. Ете. Толку просто. Или 2000/2000/4 нека е, сеедно.

Ова се вика ценкање. :))
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.290
5.269
Скопје
hackitfree.github.io
Така да од тој аспект, да, веројатно огласников е нешто најопипливо што може да се монетизира, ама па од друга страна ништо не гарантира дека членовите едноставно нема прекинат да огласуваат тука и ќе си бркаат работа по други огласници. Така да јас сепак би размислувал во насока на пронаоѓање на некои покреативни начини на монетизација.

Всушност, кога веќе сакате да монетизирате форум - нешто што на никој друг во државава не му успеало, а тешко функционира и на странските форуми, треба прво да почнете од темелот, а тоа е таргет публиката и содржината. Ако сме реални форумов е одамна полу-мртов. Активни сме неколку десетици души, све истите, а најактивни дискусии се некои безвезни околу ИТ продавници, огласи и некои препуцавања меѓу членовите од време на време. Подфорумите за програмирање, дизајн, гејминг итн зјаат празни, нема дискусии, прашања, проблеми, решенија, build log-ови... Нема млади луѓе, студенти, професионалци на кои форумов им е go to за било што поврзано со IT. Без такво нешто, таква атмосфера и таква заедница никогаш нема да се соберат ни 150 членства.
Така да треба да се смисли како и дали е воопшто можно во денешно време форум да се доведе на тоа ниво, па тек после да очекувате асална заработка само од членарини. Инаку подобро ќе биде да се вратите на модел со реклами затоа што форумче со 50-тина членови кои си пишуваат меѓу себе не ни треба на поинаков начин да се финансира.
Колку малку души и да пишуваат, што и да се пишува сепак посетен е форумот - секој ѕирка - (нешто ќе му се допадне - нешто нема)
Ај замисли како би било па тоа црвеното ѕвонче да не светне ниеднаш во денот - сите ќе си речат - „мртов форум„ - па некој секој чита коментари - некој само заради огласи следи , проверува на секое ѕвонче - админите се потрудиле и на имејл да стига - кастомизирале до 101 и назад..
Функционира форумот и тоа како - посетеност верувам дека има а и да има студенти што ќе прават дисертации и демонстрираат програмски способности ( а има - пример „Ранливости // Експлоити // Закрпи„) - кој доаѓа после работа уморен на крајот од денот тоа да чита ?
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Нема полошо од мртов форум. Така пропадна мотори.ком.мк и оние други што уште „функционираат“ ама нема жив човек внатре, а тек па да има одговор на прашање некое.
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje
Платено членство е 1500 денари, 125 ден/мес = кафе и сок. Разбираме дека наплатата е годишна и тоа е можеби мал проблем, меѓутоа се надеваме дека брзо ќе може да го промениме тоа - предизвикот се банките и начинот на кој работат, особено со recurring payments. Во секој случај, се работи за просек од 125 ден/мес.
Пошто сте на woocom видете ги овие. Имаат модул за плаќање како претплата: Token.jpg

А исто имаат и опција за директна наплата како линк:
paybylink.jpg

Можби со вакви опции ќе има повеќе заинтересирани каде ќе се дигне наплатата. Реално по прифатливо е за повеќето да дадат 100/200 денари месецов, него од прва 2/3 илјади. А преку 2риот начин за наплата преку линк, може пример да се креираат „пакети“ за наплата за огласување - а наплатата е само кон тие лица (директно) и не ги засега другите. Пример сака 10 огласи месецов, 200/300 денари. Друг сака само 5 огласи месецов, се пушта наплата 100/200 денари.

Ако активно се користи „Продавам“ делот поради сигурност и доверба во членовите, тогаш не треба да биде проблем ако се наплатат некој 100/200 денари.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Повторно и во најкратки црти еве: не е проблемот во желбата и потребата за монетизирање туку во премалите лимити и осакатувањето на free опцијата. 1 оглас месечно не е ок.
 
Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Арогантен пристап веќе со месеци и од админи и од модератори, со некаков полу-обид за полу-начин на заработка.

Се извинувам, форумов и it.mk не вреди ни за претплатата од 99 денари што беше понудена. Не вреди ни за 10 денари/годишно.
Ако се продолжи со оваа ароганција (прикриена како „начин на заработка“) - наредниот forum.gsm.mk е на повидок.
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв