D
Администратор
Коментаров е во стил ак ви чинит, ак не не идвајте.
D бееее....
pay2oglas
Еве молба до вас кои реагирате во овој стил, да ни потенцирате што е лошо во одлуката со Огласникот? Би сакале да чуеме...
Коментаров е во стил ак ви чинит, ак не не идвајте.
D бееее....
pay2oglas
Еве молба до вас кои реагирате во овој стил, да ни потенцирате што е лошо во одлуката со Огласникот? Би сакале да чуеме...
Сметам дека малку повеќе underplay правите на вредноста на заедницата, и тоа континуирано веќе неколку пати кога се контраме на темава, а overplay на тоа колку администрацијата допринесува (одржување и - по мое мислење questionable - модерирање). Потценувате дека членовите го прават форумот форум, и дека ако ви отидат сите членови само со администрација не можете да имате форум.
Воопшто не се работи за потценување или нешто намерно правење штета на некој од членовите. Се работи за бизнис одлука со која сакаме да овозможиме поголема монетизација на IT.mk со цел да може да се покријат и подобрат ресурсите. Поддршката која ја очекувавме реално од заедницата не ја добивме во очекуваната мера - година ипол по лансирање на v6 имаме само 117 премиум членови, а за Black Friday имаше и премиум членство за 99 денари/годишно... па мора да изнаоѓаме други начини за монетизација.
Но очигледно ми е дека муабетот тука не е дека сме укинале целосно огласи, туку дека наплаќаме повеќе од 1 оглас месечно. Очигледен проблем е дека дел од вас не сакаат да платат за бенефитите што ги спомна погоре за ИТ огласникот, или пак им е скап износот.
За вториве, има решение, може да дефинираме цена за пакет огласи и да се купи само пакет за огласување повеќе од 1 оглас месечно за одреден период без да се купува членство, а за првите верувам дека ќе се незадоволни од одлуката што и да направиме во овој правец.
И што ти кажува логиката за оваа статистика за форум кој има 20К членови?година ипол по лансирање на v6 имаме само 117 премиум членови
И што ти кажува логиката за оваа статистика за форум кој има 20К членови?
Дека нема логикаИ што ти кажува логиката за оваа статистика за форум кој има 20К членови?
Не сеа ќе кажеме дека никаква пропорција нема со 15ГБ што ти ги дава гугл бесплатно и вашите 1 оглас (кој и ќе биде модериран да не стаил случајно повеќе работи внатре корисникот). Уствари гарант кај да е и Гмејл ќе направи 1 порака да можеш дневно да праќаш ако не си премиум.Многу сервиси се наплаќаат само затоа што станале популарни, и нема нишо лошо во тоа.
Google drive ти дава да си користиш 15гига бесплатно, но ако сакаш повеќе ќе си доплатиш. Дали мислите дека можеа да земат пари ако сервисот не им се популаризирање и ако никон не им го користеше.
Сеа ќе кажете не сте вие гугл, ама само како прв пример го земав што ми падна на памет, а ги има милиони.
Ако може и јас нешто да кажам ?
Да сме живи и здрави - многу поголеми проблеми сме истуркале - ништо страшно не се новиве правила.
Е не може секоја да не речам б*дала да дознае за форумов - никако да не го подржи и да си треска огласи и заработува (пример на стари напојувања увезени од странство . стари лаптопи , телевизори) - досега можеше - сега Не. Фер е и да подели малку од тоа профитот за дечкиве што ги замараме секој божји ден со глупости еден тон.
А со тоа - дека не сме тука заради огласите - да не се лажеме - нали ?
И стаж.Па не е секоја будата туку секоја будала со барем 50 мислења и 50 допаѓања.
Кои се тие и ако ги има се исклучоци. Башка затоа постои администрација и модерација.Е не може секоја да не речам б*дала да дознае за форумов - никако да не го подржи и да си треска огласи и заработува (пример на стари напојувања увезени од странство . стари лаптопи , телевизори) - досега можеше - сега Не.
Кого тоа замараме, администрација ???Фер е и да подели малку од тоа профитот за дечкиве што ги замараме секој божји ден со глупости еден тон.
Нема доволно вредност за парите.Поддршката која ја очекувавме реално од заедницата не ја добивме во очекуваната мера - година ипол по лансирање на v6 имаме само 117 премиум членови,
Си тргнал од правилна точка со анализата, но место по автопат до решавање на проблемот, отидовме по селски пат до Катланово за да избегнете царина.Поддршката која ја очекувавме реално од заедницата не ја добивме во очекуваната мера - година ипол по лансирање на v6 имаме само 117 премиум членови, а за Black Friday имаше и премиум членство за 99 денари/годишно... па мора да изнаоѓаме други начини за монетизација.
Ете имаше добар предлог (5-10) огласи месечно, или годишна квота, или да си купат пакет со ХХ огласи кој несака така а не му се плаќа цела претплата.
Инаку подобро ќе биде да се вратите на модел со реклами затоа што форумче со 50-тина членови кои си пишуваат меѓу себе не ни треба на поинаков начин да се финансира.
Најпросто е членови со над 1000 постови и 1000 лајкови и над 2 години членство да имаат 2/24 огласи. Ете. Толку просто. Или 2000/2000/4 нека е, сеедно.
Колку малку души и да пишуваат, што и да се пишува сепак посетен е форумот - секој ѕирка - (нешто ќе му се допадне - нешто нема)Така да од тој аспект, да, веројатно огласников е нешто најопипливо што може да се монетизира, ама па од друга страна ништо не гарантира дека членовите едноставно нема прекинат да огласуваат тука и ќе си бркаат работа по други огласници. Така да јас сепак би размислувал во насока на пронаоѓање на некои покреативни начини на монетизација.
Всушност, кога веќе сакате да монетизирате форум - нешто што на никој друг во државава не му успеало, а тешко функционира и на странските форуми, треба прво да почнете од темелот, а тоа е таргет публиката и содржината. Ако сме реални форумов е одамна полу-мртов. Активни сме неколку десетици души, све истите, а најактивни дискусии се некои безвезни околу ИТ продавници, огласи и некои препуцавања меѓу членовите од време на време. Подфорумите за програмирање, дизајн, гејминг итн зјаат празни, нема дискусии, прашања, проблеми, решенија, build log-ови... Нема млади луѓе, студенти, професионалци на кои форумов им е go to за било што поврзано со IT. Без такво нешто, таква атмосфера и таква заедница никогаш нема да се соберат ни 150 членства.
Така да треба да се смисли како и дали е воопшто можно во денешно време форум да се доведе на тоа ниво, па тек после да очекувате асална заработка само од членарини. Инаку подобро ќе биде да се вратите на модел со реклами затоа што форумче со 50-тина членови кои си пишуваат меѓу себе не ни треба на поинаков начин да се финансира.
Пошто сте на woocom видете ги овие. Имаат модул за плаќање како претплата:Платено членство е 1500 денари, 125 ден/мес = кафе и сок. Разбираме дека наплатата е годишна и тоа е можеби мал проблем, меѓутоа се надеваме дека брзо ќе може да го промениме тоа - предизвикот се банките и начинот на кој работат, особено со recurring payments. Во секој случај, се работи за просек од 125 ден/мес.
MONITOR 25" AOC 25G3ZM/BK , VA, 1ms, 240Hz , Full HD, 2xHDMI, DP
8.190,00 ден
PSU 750W LIAN LI SFX SP750 V2 80 Plus GOLD, FULL MODULAR, WHITE, SP750G
8.000,00 ден
CASE KOLINK ATX OBSERVATORY HF Mesh, 3x120mm fan, Black, PGW-CH-KOL-128
3.450,00 ден
NET LAN WIRELESS PCI-E CUDY BE9300 Tri-Band WiFi 7, BT 5.4, WE9300S
2.590,00 ден
MOUSE WIRELESS GEMBIRD ONLY BLUETOOTH, 6 BUTTONS, Black, MUSWB-6B-01
450,00 ден
BACKPACK HAMA GENUA BACKPACK BLACK capacity 14L (15,6" LAPTOP), 216597
800,00 ден