1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Intel vs AMD

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од tomi, 19 Април 2012.

Кога би купиле процесор, би зеле

Анкета затворена (на) 26 Февруари 2018.
  1. Intel

    38.4%
  2. AMD

    50.7%
  3. Intel само ради игрите

    9.4%
  4. AMD само ради игрите

    1.4%
  1. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,008
    536
    12 Април 2017
    Машко
    @gOJDO За игри не е 100% сигурно, но за продуктивност партали ги прават на интел.
    Под нога ги ставаат и ги МАЧКААТ. ГИ МАЧКААААТ!


    View: https://www.youtube.com/watch?v=z3aEv3EzMyQ

    "Now normally when we run through these graphs, we provide voice commentary about which workloads favor which CPU. But today we're just killing time, because it's as simple as if you've got real work to do, you should buy a Ryzen 3rd gen"
     
  2. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,124
    12,629
    23 Јануари 2008
    Манга
    Хахах...Од сите ривјуа што ги видов(Anandtech, Techpowerup, Tomshardware и други) 9900K е побрз во просек од 3700X и во апликации и во игри. Ако се земе оверклок во предвид 9900K е за 10% побрз во просек. Може ли да го посочиш тестот на продуктивност кој го имам пропуштено и каде се дешава мачкањето и поднозе ставањето???
     
    На GGTT1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,008
    536
    12 Април 2017
    Машко

    View: https://youtu.be/z3aEv3EzMyQ?t=464


    Еве го делот од видеото.

    Ако некој не сака да гледа видео:
    2019-07-07_18h51_39.png 2019-07-07_18h50_56.png

    ЕДИТ: Кликнете го линкот под видеото, форумот го ембедира од почеток.
     
  4. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,882
    5,744
    21 Јануари 2009
    Пфф разочаран сум од Рајзен 3000 а баш сакав апгрејд да направам.
    Истата тактика на Интел кога идеа од 4 кон 5, 6 генерација, така е сеа со рајзенов; никаков значаен бенефит!
    Им се може кога и овие кутриве немаат нишо особено извадено.
     
  5. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,008
    536
    12 Април 2017
    Машко
    Е што сакаш ти да направат? Па ете ги стасаа Интел во се што им беше потребно. Не верувам дека може нови иновации да има секоја година. Ипак, се работи за нешто кое моментално е на највисокото ниво во индустријата.

    Бутнаа +4 јадра за иста цена на Интел. Не ли е тоа одлично? + 7 нанометарски процесор е...
     
    На RoninMK, Astro, Скоти и уште 3 други им се допаѓа ова.
  6. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,695
    1,148
    16 Јуни 2010
    Машко
    @gOJDO зошто би некој сега купувал 8 јадрен Intel, кога за иста цена има 12 јадрен AMD што е само послаб у игри (и не толку драстично) а у се друго е многу подобар. Цената на 9900K сега уште повеќе не е оправдана.
    Инаку за перфомансите во игри, Linus кратко спомна дека кога на одредена игра стави cpu cores преферирање кон само еден CCX добивал значително поголем минимум FPS, а по се изгледа Microsoft сеуште го нема активирано апдејтот за подобро работење на Windows при користење на 2 CCX модули. Според мене од аспект на испатливост (cost per fps) најдобар процесор моментално е Ryzen 1600/1600x/2600 по можност на старо. Се друго е у втор план.
     
    На drifter, Скоти, goce03 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  7. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,882
    5,744
    21 Јануари 2009
    И сега Интел ќе дропнат цени и пак се ќе биде исто.
     
  8. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,137
    4,250
    18 Септември 2013
    Машко
    Сите викаат дека 3700X е болји избор од 9900К у моментов, и плус е доста поевтин и многу помалку троши... И пак не ја сфаќам логиката дека 9900К бил подобар од 3700Х - тоа треба да се споредува со 3900Х - од кој шо у продуктивност губи драстично.


    View: https://www.youtube.com/watch?v=7DJpx_lXftc

    Сите рецензии ги гледав и сите викаат дека и да собори интел за 15% цени пак АМД се бољи избор, а и исто викаат исто ко и претходната генерација рајзен 2000 и рајзен 3000 ќе паднат за толку за месец дена...

    Така што заклучокот е (од сите) дека:
    Ако ви менува баш 5-8% подобри фрејмови у игри да имате, и да ептен толку максимум фрејмови ви се битни - земете Интел. Во спротивно за се друго АМД е бољи, и исто така тешко дека ќе приметите разлика у гејминг ако не гледате бројки (фрејмови).

    Значи ќе повторам, у гејминг шо реално не е ни толку битно и толку стандардизирано тестирање пошо игрите се мењаат и оптимизации ќе има, и новите игри може да бидат многу подобро оптимизирани за АМД - нема да приметите никаква разлика.

    Едино разлика се гледа на 1080п играње, со графичка од 1200евра - а колку од вас ќе купат 2080ти? Со просечна графичка у гејминг исти се сиве процесори.

    Едино оверклокингот е слаб.
     
    Последна промена: 7 Јули 2019
    На RoninMK, Grimriper, drifter и уште 8 други им се допаѓа ова.
  9. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    284
    234
    21 Мај 2017
    Секоја чест за АМД, како компанија која остварува 10 пати помалку приходи ги фрла интел на колена.
     
    На Rukfash му/ѝ се допаѓа ова.
  10. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,305
    25,681
    4 Септември 2008
    Продуктивност win
    Потрошувачка win
    Цена win
    Гејминг нијанса послаби (120hz плус и хај енд сетап)

    Нема што да се дискутира
     
    На RoninMK, Grimriper, gocetan и уште 8 други им се допаѓа ова.
  11. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,603
    4,517
    23 Јуни 2015
    Машко
    Дефинитивно ова беше најдобро лансирање на нови продукти од АМД. Цена-перформанси сооднос ги бутнаа своите конкуренти nVidia и Intel, секоја чест.
     
  12. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    498
    514
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
  13. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,124
    12,629
    23 Јануари 2008
    Манга
    1) 3900X e 20% поскап по последните намалувања на Intel. $500 vs $420. 9900K повеќе е конкуренција со 3800X кој е $400
    2) Зошто некој би купувал 12 јадрен процесор ако нема потреба од него, а особено кога за помалку пари има 8 јадрен кој е подобар за нештата за кои би се користел.

    Патем немам време да гледам видеа и да слушам што млатат за да дојдам до потребните информации и да знам дали треба да ги есапам тие видеа како меродавни. За мене е немородавна споредба со 9900K ограничен на 95W со медиокритетна меморија на 2666MHz(додека на Ryzen 3x000 му туриле G.Skill Flarex 3200MHz CL14) и со уклучени „заштити“ од Spectre/Meltdown. Некој кој прави тестови во такво сценарио има за цел да го прикаже во најлошо светло 9900К.
    Кога станува збор за ентузијастички процесори за мене се релевантни споредбите при макисмален стабилен оверклок со прифатливи напони и температури користејќи брзи мемории и без инсталирани успорувачи каква што е заштита од вештерки, Spectre и Meltdown.

    Деновиве се надевам дека ќе имам услови да си поиграм со Ryzen 3000 па ќе донесам лични заклулчоци и истите ќе ги споделам на темава.
     
    GGTT1, Tenny и на Avid им се допаѓа ова.
  14. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,008
    536
    12 Април 2017
    Машко
    Интел го мерат ова на base clock. AMD го мерат на boost clock.

    Така да интелот не е ограничен на 95W.
     
    На RoninMK, Astro, Скоти и уште 2 други им се допаѓа ова.
  15. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,137
    4,250
    18 Септември 2013
    Машко
    Не само тоа, кај има 9900К за 420 долари? Интел уште нема ни најави за намалување на цена, најевтино шо може да се најде онлајн (според рецензериве) е 480 долари. И тоа е без кулер.

    На амд кулерот ако го продадеш (ако неќеш да го користиш) ќе добиеш бар 20-30 долари и иста цена ти се ако веќе цепидлачиме.

    Или подобро кажано, ако не го купуваш за да го оверклокуваш, имаш одличен кулер со самиот процесор и штедиш на купување кулер.

    За 9900К ќе треба бар 50 евра на кулер да фрлиш, така шо коа збориме математики за цена на процесорот интел се се уште поскапи.

    А да не збориме дека за таа цена добиваш 50% помалце јадра. Шо ќе ти се сеа, можда ништо. Ама за месец два може тоа ќе е стандард за новите игри или софтвер.

    Продуктивни алатки сите имаат ќар од повеќе јадра. Зипување, одзипување, енкодинг на видеа, плејбек, рендеринг, компајлирање...
     
    На RoninMK, Astro, drifter и уште 12 други им се допаѓа ова.
  16. MasteR_#0

    MasteR_#0
    Unstoppable

    2,708
    2,298
    14 Декември 2010
    Машко
    За разлика од претходни години каде што пред лансирање на некој продукт често имаше неколку настани или маркетиншки кампањи да го хајпаат па да испадне медиокритетен или под очекувањата, како спотови со кревање револуции за Polaris, Poor Volta постери за Vega итн. овојпат Ryzen 3000 и Zen 2 испаднаа горе доле се она што беше очекувано и презентирано - доволно подобрување во перформанси и поголема ефикасност за ист ценовен ранг.

    Секако дека во игри не се подобри од соодветните 9700/9900K, и било какви очекувања дека тоа ќе се случеше беа нереални, но освен за сценарија со 2080Ti на 1080p @144/240Hz панел со константни високи фрејмови нема да има некое значење, од тоа што видов по разни сајтови и видеа генерално е многу подобра ситуација него ли со Ryzen 1000 vs Core 7/8 gen.

    Единствено разочарување се фрекфенциите, очекував некои 200-300Mhz повеќе но тоа е тоа, се надевам ќе измолзат нешто повеќе од Zen 3 и 7nm+.

    Amd во моментов на десктоп се во најдобра позиција од деновите на Athlon 64, како што пишав во некој претходен пост вистинскиот тест ќе биде наредните година-две кога ќе излезат 10nm десктоп процесори базирани на Sunny Cove односно ќе добијат реална конкуренција од Интел, и како ќе се покажат Zen 3/4 базираните Ryzen наспроти нив.
     
    Astro, Pane-G, toshex и на уште 1 им се допаѓа ова.
  17. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,328
    1,050
    2 Јануари 2012
    Машко
    Според ова што го добивме од тестовите има околу 10% разлика од 2600 до 3600 за гејминг, некако не ја оправдува разликата во цена.
     
    На Pane-G и Arkturus им се допаѓа ова.
  18. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,197
    1,629
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    Морав да го репостирам ова :)

    Не би рекол, цената не се одредува само по перформанси и плус 3600-ката би требало да е многу добар оверклокер, 2600-ка стига до максимум 4.1 стабилно на сите јадра а 3600-ката би требало минимум 4.5 а тоа е минимум 300мхз над бустот версус 100мхз кај 2600 ...
     
  19. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    907
    954
    2 Март 2011
    Машко
    Само да ставиме до знаење дека overclocking-от што толку се спомнува овде како некој фактор се практикува кај помалку од 1% од компјутерите, така да може да се каже дека е ирелевантен.
    Искрено очекував АМД да е 2x подобра понуда, така да малку сум разочаран, затоа што очекувањата ми беа големи.
     
    Pane-G, Krkac, toshex и на уште 1 им се допаѓа ова.
  20. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    On your way to fame

    630
    882
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    15 20 проценти кога нема ботлнек со 2080ти. да дадеш 5000 денари повеќе за 3600 во однос на 2600 можеш да ди земеш со тие пари една класа повисока графика. не е малце. 5000 денари е разлика 1660ти и нави 5700. или пак 1650 и 2060. ако одиш на старо тоа е разлика помеѓу рх 580 и гтх 1070.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  21. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    907
    954
    2 Март 2011
    Машко
    Oва слика е одлична за AMD. 1.73x пати подобар процесор за исти пари. И изгледа нема да може да постасаат со 3600ки

    upload_2019-7-7_23-51-9.png
     
    На Скоти и Rukfash им се допаѓа ова.
  22. Arkturus

    Arkturus
    Gaining Experience

    256
    189
    17 Јануари 2013
    Машко
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  23. pecko95

    pecko95
    Gaining Experience

    91
    66
    5 Април 2018
    Машко
    Во право си, 5000 денари не е мала разлика во цена, ама сепак, би требало Ryzen 5 3600 да биде повеќе "future proof" од Ryzen 5 2600. А и не се малку 20-30 FPS разлика (без ботлнек од графичка), сепак докажува дека е помоќен. Допрва ке следат оптимизации, а и да видиме како ке ја постават цената продавнициве кај нас. Сепак мислам дека е одличен процесор, поготово за таа цена од 200$ (што кај нас за жал нема да биде баш иста...). А и муабетот беше стриктно за разликата помеѓу процесорите (2600 и 3600 во овој случај), без никакви ботлнекс :D
     
  24. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    498
    514
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Компаративно со Интеловите еквиваленти, 3600/X и 3700X се одлични процесори и ако се земе во предвид дека доаѓаат со достоен кулер, потрошувачите имаат уште помалку причини да купуваат Интел, барем по денешните цени. Но немаат никаква причина да купуваат ни 3800X зошто 3700 и 3800 се од ист бин и разликата е само во 0.1 Ghz boost клок... Било кој од овие процесори иде максимум до 4.3Ghz all core така да која е причината што постои 3800X? Зошто АМД оставиле ваква луфта во овој простор меѓу 3700 и 3900 односно меѓу 9700к и 9900к кога можеле да ги згазат со 8 јадрен на 4.7Ghz кој стварно ќе биде прав конкурент по секоја основа на најдобрите Интелови чипови. Овој чип ќе го нудат како 16 јадрена варијанта наредниот месец по цена од 750$, а реално на никој не му треба ваков чип, освен за стримери? ОК АМД ...

    Од рецензиите што ги добивме во последните неколку часа не се најде ниту еден да тестира разлика меѓу 2600 и 3600 во реална конфигурација, односо да ги споредува чиповите во конфигурации со графички од среден ранг, сите опнале 2080Ti каде што нормално разликата ќе биде поизразена. Дали стварно се исплати да се купува 3600 наместо 2600 во вакви реални конфигурации сепак останува да се види. Мислам дека 2600 ќе биде уствари буџет кралот, а не 3600. Ценовната разлика меѓу овие два процесори да се инвестира во подобра графичка, сепак мислам дека ќе е поисплатливо зошто со тоа ќе се добијат подобри преформанси. Барем сега за сега како што стојат работиве, дали во наредните недели ќе добиеме некои подобрувања со најавените оптимизации, останува да се види.

    Импресивната потрошувачка што ја гледаме на консумерските чипови можеби е некој сигнал што ќе се случува на пазарот за сервери и овој сегмент би требало да стане многу по интересен во наредниот период.
     
    На Krkac и toshex им се допаѓа ова.
  25. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,882
    5,744
    21 Јануари 2009
    Тоа достоен кулер го читав секаде и за мојов 2600x. Освен у 2-3 затуцани поста на Редит и еден трид на АМД форум каде се пожалија, но си реков ајде тоа се некои изолирани случаи.
    На Хендбрејк енкоудинг, достојниов кулер дозволува температурата да се крене на 86.
    Не би го нарекол достоен кулер.
    Страв ми е да пуштам некој бенчмарк што оптеретуе повеќе од Хендбрејк.
     

Сподели

Вчитување...