1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Intel vs AMD

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од tomi, 19 Април 2012.

Кога би купиле процесор, би зеле

Анкета затворена (на) 26 Февруари 2018.
  1. Intel

    38.4%
  2. AMD

    50.7%
  3. Intel само ради игрите

    9.4%
  4. AMD само ради игрите

    1.4%
  1. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,986
    3,971
    18 Септември 2013
    Машко
  2. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,552
    11,280
    23 Јануари 2008
    Манга
    Последна промена: 20 Јуни 2019
  3. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,986
    3,971
    18 Септември 2013
    Машко
    Ја искрено веќе не можам да пратам ова езерава, неам појма кое е поново а кое постаро и шо перформанси треба да се очекува хахаха
     
    На Krkac му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,552
    11,280
    23 Јануари 2008
    Манга
  5. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,544
    4,345
    23 Јуни 2015
    Машко
    Ете ги резултатите од притисокот кој го направи Ryzen. Чудно е што сепак можеле со пониски цени иако имаа “проблеми“ со производството.
     
    Astro, RagingDemon и на toshex им се допаѓа ова.
  6. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    370
    206
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    Малку е 15 %. Со тоа намалување цените ке станат некаде како пред големото зголемување шо го удрија, како кога и3-8100 беше околу 6200 ден. Значи не е никакво намалување. Само враќање на истите цени.
     
    На Krkac, Скоти, Astro и уште 4 други им се допаѓа ова.
  7. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,986
    3,971
    18 Септември 2013
    Машко
    Како и да е, да не беа АМД Интел се уште ќе нудеше:
    - максимум 4 јадра и 8 нитки за "high end" десктопи
    - минимални подобрувања во архитектура
    - забетонирани цени кои ни под разно немаше да се спуштат
    - заклучен оверклок освен на најскапите плочи и само на К модели
    - лимитиран број PCI Lanes
     
    Последна промена: 21 Јуни 2019
    На Krk198, Astro, RagingDemon и уште 8 други им се допаѓа ова.
  8. Fredy

    Fredy
    Unstoppable

    870
    2,207
    12 oктомври 2014
    Машко
    АМД што ќе нудеше да не беа Интел?


    Sent from my SM-G955F using Tapatalk
     
    MasteR_#0, gOJDO и на Speedster им се допаѓа ова.
  9. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,986
    3,971
    18 Септември 2013
    Машко
    Ако реферираш на X86 лиценцата, интел немаше да нуди ништо да не беа АМД пак пошо интел за да добијат договор со ИБМ мораа да ја поделат лиценцата.

    Исто така АМД ја подели X64 лиценцата со интел.

    Разликата е во тоа шо интел коа губеа на времето, поткупуваа и водеа подли маркетинг фори за да не бидат збришани уште во Атлон ерата.

    Како и да е, имаме у моментов директна ситуација каде ко корисници бевме оштетени (амд и интел на страна твојот новчаник и перформанси беа оштетени) од Интел затоа шо можеа.

    Ова е пример у живо за тоа колку ќар имаме што има конкуренција. Камо да дојде и некој трет играч сеа (АРМ) и да почнат и да паѓаат цените уште.
     
    На Astro, RagingDemon, StefAngel и уште 2 други им се допаѓа ова.
  10. Fredy

    Fredy
    Unstoppable

    870
    2,207
    12 oктомври 2014
    Машко
    Aлудирав на моментот дека не постои "фер" кога се големи пари во прашање и дека истото ќе го правеше АМД ако беа различни улогите.:)
     
    На Astro, gOJDO, toshex и уште 2 други им се допаѓа ова.
  11. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    370
    206
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    Сеа дали ке го правел или не АМД истото можеме само да нагаѓаме. Факт е дека АМД не го правел, а Интел го правел. Значи у педеризам 1:0 за интел.
     
    На Astro, RagingDemon, ChemicalAngel и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. MasteR_#0

    MasteR_#0
    Unstoppable

    2,700
    2,276
    14 Декември 2010
    Машко
    Муабетиве "да не беше X уште ќе бевме на Y" се од 2017, поминаа веќе 2 години откако излезе Zen и прва ген. Ryzen и исто толку време како имаме конкуренција, подобри процесори за пониски цени итн. така да веќе одамна е излишен аргумент за AMD и против Intel.

    Вистинскиот тест ќе биде откако Intel ќе ги исфрли процесорите базирани на Sunny Cove со осетни подобрувања во микроархитектурата после скоро цела деценија, како соодветните Zen 2+/Zen 3 процесори ќе се носат со нив и дали конкуренцијата ќе се одржи на барем сегашното ниво.
     
  13. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,986
    3,971
    18 Септември 2013
    Машко
    Лолнав!

    Иначе новото WAN Show на Линус Тек Типс збори за Интел и АМД и како 3800X е на ниво на 9900К според ликнатите гикбенч тестови (и тоа со слаба меморија, и на X470 плоча), а не е ни најјакиот процесор од новите. Така штоо.... good time to be alive. Поточно добро време за склапање конфигурација, дури и ја се размислувам.
     
    На Rukfash му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,552
    11,280
    23 Јануари 2008
    Манга
    Истото го прави и AMD без нема никаква разлика. Дали некој се сеќава колку пари беа Athlon64 и AthlonFX процесорите?
     
  15. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    498
    514
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    АМД веќе ги крена цените споредбено со Зен+ еквивалентите, од 10-20% во зависност од моделите. Пример 2600 и 3600 имаат исто MSRP од 199$, додека 2600X имаше 229$ MSRP, a 3600X е 249$. Првата генерација 8 јадрените им беа поделени во 2 категории 1700/X и 1800/X. Втора генерација немаа 2800/X туку само 2700/X, а сега за трета генерација пак се враќаат на номенклатура од прва генерација и тука многу ќе се збунат за кои процесори се еквивалентни према втора генерација. Вака од прва изгледа дека 3700/X е еквивалентен на 2700/X кои имаат исто MSRP од 329$, но тоа не е точно, еквивалентен на 2700/X е 3800/X кој кошта 399$ што е 20% поскапо од претходната генерација.

    Единствен сегмент кој добива на вредност е кај 12/16 јадрените процесори. До сега овие беа на X299/399 платформата што кошташе многу пари.

    Цените на Зен2 се исти како на Зен, од Зен до Зен+ АМД ги спуштија цените, а сега пак ги креваат на ниво на Зен. Од перспектива на ценовна разлика со Интеловите процесори, уште може да се каже дека АМД нуди подобра вредност претпоставувам истото ќе важи и за Зен2 чиповите. Но мора да гледате како се движат цените од генерација во генерација према нивните сопствени процесори, и ова што го гледаме со Зен2 и како се поставуваат ценовно, јасно се гледа дека ако Интел продолжи да тапка во место, цените само ќе си растат и АМД среќно ќе си ги покачува. Извинете што не носам розеви наочари и не ги персонифицирам компаниите, едната била лоша другата била добра итн, сфаќам дека се работи за компании кои имаат примарна обврска да генерираат пари за нивните акционери. Сфаќањето на нивните улоги во било кој друг контекст е незрело.
     
    Последна промена: 22 Јуни 2019
    На Krkac, Astro, toplel и уште 4 други им се допаѓа ова.
  16. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,986
    3,971
    18 Септември 2013
    Машко
    Нормално дека сакаат профит. Им треба за research and development пред се. Без профит нема да има зен3, 4 и натака. И ќе западнат пак во кризи и интел пак ќе си има монопол.

    Прва и втора генерација Рајзен ги продаваа со помалку маржа ради компетитивност. Сеа коа ги стигнаа интел на перформанси ќе пробаат да извадат уште малку повеќе профит. Многу логично.

    Интел со децении веќе си јаде профит и има сега еден тон пари. АМД немаат таков луксуз, немаат милијарди у резерва.

    И секако ако продолжи интел без да извади конкурентен производ АМД ќе си ги држи овие цени, или ќе ги покачи. Што е лошо за нас.

    Ама и да има Интел конкурентен производ се дури ги држат и двајцата цените тука негде пак сме на ова. За да паднат цените на процесориве општо, треба сеа трет играч ко АРМ на пример да понуди еквивалент на перформанси за 20-30% помала цена.

    Па да се спуштат сите играчи на тоа ниво. Али у аспект на процесориве не се толку високи маржите. Амд се моментално на 45% маржа според тоа што зборела Лиса Су (тоа им беше таргет за оваа генерација). И тоа не е многу.

    Кај графичките е позаебано. Енвидиа за да ги врати цените у разумна мера треба многу повеќе да направи АМД. А што им брани на АМД ако извадат пример еквивалентно јака графичка на било која од Енвидиа, да ја стават најблизу шо може на цена (само малку поевтина) за да и они имаат профит?

    Ова го прават монополите, цените се покачени и симињање на тие граници кои беа пред 5-6 години (кога најјаката графичка на Енвидиа беше 600 долари), тешко пак.
     
    Krkac, PC_GAMER и на FreakyDroid им се допаѓа ова.
  17. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    498
    514
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Не треба трет играч за да се спуштат цените, само треба константна конкуренција без луфта од месеци или години, простор во кој што едната или другата компанија можат да си ги покачуваат цените. Едноставно треба подеднакво да си разменуваат удари. Постои нели можност од колузија како што наводно беше со РАМ мемориите, но ја исклучувам таа опција.

    Еве Интел ги намалува цените и со тек на време ќе видиме како тоа ќе се одразува на пазарот. Меѓутоа тоа не е доволно, треба Интел да извади одговор на Зен2 со нови процесори. Колку повеќе време поминува без соодветен одговор толку повеќе цените ќе се покачуваат. Тоа се случуваше во последните 5-6 години и на CPU и на GPU пазарот.

    АМД не ги спушти доволно цените на новите графички за да ги доведе на ниво пред Ферми, среќно си продаваат по надуени цени, барем во high end сегментот. За да се постигне претходниот еквилибриум, како што викаш, АМД мора да продолжи да задава удари, се надевам малку појаки во иднина зошто Нави е доста неимпресивна серија за мене лично.
     
    На PC_GAMER му/ѝ се допаѓа ова.
  18. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,986
    3,971
    18 Септември 2013
    Машко
    Со 2 играчи треба сеа интел да ги спушти 9900К на 350 евра, па да биде АМД приморан да спушти и тој и да имаме ошто пониски цени на процесори. Исто соодветно и за другите рамки на процесори.

    А за 12 и 16 јадрените шо правиме, треба интел оние XEON W да ги спушти на 400 и 500 евра соодветно, па да АМД пак биде приморан да спушта.

    Тоа нема да се деси.
     
    На Arkturus и Rukfash им се допаѓа ова.
  19. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,552
    11,280
    23 Јануари 2008
    Манга
    9900K ќе има малку повисока цена и малку подобри(особено сингл кор) перформанси од 3800X.

    Како што веќе кажав пред некој месец, цените на процесорите ќе ги намали Интел пред да излезе Зен 2 така што заборавете ги тие приказни дека АМД ќе бил многу поефтин, а воедно и побрз од Интел.

    Се на се ќе добиеме намалување на цените на процесорите, но ни приближно како што некои луѓе се надеваа (перформанси на 9900К за 200 евра).
     
    Последна промена: 22 Јуни 2019
    На imortel и Ace Lud им се допаѓа ова.
  20. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,334
    5,246
    24 Март 2009
    Машко
    :))))))))))))))))

    [​IMG]
     
    На Astro, farkizz, goce03 и уште 4 други им се допаѓа ова.
  21. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    983
    597
    8 Август 2017
    Машко
    Едно брзо прашање да не започнувам нова тема, дали може да се користи LGA 1366 Интел Xeon, на пример X5690, на обична 1366 матична?
     
  22. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    498
    514
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
  23. shifty

    shifty
    Модератор

    980
    1,275
    5 Септември 2009
    За кој модел на матична плоча станува збор?
     
  24. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    370
    206
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
  25. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    983
    597
    8 Август 2017
    Машко
    Да прашам треба, но мислам Х58.
     

Сподели

Вчитување...