toplel
user
- 18 август 2016
- 1.061
- 1.546
Можда не ме сфаќаш целосно; од друг аспект ги споредував работиве. Поентата ми е дека едниот носи 6/12 јадра/нитки, а другиот е 4/4. Уште не почнат бенчмаркот, i5-7600K е технички во загуба сите го знајме то па која е потребата од споредба тогаш? Што се споредува тука? Повеќе ми изгледа како да се покажува/демонстрира/наметнува нешто отколку да се споредува.Леле ама си досаден со муабетов, не биле со иста намена...
Дали двата се процесори за во ПЦ? Да? СО ИСТА НАМЕНА СЕ! Крај на муабетот.
Тоа што едниот е подобар во едно а другиот во друго е ствар на случајност како ја погодиле архитектурата. Мислам, незгодно ми е што мора ова изрично да го кажам.
Зборот ми е: еднострано (оттука кажав пристрасно) е да се споредуваат двата процесори само во single player игри за кои голем дел од нив имаат голем бенефит од број на јадра, независно од фрекфенцијата. Ентузијастички пристап е да се стават двата процесори во нивното „најсветло и најтемно“ сценарио тоа е споредба. Во случајов немаше ни една игра што има бенефит од фрекфенција по јадро туку број на физички јадра. А не се изумрени игрите како CS:GO, Dota, Fortnite, PUBG, Apex, Division и слични онлајн игри од нивни калибар. Мислам и дека ја држат најголемата бројка играчи, споредбено со тие во видеото што се Single Player.
Абсурден пример: Дали ќе е фер тепачка меѓу 2 метри 130кг. човек против 1.7 метри со 60кг? Што аку се тркаа на 100 метри место да се тепаат; работиве ќе беа поразлични, не? Пристапот и контекстот се најважна методологија според мене. Не ме интересират дали ќе е Intel или AMD, сакам неутрален пристап на работиве.
Zen архитектурата е по мене најзначајното нешто што AMD го направиле со децении. Цената од 80$ за R5 1600 е во полза на сите нас купувачите. Zen е главен поттикнувач и двигател на хардвер индустријата во моментов. Конзолите полека одат во договор со AMD. Така се разбива условниот монопол што е постулат и одлика на Intel предолго време. Со толкав потенцијал, се плашам само AMD дан ги сменат улогите со Intel (супериор/инфериор) па пак да бладаме следниве 10 години.
Да, еве на пример 3600х не би ме зачудило кај нас да се појави со цена од 17000 ден а го споредуваат на сток со 9600к кој може да се купи за 16000. Да не навлегувам во тоа дека 9600к добро се клока а за 3600х може само да нагаѓаме. Каде е овде дупло поефтиното?