1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Intel vs AMD

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од tomi, 19 Април 2012.

Кога би купиле процесор, би зеле

Анкета затворена (на) 26 Февруари 2018.
  1. Intel

    38.4%
  2. AMD

    50.7%
  3. Intel само ради игрите

    9.4%
  4. AMD само ради игрите

    1.4%
  1. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,017
    4,034
    18 Септември 2013
    Машко
    Не е битно, подобар ќе е од 9900К у перформанси и на воздух и на LN2 :) Мене тоа ми се свиѓа.

    Штом ги држи новите рекорди на LN2 моментално е најдобар клокан (на LN2) процесор. Интеловите клокани на LN2 имаат помали скорови.

    А и муабетот беше за волтажата, само објаснив зашо е 1.6 волти. Пак ќе повторам, 16 јадра.
     
  2. Astro

    Astro
    Guru

    6,163
    8,401
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Од 1.6 волти се умира
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,762
    11,791
    23 Јануари 2008
    Манга
    У перформанси? тоа некоја апликација е или?
    Јас мислам дека нема да е практично побрз од 9900K во 90% десктоп апликации. Освен за рендер, за енкрипција и за енкодирање јас мислам дека за друга намена практично нема да е побрз од 9900K и од 3800x.
     
    На boro1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    498
    514
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Ова изгледа ми прелетува над глава, но што е толку импресивно во LN2 оверклок на 16 јадрен процесор на 5Ghz?
     
  5. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,762
    11,791
    23 Јануари 2008
    Манга
  6. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    498
    514
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
  7. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    811
    881
    2 Март 2011
    Машко
  8. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,017
    4,034
    18 Септември 2013
    Машко
    На ТАТА_МАТА му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Astro

    Astro
    Guru

    6,163
    8,401
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
  10. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,762
    11,791
    23 Јануари 2008
    Манга
    нешто кое ми е тотално незанимливо и безполезно е Threadripper...

    Ме занимаат само 8 јадрените.
     
    На boro1 и ТАТА_МАТА им се допаѓа ова.
  11. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,394
    1,528
    25 Март 2013
    Машко
    Сакам да ги читам статииве со 32, 64 јадра и се е тоа одличен напредок, но на кој корисник реално ќе му треба во наредните 4-5 години?

    И особено ова со новиот треадрипер е класичен препич. 32 јадра од 64-рите ќе бидат на годишен одмор во 99,9% од случаите, ама АМД со години беше врзан на ланец и сега не знаат повеќе што да направат. Ама со среќа нека им е.

    Она што е за пофалба е што АМД има разработено фантастична стратегија за да бидат актуелни цело време. Ќе излезе некој "leak", па ќе објават некоја официјална информација. Па ќе се прават калкулации, ќе се пишуваат статии, мислења... Па ќе излезе некој бенчмарк... Па се од почеток.. Нешто што се случува и со мобилните години наназад.

    Другата интересна работа е што се спрема price war, барем за графичките, па ќе видиме што ќе биде.
     
  12. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,017
    4,034
    18 Септември 2013
    Машко
    Има најави дека новиот XboX ќе користи Zen3, и дека финтата со Zen3 ќе биде уствари повеќе од 2 нитки по јадро.

    Ако почнат да ги оптимизираат софтверите и игрите да работат на повеќе од 2 нитки (пример 3 нитки или 4) - со 8 јадра ќе добиеш 24 нитки. Исто и со физички јадра ќе има benefits.

    Имаме зборено колку и зошто е тоа тешко но ако веќе до таму е стигнато да истото се изведе на конзола, десктопот нема да се далеку назад.

    Иднината секако е у повеќе јадра и нитки. Самите графички имаат по илјадници процесорски јадра за разни намени, зашо да не идат натака и десктоп процесорите?

    И да не заборавиме дека тредрипер не е за обични корисници, туку ко Апле шо викаат - за про корисници. За аудио, графички и видео инженери кои можат да ги искористат тие јадра у разни софтвери за рендерирање и што ти знам јас таму... како и да им турат гигабајти рам.
     
  13. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    498
    514
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Највеќе зависи од софтверските компании и како ќе ги искористат вишокот јадра. Но полека се менуваат работите, еве во последната година има некои софтвери кои прават голем подем, посебно за видео продукција како на пример DaVinci Resolve, што ги користи јадрата да добијат брзина во експортирање, процесирање ефекти и во премотување на видеа, наспроти Адобе кои тапкаат во место. Се повеќе студија се префрлаат на Resolve заради ова и купуваат АМД процесори кои се идеални за тој софтвер. Вакви примери читам секојдневно дали во рендер енџини, во гејм енџини или во видео/аудио продукција итн. Но се додека меинстрим апликациите/игрите не почнат да го прават истото, за поголемиот дел од корисниците вишокот јадра ќе бидат бесполезни.

    Од интервјуата од Е3 се дозна дека Threadripper се уствари финансиски промашај за АМД и дека продажбата била многу мала, само 16 јадрените се продавале така-така а 12 и 32 јадрените никој не ги купувал. Не очекувам работите да се сменат со третата генерација, барем не во блиска иднина, можеби за 2-3 години.
     
    toshex, gOJDO и на ТАТА_МАТА им се допаѓа ова.
  14. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,762
    11,791
    23 Јануари 2008
    Манга
    За вакво нешто треба комплетно нова архитектура со тотално различни темели. Јас не верувам дека ќе одат во таа насока од причина што дополнителниот трид значи и плус ресурси (околу 15% транзистори повеќе на секое јадро). За да има поента треба да има неискористени егзекутирачки единици од кои ќе може да се измолзат перформанси, а тоа веќе го прават секундарните тридови во денешниве SMT процесори.

    Јас очекувам Zen3 да вклучи употреба на HBM меморија како 4-то ниво на кеш(victim) што ќе ги реши сите проблеми околу меморискиот проток и латенции и синхронизација на l3 кешовите кои ќе можат да станат екслузивни за секој ccx, а не victim како сега. Покрај ова, секако и други подобрувања на frontend и execution делот на процесорот

    нема да се изведе ни за конзола. многу работи е невозможно да се паралелизираат.

    затоа што извршуваат комплетно различни задачи кои емаат никаква допирна точка. рендерирањето глеј го ко копање на канал, а гејминг кодот ко раѓање дњца. два аргати можат да ископаат канал побрзо од еден, ама две жени не можат да родат дете побрзо од една.

    Да не заборавиме дека се што е над 8 јадра денес не е за обичен корисник и спаѓа во категорија на Threadripper.
     
    ТАТА_МАТА, FreakyDroid и на toshex им се допаѓа ова.
  15. Astro

    Astro
    Guru

    6,163
    8,401
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Не е само до графичките обработки каде требаат јадра.

    Истражувачките групи и факултети на големо купуваат Threadripper и прават фарми од нив за обработка на податоци и вршење симулации. Колку повеќе јадра имаат процесорите и колку се подостапни за обичните луѓе толку повеќе и поуспешни научници ќе имаме кои ќе можат да симулираат сценарија од генетика, астрономија, хемија и што уште не и со тоа ќе имаме напредок на други научни полиња. Не се секирајте, нема 32 јадра да спијат 99,9% од времето, си има кој да ги напне, за тоа не се секирајте.
     
    FreakyDroid, SiPy` и на toshex им се допаѓа ова.
  16. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    498
    514
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Немам сретнато до сега ваква информација, но не ме чуди. Од информациите со кои располагам е дека овој пазар е доминиран од Nvidia, зошто наводно графичките се далеку поефикасни и побрзи од процесорите во задачи каде што паралелност во компјутации е побитна. Друга предност во графичките е тоа што не треба да се купуваат лиценци за секоја графичка, додека за процесори, лиценците се купуваат по CPU сокет. Затоа мислам и Интел (а во последно време читам и за Самсунг) се фокусираат да извадат графички картици во овој сегмент кој според сите анализи (а и растечките трендови што се гледаат од разни финансиски извештаи) ќе биде најлукративен. И АМД од последниве две конференции обрнаа големо внимание на овој сегмент, иако имаат доста способни графички за компјутации, сепак потрошувачката ги влече назад и затоа не се идеален избор за HPC датацентри. Со Нави може полека ќе се менуваат работиве.
     
  17. Astro

    Astro
    Guru

    6,163
    8,401
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Точно дека графичките се подобри а паралелизам ама се ограничени на многу едноставни операции и се практично нефункционални во мнооогу сценарија каде мора да се користи CPU и тоа што повеќе.
    А тоа за сокетите, Мајкрософт ќе го смени кога ќе се подзалакоми по повеќе пари, пак ќе си го врати по јадро (+hyperthreading).
     
    На FreakyDroid му/ѝ се допаѓа ова.
  18. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    498
    514
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Не го знаев тоа, но има смисла. Еве и ја во Vray, што е најпопуларен рендер енџин и го користам секојдневно, гледам дека рендањето со графички е се уште лимитрано. Иако има доста напредок од пред 5-6 години, ама сепак остануваат некои комплексни операции/алгоритми што графичката или воопште не ги совладува или не ги совладува како што треба, односно прави грешки. Е сега колку е ова проблем до самите графички или е до кодот на софтверот, тоа не знам, претпоставувам се работи за комбинација од двете.
     
  19. ileste

    ileste
    Gaining Experience

    1,250
    306
    26 Јануари 2012
    Algoritmite kodiranje na graficki e zeznato uste ne se razvieni razvivaa tolku god na cpu I sega op na gpu sto e daleku po komplicirano, baska nema alatki ni biblioteki tolku za gpu osven neso cuda nvdia sto matka drugoto seto e korni kosi sam da go pisuvas
     
  20. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,762
    11,791
    23 Јануари 2008
    Манга
    Едно врапче ми шепна за Zen2 да има перформанси ко што се презентираат (особено за гејминг) требало огин скап рам. AMD препорачува DDR4-3733 CL17. Ама за да може да го возат ко шо треба ќе им требало и саглам матична, т.е. X570 што ќе биде 25% поскапа од соодветната X470. По ова изгледа дека многу луѓе си прават Бајрам во умот надевајќи се на драматични подобруваеа во перформанси за ич пари.
    Иато така едно врапче ми шепна дека ни со таков скап RAM Ryzen 3000 нема да е подобар за гејминг од 9th gen i7/i9.

    @toshex како експерт за нитки, здрави и витки шо мислиш ти?
     
    На StalkeR, GGTT1, Arkturus и уште 3 други им се допаѓа ова.
  21. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    498
    514
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    На gOJDO и GGTT1 им се допаѓа ова.
  22. Astro

    Astro
    Guru

    6,163
    8,401
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
  23. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,123
    569
    9 Мај 2012
    Машко
    Само едно знам , пак ќе биде иста приказна како Булдожер само што е поефтин а уствари поскап


    Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
     
  24. borcep

    borcep
    Practice makes perfect

    782
    1,253
    12 Септември 2013
    Машко
    Каков напредок за 5 години, цели 18% на 2133 рам вау, ќе не спаси интел од лошите амд. Досега за еден бубрег, отсега за два. Пресреќен сум.
     
    Скоти, DarthJe5us, toshex и на уште 1 им се допаѓа ова.
  25. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,017
    4,034
    18 Септември 2013
    Машко
    Мислам дека сепак премногу сакаш интел да останат најдобри.

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
    Tomashevski.Aleksandar, Скоти и на Rukfash им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...