Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Google AdSense

Harrabed

user
22 април 2013
1.370
1.542
@pipelin Да постирање во групи.

@tomi сега функционира плати па клати. На времето се утепуваше со спамирање по групи и ништо не ми можеа, сега само постира во 4/5 групи и одма немаше ниту 5 минути одма бан кркав.
 
tomi

Sensei Модератор
16 април 2007
9.876
3.884
Скопје
на времето користев massplaner една од најдобрите алатки што може човечки ум да ја направи алал да им е на креаторите, но за жал после некое време со новиот алгоритам тоа се потона, едноставно го укинаа доагањето на бесплатни пари од фејсбук, сега мора да платиш да си добар и квалитетен за да опстоиш, што е многу тешко и секој ден се бориме со нереалниот facebook затоа што пред се се искомерцијализира не е веке платформа каде што можеш да кажеш тоа што сакаш и да го споделиш со лугето. На пример ова најновото со соработка со снопес за fake news им е тотално непотребно, кој ке биде толку компетентен да каже дали статијата е фејк или не што ако пишувам за вселената или за марсовци и теории на заговор. Не постои човек што ке каже да ова е вистина или не. Мислам дека пополека му доага крајот на вестите на Facebook и сите што се паметни треба пополека да бараат начин за нов сорс на посетители.

Гарантирам дека следно нешто што сите масовно не го нападнат од кога ке пропадне се со Facebook тоа со сигурност ке биде Youtube. Тоа е платформа што стварно ако се докажеш и покажеш ке направиш доста пари и ке стекнеш слава. За некој ке треба година две за некој неколку месеци, среќата и упорноста мора да се присутни :)
 
Can4sta

Баниран/a
19 јануари 2008
308
354
Фејсбук во последно време многу лоша политика води, сакат да контролират се и сешто, а тоа може да ги чини многу. Сакав на почетокот и многу се надевав дека конечно Google ќе им парира на Фејсбук со Google+, но тоа не се случи, и мислам дека Гоогле мора да смислат нешто друго, бидејќи и Фејсбук веќе сериозно мислат да им конкурират на Youtube, кога објавиа дека ќе може секој на социјалната мрежа да ги монетизира своите видеа на Фејсбук.
 
igork

hello world
1 март 2010
56
10
при прва исплата од адсенс, откако ќе поврзиш банка, дали треба да ти стигни код на домашна адреса кој треба да го внесиш

Што друго поточно забранува фејсбоок, освен по страни да спамираш?
 
tomi

Sensei Модератор
16 април 2007
9.876
3.884
Скопје
не треба никаков код, и незнам што не забранува за да прашаш што забранува :)
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.731
3.403
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
дали е дозволено на пример да платиш на фивер за шерови, посети

Нема квалитет во тие огласи од 5$, ќе си направиш само штета на самиот Adsens акаунт.

Мој совет:
Креирај фан страна, полека кревај ја со лајкови (почетокот е тежок ама не се откажувај).
Кога ќе стигнеш до добра бројка на фанови пишувај на некои помали фан страни за s4s, стави си само еден попап за лајкови и тоа е тоа.

Ако имаш добар буџет и сакаш реални лајкови контактирај ме па ќе видиме ако може да се направи некоја добра цена.
 
DeeJayZone

hello world
3 ноември 2008
186
136
deejay.blog.hr
при прва исплата од адсенс, откако ќе поврзиш банка, дали треба да ти стигни код на домашна адреса кој треба да го внесиш

Што друго поточно забранува фејсбоок, освен по страни да спамираш?
Кога на почетокот од користењето на сервисот АдСенс ќе преминеш одреден праг на заработка, на домашната адреса треба да ти пристигне писмо со код.
Овој код се внесува во соодветно поле кај АдСенс акаунтот.
Се избира начинот на исплатата.
По достигнување на минималниот износ за исплата, парите ќе ти бидат пратени.
 
имам околу 165 евра, и ништо ми нема стигнато, дали јас треба да одберам некаде таа опција да стигни писмо или само стига
 
igork

hello world
1 март 2010
56
10
Нема квалитет во тие огласи од 5$, ќе си направиш само штета на самиот Adsens акаунт.

Мој совет:
Креирај фан страна, полека кревај ја со лајкови (почетокот е тежок ама не се откажувај).
Кога ќе стигнеш до добра бројка на фанови пишувај на некои помали фан страни за s4s, стави си само еден попап за лајкови и тоа е тоа.

Ако имаш добар буџет и сакаш реални лајкови контактирај ме па ќе видиме ако може да се направи некоја добра цена.
сакаш да кажиш дека е опасно за адсенс купувањето на шерови за фејсбук од фивер продавачи
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.731
3.403
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
имам околу 165 евра, и ништо ми нема стигнато, дали јас треба да одберам некаде таа опција да стигни писмо или само стига

Ако Adsense акаунтот ти е во евра, по направените 10евра гугл ти испраќа писмо со PIN на твоја адреса. Пинот мора да го вметнеш во самиот твој акаунт доколку сакаш да бидеш исплатен без тоа ништо. Е сега има случаеви кога писмото не стигнува (проблем со нашиве пошти најчесто) па така да ако има поминато повеќе од месец дена тогаш види во пошта да не е заметкано.

И да, сите тие шерови се фејк и не ти вршат ништо, нема да добиеш ниту една посета на сајтот.
 
DeeJayZone

hello world
3 ноември 2008
186
136
deejay.blog.hr
имам околу 165 евра, и ништо ми нема стигнато, дали јас треба да одберам некаде таа опција да стигни писмо или само стига
Вообичаено, треба да имаш некое известување во акаунтот.
Разгледај ги сите секции од акаунтот, и утврди дали некаде има празно поле во кое треба да се внесе код, или има инфо дека треба да иницираш праќање на писмо со код.

Процедурата која ти ја наведов во претходниот запис важеше до пред 5-6 месеци.
Незнам дали во меѓувреме Гоогле нешто сменил.
 
DeeJayZone

hello world
3 ноември 2008
186
136
deejay.blog.hr
@igork

1. За веб страната...
Не ти препорачувам да праќаш платени посети преку Фивер.
Најчесто истите се безполезни, а може и да ти го загрозат АдСенс акаунтот.

2. За Фејсбук фан страна...
Може евентуално да билдаш лајкови за ФБ страната преку Фивер сервисот.
За ефектот од споделувањето на статии на ФБ преку Фивер - резултатите се спорни / вака-така.
 
DeeJayZone

hello world
3 ноември 2008
186
136
deejay.blog.hr
Последна промена:

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.731
3.403
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
giphy.gif
 
igork

hello world
1 март 2010
56
10
јас немам веб страна, заработката од адсенсот ми е од јутуб видеа, ама од нова година заработката од 10 долари дневно ми падна на 20 центи, затоа прашував дали да направам шерови на фејсбук преку фивер за да ми крени рејтингот на видеата а со тоа и рангирањето
 
DeeJayZone

hello world
3 ноември 2008
186
136
deejay.blog.hr
јас немам веб страна, заработката од адсенсот ми е од јутуб видеа, ама од нова година заработката од 10 долари дневно ми падна на 20 центи, затоа прашував дали да направам шерови на фејсбук преку фивер за да ми крени рејтингот на видеата а со тоа и рангирањето
Можеш да се обидеш.
Тестирај, и види дали тој начин "пали".
Но внимателно, за да не предизвикаш контра ефект.

Инаку, од која индустрија се видео содржините кои ги креираш на Јутјуб?
 
Harrabed

user
22 април 2013
1.370
1.542
Гледам на неколку блогови сајдбарот од десната страна им е поставен во фиксна позиција заедно со Адсенс видџето, е сега читам адсенс правила и што пишува...

In order to ensure a good experience for users and advertisers, publishers participating in the AdSense program may not:

Place ads in a floating box script.

Е сега ако го ставам адсенс видџето во фиксна позиција за со скролање секогаш да се покажува... Дали има шанси да ме банират? Пошто со години гледам како некој вебстрани така имат направено и не се допрени никогаш од страна на адсенс ?
 
Изменето од модератор:

DeeJayZone

hello world
3 ноември 2008
186
136
deejay.blog.hr
Гледам на неколку блогови сајдбарот од десната страна им е поставен во фиксна позиција заедно со Адсенс видџето, е сега читам адсенс правила и што пишува...

Е сега ако го ставам адсенс видџето во фиксна позиција за со скролање секогаш да се покажува... Дали има шанси да ме банират? Пошто со години гледам како некој вебстрани така имат направено и не се допрени никогаш од страна на адсенс ?
Според мене, фиксен сајдбар или фиксно мени во хедер (на врв од веб страната) не е исто со лебдечки дел / секција (на пр. лебдечки копчиња за споделување на социјалните мрежи).
Сепак, темава е во сива зона, ни ваму, ни таму.

Ако ги добиеш од АдСенс на линија, најдобро е нив да ги прашаш.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно