Costigan_Jr
poweruser
- 5 јули 2013
- 2.958
- 4.168
Мерења и анализи прават од министерство за животна средина, има и повеќе на нивниот сајт. Она што фали се преземање активности за решавање на проблемот. За жал, голем дел од мерките се драстични и со тоа непопуларни кај гласачкото тело од било која опција, а кај нас тоа се става во прв план наместо општите интереси. За наука речиси и да нема буџет.
Мерења...ваљда прават, не сум сигурен. Остатокот им е препишан од којзнае од каде. Од анализи нема ни трага. Под анализа мислам на анализа на проблемот и можности за решавање, а не сортирање на изворите на загадување и крај. Уште кога даваат извештај за 26 години еднаш јасни се работите како стојат. Нишај врата земај плата е се што е во државно. Како што е, се е препишано од некоја држава, не знам од каде, ама сигурно авторите на темплејтот не се од тука. Им имаат наложено да го направат овој извештај и ајде, како семинарските на факултет што ги прават слабите студенти. Едино имаат вметнато вредности во табели и се имаат издишано како којзнае каква работа да завршиле, можам да ги замислам како се восхитуваат со себе заради табелите...
Нејсе, нема научни мерења ниту анализа. Под научни мерења мислам на мерни станици на разни локации и станиците да вклучуваат мерење не само на концентрации на загадувачи (хемиски и физички) туку и воздушен притисок, температура и брзина на цирклулација на воздух, како и влажност. Колку што може повеќе мерни станици, стратешки избрани. Истовремено, мерачи на број на возила, камери. Анализа 24/7 365 дена. Тоа е за мене научна анализа. После тоа, посебно тело ќе работи на анализа и истражување на можностите за филтрирање на фоздухот во домовите и креирање стратегија, субвенционирање на жителите на најзагадените локации...
Сакам само да резимирам - сувопарно полнење на табели без можност за решавање на проблемот е бескорисно. Повеќе табели треба и многу повеќе податоци. Оние се премалку, недостигаат мапи на загадување и многу други детали. Нека им стои извештајов во архивата, сигурно се многу горди. Инаку, што се однесува до решението, мерките можат да бидат драстични, но можат да бидат и долгорочни и промислени без да бидат непопуларни. За се има решение, па така и за ова.