1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

(ecig) Истражувања, експерименти и здравствени аспекти

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од Metuzalem, 24 Декември 2017.

  1. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,145
    11,140
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Едит [23.05.2018]: Табела со повеќето познати истражувања поврзани со електронските цигари.

    -----

    Да се префрламе полека во нова тема посветена на сите видови научни и ненаучни (практични) истражувања, новости и сознанија од здравствен аспект на електронските цигари, особено поврзано со споредба меѓу нив и обичните („аналогните“) цигари.

    За почеток, еве две видеа од експеримент со 300 цигари наспроти 60 милилитри течност за е-цигари. Првото има англиски титли, второто не (авто-генерираните се никакви) и разбрав дека течноста е со нула никотин, но веројатно тој не би правел голема разлика, а и онака не можеме да го користиме во голема концентрација.

    Првото видео (300 цигари):




    Второто видео (има вклучено слики од првото како споредба, да не се помисли дека се од него :)):




    Мислам дека е јасно.
     
    Последна промена: 23 Мај 2018
    На ТАТА_МАТА, ksimon, Chicco69 и уште 12 други им се допаѓа ова.
  2. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,145
    11,140
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Уште едно слично видео. Како бивши пушачи знаеме дека ваквите видеа немаат многу влијание кај сегашните пушачи, ама нека стои.

     
    На ТАТА_МАТА, Skopski4Ever, krema и уште 2 други им се допаѓа ова.
  3. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,145
    11,140
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Што е работава, сите почнаа да прават вакви видеа...

    Ај уште овие.



    Добро, ова е старо:

     
    Chicco69, Skopski4Ever и на krema им се допаѓа ова.
  4. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,145
    11,140
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
  5. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    948
    2,144
    28 Јануари 2017
    Машко
    1. Public Health England - Е-цигарите се 95% помалку штетни од обичните цигари.
    TL/DR (too long, didn't read)
    - имаат потенцијал да им помогнат на пушачите да се откажат
    - 50% од популацијата не се свесни дека е-цигарите се многу помалку штетни од обичните
    - досега нема докази дека е-цигарите се сметаат како вовед на децата и непушачите кон обичните цигари

    2. independent.co.uk - Е-цигарите се многу помалку штетни и треба да се охрабри нивното користење.

    3. Royal College Of Physicians - Можат да ја спречат скоро цела штета од обичните цигари.
    TL/DR
    - Електронските цигари не се порта кон аналогните цигари (не регрутираат нови пушачи, туку нив најчесто ги користат оние кои што сакаат да се откажат од аналогните)
    - Не придонесуваат за „нормализација“ на пушењето - слично како претходното, не привлекуваат нови од кај непушачите
    - Носат поголем успех при откажување од пушење
    - Мала долгорочна штета - иако не е нула, значително е помала од пушење тутун

    4. Sciencedaily - Луѓето кои користат електронски цигари се помалку зависни од нивните производи отколку тие што користат обични цигари.

    5. BMC Public Health - Ревизија на хемијата што ја содржат електронските цигари (течности) и здравствените ризици.
    TL/DR
    - Користењето на електронски цигари е далеку под границата за ризик од отрови
    - Контаминацијата од метали е на минимално ниво и нема последици по здравјето
    - Постоечката литература ги преувеличува вредносите на апсорбција на штетни супстанци и најчесто се технички погрешно изведени
    - Единствена причина за да се продолжат вакви истражувања е зголемената конзумација на пропилен гликол и глицерин

    6. Int J Environ Res Public Health - Електронските цигари можат да им помогнат на пушачите со астма да ги намалат цигарите или тотално да ги откажат, а со тоа и да го намалат теретот предизвикан од обичните цигари.

    7. Oxford Academic - За 12 месеци вејпање, уживањето и стравот од враќањето на цигари се главна причина за продолжување со вејпање. 9% од 687 се вратиле на обични цигари.

    8. The California Department of Public Health - Second Hand Vapor (пасивно вејпање) е безопасно.

    9. Мedicalxpress - Нема доказ дека пареата од електронските цигари предизвикува развивање на канцер клетки.


    Благодарност до @Metuzalem зато шо поголем дел од информациите се украдени од него.
     
    На ТАТА_МАТА, kirev, krema и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,145
    11,140
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Public Health England (Фонд за јавно здравство на Англија) објави нов извештај како надополнување на оној од 2015 (во претходниот пост под точка 1.)

    Соопштението за печат е овде. Извештајот (.pdf) е овде.

    Вреди да се повторат главните точки затоа што истражувањата се правени од сериозна независна (државна) организација и исти такви експерти, за разлика од многу други студии кои се финансирани од... некого.


    Па каже:

    - вејпањето претставува само мало делче од ризиците што ги претставува пушењето и целосното префрлање од пушење на вејпинг носи значителни придобивки за здравјето

    - е-цигарите веројатно придонесуваат за најмалку 20.000 успешни нови откажувања од цигари годишно, а можеби и многу повеќе (веројатно се однесува на УК)

    - користењето на е-цигарите е поврзано со подобрен процент на успешни откажувања во текот на минатата година и забрзано опаѓање на процентот на пушење во целата земја

    - многу илјади пушачи погрешно веруваат дека вејпањето е исто толку штетно колку и пушењето; околу 40% од пушачите не ни пробале е-цигара

    - постои големо недоразбирање во јавноста во врска со никотинот (помалку од 10% од возрасните сфаќаат дека најголем дел од штетата по здравјето од пушењето не е предизвикана од никотинот)

    - користењето на е-цигари во Обединетото Кралство се стабилизираше во последните неколку години на нешто помалку од 3 милиони (луѓе)

    - доказите не ја потврдуваат загриженоста дека е-цигарите се вовед во пушење кај младите луѓе (процентот на пушачи меѓу младите во Обединетото Кралство продолжува да опаѓа, редовната употреба (на цигари) е ретка и е речиси целосно ограничена на оние кои пушеле)

    -----

    Во пдф-от има многу интересни работи за читање, овие точки од соопштението се многу мал дел (веројатно наменет за домашната јавност). Од површно прелистување видов дека има на пример за процент на корисници во ЕУ (2 %) и во САД (4-6 %, исто како и во УК), процент на ароми што ги користат луѓето (овошни водат), дека најмногу се користат танкови, за инциденти со труење (само ако се испие многу течност) и со пожари (од батериите)... Се повторува процентот од 2015 дека потенцијалот за канцер е „многу под 0,5%“ од ризикот од аналогните.
     
    На ТАТА_МАТА, kirev, krema и уште 3 други им се допаѓа ова.
  7. Tom Ford

    Tom Ford
    Gaining Experience

    157
    386
    20 Декември 2017
    Машко
    Сосема случајно ја открив страницава на фб и се повеќе ме воодушевува. Темите кои ги бираат за истражување се брилијантни.

    Колку „пуфа“ се еднакви на една испушена цигара? - vawoo.uk
     
    krema, Metuzalem, Chicco69 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  8. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,835
    24,970
    4 Септември 2008
    Не тврдам ништо, нити знам зошто е тоа така, може е некоја рандом случајност.

    Но, кога бевме да им ја предадам Na-rala-та од групната нарачка, димот од електронските цигари ми направи алергија слична како на таа која ПОНЕКОГАШ ја добивам ако седам долго време во просторија која се пуши, обично сум супер осетлив на хемии и несакани супстанци, но не и на мириси, па така многу чудно ми дојде....
     
  9. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,145
    11,140
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Психолошки е. :) Имам роднина медицинско лице што реагира сосема исто, а обично додека седиме и разговараме јас најчесто ќе ги спомнам хемикалиите (иако во смисла дека се безбедни, психата чуда прави).

    Инаку сум седел со стотици луѓе додека вејпам и на никој не му засметало. И не дувам во луѓе, никогаш (ни додека пушев), па нема шанси мојот слаб облак да се прошири толку многу.

    Еве што викаат крвниците (најголемите противници кои пуштаа реклами против вејпинг, па ако имало нешто со задоволство ќе објавеле).
     
  10. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,835
    24,970
    4 Септември 2008
    Не е психолошки, откако ги осетив симптомите добри 10-на минути подоцна приметив дека пушите, не ве ни видов :D

    Дали е рандом, или што е не знам и не сакам да кажам дека е ова некаков доказ дека се исто штетни како цигарите, или дека се штетни на посебен начин или било што, само кажувам што се случи......
     
  11. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,145
    11,140
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Не можеш да не забележиш, ние се фалиме. :)

    Башка и ја прашав келнерката, ако збориш за тогаш.
     
  12. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    545
    2,334
    21 Април 2016
    Машко
    Последниов период баш се појачавме со "нова крв". :)
    Најголем дел, ако не и сите се бивши пушачи. Јас бар не сум сретнал некој што никогаш не пушел и решил да експериментира со е-циг (веројатно постојат и такви).
    Тоа ми даде мотив да го напишам овој пост. Нема ништо ново, се е многу пати објаснето, но главната тема за електронски цигари е бабачко голема и (барем мене) тешка за пребарување.
    info.jpg
    Во аналогната цигара согорува тутунот (и што уште не) и има многу хемиски елементи во нив (4000 до 7000). Па така една супстанца служи да ги рашири бронхиите, друга да спречи дразнење и иритација (да не кашла пушачот) и т.н. Се со цел никотинот и другите хемиски супстанци полесно да стигнат во мозокот (за помалку од 10 секунди). Преку цигарата се внесуваат и хемикалии што треба да ја фортифицираат зависноста, да активираат лачење на хормони на задоволство, среќа и тн.
    chemicals_smoke.jpg
    Течностите за електронски цигари се сосема друга приказна.
    Составот е:

    - Полипропилен гликол (ПГ). Во голема концентрација се користи за дезинфекција на хируршки оперативни сали. Интересен податок, при трансплантација на бели дробови, истите се полнат со полипропилен гликол за подоцна пациентот полесно да ги прифати, да се спречат несакани инфекции и одбивање на туѓиот орган.
    Постојат луѓе што се алергични на него - иритација на горните респираторни патишта, синдром на суво грло и усна шуплина (се решава со пиење повеќе вода), но генерално организмот брзо се прилагодува на таа за него страна материја. Едно од решенијата е да се користи течност со мал процент на ПГ, или со 100% ВГ (ако се работи за сериозна алергија).

    - Растителен глицерин (ВГ). Се користи во индустријата за храна, го има во креми за нега на кожа, сапуни, шампони... Лесно се растворува во вода, значајно, бидејќи го инхалираме во белите дробови. Тие се константно влажни и така полесно се апсорбира во крвта.

    - Ароми. Тие веќе имаат комплексен хемиски состав, но се изработуваат по највисоки стандарди за безбедност, меѓу другото и затоа што се користат и во индустријата за храна. Ова пред се важи за реномирани производители од Европа и УСА (тие што ние ги користиме).

    - Дестилирана вода. Ја има во поголем процент (10%) во готовите течности на FlavourArt, Ritchy Liqua, Dekang и OLE што се продаваат кај нас. Ние што си правиме сами течности ја користиме во помал процент или воопшто не ја ставаме.

    - Никотин. Во голема концентрација е токсичен (отров). Во мали количини што се користи во аналогните цигари и течностите за електронски цигари не е токсичен. Ја стимулира работата на мозокот да лачи хормони на среќа, подобрува концентрација и сл. Правени се експерименти за негово користење во терапевтски сврхи на одредени болести (слично како со маслото од канабис), но нема конклузивни резултати.

    Никотинот е една врста на опијат и тоа е неговиот најголем проблем. Создава зависност. Здравиот разум вели да се избегнува, т.е. да не се конзумира. Но што правиме со човек што 10, 20 години бил пушач и е толку многу навлечен (зависен) и не може да ги остави аналогните цигари "на суво" или со никотински фластери, мастики и слични глупости што немаат никаков статистички значаен успех позади себе?

    Тука доаѓаме до електронските цигари како супериорна "сламка на спас", кои успешно можат да не тргнат од аналогните цигари. Тоа е докажано преку бројни сериозни научни истражувања, статистики, анкети... На главната тема за електронски цигари се постирани голем број линкови, а верувам многу од тоа е достапно и преку индексот на Метузалем.

    За крај и една споредба меѓу аналогните и електронските цигари:
    sporedba.png
     
    На Nistrix-, ТАТА_МАТА, krema и уште 4 други им се допаѓа ова.
  13. Tom Ford

    Tom Ford
    Gaining Experience

    157
    386
    20 Декември 2017
    Машко
    Совети и сугестии за рукиз, првиот можеби ќе важи и за поискусните:

    1/ Don’t vape like an asshole! :D

    Шега на страна, вреди да се знае и прочита - vawoo.uk
     
    На Chicco69 и Sharlovski им се допаѓа ова.
  14. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,145
    11,140
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    И на кардиологот вејпер Фарсалинос му дојде преку *** од негативниве местени студии и си направи своја, во врска со емисиите на алдехиди во е-цигарите. Односно, ја повторил последната негативна студија.

    Заклучоци:

    - Нашол емисии на формалдехид 589 пати помали од негативната студија.

    - Течностите без арома исто така испуштаат алдехиди при користење на истите е-цигари

    - Минимални разлики меѓу течностите со и без арома

    Не следам, но веројатно ја туркале таа негативната студија како иницијатива за забрана на течности за е-цигари со ароми (вкусови) што ја спроведуваат/бараат во многу американски држави, демек за да не привлекуваат деца. Само моја претпоставка.

    Директен линк до студијата на Фарсалинос.
     
    На cacko1, Chicco69, Skopski4Ever и уште 4 други им се допаѓа ова.
  15. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,145
    11,140
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Public Health England прикажува:



    (сите податоци се земени од истражувања, повеќето спомнати овде и во темата)
     
    На bicikle, ARMac, OldSchoolPvP и уште 3 други им се допаѓа ова.
  16. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,576
    726
    3 Март 2018
    Не ми требаат никакви истражувања за да ми каже некој дека не се давам. Па кој како сака. Нормално за умерено вејпање прајме муабет.
     
  17. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,145
    11,140
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Истражување од романски научници: никотинот не е карциноген за клетките во белите дробови во концентрациите што ги има кај пушачите (за вејперите да не збориме), но да, во високи концентрации е токсичен. Истото важи и за котининот (метаболит на никотинот кој (мислам дека) подолго се задржува во телото и е помалку токсичен).
     
    На krema, Tom Ford, Chicco69 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  18. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,576
    726
    3 Март 2018
    Патем (од сликата погоре) од кај олово и кадмиум во е-циг ? Ни пг ни вг ни никотинот не содржат метали.
     
  19. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,145
    11,140
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Веројатно од грејачите или во траги од аромите или пак нешто друго.

    Еве за металите.
     
    На artweb и bicikle им се допаѓа ова.
  20. Tom Ford

    Tom Ford
    Gaining Experience

    157
    386
    20 Декември 2017
    Машко
    Една слика - 1.000 зборови!

    [​IMG]
     
    На The-spiki, ТАТА_МАТА, krema и уште 5 други им се допаѓа ова.
  21. gokica

    gokica
    Модератор

    8,382
    10,164
    13 Јуни 2009
    http://www.the-aps.org/mm/Conferenc...ces/CV-Aging/Schedule/Program-of-Symposia.PDF

    Симпозиум на кардиолози:

    агенда страна 20: резултати од тестови на глувци

    Акутно т.е. моментна изложеност на чад од е-цигари нема ефект. Долготрајна изложеност влијае на намалување на еластичноста на крвните садови. Заклучок: ециг имаат ефект на кардиоваскуларниот систем.
     
    На Metuzalem, ТАТА_МАТА, Chicco69 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  22. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,576
    726
    3 Март 2018
    Ама ние не сме глувци....
    Колку има ефект, сега знаеме дека не е планински возух од борова шума...
     
    На gokica и Chicco69 им се допаѓа ова.
  23. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    545
    2,334
    21 Април 2016
    Машко
    Едно е јасно, дефинитивно не сме глувци. :)

    Еве истражување од нашиот колега (вејпер) Фарсалинос, правено на човеци:
    Electronic cigarettes, contrary to tobacco, do not stiffen the arteries
    "Smoking 2 tobacco cigarettes caused significant stiffening of the aorta; all measured parameters showed a 17-22% worsening of elastic properties. On the contrary, both in smokers and electronic cigarette users, no difference was observed after electronic cigarette use."

    Уште едно врзано за кардиоваскуларниот систем:
    Effects of electronic cigarette use on myocardial function
    "Concerning myocardial function, several parameters of diastolic function were adversely affected by smoking, while no parameter was changed after vaping."
    "The results of our study have shown that cardiac function is not affected by e-cigarette use, unlike the adverse effects of tobacco cigarette use."

    И уште едно:
    No adverse effects on blood and oxygen supply to the heart by electronic cigarette use
    "After smoking 2 cigarettes, the researchers observed a 16% reduction in maximal coronary blood flow and a 19% elevation in resistance to flow. However, after electronic cigarette use, no difference in coronary blood flow and resistance was observed compared to the baseline measurement."

    Не сме наивни и доволно сме паметни. Вејпање не е исто со дишење планински супер чист воздух, но е многукратно поздрава алтернатива од пушење цигари. За среќа постојат објективни истражувања, што ете, излегуваат позитивни за нас. За жал постојат и еден куп "научници" и "новинари" што за шака долари ќе форсираат брдо небулози против електронските цигари, а во корист на тутунските компании што ги финансираат.

    Не е во ред ако млад човек што никогаш не запалил цигара, уште помалку е зависник од никотин, реши за чатал и праење облаци во маало да почне да вејпа. Згора на тоа да употребува никотински течности...

    Сите ние што сме ги баталиле цигарите, сме констатирале општо подобрување на нашето здравје, дишиме со полна плуќа, не кашламе... Е сега набацивме на килажа како тие што на суво оставале цигари, ама таков е животот, нема ништо идеално. Од друга страна, не можеме сите да бидеме слаби, некој мора да биде и убав. :p:D
    love.gif
     
    На bicikle, Tom Ford, fis1976 и уште 5 други им се допаѓа ова.
  24. gokica

    gokica
    Модератор

    8,382
    10,164
    13 Јуни 2009
    Баш ми е драго што се чувствувате здраво. Можеби е-циг имаат негативни ефекти само кај одреден вид на организам, со одредени специфики и сл. Како во мојот случај на пример.

    Сакам да Ви пренесам искуство кое во суштина ме натера да истражувам повеќе вчера па и така дојдов до статијата.

    Последните месец два ми се појави проблем со спиење. И тоа не при заспивање туку со рано будење. Ќе си легнам стандардно (во доцните часови) и без причина ќе се разбудам наспан во 5 наутро на пример. Откако ќе се разбудам не можам да заспијам и се чувствувам одморен. Иако сум спиел два-три часа преку ден не чувствувам умор. Само навечер малку повеќе биење на срцето. Но повторно не ми се спие.

    Еве и други:

    Anyone have insomnia from vaping

    Она кое ме прати цело време е малку повеќе раздразливост и нетрпеливост споредено со порано што мислев дека е разултат на оставањето на цигарите и на никотинот.

    Анализа на крв ми покажува дека имам висок хемоглобин. До сега ова не било случај. Еден од можните фактори за тоа е недоволно кислород на организмот кој се обидува да надомести достава до клетките со зголемување на бројот на клетки кои носат кислород.

    Вејпам 120-150 мл месечно. Последниот месец и повеќе без никотин. Ова што го наведов погоре не се смени што значи никотинот не е фактор.

    Вчера само пафкав и не вовлеков во себе ниеднаш. Прв пат се разбудив подоцна после толку време. Но можеби е случајност. Ќе продолжам да пафкам се до наредна анализа на крв. после тоа ќе се вратам на вовлекување чисто да бидам сигурен.

    Повторно ќе речам, можеби само некој вид на организам реагира вака а некој друг не.

    Водете сметка дека како што тутунската индустрија има свој маркетинг против ециг, и овие си имаат свои емисари кои може да си кројат и сервираат различни податоци.
     
    Chicco69, Tom Ford, fis1976 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  25. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,145
    11,140
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Не знам што би можело да биде, потребни се повеќе испитувања. :)

    Ние тука на форумот, па ни на другите места на интернет, не можеме да замениме доктор.

    Тој линк е од 2009-2012, опремата од тогаш не може ни да се спореди со денешната, иако се користеше многу повеќе никотин.

    Никотинот е и главниот „осомничен“ за повеќето проблеми што ги спомнуваш, но штом не користиш никотин, не знам што би можело да биде. Остануваат ПГ-то (5%), ВГ-то (3%) и аромата (3%). Нема друго. Во заграда е мојата аматерска проценка колкава е веројатноста нешто од тоа да ти ги предизвикува проблемите. Можеш и да вадиш една по една компонента за да утврдиш, или да менуваш од друго место/производител, но за тоа треба долго време. Остануваат 89% веројатност дека е надворешен причинител, кој временски се поклопил во овој период, или како што самиот кажа, последиците/нервозата од престанокот на внесување никотин.

    Од тоа што сум следел/читал, досега не сум сретнал за влијание на вејпингот врз хемоглобинот, но сега гледам дека има пишувано во тоа, иако во позитивна смисла, или различни случаи (на некои им се качува, на некои им се симнува), но во секој случај поврзано со никотинот. Згуглано.

    Мене никотинот повеќе ме држи буден (нели, стимуланс), но при крајот на денот веќе ме заморува и можам да заспијам. Како да имам полесен сон (полесно се будам од звуци), но и лесно продолжувам да спијам. Некогаш се будам одморен, некогаш не. Но мислам дека има многу други фактори во игра (време на легнување, кое кај мене секој ден е различно, повреда на кичма што не ми дозволува долго да стојам/седам - ме заморува, физичка неактивност итн).

    Малце на шала, но делумно и не, пробај дробно - да развиеш капацитет на плуќа и да внесуваш повеќе воздух. :)

    И не заборавај на Прва вејперска заповед: Пиј многу вода! Таа ги решава тие 11% спомнати погоре, а и уште некој процент плус кога би имало никотин.
     
    На Chicco69, Tom Ford, fis1976 и уште 3 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...