Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Филтер за воздух

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.664
3.261
Moже да мериш со мојот инструмент кога ќе заврши JasSum со мерење на Winex-ot, а имам кај да го мериме и еден Шарп што чека на ред. Таман ќе имаме убава споредба.
Јас сум во дебар маало и моментално апаратчето е со мене.
Препорачувам да мериш со апаратчето на @fau_ig , доста попрецизно работи.
Верувам дека сите на форумов ќе чекаат инфо за овој прочистувач.
 
krale

poweruser
6 февруари 2009
2.300
1.396
Јас сум во дебар маало и моментално апаратчето е со мене.
Препорачувам да мериш со апаратчето на @fau_ig , доста попрецизно работи.
Верувам дека сите на форумов ќе чекаат инфо за овој прочистувач.

Можеше кратка рецензија и на инструментиве да направиш - така еден до друг после 5-6 саати, да видиме какви се разликите во мерењата итн.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.664
3.261
Можеше кратка рецензија и на инструментиве да направиш - така еден до друг после 5-6 саати, да видиме какви се разликите во мерењата итн.
Викеднов тоа беше во план. За жал, ништо од тоа. Обврски непланирани :(
Во кратко, на издув од прочистувач твоето не падна под 35пм10. На фау одма покажа 0 и варираше меѓу 0 и 2 за сите пм честици. Оставено надвор, тоа од фау покажуваше нешто повисоко од најблиската мерна точка, а твоето покажуваше многу пониски вредности.
Сепак е некој репер да видиш дека е загадно и колку е загадено и подобро од сензорот на виниксот.
 
Tребаше изгледа да ти го пратам и упаството иако е малце збунувачко. Ова апартче мора да се ресетира на едно копче со држење 3 секунди секој пат кога се преместува на нова локација (нз зашто е така ама така пишит).... Дај податоци за тоа од Фау да видиме марка, цена итн ако можеш :)
 
Misko6000

user
5 април 2015
1.131
1.005
АПДЕЈТ: Нарачано. Дечкото на телефон беше префин. Имаат опции за плаќање како ви душа сака. Гаранција 2 години. Резервни филтри се 4500, со нивна процена дека треба да се менуваат на година па можда и до две зависно од употреба.

Цената е 21 илјада, колкју шо е ВИНИКС, а се надевам уредот ќе е подобар и од Шаоми ко шо читав на рецензии. И најдобро од се, уште денес рекоа ќе ми го достават до дома!

Ќе го пробам па ќе пишам импресии и апдејти како ги имам. Ако сака да се позамара некој од членовите со мерни апарати може да провериме колку е прецизен шарп сензорот во чудото некој ден.
По ова што го ѕирнав од линковите, џам е апаратчево во однос на гри, виникс, и сличните, ако цената е околу 20К. Многу слични карактеристики со PRO то на Шаоми, само што филтерот е доста поголем. Баш ме интересира како функционира со Али клаудот и пиши кога ќе го истестираш.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.608
8.254
Мелмак
Си има индикатор за филтерот уредот ќе видиме на колку се менува. Страната иначе не е up-to-date пошто мислам дека 8188 моделот го продаваат овие а не 8088.

За рецензии ќе има само прво мора да го покористам недела дена секако.

За али клаудот не знам дали ќе го користам освен ако некој најде линк со англиска апликација. Рече дечкото дека правеле и своја апликација они, и дека наскоро ќе биде - али колку е тоа наскоро не знам.
 
Прашувам бидејќи доколку серверот на Ми не може да воспостави конекција, преку телефон не може да се задаваат команди на мојот пречистувач, тогаш мора мануелно да се ракува.
 
krale

poweruser
6 февруари 2009
2.300
1.396
Прашувам бидејќи доколку серверот на Ми не може да воспостави конекција, преку телефон не може да се задаваат команди на мојот пречистувач, тогаш мора мануелно да се ракува.

Ова реално голем минус.

Може ли некој да ја појасни предноста/недостатокот од плазма и јонизатори?
 
Misko6000

user
5 април 2015
1.131
1.005
Ова реално голем минус.

Може ли некој да ја појасни предноста/недостатокот од плазма и јонизатори?
Дефинитивно, не сум расчепкал, првиот пат кога го врзував ми даваше можност да се врзе директно на рутерот (што можеби ќе дозволуваше да му давам команди само кога сум на вифи мрежа), ама јас одбрав да оди преку серверите односно мојот Ми акаунт. До сега ниту еднаш не се случило да не прими команда (кога има интернет) и затоа го оставив да си работи така како што првично го врзав.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.608
8.254
Мелмак
Ова реално голем минус.

Може ли некој да ја појасни предноста/недостатокот од плазма и јонизатори?

Испуштаат честички шо имаат за цел да уништуваат бактерии. Нема генерално податоци колку се распространуваат тие честички и дали и колку се штетни.

Зависи до карактерот на истите и технологијата која ги произведува. Има честички шо напаѓаат мувла, бактерии, мириси, итн. Според некои истражувања/луѓе овие јони може да напаѓаат и ткиво во бели дробови и да имаат други несакани штетни влијанија врз луѓе.

Во упатствата за некои уреди на нет што пуштаат јони за елиминирање на мувла пишува дека агресивниот режим треба да се користи во отсуство на луѓе.

Реално, проблемот е шо не знаеш на кој да веруваш - дали на сертификатите и зборот на произведувачот или на (параноичната) јавност и оние кои предупредуваат против ова.

Во секој случај мене не ми требаше плазма, мене ми треба ПМ да чисти, и одори.
 
ajan

hello world
16 март 2013
55
92
ajanovski.info
Може ли некој да ја појасни предноста/недостатокот од плазма и јонизатори?

Бидејќи постојано истите прашања се поставуваат да се обидам да дадам линкови во соодветна насока, без мои тврдења :)

За темава е многу информативен следниот линк, каде е објаснет целиот историјат за Sharp и Plasma технологијата, а дополнително на истата страница има и линк за Winix. Така да е доста информативно четиво за разликите меѓу нивните производи и за разликите во различните модели и за двете фирми. Како уреди кои користат и плазма покрај филтри - тие се најчесто спомнуваните од сите што ги има кај нас.
Sharp Air Purifier Reviews: Sharp Advanced Technology

Инаку еве еден напореден тест каде што имате 30 различни прочистувачи, сите ги пуштаат исто долго време, во ист простор (мислам голем простор - 30кв.м) и потоа мерат колку се намалило загадувањето за да дадат ефикасност. На кинески е, но Google Translate успева да го донесе до некоја колку толку сфатлива форма. Повеќето спомнати фирми ги нема кај нас, но има 3 спомнати на овој форум - Sharp, Daikin и Greе. Моделите кои ги користеле не се идентичните што ги има кај нас, но ми изгледаат слично.

Овој блогер ја превел резултантната табела па видете ги бројките ако не сакате да читате, иако е потребно да се чита со оглед дека уредите се различни:
http://www.myhealthbeijing.com/pollution/finally-great-data-on-air-purifiers-in-china/

Споредените модели ги сортирам по измерената ефикасност и резимирам главниот начин на филрирање:
Sharp - 99% - Плазма и Хепа
Daikin - 97% - Плазма и некои други да речеме крупни филтри
Gree - 88% - Хепа (дали е 99.97% или 99% уште не е јасно)

Патем разлика меѓу филтер од 99,97% и 99% е всушност разлика во 0,03% испуштени нефилтрирани честички наспроти 1% нефилтрирани честички, односно „чистиот“ воздух кој излегува после првиот е 33 пати почист отколку чистиот воздух после вториот, а тоа некој може да го преведе во следното. Тоа што првиот филтер ќе го прочисти со 1 поминување, на вториот му требаат 33 поминувања. Вистината е некаде помеѓу, но јас би внимавал какви филтри користам.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.808
6.501
SK
Може ли некој да ја појасни предноста/недостатокот од плазма и јонизатори?

Mногу лесно за објаснување.

- „Недостаткот“ од јонизатор е ЌАР, пошто не си платил за нешто што не ти треба. Разбираш дека и да сакаш, не можеш да ги уништиш сите бактерии во воздухот, а дури и да можеш - некогаш мораш да излезеш од дома? :)
- “Предонста“ е дека сите имаат јонизатор, па затоа имаш и ти. Не се чуствуваш како изрод кој „ништо не знае“ и си „во тек со времето“. :eek:h:
 
krale

poweruser
6 февруари 2009
2.300
1.396
Eве уште еден прочистувач на македонскиот пазар, не знам дали е спомнат до сега. Има и дрвен и активен јаглен филтер, како и Хепа, пептиден и анјонски.

Цената е висока, но нуди некои опции што ги нема често на другите прочистувачи, а има и лцд екран со приказ на PM2.5 честички. Има и некоја wifi апликација - не јасно зошто ја нема на мк сајтот.

Прочистувач на воздух VK 6008
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.664
3.261
за

тие пари купуваш 2 виникса или 4 грее. Нема шанси да е толку подобар. Даикин и зептер се изоставени ради ненормалните цени. Исто и вакви некои уреди што се нерални со цените.
 
krale

poweruser
6 февруари 2009
2.300
1.396
за

тие пари купуваш 2 виникса или 4 грее. Нема шанси да е толку подобар. Даикин и зептер се изоставени ради ненормалните цени. Исто и вакви некои уреди што се нерални со цените.

ги исклучувам цените во овој момент од дискусијата - чисто ме интересираат перформанси - дали добиваш нешто со овој што гонема со другите?
 
ivsss

hello world
16 февруари 2012
345
700
Не разбирам зашто поскапите (и поквалитетни) уреди не се додадат на листата на уреди кои што се достапни кај нас, сигурно постојат производители кои нудат и поскапи решенија за централно (во повеќе соби) прочистување на воздух итн. Сите достапни опции би било добро да ги има во листата.

Поздрав,
Ивс.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.664
3.261
Не разбирам зашто поскапите (и поквалитетни) уреди не се додадат на листата на уреди кои што се достапни кај нас, сигурно постојат производители кои нудат и поскапи решенија за централно (во повеќе соби) прочистување на воздух итн. Сите достапни опции би било добро да ги има во листата.

Поздрав,
Ивс.
Затоа што тука се бара лаптоп, а не се разгледува рак сервер иако е со подобри перформанси :)
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.808
6.501
SK
^
Затоа што тоа нема да ни треба на 99.9% од нас, и затоа што ќе се усложни листата со финансиски неисплатливи уреди. Иможеби затоа што авторите на документот не сакаат да се замараат со непотребни замарања? :)
Замислата на таква листа е нешто што реално би се купило, не сеопфатен каталог од сите постоечки уреди.
 
Последна промена:

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Го ставив видеово во резенцијата за GREE ама нека го име и тука.
Кога и да ставам парфем/дезедоранс во собата уредот веднаш реагира, на дезедоранс активира и за загадување на парфем ретко.

На видеово не се гледа, одалечен сум околу 3м од уредот, значи кога шприцнав, шприцнав на далечина од 2.5-3м.
После 1мин одкога прекинав со снимање светлата за мирис и прашина се симнаа од црвено на портоклово. После 1-2мин на портокалово се вратиja на зелено и уредот отиде на mute.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно