Види, јас не кријам дека работам со Грее и не само со Грее туку и со многу други брендови, ама вие се правете невини а вашите постапки точно покажуваат зошто сте тука.Јас не сум поврзан со WINIX, aмa oчигледно ти си до ГРЕЕ штом мојот коментар толку лично го сфати.Според моите информации WINIX се подобри.Тоа дали тебе ти се допаѓа или не е твој проблем.Јас само си го кажав моето мислење.
Воопшто не се нервирам, секој нов член со искрени намери е добредојден и бенефит за заедницава, ако е и поврзан со WINIX и е претставник, тоа воопшто не е проблам, ама проблем е да не потценува некој да се прави едно кога очигледно е тука за сосема друго.@sumi џабе се нервираш. 7 пораки, зачленет денес... Треба уште нешто да се кажува? Игнор.
Добредојде на форумов.Прочистувачите на воздух кои се сертифицирани и верифицирани преку програмата за сертификација AHAM се сертифицирани и верифицирани од страна на независна лабораторија.
Види, јас не кријам дека работам со Грее и не само со Грее туку и со многу други брендови, ама вие се правете невини а вашите постапки точно покажуваат зошто сте тука.
Едно е да кажеш лично мислење, друго е со болд да тврдеш нешто за кое немаш доказ. Да си пишеше за WINIX дека го имаш, задоволен си, добро те служи има сертификат од "независна" агенција е ОК. Не сум го користел неможам да тврдам дали е така или не е така, е тогаш тоа би било твое мислење. Истовремено да пишеше дека мислиш дека е подобар од грее и мислеш дека можеби грее испушта озон тогаш и тоа е мислење.
НО на 3 постови ( од вкупно 6 во кој 2 ти се постови без текст и една реплика само ) последната реченица ти е напад БЕЗ ОСНОВА И ДОКАЗ кон Грее. Тоа не изгледа на мислење туку намерно ширење на дезинформации и напаѓање на конкурентен бренд за вас.
Немој да ме свати некој погрешно, да е вистина дека грее испушта озон и го докаже истото, би го поддржал без збор. Но и да ги тврдиш истово дека испуштаат озон WINIX, VAURON или некој друг бренд повторно вака без доказ на празен муабет штотуку зачленет со БОЛД цели реченици јас помалку или повеќе исто би реагирал. Ама немој да продаваш прикаски за мали деца тука.
Добредојде на форумов.
Неколку прашања за тебе:
- Дали знаеш што е AHAM, и која е разликата од декларација до сертификација?
- Ај на страна тоа, сигурно знаеш дека ова овде не е Америка? Сигурен ли си дека истата роба се носи на Балкан? Дали ти или било кој овде сте измериле и потврдиле недостаток на озон?
- За крај најважното, дали знаеш за што служи јонизаторот во пречистувачите на воздух, и дали знаеш дека ако не користиш јонизатор ниту теоретски не може да имаш испуштање на озон?
П.С. Мислам дека копчето за болд ти е заглавено.![]()
Самиот ја потврдуваш мојата поента , ова е форум за дискусија, тука сме да дискутираме и докажуваме она што го тврдиме, поготово ако изнесеш такво сигурно тврдење дека прочистувачот на грее нечини и дека озонира, кога веќе во 3 наврати истото строго го нагласуваш редно е да покажеш врз основа на што го тврдете истото.....и немам намера да се докажувам.
Зошто сега толку непријателски, јас мислев лаф муабет си правиме?Немам намера да мерам, потврдувам и докажувам... Наместо мене да ме прашуваш пиши им на AHAM и прашај ги зошто WINIX се сертифицирани а ГРЕЕ не се![]()
Патем AHAM се здружение на произведувачите кои дилаат роба во Америка. Да, здружение на произведувачите - повтори го ова неколку пати додека не ти стане појасно. Толку од објективноста, плати доволно и ќе ти напишат декларација за што сакаш.
Зошто сега толку непријателски, јас мислев лаф муабет си правиме?
Патем AHAM се здружение на произведувачите кои дилаат роба во Америка. Да, здружение на произведувачите - повтори го ова неколку пати додека не ти стане појасно. Толку од објективноста, плати доволно и ќе ти напишат декларација за што сакаш.
П.С. Очигледно избегнуваш да одговориш на прашањето - за што служат јонизаторите во ваквите уреди, ама барем па копчето за болд ти се одглавило. Напредок!![]()
Тука е проблемот. Тоа што нема пообјективна база наСо оглед дека изборот на прочистувач би го базирал врз база на некои објективни мерила...
...би било добро во интерес на поиздржана дискусија да споделите некој линк со некоја база на информации која е пообјективна од нивната.
Не се лути о' учителу, нема повеќе! Се извинувам што се дрзнав да со логика и искреност да ти се мешам во проповедите (пропагандата?) и да се надевам на издржана дискусија....те молам немој да ми пишуваш, завршив јас со прочистувач на воздух.
Јас пак имам обратна перспектива, поано беја поскапи, сега грее има инвертр за 22 илјади на акција беше 19990. ST ни на мајл прст со спецификации и квалитет неможе да му се фати а поскап е. Мислам дека Грее за клими сега имаат поприфатливи цени од пред неколку години. ама ова е друга тема ... да не мешаме баби и жаби.Истото го гледаме со климите, кога првпат влегоа Gree климите на нашиот пазар беа со ниски цени и ги купувавме тие кои знаевме што клими се.
Тука е проблемот. Тоа што нема пообјективна база надезинформации од таа на американското трговско здружение, не ја прави истата објективна. Тоа е како да веруваш на рекламите од телевизија, затоа што нема „пообјективни“ информации кои се сервирани на тацна.
Никој овде не објасни зошто е неопходно или потребно еден пречистувач на воздух да користи и јонизирање (единственото нешто што може да испушти озон). Можеш ли ти Вангел да објасниш зошто е неопходно пречистувачите на воздух да имаат (и користат) јонизатор?
На жалост на темава многу повеќе се топорат декларации од AHAM, отколку што се проверуваат наведените во нив тврдења. Токму на тоа е насочена мојата општа критика. Тебе лично ти се обратив затоа што ме праша „која друга база на информации е пообјективна“, со што имплицираше дека во недостиг на подобро и тоа е АХАМ е задоволително објективно. Со тоа се разбира, не се согласувам. Немам доверба во домашните институции, во американските уште помалку.Не треба слепо да се верува, туку да се внимава и проверува. Повеќе пати.
Се извинувам ако бев погрешно разбран, јас те прашав што ти лично мислиш за потребата од јонизатор - со оглед на тоа дека и ти зема учество во муабетот за „сертифицирање“ за неиспуштање на озон, од страна на пречистувачите на воздух.Јас не сум тврдел дека е неопходно да имаат, па да сум повикан токму јас да објаснувам.
Некои немаат јонизатор. Некои имаат. Тие што имаат треба самите да објаснат зошто бил или е потребен.
Се извинувам ако бев погрешно разбран, јас те прашав што ти лично мислиш за потребата од јонизатор - со оглед на тоа дека и ти зема учество во муабетот за „сертифицирање“ за неиспуштање на озон, од страна на пречистувачите на воздух.
Вака срочено прашањево изгледа како е одговорот мора да биде една од двете понудени опции?На кого повеќе ќе верувате беше прашањето? На бројката што ја кажува самиот производител од Кина, Кореја или Швајцарија, или на бројката што ја објавува едно здружение во Америка во кое доброволно учествуваат трите производители, кое оди во рандом салони и продаваници и зема рандом примерок уреди од овие производители и кое го прави тестот во една иста своја избрана лабораторија во Америка.
Нели АХАМ само објавуваат доброволно доставени информации, кои потоа многу јасно наведуваат дека истите не ги верифицираат:бројката што ја објавува едно здружение во Америка... кое оди во рандом салони и продаваници и зема рандом примерок уреди од овие производители и кое го прави тестот во една иста своја избрана лабораторија во Америка.
Participants may voluntarily provide certified... which is not subject to separate verification testing by AHAM.
Нели АХАМ само објавуваат доброволно доставени информации, кои потоа многу јасно наведуваат дека истите не ги верифицираат:
Над и под овој твој коментар имаш извлечено два мои цитати, но од две различни пораки и контексти. Едната порака и контекст се однесува на (не)верификувањето озон, а другата порака и контекст на верификувањето CADR.
MOUSE WIRELESS CORSAIR Scimitar Elite SE RGB Gaming MOBA/MMO (16 buttons), 2.4Ghz & BT, White, CH-9314011-WW
9.250,00 ден
UPS 1200VA / 600W POWERWALKER VI 1200 SH, 2xSHUKO, 2x IEC C13, USB, RJ11, 10120050
9.120,00 ден
USB Flash Drive 3.2 128GB SANDISK ULTRA ECO, Green, SDCZ96-128G-G46
1.110,00 ден
VGA ACER RX 9070 Predator BiFrost Radeon OC 16GB GDDR6 256-bit, HDMI, 3xDP, DP.Z4GWW.P01
40.790,00 ден
MOUSE WIRELESS CORSAIR SABRE V2 PRO RGB, Ultralight Gaming Mouse, 36g, MARKSMAN S 33000 DPI, 2.4Ghz/Bluetooth, White, CH-931G001-WW
6.750,00 ден
MONITOR 24" SAMSUNG LS24F320GAUXEN, IPS Panel, 1920x1080, 120Hz, VGA,2xHDMI, 5ms, LS24F320GAUXEN
5.770,00 ден