Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Eink / Epaper смартфон од Hisense

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.575
19.283
Ме интересира што ќе покажат тестовите за батерија.

Но, дали може да се инсталира gcam?
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.379
5.513

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.481
SK
Hisense А5 со мојот „минималистички“ пристап на користење батеријата му трае 4-7 дена. Ако се малтретира времето е некаде за половина помало, ама во просек 3 дена трае со малтретирање... Така да во право беа размислувањата поназад дека батеријата нема многу долго да трае (во смартфон сценарио).
Како за споредба прастариот Киндл в3 батеријата (сеуште оригиналната) му трае со недели и покрај секојдневно користење.

Проблемот е како што претпоставив и тогаш, во тоа што производителите не се ни обидуваат на направат штедлив уред со долго траење на батеријата. Ова се класични смартфони со е-инк екран заменет наместо лцд/олед/ Подобрување на времетраење на батеријата има ама не е ништо спектакуларно.
Мислењето е автоматски споено:

Со gcam не сум се замарал, камерата не е ништо посебно на Hisense А5.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.481
SK
Логиката на употреба на еинк приказ е дол од концепт на штедлив уред наменет за специфични намени и за специфични корисници... Како да знаеш дека до толку ја усрале работата да едноставно тераат стандарден смартфон концепт, кој и дете може да разбере дека секако нема да функционира со еинк екран. Како да го знаеш тоа пред да пробаш конкретен уред?

Концептот и тоа како може да се реализира, проблемот е само во правилно адаптирање на софтверот. Тргање од секакви анимации и било каков приказ кој е со висок рифреш рејт. Тоа и евентуално бирање на некоја енергетски поштедлива SoC опција.
 
Ти укажав како и зошто троши, тој во видеото истото го спомнува, ете на крај и сам се увери дека е така и пак истото го мантраш.
Неверојатно.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.481
SK
Хаха, зарем спорно е тоа дека може да биде штедлив уред кој во концепт е дизајниран да биде штедлив? Или тврдиш дека не е можен енергетски штедлив дизајн на комуникациски уреди?
Мислењето е автоматски споено:

Телефонов е класичен мобилен смартфон, буквално само го извадиле ЛЦД екранот и го замениле со е-инк. И на тој еинк они фураат ист анимациски GUI како на ЛЦД кој исто троши енергија без разлика дали ја менуваш содржината на приказот, или не... Дури ни контрастот на темата не е им е како што треба, мора хак и модифициран 3rd party launcher.

едит:
Ти инаку си користел некогаш во животот уред со еинк дисплеј? Јасно ти е ваљда дека приказот не троши енергија освен ако не ја менуваш содржината (што би се добило со GUI без анимации и слично)... Пошто ми се чини како да не ме разбираш што ти зборувам.
Секако дека екранот не е целата потрошувачка, ама е голем дел од неа. Освен тоа уред со енергетски штедлив дизајн би имал и други компромиси. На пример помалку би бил таблет а повеќе комуникациски и читачки уред.
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.575
19.283
Освен тоа уред со енергетски штедлив дизајн би имал и други компромиси
Да
И ќе се нарекува dumb phone!

Иначе не ми е јасна причава со e-ink и особини на смарт. Зошто некој би сурфал на еинк? (освен текстуална веб страна)
Според мене е-инк би требало да е некој хибрид на „глуп“ телефон и паметен (+ камера, месинџер, вибер, рудиментален прелистувач, калкулатор и такви ствари)
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.082
14.188
Мислам дека ова е промашена работа. Сакале да извадат нешто ново на пазар. Ама решението е нит вода нит киселина. За читање книги имаш е-инк. За се друго имаш стандарден телефон. Денес се со преку 2000 нити пик па може да се чита и на плажа. Бар јас ова никад не би го купил па макар и 100 евра да е цената.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.481
SK
Концептот има голема употребна корист. Замисли мобилен уред (не смартфон туку мобилен комуникациски уред), кој надвор на сонце има ОДЛИЧНА видливост. И батеријата му трае недела и повеќе со едно полнење.

Според мене е-инк би требало да е некој хибрид на „глуп“ телефон и паметен (+ камера, месинџер, вибер, рудиментален прелистувач, калкулатор и такви ствари)

Има веќе неколку обиди баш за такво нешто... Ама генерално не се ништо спектакуларно. И цените се ретардирано високи.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.379
5.513
Ти инаку си користел некогаш во животот уред со еинк дисплеј? Јасно ти е ваљда дека приказот не троши енергија освен ако не ја менуваш содржината (што би се добило со GUI без анимации и слично)... Пошто ми се чини како да не ме разбираш што ти зборувам.
Уредов работи, односно троши енергија токму онака како што пишував лани. Спротивно на твоите очекувања и тоа што го тврдеше. Ама јас не сум разбирал :LOL:

Секако дека екранот не е целата потрошувачка, ама е голем дел од неа. Освен тоа уред со енергетски штедлив дизајн би имал и други компромиси. На пример помалку би бил таблет а повеќе комуникациски и читачки уред
Ете се увери и сам колкав дел од потрошувачката отпаѓа на екранот.

Тоа ти што го бараш е е-читач со телефон. Значи не смартфон, веб прелистувач, софтвери за пишана или гласовна комуникација, ништо од тоа. Киндл со можност да се јавиш. Толку.
Ама па слични такви уреди имаше до пред 10-тина години и речиси преку ноќ се заменија со смартфони. Се наоѓа уште по некој и прилично се евтини. И батеријата им трае повеќе отколку на овој уред.

За смартфон со е-инк екран треба посебен оперативен систем прилагоден на спецификите на екранот или многу голема модификација на постоечкиве. И сите програми треба да бидат прилагодени кон барањата на оперативниот или да има по две верзии. Дури и да се најде некој сево да го направи, добивката во заштеда на енергија ќе биде минимална. Ќе трае 10-20% повеќе од сегашнава изведба. Затоа и никој не го прави. Да не се повторувам, објаснето е во претходните постови зошто.
 
stefan_mkd

lurker
18 март 2015
843
669
Во една тема кавга како Епл нема 120 херци, во друга се правда 1 херц на Хајсенс :)
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.481
SK
^^ Пошто не се разбира дека и 1 херц е повеќе од доволно, за спефицични намени и потреби.

Изгледа буквално не можеш да му го објасниш ова на некој што не земал вакво нешто во раце. Интересно е како се чудат луѓето кога уреди со е-инк екран ги распакуваат и гледаат слика на екранот. Мислат дека се вклучени уредите, и дека цел шипинг биле вклучени. Но уредите всушност се исклучени а слика има затоа што е-инк екраните не трошат енергија за покажување слика, трошат енергија само за менување на содржината на сликата.

Следствено уредот може да биде исклучен а екранот да покажува (статична) слика.
Следствено не ти треба никаков рифреш рејт, „рифреш“ треба да има само кога се менува содржината. Значи не анимации и eye candy заглупувања, туку директно менување на содржината од една состојба во друга.

Уредов работи, односно троши енергија токму онака како што пишував лани. Спротивно на твоите очекувања и тоа што го тврдеше. Ама јас не сум разбирал :LOL:
Па јaс не „тврдев“ како работи хајсенс телефонов. Јас генерално објаснувам како треба да работи енергетски штедлив уред со е-инк екран.
Толку не ја гледаш разликата, или со сила тераш инает? :)

Тоа ти што го бараш е е-читач со телефон. Значи не смартфон, веб прелистувач, софтвери за пишана или гласовна комуникација, ништо од тоа. Киндл со можност да се јавиш. Толку.
Дефинитивно не смартфон/таблет. Сепак треба да има: телефонска функција, комуникациски апликации (вибер/итн). Процесирачко неинтензивни а корисни апликации (кандидати има еден куп). Читање документи се подразбира.

Всушност повеќето работи за што се користи денес тоа што го нарекуваме смартфон, а кое во основа е таблет компјутер + телефон. Само без гледање видео и играње игри (освен некои што не зависат од рифреш рејт и процесирачка моќ).
 
gdamjan

poweruser
3 април 2008
4.061
3.508
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Зошто некој би сурфал на еинк? (освен текстуална веб страна)
не би у 99% од случаевите.

али ок е да има бразуер. ми се има десено да морам нешто баш на kindle-от да проверам на web.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.379
5.513
Па јaс не „тврдев“ како работи хајсенс телефонов. Јас генерално објаснувам како треба да работи енергетски штедлив уред со е-инк екран.
Значи како мали Џокица замишља свет.

Дефинитивно не смартфон/таблет. Сепак треба да има: телефонска функција, комуникациски апликации (вибер/итн). Процесирачко неинтензивни а корисни апликации (кандидати има еден куп). Читање документи се подразбира.

Всушност повеќето работи за што се користи денес тоа што го нарекуваме смартфон, а кое во основа е таблет компјутер + телефон. Само без гледање видео и играње игри (освен некои што не зависат од рифреш рејт и процесирачка моќ).
Така де, да не е смартфон, ама да ги има функционалностите на смартфон. :ROFLMAO:
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.481
SK
Така де, да не е смартфон, ама да ги има функционалностите на смартфон. :ROFLMAO:
Тоа што ти го замислуваш кога ќе кажеш „смартфон“, јас го викам таблет со SIM картичка.

Кажи ми зошто не би било можно било што од следново да биде фукционално на енергетски штедлив уред:
  • гласовна комуникација преку мобилна мрежа и VOIP
  • комуникациски апликации (Viber, Messinger, Whats'up, Skype, итн), без функционалност на видео повици
  • корисни апликации што не побаруваат голема процесирачка моќ, како калкулатор, белешки, календар со синхронизација со десктоп, маил, browser, GPS навигација
  • итн

Тоа што најчесто се користи на преносен мобилен комуникациски уред - тоа може да се изврши и на хардвер кој е конципиран на енергетски поштедлива работа, без голема процесирачка моќ.

Само игри што побаруваат процесирачка моќ, мултимедија во ултрависока резолуција и некои многу специфични апликации се зависни од најнов и најмоќен хардвер на мобилни телефони.
Проблемот се оперативните системи за мобилните уреди, и насоката во која се развиваат - eye candy во графичкиот интерфејс, и разноразни телеметрии и датамајнинг како примарна цел. Повеќето енергија иде на таквите срања. Како корисници повеќето сте навикнати и очекувате да добиете максимален eye candy во графичкиот интерфејс. Тоа ви е репер за „телефон“ а уствари сакате таблет телефон и тоа го викате „смартфон“. Но да се направи уред со е-инк екран, со GUI со минимални промени на содржината на приказот, без анимации итн, и сето тоа на енергетски штедлив SoC... на таков уред сето тоа што е погоре наведено, е можно. Енергетска штедливост и функционалност во исто време.

Јас надеж гледам во линукс дистрибуциите за мобилни телефони, и (малку) колку што погледав - има развој на тоа поле. Спор развој, ама развој. Ќе пробам во прва прилика кога ќе има релативни евтин уред на кој може да се стави Линукс, особено ако е со е-инк екран.

едит:
Значи како мали Џокица замишља свет.
Сepеш, ама ако тоа те забавља тогаш кој сум јас да те ометам. :)
 
Последна промена:

mdeni

senior
24 септември 2012
6.087
6.019
Garmin Fenix саатите се на тој принцип. Од друга страна Epix им се амолед.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.379
5.513
Тоа што ти го замислуваш кога ќе кажеш „смартфон“, јас го викам таблет со SIM картичка.
Ти можеш да го викаш како сакаш, тоа не значи дека нештото ќе работи или ќе се однесува како што ќе го викаш. Можеш и на кучето да му викаш „мац“, ама нема да почне да мјаука.

Кажи ми зошто не би било можно било што од следново да биде фукционално на енергетски штедлив уред:
  • гласовна комуникација преку мобилна мрежа и VOIP
  • комуникациски апликации (Viber, Messinger, Whats'up, Skype, итн), без функционалност на видео повици
  • корисни апликации што не побаруваат голема процесирачка моќ, како калкулатор, белешки, календар со синхронизација со десктоп, маил, browser, GPS навигација
  • итн
Па веќе ти кажав, сѐ е образложено во претходните постови, уште од лани. Се увери и сам со телефонот дека е така.

Имаш погрешна претстава за потрошувачката на енергија на поединечните компоненти и функционалности на телефонот. Оттука ти е забуната и погрешните очекувања.

Тоа што најчесто се користи на преносен мобилен комуникациски уред - тоа може да се изврши и на хардвер кој е конципиран на енергетски поштедлива работа, без голема процесирачка моќ.

Само игри што побаруваат процесирачка моќ, мултимедија во ултрависока резолуција и некои многу специфични апликации се зависни од најнов и најмоќен хардвер на мобилни телефони.
Проблемот се оперативните системи за мобилните уреди, и насоката во која се развиваат - eye candy во графичкиот интерфејс, и разноразни телеметрии и датамајнинг како примарна цел. Повеќето енергија иде на таквите срања. Како корисници повеќето сте навикнати и очекувате да добиете максимален eye candy во графичкиот интерфејс. Тоа ви е репер за „телефон“ а уствари сакате таблет телефон и тоа го викате „смартфон“. Но да се направи уред со е-инк екран, со GUI со минимални промени на содржината на приказот, без анимации итн, и сето тоа на енергетски штедлив SoC... на таков уред сето тоа што е погоре наведено, е можно. Енергетска штедливост и функционалност во исто време.

Јас надеж гледам во линукс дистрибуциите за мобилни телефони, и (малку) колку што погледав - има развој на тоа поле. Спор развој, ама развој. Ќе пробам во прва прилика кога ќе има релативни евтин уред на кој може да се стави Линукс, особено ако е со е-инк екран.
Се согласувам дека треба посебен оперативен прилагоден за е-инк екрани. Тоа и го пишав. И дека треба и посебни верзии од сите апликации што би имале употребна вредност на таков уред. И дека сето тоа многу малку ќе влијае на вкупната потрошувачка на тој уред, а драстично ќе влијае на функционалноста.
А бројот на целни корисници е незначителен.

Е сега, доколку се направи некаков пробив во технологијата со кој радио-комуникациските и другите големи потрошувачи незначително ќе трошат енергија, тогаш можеби ќе се доближи времетраењето на батеријата до твоите очекувања. Ама сѐ ова е што би било кога би било или како некој замислува како да биде.

Од друга страна, истото тоа ќе се примени и на смартфоните и повторно ќе дојдеме (останеме) на истото на кое што сме сега.

Размисли малку за сето ова и доста веќе се вртиме во круг.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.481
SK
Размисли малку за сето ова и доста веќе се вртиме во круг.
Ќе се вртиме, пошто релативизираш (вртиш во круг).
Компонентите и целиот смартфон (таблет) трошат толку колку што трошат затоа што се дијзанирани да трошат. Корисниците (повеќето нив) не ни знаат дека може и поинаку, па не бараат поинаку.

Се согласувам дека треба посебен оперативен прилагоден за е-инк екрани. Тоа и го пишав. И дека треба и посебни верзии од сите апликации што би имале употребна вредност на таков уред. И дека сето тоа многу малку ќе влијае на вкупната потрошувачка на тој уред, а драстично ќе влијае на функционалноста.
А бројот на целни корисници е незначителен.
Не треба многу за ова, промени треба само од аспект на GUI-то. Всушност ОС-от е тој што ги работи повеќето од тие работи за апликациите. Еднаш кога ќе има прилагоден ОС тогаш апликациите ќе се портираат/прилагодат релативно (по)лесно... Комбинирано со соодветен хардвер/SoC (на пример не ти треба 3D за е-инк GUI), подобрувањата и тоа како ќе бидат осетни.

Функционалноста апсолутно нема да биде значајно засегната. Освен ако за тебе „значајна фукционалност“ е анимација на текст при скролање наместо едноставен моментален page up/down (ова како пример го давам). Browser-от пак ќе го прелисташ со page up/down наместо анимиран скрол. Вестите/временската прогноза/итн ќе ги прочиташ. Текстот во маилот пак ќе го прочиташ... Со тоа што надвор на сонце ќе можеш ко човек да читаш, наместо да појачуваш светло и контраст на (енергетски захтевен) максимум. Или да се буташ во затворен простор за уредот да ти биде читлив а не мачење да го читаш.

Не знам дали си приметил, ама преносните уреди повеќе се користат надвор. И освен ако не си вампир (или тинејџер), надвор обично си дење а овде окулу ~300 денови во годината е сончево... Е-инк екран на мобилен уред има многу повеќе смисла од лцд и дериватите.
 
Последни теми

Офтопик

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно