Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Eink / Epaper смартфон од Hisense

Astro

Epic
20 јуни 2012
9.477
14.764
Ова би било добра идеја, со оглед на тоа дека ќе имаш телефон со батерија која ќе трае 5-10 дена. Е сега нема да го бива за мултимедиа и за камера ама да видиме дали ќе исфрлат комерцијален производ пошироко. Јас би го имал како втор уред и би го користел при патувања.
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.846
5.759

Мене ми се допаѓа во службен дел, највеќе заради видливост надвор на сонце, за мејлови, за телефон, за чат, и секако батерија. На пример во кафуле, плажа, и слично. Чувството на читање на дисплеј на сонце, со читливост на хартиена книга е ненормално добро.

Инаку они од А5 го прават ова, сега се до А9. И го тераат.

Еве овој зборува за спориот развој на еинк, бидејќи е само од една фирма реално:
View: https://www.youtube.com/watch?v=8Xr9X6cbQ68
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3.910
5.393
SK
Проблемот е што луѓево ги гледаат/разбираат уредиве како таблети со мултимедиа/гејминг намена (покрај основната), а не како комуникациски/телекомуникациски наменски уреди.

Инаку е-инк во комбинација со линукс за ОС би било супер.
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.846
5.759
Проблемот е што луѓево ги гледаат/разбираат уредиве како таблети со мултимедиа/гејминг намена (покрај основната), а не како комуникациски/телекомуникациски наменски уреди.

Инаку е-инк во комбинација со линукс за ОС би било супер.
Можеби личи дека е така, ама има и друг проблем. „Нејасност“ на уредот. Еве јас од мене тргам. Нејасен ми е системот, дали е андроид, што ли е, како работи, ќе ми ги отвара ли фајловите, ќе работат ли апликации, што ВСУШНОСТ е уредот. И тоа кога јас што ете ми фатило око не можам да одгатнам, тек па обичен корисник Ојле - пффф нема теорија да го погледне воопшто.

Значи, јасен - гласен оперативен систем. Јасен - гласен начин на работа и карактеристики. „Ама за другите нема такво“ - Нема зошто се подразбира, сите сме користеле Виндоус, Иос, Андроид и горе-доле знаеме што да очекуваме. Ама тука НЕ знаеме. Рефрешот не екажан од прилика како функционира. Сето ова треба да се бара од некои рандом Индиски ривјуери на јутјуб.

Инаку ме заинтригира што е HiSense а они се колку-толку активни кај нас и можеби ќе може ова да се добие или добива во иднина кај нас.
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3.910
5.393
SK
Android 11 велат спецификациите, значи апликациите не треба да имаат проблеми. Кинези се, може гугл плеј да им е забранет (јас лично и онака го избегнувам).

Рифреш рејтот е во неколку мода - ако си читал за е-инк екрани има опција брз рифреш со оставање малку артефакти - така работи технологијата „пикселите“ се партикли кои се горе (видливи) или доле (невидливи), зависно од поларитетот. Небитно, важно имаш да одбереш што ти одговара тебе.

Неколку работи се јасни:
  • ако ти треба мултимедија, филмови и видеа, ова не е за тебе
  • ако ти треба уред за комуникација (ама не видео) и за голем број апликации, ова ќе врши работа
  • автономијата е одлична, батеријата секако ќе трае многу подолго отколку на уред со лцд

Ѕирни го ова, за А5 е ама сеуште е релевантно:
View: https://youtu.be/kHBDNmOFKbA?t=496

Мислењето е автоматски споено:

Во ретроспектива на твојов пост, да ова е андроид телефон - и малтене се треба да исто само екранот му е е-инк наместо лцд. Се разбира може да го користиш и како е-бук ридер, апликации има мал милион.
 
Последна промена:

mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.846
5.759
Да, е андроид 11 го најдов на Алиекспрес околу 150еур е.
Инаку еве нешто ГЕНИЈАЛНО од наше време, рефлективен ЛЦД екран. Ги задржува сите можни предности на екранот само што наместо беклајт, рефлектира светло.
View: https://www.youtube.com/watch?v=AXHzY1IgJWw

Не е читлив како Еинк, ама е одличен за на отворено, за на плажа, за во кафич, за на тераса. Пришто самото тоа што нема беклајт, е страшно ефикасен во поглед на батерија. А и за разлиак од еинк си има рифреш рејт колкав сакаш. И секако панелот е скоро бесплатен.

Предобра идеја. Само да им текне и на нормалниве производители како Епл, Самсунг, Шаоми да извадат телефон од овој тип. :) Со ILLUMINATOR панел како на времето G-Shock кога револуција беше.

Ова е исто едно ненормално решение.
View: https://www.youtube.com/watch?v=pGSiJSrL69E
 
TylerMkD

Guru
7 ноември 2014
4.424
9.354
Ова би било добра идеја, со оглед на тоа дека ќе имаш телефон со батерија која ќе трае 5-10 дена. Е сега нема да го бива за мултимедиа и за камера ама да видиме дали ќе исфрлат комерцијален производ пошироко. Јас би го имал како втор уред и би го користел при патувања.

Ako ti e za telefon sto ne trosi baterija koga nema da go koristis, kupi si iphone
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.846
5.759
Ako ti e za telefon sto ne trosi baterija koga nema da go koristis, kupi si iphone
Телефон кој не троши батерија ДОДЕКА го користиш и тоа на отворено и на сонце додека го коростиш. Додека амоледите корнат ампери за 1800nits, ова дава 8000nits на отворено со 1/100 батерија.
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3.910
5.393
SK
Да, е андроид 11 го најдов на Алиекспрес околу 150еур е.
Мислам дека грешиш, или барем најевтино јас што најдов за А9 е ~235$.
Инаку сега му е мајката за нарачување кој е заинтересиран, пошто може да се добие и 16$ попуст за било што од Али над 80$. Јас нарачав Hisense А5, заинтригиран сум да видам како функционира комбинацијата е-инк на телефон.
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.846
5.759
Мислам дека грешиш, или барем најевтино јас што најдов за А9 е ~235$.
Инаку сега му е мајката за нарачување кој е заинтересиран, пошто може да се добие и 16$ попуст за било што од Али над 80$. Јас нарачав Hisense А5, заинтригиран сум да видам како функционира комбинацијата е-инк на телефон.
Грешам, грешам. 15000 мислев и тоа мозокот си го интерпретираше во 150еур. Да, 250еур. Ако можеш кажи кога ќе стигне многу ме интересира и би сакал да го видам. Особено ако има Гугл Плејстор.
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3.910
5.393
SK
Особено ако има Гугл Плејстор.

Овој модел наводно има, и очигледно е рутиран штом има. Зборев со продавачот, има кастом фирмвер ставено на телефоните. Ќе гледам да не заборавам да ти пишам (да го погледаш телефонот) пред да ги отстранам тие срања.

Поентата е во тоа што подобро е да се користат апликациите од Hisense. Зборувам за работи како календарот, lаuncher-от, итн. Пошто гугл апликации (и повеќето други) не се оптимизирани за е-инк приказ (настрана што секако избегнувам да ги користам). Овие на Hisense се дизајнирани за црно бел приказ, без градиенти/сенки, без анимации, итн. Ако си користел е-инк лесно ќе разбереш за што зборувам. Само се чудам зошто никако да направат полесна контрола во броусерите без скролање, само со page up/down, како што треба за е-инк.
Сегашниве е-инк екрани се еони напреднати од првите, ама ретко кој иде над ~10 фрејма во секунда.

Да не имаше полнач на 9 волти ќе го земев новиот А9 (со 6 гига рам). Полначот ги усложнува работите, гледам за патувања да ми се унифицирани уредите на ист тип полнач.

Мене ми е важно што во целата гама на Hisense е-инк телефоните од А5 наваму, кај сите има ист солиден DAC и наводно биле прилично добри со широк спектар жичани слушалки. Ако се испадне како што треба, нема да морам да влечам одделен DAP за жичаните слушалки (покрај блутут слушалките со ANC). Покрај фактот што со попустиве ми испадна ~146 долари, затоа го одбрав овој модел. Сега само да видиме батеријата да не деградирала за овие пар години во магацин (чукам во дрво).
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.846
5.759
Инаку и скролањето е океј, има Speed моде што многу добро функционира во нормалниот свет. Поготово за луѓе што транзитираат од 60+Hz кон Eink. Дури и камера ако упалиш си тера сликата.
И гледам дека А9 има 4000Mah батерија, ама не сум сигурен колку ќе држи таа батерија. Зошто некако како да не е премногу - според укажувања. Иако ривјуата се страшно оскудни и непостоечки. Најдов неколку места дека 3-4 дена трае батеријата.

Инаку за Гугл плејстор си требаат нормални апликации и да се апдејтуваат исите и да имаат функционални нотификации за да личи на нешто телефонот. Да не треба да го користиш како таблет/ридер туку како телефон. Имено сметам дека се клучни:
  • Whatsapp
  • Viber
  • Messenger
  • Chrome (заради синхронизација најави и лозинки)
  • Youtube
  • Instagram
  • Google Tasks
  • Mi Home
  • HCL Verse
  • Gmail
  • Kiosk sendvicara
  • and so on and so on - "Slavoj Zizek"
P.S. Еве го видео 5:40. Гоуста и све тоа, ама не е битно, се гледа и се слуша. Не си во темница без јутјуб или клипови ако ти пушти некој да ѕирнеш.
View: https://www.youtube.com/watch?v=eA5dIN3aS-o&t=207s
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3.910
5.393
SK
Ова преминува во дискусија за концепт на дизајн на кориснички интерфејс.

Да, еинк рефрешот може да се конфигурира во различни модови. Имаше хакови со рифреш модови уште на првите генерации на киндл (исто остава артефакти во приказот на келиите). Компромисот е побрз рифреш за малку артефакти, сосема разумен компромис и си има примена.

Се е тоа кул, но е-инк како технолигија треба да игра на силите/предностите не да инсистира на емулирање на лцд. Целиот концепт е што помалку скрин рифреш заради заштеда на енергија, и како избор на дизајн. На пример скролање како концепт си функционира но што му фали на page up/down како концепт?

Поназад спомнувате рефлективен ЛЦД, но осветлувањето е само дел од потрошувачката. ЛЦД матрицата сеуште ја „освежува“ матрицата, ја менува сликата минимум 60 пати во секунда. Чуму тоа за статичен тип на информации како текст. Зошто мора текстот да е анимиран како скрола горе долу со емулирана инерција. Мислам ок, сето тоа е визуелно кул но на крај функцијата е примарна и се жртвува енергија и батериите траат помалку, и сето тоа заради „кул“ фактор.

Секому неговото, но треба и да има избор да се одберат практичните опции. На пример обичен page up/down на содржина на веб страни или приказ на апликации, слично на приказот на книгите во ебук формат.

Да не бидам погрешно разбран: Побрз рифреш несомнено е корисна работа , ќе ми користи за зумирање ПДФ и стрипови, за ретко пуштање видеа во ситуации кога нема друг уред блуску, користење камера, итн. Од друга страна мене лично не ми треба скролање на текст и анимации во софтвер, или било што од визуелни ефекти. Повеќе би сакал да можам го исклучам тоа како опција и да направам уредот подолго да работи на едно исто полнење на батеријата.
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.846
5.759
Преднстите се тоа, особено читабилноста. Мене највеќе ми е за тоа. Да може на плажа/кафич како господин да прочиташ мејл, пораки, чатови се, а не да се погаѓаш со аглите, и контраст 0,001 на сонце и да се измачуваш - се додека и телефонот се измачува пумпајќи ампери од батеријата кон ледовите и беклајтите.
Предноста за мене е таа.

5oaum4h.png

Ова ми е мене предноста главна. А плус што во вакви услови треба да е баретијата х500 пати, пошто еинк во овие услови па апла најмалку троши, а другиве највеќе.

Ама толку слаб рифреш рејт бара посебни апликации, бара посебна пажња. И тоа накратко значи дека ќе пропадне. Ако се доближи рефрешот до нормален како со Speed mode значи дека во голема мера ќе може да се користат нормални апликации.
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3.910
5.393
SK
^^ Toa e тоа, гледано чисто од аспект на читливост и функционалност надвор на сонце.

Инаку кога би користел почесто уред со таков екран ќе разбереш што сакам да кажам дека треба да се работи со лимитацијата на помал рифреш рејт, а не против неа. Ваков дисплеј никогаш нема да го одбереш за гледање видео, освен накратко во специфични ситуации. Оксиморон е форсирањето висок рифреш рејт заради скролање и анимации во софтверот и ОС-от... Ама произведувачите баш тоа го форсираат, пошто муштериите тоа го бараат - не разбирајаќи дека е контрапродуктивно. Од една страна e-ink приказ никогаш нема да биде како лцд, од друга страна непотребно се троши енергија за да се гледа нешто што не личи на ништо - кога ќе се спореди со брзината и флуидноста на лцд. Се прави лош впечаток за e-ink како нешто инфериорно, споро. Сето тоа заради неинформираност и неразбирање.

Статичен концепт со page up/down GUI, без анимации, со чист линиски црно бел дизајн на GUI-то. Тоа би бил идеален концепт за e-ink уред. Ваљда ќе има повеќе опции како поминува времето.
Мислењето е автоматски споено:

едит: Веројатно многумина не разбираат што е муабетот. Е-инк не троши енергија за одржување видео приказ, троши енергија само кога го менува приказот. Значи може со години да држи иста слика и воопшто да не потроши енергија.

Еве мало објаснување од аспект на е-инк на телефон:

View: https://youtu.be/KAIHkawsEuo?t=622
 
Последна промена:

moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.910
4.733
Тешко дека ова ќе држи батерија колку е-читач откако ќе му се стави активна сим картичка и ќе биде постојано врзан на мрежа. И секојдневните активности, мејл, пораки, повици итн. значително повеќе го менуваат екранот отколку кај читачите. Дури и кога би имало посебни верзии кои би внимавале што помалку да се менува екранот.

Ќе трае нешто подолго од поштедлив смартфон и тоа најмногу заради тоа што нема да се користи како таков.
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3.910
5.393
SK
Имаат некој софтвер во фирмверот за штедење енергија, ако процесот/софтверот не ти е флегиран од тебе за да живее - системот ќе го убие. Во тој мод на работа, местиш кои апликации ти се битни а се друго се убива и не прави сообраќај.

Не си го погледал видеото, еве ти тајмстамп:
View: https://youtu.be/KAIHkawsEuo?t=1320

Тоа е една работа, друга е што не земаш во предвид како работи е-инк екран а како лцд. Едново рефрешира екран 60 пати во секунда, и мора да има активно осветлување. Другото ни едно од двете работи. Епа ако тоа не ти појаснува кое решение троши помалку енергија, тогаш чорба.

Ќе трае нешто подолго од поштедлив смартфон и тоа најмногу заради тоа што нема да се користи како таков.
Се зависи како поединец користи телефон. Мене и на ќумур телефони, батериите ми траат долго. Пошто избегавам да се понашам као зомби.

Ебук ридерот, деценија стар, батеријата му трае по недела-две и тоа на одмор кога се убивам од читање. Зборуваме за 4-8 часови активно читање.

Телефонот (со еинк) ете нека трае дупло пократко - ако морам да отварам маил и слично. Пак треба батеријата му трае 10x споредено со лцд уред.
 
Па ете баш во тој дел од видеото се гледа дека најголема потрошувачка е од вифи-то. Башка што телефонот е ставен во авионски режим. Таа гаси сѐ од апликации и практично го претвора во е-читач, затоа и е прикажано толкаво времетраење на батеријата.

Ако се остави да работи како нормален телефон, батеријата ќе се испразни за пар денови. Без оглед екранот колку бил или не бил активен. А уредот е телефон, значи треба да е достапен, да прима пораки, известувања и останати работи додека мирува. А во таков режим на работа нема теорија батеријата да трае 2-3 недели како на е-читач.

Подолго ќе да трае и затоа што заради природата на освежување на екранот ќе се користи само за најосновни работи, наместо вртење по социјални мрежи и гледање видеа. Едноставно ќе те тера да не го користиш :)

А и обичен смартфон со изгасени апликации, во авионски режим, нема да ја троши батеријата толку брзо. Ама така се губи поентата на уредот.
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3.910
5.393
SK
По истата таа логика, на таблет/телефон (со лцд екран) ако само читаш книги - батеријата ќе ти трае 2+ недели?
Пошто јас веднаш ќе ти кажам дека - нема. Been there, done that. :)

Проблемот ти е што не си користел е-инк уред и не ја разбираш филозфијата на концептот. Фак, од тоа што повеќето луѓе размислуваат така доведени сме до ситуација каде произведувачите упорно емулираат лцд концепт на приказ - на еинк екрани. Анимации на секој чекор, без никаква потреба освен што тоа е норма за модерните GUI на класичните уреди со лцд екрани.

Не е црно-бел муабетов. Пази, поентата е дека смартфон со еинк екран и GUI дизајниран да ги користи предностите на концептот - батеријата ќе му трае многу подолго отколку на ист таков уред со лцд екран (па сеедно како е дизајниран GUI-то на него). Затоа што лцд ја освежува сликата барем 60 пати во секунда (или повеќе), а еинк не мора да ја обнови сликата до следната промена во приказот. Ако читаш текст и направиш page down по 100 секунди, еинк екранот ќе направи само една промена за тие 100 секунди. ЛЦД екран за истото време ќе направи 6000 промени на слика. Притоа ќе мора и да одржува позадинско светло, нешто што еинк не мора да го прави во услови на нормално амбиентално светло во просторијата. Надвор на отворено? Еинк нема никаква потреба од заднинско светло, а лцд мора на макс да се постави осветлувањето. Огромни разлики во потрошувачка.

Јас ти ја разбирам логиката на размислување, ама ти не го разбираш муабетот.
Да во право си, ако уред со е-инк екран го користиш како што повеќето луѓе користат смартфон - батеријата нема да трае 2 недели, ќе трае неколку денови. Ама тоа сепак е неколку пати подолго од траењето на батеријата на уред со лцд екран.

Останува на тебе да го промениш начинот на користење на телефонот, и може да добиеш многу долго траење на батеријата. Не, тоа не значи дека уредот ќе го користиш како таблет/читач. Значи дека не мора 24/7 да си онлајн конектиран и да имаш дузина апликации активни. Кога ќе ти затреба функционалноста е тука во истиот уред. А ако мораш, 24/7 да си онлајн конектиран и да имаш дузина апликации активни, пак уред со еинк екран батеријата ќе му трае многу подолго.

Различни алатки за различни намени.
Тоа е поентата.

Да, сличен ефект може да добиеш и со уред со лцд екран ама придобивките ќе бидат многу помали. Затоа што енергетските потреби за лцд приказ се многу поголеми. Само прашање на време е кога Кинезите ќе се сетат да понудат е-инк телефон со предимензионирана батерија (како што има за класичните смартфони). Тогаш ќе се видат разликите во право светло. На некои од нас батериите ќе ни траат по пола месец до месец дена.

Ако се остави да работи како нормален телефон, батеријата ќе се испразни за пар денови. Без оглед екранот колку бил или не бил активен.
Останува да пробаш и да провериш (вака на памет зборуваш).
 
moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.910
4.733
По истата таа логика, на таблет/телефон (со лцд екран) ако само читаш книги - батеријата ќе ти трае 2+ недели?
Не бе, нешто погрешна ти е логиката.

Проблемот ти е што не си користел е-инк уред и не ја разбираш филозфијата на концептот.
Не, туку проблемот е што поаѓаш од погрешни претпоставки и затоа неминовно доаѓаш до погрешни заклучоци.

Не е црно-бел муабетов. Пази, поентата е дека смартфон со еинк екран и GUI дизајниран да ги користи предностите на концептот - батеријата ќе му трае многу подолго отколку на ист таков уред со лцд екран (па сеедно како е дизајниран GUI-то на него). Затоа што лцд ја освежува сликата барем 60 пати во секунда (или повеќе), а еинк не мора да ја обнови сликата до следната промена во приказот. Ако читаш текст и направиш page down по 100 секунди, еинк екранот ќе направи само една промена за тие 100 секунди. ЛЦД екран за истото време ќе направи 6000 промени на слика. Притоа ќе мора и да одржува позадинско светло, нешто што еинк не мора да го прави во услови на нормално амбиентално светло во просторијата. Надвор на отворено? Еинк нема никаква потреба од заднинско светло, а лцд мора на макс да се постави осветлувањето. Огромни разлики во потрошувачка.
Така е.
Да во право си, ако уред со е-инк екран го користиш како што повеќето луѓе користат смартфон - батеријата нема да трае 2 недели, ќе трае неколку денови. Ама тоа сепак е неколку пати подолго од траењето на батеријата на уред со лцд екран.
Така е. Иако тоа неколку пати е прилично недефинирано.

Останува на тебе да го промениш начинот на користење на телефонот, и може да добиеш многу долго траење на батеријата. Не, тоа не значи дека уредот ќе го користиш како таблет/читач. Значи дека не мора 24/7 да си онлајн конектиран и да имаш дузина апликации активни. Кога ќе ти затреба функционалноста е тука во истиот уред. А ако мораш, 24/7 да си онлајн конектиран и да имаш дузина апликации активни, пак уред со еинк екран батеријата ќе му трае многу подолго.
Тоа е поентата на телефон, да биде постојано достапен. А за жал, тоа троши батерија, го користел или не го користел.
Но, ако тебе ти е доволно да си достапен неколку пати дневно по неколку минути, ок е. На многу не им е. Но ни сега никој не те спречува така да го користиш телефонот, во авионски режим. Значително ќе му се зголеми времетраењето на батеријата.

Да, сличен ефект може да добиеш и со уред со лцд екран ама придобивките ќе бидат многу помали. Затоа што енергетските потреби за лцд приказ се многу поголеми. Само прашање на време е кога Кинезите ќе се сетат да понудат е-инк телефон со предимензионирана батерија (како што има за класичните смартфони). Тогаш ќе се видат разликите во право светло. На некои од нас батериите ќе ни траат по пола месец до месец дена.
Тоа сакам да укажам, дека нема шанси батеријата на телефон со е-инк екран да трае колку што истата батерија трае на е-читач. Ни приближно.

Да, подолго ќе трае од обичен телефон. Најмногу затоа што не може да се користи како таков, бидејќи еден куп апликации и примени нема да имаат смисла да се користат. Што пак го сведува уредот на е-читач со додатни можности, кои се далеку од тие на модерен смартфон.

Ама секому според потребите и барањата, добро е кога има избор.
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3.910
5.393
SK
Се разбира дека е недефиниран муабетот... Кажи ми дефиниција за телефон. Уред за гласовна комуникација? Минијатурен преносен компјутер со тач скрин гуи и постојана интернет конекција? Нешто помеѓу двете?

За мене е првото, уред за ласовна комуникација. Повремено интернет конекција е корисна, но не неопходна. Секако не 24/7 поврзаност. За тебе е поинаку? Ок.

Сигурно си слушнал за концептите како light phone?
Биваат популарни за куп луѓе што се свесни за постоењето на зависност од смартфон/интернет/социјални мрежи, луѓе на кои им станува јасно дека тоа не води кон ништо добро. И навистина, огромен дел од луѓето што се класични корисници на смартфони воопшто немаат никаква практична/професионална/реална потреба од 24/7 поврзаност и достапност на социјални мрежи, итн.

Застранивме во муабетот. Тоа е само еден аспект од она за што сакав да зборувам, но ќе престанам/застанам целосно за тоа, и ќе се фокусирам само на конкретниов уред и општо на е-инк приказот на слика.

Тоа е поентата на телефон, да биде постојано достапен. А за жал, тоа троши батерија, го користел или не го користел.
Но, ако тебе ти е доволно да си достапен неколку пати дневно по неколку минути, ок е. На многу не им е. Но ни сега никој не те спречува така да го користиш телефонот, во авионски режим. Значително ќе му се зголеми времетраењето на батеријата.
Па не, достапен за повик можеби но не и 24/7 интернет поврзаност и достапност на социјални мрежи. Но реков дека не сакам да се враќам на застранувањето од погоре. Ти едноставно не разбираш дека е-инк е фундаментално поштедлива технологија на приказ. Таква е сама по себе гледано, без разлика за што ти ќе го користиш уредот.

Освен тоа телефонов А5 има интересен мод на работа каде ги исклучуваш сите апликации од нет пристап, освен неколку што рачно ќе ги одбереш. И повремено се поврзува на нет и добиваш апдејти и нотификации од комуникациите, маиловите, итн. Дури има и фајервол за подесување интернет пристап.

Сето тоа оди во прилог на тие што сакаат контролиран нет пристап и трошење на времето и на други работи освен на зависност од социјални мрежи.

едит: И повторно ти кажувам, зами да читаш книга во ебук формат - прво на лцд таблет - па потоа земи читај ја истата книга (ок, некоја друга со сличен број страници) на ебук ридер со еинк приказ, и по искуството кажи ми пак дека „нема некоја голема разлика“ во траењето на батериите.
Истата работа ќе биде извршена на тие два различни уреди, а сепак ќе има огромна разлика во траењето на батериите. Епа ако истиот заклучок не можеш да го преведеш и во други типови на работи/таскови, тогаш едноставно не разбираш и имаш предрасуди.

Пази едно е да кажеш дека начинот на кој работи еинк приказот не ти одговара за потребите/вкусовите/хировите, а друго е да носиш погрешни заклучоци колку трошат енергија двата концепти на приказ на слика.
 
Последна промена:

moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.910
4.733
Значи или не сакаш или не можеш да разбереш. Затоа што ништо не кажав од тоа што ти си заклучил.

Апстрахирај го комплетно екранот. 0 потрошувачка. Трошат останатите елементи со кои овој уред имитира смартфон. Поврзаноста на мобилна мрежа напр. еве не мора ни на интернет да е поврзан.

Да. можеш сѐ друго да исклучиш, ама тогаш само го сведуваш на е-читач, без и оние малку функционалности од смартфон. Кој патем може да се користи за многу други многу полезни работи освен социјални мрежи, кои не можат на овој уред.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.285
Мислења
977.829
Членови
35.577
Најнов член
OLIVER STANKOVSKI
На врв Дно