xenon
нуспојава
Гуглав "bullet dodging drones" и не најдов на нешто поконкретно сепак ај да направиме една тема базирана околу хипотетичко сценарио: Неуништлив дрон од конвенционално оружје (проектили од автоматско оружје на пример - стандарден арсенал кај секоја армија).
Филмови како Matrix, Еquilibrium донекаде, игри како Max Payne и сл. донесоа кул ефекти, т.н. Bullet time, во кои на интересен начин се прикажува забавено време во кое главниот протагонист има можност за искалкулира/анализира постоечка траекторија на испален проектил (куршум) и да се истави/ја избегне неговата патека, т.е. bullet dodging, aка избегнување куршуми.
Ова, барем засега, на еволутивното ниво на кое се наоѓаме е невозможно. Просечна брзина на реакција (средна вредност) на човек е 215 милисекунди.
Куршум патува со брзина од 1066 - 1524 метри во секунда.
Ова од прилика значи дека на растојание од 200 до 300 метри, зависно од проектилот, куршумот е побрз од реакцијата на човекот. Над тоа растојание пак исто не е многу битно, звукот кој проектилот го создава патува со брзина од 343 метри во секунда што значи исто му доаѓа, се работи за разлика од 43 до 100 милисекунди односно дупло помалку од просечната брзина на реакција, што значи и најдобриот во категоријата "брзи рефлекси" освен ако не се работи за среќа нема време да реагира на проектил испален од добар снајпер на 2 километри раздалеченост.
Е сега, што бара темава на IT forum. Дроновите завземаа замав последните години. Ништо неочекувано ќе биде ако војните во иднина ги водат гејмери кои контролираат по некој свој дрон. По youtube се вртат некои весели амери кои со своите автомати ќе пукале и ќе соборувале дронови кои им кружеле над главите додека овие си ги онаделе женичките.
Но дали е можно да се создаде дрон кој ќе биде неуништлив барем од конвенционално оружје?
Се се сведува на една работа: Времето на реакција да биде помало од растојанието на кое дронот е ефективен (дистанца од целта) и сумата од (брзина на реакција на човек + брзина на проектил што тој човек ќе го испали одкога ќе го види дронот и ќе реши да го собори).
Тоа значи дронот да има техничка способност да го лоцира изворот на агресија (оние што го напаѓаат) - нешто кое е прилично лесно, комбинација од повеќе-дирекциони микрофони и сонар.
Потоа, со помош на камера, која снима со 1000ници фрејмови во секунда да креира траекторија по која проектилот се движи, да ја анализира и да процесира патека на движење различна од онаа на проектилот. Доколку траекторијата е позната, 6-8-Х електромотори кои новите дрончиња ги користат во многу мал дел од времето се способни да направат брзи промени на леталото.
Времето на реакција за нас (луѓето) зависи од нашите рефлекси, кои пак зависат од информациите добиени од нашите сетила и се процесираат од мозокот се рализираат преку моториката. Усовршен дрон хипотетички може да неутрализира цела тим конвенционално вооружани луѓе чисто играјќи на картата брзи рефлекси.
Лично не верувам дека сме далеку од ова сценарио. Во автомобилската индустрија ако не се лажам веќе се вградува слична технологија која има за цел да го намали времето на реакција потребна на човекот за избегнување на незгоди, каде преку запирање/забрзува и сл. контрола врз возилото во критични моменти дозволува компјутерот да превземе контрола врз серво управувачот/кочниот систем итн. да избегне пешак/животно/друг автомобил и сл. како и комплетно автоматско управување (автопилот) на долги релации, во градски сообраќај и на отворено (има видеа од S класа мерцедес на youtube).
Значи: Bullet Dodging Drones - реалност во блиска иднина или фикција?