Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Цензура

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.666
3.264
Баш убаво го дефинираше планов во една реченица. Тие што шират лажни вести и дезинформации ја менуваат реалноста во своја корист и сега има барем некаков обид да се стави крај на тоа.
Се разбира дека треба претпазливост и дека има простор за злоупотреба, ама тоа не значи од старт да се сече и веднаш да се етикетира како "закон за цензура" и "загрозување на слободата на говор"!

А тоа дали има потреба или нема потреба е само твое лично мислење, смешно е толку сигурно да го претставуваш како непобитен факт.
Ајде вака.
Историјата и моите роднини ми кажуваат како биле прогонети од Кукуш.
Новата историја и пропаганда го негира тоа.
Ко ќе објавам своја историја, ќе бидам фејкњуз?
Марш бре!

Примерот е добар ама да треба непристрасно сите вести шо се фејк да се разглабаат и мора казни и дури и затварање на портали кои манипулираат и пласираат информации. Претеризам е ова веќе.

Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
Тоа е цензура.
Кој е меродавен?
 
Изменето од модератор:

toshex

the fool
18 септември 2013
6.608
8.255
Мелмак
Ајде вака.
Историјата и моите роднини ми кажуваат како биле прогонети од Кукуш.
Новата историја и пропаганда го негира тоа.
Ко ќе објавам своја историја, ќе бидам фејкњуз?
Марш бре!
историја не е њуз. ти ја сфаќам поентата али бидејќи историја стално ќе се толкува различно за политички цели тоа е повеќе глобална политика и жонглирање него ли наука поткрепена од факти. колку е постара историјата толку е повеќе субјективно толкувана, помалку поткрепена со факти и докази, и толку е поосетлива.

Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.620
19.359
Само процедурално да кажам...

Амант бе луѓе со тоа километарските постови! Кој има живци да ги чита вашите тиради? Особено на ова жешково.
Изгледа дека дома не ве онадат 2% па сега се вежбате овдека.

Земи напиши кратко и готово! Подобро повеќе пати кратко отколку да читаме колумни со вашите петпарачки филозофии.
Да сум безобразен би ги посочил двајцата ама не сум безобразен и нема да ги посочам. Ги знаете кој се. Калимеровци!

Ајт!
 

toplel

user
18 август 2016
1.061
1.546
Аку прочитавте кој ќе оценува што е вистина, а што лага (две релативни работи), претставниците се (цитирам): Владата, Претседателот на РСМ, Претседателот на Владата на РСМ, Собранието на РСМ, Кабинетот на министерот задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, МВР, MO, МНР, МИОА, Управата за безбедност и контраразузнавање, Агенција за разузнавање и други (завршен цитат). Како тоа одеднаш се загрижени за приватноста и дезинформациите, а тие ја нарушуваа со т.н. „бомби“? И тоа е објективност, непристрасност? Тоа се луѓето што ќе одлучат што е лажна вест?

И да дојдат други, трети - осми. Ситуацијата ќе е иста.

Ова е само политичка кампања, а кај што има политика нема непристрасност. Не сте биле во ситуација кај што и двајца биле во право? Не постои дефинирана арбитража со релативни/променеливи работи. Конктекстот е важен.

Исто со т.н. „говор на омраза“. Релативна работа. Моралот и етиката не се универзално прифатени вредности. Двете се ствар од субјективна природа и како тогаш ќе имаме неутрална арбитража?
 
Последна промена:

toshex

the fool
18 септември 2013
6.608
8.255
Мелмак
Тотално е така ама ова е веќе политичка дискусија.

На тема дали цензура е лошо: да.

Дали лажни вести се лоши: да.

Дали говор и повикување на омраза е лошо: да.

Овие три точки се кристално јасни и не треба дебата. А кој ќе одлучува за нивната дефиниција, како секој од нас ќе си окарактеризира шо е шо и така натака е пресубјективно или премногу у домен на политика и не е за дебатирање тука (според мене).

ЕДИТ: исправка на печатни грешки.

EDIT: Flegma цензурира долги постови хахахаха!

EDIT сериозен: Прашањата дали е цензура ако отстраниш говор на омраза, или лажни вести се премногу во домен на филозофија и политика, и тоа на ниво на дали земјата е рамна.

Ако јас отидам кај некој пред порта со мегафон, и му трубам навреди и пцовки цел ден, дали е цензура ако ми викне полиција пошо нарушувам јавен ред и мир и плус му се заканувам и го пцујам?

Едноставно е, работите си имаат пресиден. Се дури не е незаконско и лошо, можеш да си кажеш и правиш шо сакаш.

Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
 
Последна промена:

NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.658
6.945
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
Ајде вака.
Историјата и моите роднини ми кажуваат како биле прогонети од Кукуш.
Новата историја и пропаганда го негира тоа.
Ко ќе објавам своја историја, ќе бидам фејкњуз?
Марш бре!

Примерот нема врска со предложениот план за борба против лажните вести. Мислењето ти е вакво од многу читање на фејкњуз портали. А и начинот на однесување исто.
 

windows8

lurker
12 февруари 2012
790
1.037
Скопје
windows8's setup  
Motherboard
MSI B350 PC MATE
Keyboard
CANYON
Monitor
DELL P2416D
OS
Windows 10 x64
Примерот нема врска со предложениот план за борба против лажните вести. Мислењето ти е вакво од многу читање на фејкњуз портали. А и начинот на однесување исто.
И викаш Доналд Трамп на изборите победи заради дечките од Велес што правеле фејк њуз?
Кај нас фејк њуз се лажовите, криминалците мафијата што владее, јавно со докази снимки фатени, на чело со најголемиот преварант и лажов во историјата на човечтвото.
Е сега тие истите ќе кажуват што било фејк њуз.
Фашизам!
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.620
19.359
И викаш Доналд Трамп на изборите победи заради дечките од Велес што правеле фејк њуз?
Заради повеќе дечки како тие од Велес.
Нормално, како кец на десетка му дојде тоа што на народот таму му имаа допи*дено лоповите од претходните администрации.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.666
3.264
Примерот нема врска со предложениот план за борба против лажните вести. Мислењето ти е вакво од многу читање на фејкњуз портали. А и начинот на однесување исто.
Тоа што не знаеш да разграбичиш слобода од цензура ти е од долга изложеност на пропаганда. Гуташ без да размислиш.
Ако веќе не разбираш, не се мешај.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.811
6.511
SK
Ако низа големи портали почнат да објавуваат вести дека гиганти во ИТ индустријата ги продаваат своите крипто валути и дека се очекува пад и тоа доведе до пад на валута...
Пласирање на лажни информации може да се искористи за финансиска или емотивна па и физичка манипулација, штета, уцена итн.
Никој нема да ја спори криминалноста во тој акт.
Но мислам дека ја промашуваш целта (како и повеќето други).

Manipulation
Ова е криминалното дело за кое зборуваш. Сигурен сум дека постои и во нашите закони.

Но ние со меркиве за укинување на слободата на говор не зборуваме за заштита од финансиски и други манипулации (за што постојат инстутуции кои се справуваат со таквите криминали). Зборуваме за цензура. За бланко укинување на цело едно човечко право на изразување - на сите луѓе, затоа што некој поединец тоа право може да го злоупотреби (за финансиски добивки, ширење лажни вести, итн).

Токму тука е проблемот со сето ова. Предвремено (preemptive) делување со кое за наводна „придобивка“ од заштита од некакви лажни вести, се цензурира и се скратува слободата на говорот... Една банална паралела би била, на пример како да им забраниш на луѓето да купуваат во продавници - заради тоа што некои од нив се крадци и може да украдат нешто (нели предупредив дека паралелата ќе биде банална). :)

Најголемиот дел од примерите што овде и на други места се даваат (за оправдување на меркиве за цензура) се веќе покриени со законски акти и легислативи. Интересно е зошто нема повеќе чудење зошто (наместо носење на нови измишљотини) постоечките закони не се спроведуваат, како што долкува на озбилна држава. Или па баш тука е проблемот, колку ние овде имаме озбилна држава? ;)


А јас нема да читам "промовираат цензура" зашто, пак ќе ти кажам, тоа е ТВОЕ гледиште, а не фактичка состојба. Ти немаш ниту еден доказ, пример или било што друго што ќе ги потврди и поткрепи твоите тврдења и наводи дека овие мерки ќе доведат до цензура и ќе ја загрозат слободата на говор. Сѐ што правиш е изнесување на твои лични ставови кои се изградени врз основа на некои претходни искуства.
Мислам дека упорно зборуваш за мислење, и тој поим го мешаш со поимот факт.
- точно се знае што е факт
- точно се знае што е мислење

Можеш да прочиташ објаснување и за поимот „цензура“, и потоа биди љубезен па добиеното сознание примени го на акциите со кои ќе се врши наводната „борба против лажните вести“... Кажи ми после дека тоа не е цензура. :)


Живееме во надеж, нели, дека тоа ќе се смени. Ако досега било така тоа не значи дека сигурно и во иднина истото ќе продолжи. Затоа, како што реков, треба претпазливост.
Без навреда друже, но ми личиш на еден од оние кои на сите избори повоторно и повторно гласаат за иста партија (или алтернираат меѓу една од двете најголеми), и сето тоа со нереална желба дека: „Живееме во надеж, нели, дека тоа ќе се смени“. Дури и ако ништо (на подобро) не се менува, со години и децении.

Завршуваш со повик на претпазливост, но ти самиот воопшто не си претпазлив кога вака со раширени раце прифаќаш намалување (кое иде кон укинување) на цело едно човечко право, на слобода на изразување.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.811
6.511
SK
Oва веќе е очигледен обид да се провоцираат модераторите за да ја затворат темава, или да избришат значаен дел од неа... @JasSum не гледаш дека те провоцира за понатаму да го ескалира конфликтот и да ја затворат темава?

Да се задржиме на темата а тоа е цензура. Тие што провоцираат или не разбираат (пошто се неуки и необјективни), секако ќе продолжат да провоцираат и да одат во офтопик (и тоа политички). Да ги оставиме тие што им е тоа работа, да се справуваат со модерирање на ова.
 

Mao

user
5 јуни 2007
1.342
1.094
Mao's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 3900X + BeQuiet Dark Rock Pro 4
Motherboard
Asus Rog Strix B450-F Gaming
Storage
Samsung Evo Plus 970 M2 nVME SSD
PSU
CM 850W M2 Silent Pro
RAM
Kingston Predator/Fury 32GB 3200Mhz
Video card
Asus Rog Strix 1070 8GB
Case
DeepCool Mattrex RGB
Mouse
Logitech G502 Hero
Keyboard
Cooler Master MK750
Monitor
Alienware 25" 240hz
OS
Win 10 Pro
Oва веќе е очигледен обид да се провоцираат модераторите за да ја затворат темава, или да избришат значаен дел од неа... @JasSum не гледаш дека те провоцира за понатаму да го ескалира конфликтот и да ја затворат темава?

Да се задржиме на темата а тоа е цензура. Тие што провоцираат или не разбираат (пошто се неуки и необјективни), секако ќе продолжат да провоцираат и да одат во офтопик (и тоа политички). Да ги оставиме тие што им е тоа работа, да се справуваат со модерирање на ова.

Не го провоцирам другар ти, не се секирај. Ја само одговарам на коментарите напишани погоре. Или тие коментари ви идат у прилог на темава а моите се провокација?

Не се обидувај да ме дискредитираш со вакво "фино понашање" демек ја сум лош, неук и необјективен. Си ја вртите водата како на вас ви одговара и имплицирате некои анегдоти од турско време и наметнувате идеали напротив некои работи кои што до некна не ви сметаа кога имаше вистински цензури и убиства на новинари.

Едит: Ако сум ја проблем, модераторите нека ги избришат моите коментари ОДМА, а не поголемиот дел од оваа сочна, плодна и објективна дискусија :D
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.811
6.511
SK
Ме персираш кога ми се обраќаш во множина? :)

Или прејудицираш дека спаѓам во некоја „група“?
Тоа е проблемот со трајбализмот, гледање во црно-бело и сите што не се во твојот клан - тие мора да се во тој противничкиот клан (или партија во муабетов).


Друже, зошто мислиш дека не е можно да јас лично (значи не некоја партија), баш јас лично да бидам против цензура? И тоа не заради некаква лична корист, туку заради тоа што не сакам да се прекршува основно човечки право - право на слобода на говор?

Само заради тоа, автоматски сум припадник на политичка партија?
Каде отиде размислувањето со сопствената глава, кога дојдевме до ова?



едит:
Може да се заклучи темава.
Јасна ти е целта (и не само тебе). Нејсе, ние што сме овде дојдени за дискусија можеме само да се надевема дека модераторите нема да паднат на вакви провидни агенди.


Едит: Ако сум ја проблем, модераторите нека ги избришат моите коментари ОДМА, а не поголемиот дел од оваа сочна, плодна и објективна дискусија :D
Не само тоа, туку всушност би требало и да те банираат од дискусијава на некое време, ако сакаат да си заштедат работа со модерирање политички офтопици. :)
 
Последна промена:

Mao

user
5 јуни 2007
1.342
1.094
Mao's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 3900X + BeQuiet Dark Rock Pro 4
Motherboard
Asus Rog Strix B450-F Gaming
Storage
Samsung Evo Plus 970 M2 nVME SSD
PSU
CM 850W M2 Silent Pro
RAM
Kingston Predator/Fury 32GB 3200Mhz
Video card
Asus Rog Strix 1070 8GB
Case
DeepCool Mattrex RGB
Mouse
Logitech G502 Hero
Keyboard
Cooler Master MK750
Monitor
Alienware 25" 240hz
OS
Win 10 Pro
Ме персираш кога ми се обраќаш во множина? :)

Или прејудицираш дека спаѓам во некоја „група“?
Тоа е проблемот со трајбализмот, гледање во црно-бело и сите што не се во твојот клан - тие мора да се во тој противничкиот клан (или партија во муабетов).


Друже, зошто мислиш дека не е можно да јас лично (значи не некоја партија), баш јас лично да бидам против цензура? И тоа не заради некаква лична корист, туку заради тоа што не сакам да се прекршува основно човечки право - право на слобода на говор?

Само заради тоа, автоматски сум припадник на политичка партија?
Каде отиде размислувањето со сопствената глава, кога дојдевме до ова?



едит:

Јасна ти е целта (и не само тебе). Нејсе, ние што сме овде дојдени за дискусија можеме само да се надевема дека модераторите нема да паднат на вакви провидни агенди.



Не само тоа, туку всушност би требало и да те банираат од дискусијава на некое време, ако сакаат да си заштедат работа со модерирање политички офтопици. :)

Ја не те ставив тебе у склоп на политичка партија, нити @JasSum , туку другиот виндоус што го цитирав. Другар ти ми нарипа на мене, а вие ако сте се пронашле у нешто незнам, сажељавам.

Тебе правото на слобода на говор никој не ти го крати, како индивидуа или јавна фигура. И тука не станува збор за цензура на кој што кажал или напишал на фејсбук и вие тоа многу добро го знаете.

Ако сметаш дека не треба да има никаква контрола над тие порталчиња ака медиуми / весници / гласила и кој што сака да си пишува, онда не се слагам со тебе. Треба да има контрола, пошто неможе медиум независно дали е тв или портал или пишан весник така нон шалантно да шири дезинформации и да се повикува на некои извори од сумњиви профили на фејсбук и слични.

Апсолутно те поддржувам во намерата да размислуваш со своја глава. ДА, има простор за манипулации од страна на тие што ќе се надлежни и слично, ама тоа додека не се случи и докаже, и народот не го увиди, џабе зборите тука. НА НЕРОДЕНОГА ПЕТКА КАПУ МУ КРОИТЕ - што би кажале ние Кумановци.

Не падајте у несвест за нешто што не се случило уште. Темава личи на пропаганда, луѓе одма имплицираа политички партии, овој оној, лопов, фашиста, протерувања и слично.

Во Австралија медиум пиша погрешно име за сурфер кој се удавил, и платија казна и 2 месеци се извинуваа јавно и на живиот и на мртвиот. Зашто се професионални, имаат морал и етика и кодекс на работа. А тука во државава пошто секој гледа да спечали на најлесен и најнечесен начин, не им е гајле дали ги трујат мозоците на народот со невистини и слично, битно е да се инкасира.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.620
19.359
EDIT: Flegma цензурира долги постови хахахаха!
Едниот се позна самиот. Останува да се пријави стручњакот за СВЕ!

Иначе на онолку мутен предлог закон може да се развие било каква дискусија за било што поврзано за било каков говор.
Нели ја гледате намерата на законот или сите до еден во оваа тема сте аџамии и полетарци кои не сакаат да размислуваат со своја глава.

Твитер генерацијо..
 

NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.658
6.945
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
Тоа што не знаеш да разграбичиш слобода од цензура ти е од долга изложеност на пропаганда. Гуташ без да размислиш.
Ако веќе не разбираш, не се мешај.

Ова истово за тебе важи, како сам за себе да го напиша.
Сега ми текна еден пример за лажни вести. Во темата за камери во кола ти пред некое време пренесе лажна вест напишана на одреден портал дека полицијата ќе ги казнувала тие што имаат камери и снимаат. Во таа статија законот беше погрешно протолкуван и буквално беа измислувани работи кои не се точни. Потоа ти беше претставен цитат од тоа како всушност стои во законот, но ти продолжи да си трубиш. Така да не знам кој "гута" пропаганда :).
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Истото сњ деси и со темата за 5г, лица со одземена спосовност за своја воља не исплика, се изнатресоја и на крај си заминаја демек јаки фраери.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.811
6.511
SK
^ ^
Таму на 5Г темата уште ги чекаме одредени ликови да се изјаснат за купот изнесени докази и научни студии за штетноста. Но којзнае, можеби се само флегмастични (pun intended) и уште ги читаат... Само ајде да останеме на темава и да не дигресираме.



Ако сметаш дека не треба да има никаква контрола над тие порталчиња ака медиуми / весници / гласила и кој што сака да си пишува, онда не се слагам со тебе. Треба да има контрола, пошто неможе медиум независно дали е тв или портал или пишан весник така нон шалантно да шири дезинформации и да се повикува на некои извори од сумњиви профили на фејсбук и слични.

„Контрола“?
За каква контрола зборуваш?

Законска контрола, контрола на прекршување на постоечки закони и легислативи за објавување на содржини со клевети, закани, повикување на насилство... За таква контрола зборуваш? Пошто за тоа постои контрола, државата поседува институции како Судството, кои се грижат (или барем треба да се грижат) за почитување на правото и законите.


Но ти не зборуваш за тоа.
Ти зборуваш за контрола на содржината на тие т.н. медиуми. Тука е проблемот. Наведените „портали“ (читај евтини веб сајтови) имаат право да објавуваат секакви бљувотини од текстови - пази - без никој да ги контролира што пишуваат СЕ ДОДЕКА НЕ ГИ КРШАТ ЗАКОНИТЕ НА ДРЖАВАТА. И не, не ми се заглави капс-локот, намерно напишав во аперкејс за да обрнеш внимание на разликата што е кршење на закон, а што е пишување содржини кои на некој не му се допаѓаат.

Пошто и мене не ми се допаѓаат содржините од таквите бедотии од сајтови, но дури и тие такви какви што се, имаат право на слобода на изразување. Без разлика што на некој не му се допаѓа тоа.

Тоа ти е слобода на говор.
Ако слобода на говор е исклучиво само да се зборуваат паметни работи, ќе треба да ги замолчиш 99.99999% од луѓето на планетава. Со среќа во обидот.




Ја не те ставив тебе у склоп на политичка партија...

Тебе правото на слобода на говор никој не ти го крати, како индивидуа или јавна фигура. И тука не станува збор за цензура на кој што кажал или напишал на фејсбук и вие тоа многу добро го знаете.
Друже, дај не заебавај. Како не ме ставаш во склоп на нешто, читај се малку што пишуваш.
Упорно ме ставаш во во некоја множина.

Пример си за трајбализмов што преовладува насекаде, работиве ги гледаш само во призма на твоето и противничкото „племе“. Или ако не сум со тебе - мора да сум против тебе?

Поназад употребуваше и речник како „дебили“, што ќе се согласиш не е баш цивилизирано комуницирање, нели?


Тука баш станува збор за цензура, и тоа што сега демек прво ќе ги цензурираат бедотиите од портали... Тоа е само увод. Инаку цензурирање на социјални мрежи веќе одамна се случува, прашај го Миленко и еден куп други.


First they came for the socialists, and I did not speak out—
Because I was not a socialist.

Then they came for the trade unionists, and I did not speak out—
Because I was not a trade unionist.

Then they came for the Jews, and I did not speak out—
Because I was not a Jew.

Then they came for me—and there was no one left to speak for me.




Или по нашки - првин само главчето, да се опуштат луѓето да не ги боли. После до балчак.

(едит: грешки)
 
Последна промена:

Mao

user
5 јуни 2007
1.342
1.094
Mao's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 3900X + BeQuiet Dark Rock Pro 4
Motherboard
Asus Rog Strix B450-F Gaming
Storage
Samsung Evo Plus 970 M2 nVME SSD
PSU
CM 850W M2 Silent Pro
RAM
Kingston Predator/Fury 32GB 3200Mhz
Video card
Asus Rog Strix 1070 8GB
Case
DeepCool Mattrex RGB
Mouse
Logitech G502 Hero
Keyboard
Cooler Master MK750
Monitor
Alienware 25" 240hz
OS
Win 10 Pro
@Lokvan Ти го разбирам ставот и она што сакаш да го кажеш во коментарот. Ја се извинувам ако некој сум навредил директно.

Ја ипак не се согласувам со тебе и дека треба да им дозволиме на порталите да пишуваат што сакаат, барем не во оваа неморална и рекетарска држава.

Тука баш станува збор за цензура, и тоа што сега демек прво ќе ги цензурираат бедотиите од портали... Тоа е само увод. Инаку цензурирање на социјални мрежи веќе одамна се случува, прашај го Миленко и еден куп други.

Крај на крај, ова е само твоја груба претпоставка.

Како и да е ни ја ни ти ни никој друг дефакто неможе да знаеме што и како ќе се случи.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.811
6.511
SK
Ох, и тоа како знаеме што ќе се случува. Ако поради ништо друго туку затоа што веќе се случува, секој што намерно не ги затвара очите може да види што се случува. Веќе имаш судски процеси против луѓе, за напишани мислења кои не потпаѓаат под ниту едно од кривичните дела клевета, заканување, и повикување на насилство. Тоа е правење притисок и контролирање што може а што не може да се пишува и да се зборува. Цензура.

Критериумот за тоа што може а што не може да се зборува, е засновано на интересите на тој што во моментот е на власт. Затоа истиве сега што се во опозиција и плачат дека се правело цензура, утре кога ќе дојдат на власт - не само што нема да ја укинат цензурата, туку напротив - ќе ја зголемат. А овие сега што се на власт, тогаш ќе плачат (како што тоа го прави сегашната опозицијата) дека нема демократија и нема слобода на говор. Како им се сменува статусот власт/опозиција, така им се менуваат и ставовите за човечките права.

И така во круг, круг во кој едно е јасно - јасно е кој ја плаќа сметката: народот, обичните луѓе. Пошто за напишана или кажана критика на рандом неправда, ќе се јадат кривични пријави и судски казни. Ете натаму одиме.

Затоа не дека ми е мене гајле на лично ниво за Ретарденко и за бљувотините од веб портали, ама апсолутно ми е гајле што се случува со слободата на говорот и ште се тек ќе дојде следно со нејзиното укинување.

Така да сите што овде рипаат со LOL TL/DR и разни кловнирања: Размислете малку со главата каков свет ќе им оставите за живеење на своите потомци. Ние изгледа ќе бидеме првата генерација плебси која не само што се согласува, туку и со ентизијазам бара намалување на сопствените права. Да не се дешаваше пред мои очи, ќе помислев дека станува збор за скеч од Монти Пајтон. :-/


На крај се разбира дека можеме цивилизирано да се согласиме - дека не се согласуваме.
Но останува фактот дека на од мене покажаните факти (набројани кривични дела од класичното право), ти а и другите овде што ти го делат ставот (а се гледа кои се по тоа што ти ги лајкаат постовите), ти и другите одговарате без факти и само со сопствените (необјективни) мислења. Имате право да си ги изразите мислењата, но разберете дека без факти истите немаат тежина. А ако јас грешам во нешто од кажанов, овде сум на темава и чекам да ме дематирате - ама со факти, наместо со лични ставови и bias.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.889
5.598
Читам, читам 2 дена и само едно не ми е јасно. Од каде ги извадивте фејк њузов со цензура.
Предлог план за одлучна акција против ширење дезинформации и против напади врз демократијата
Еве го предлог акцискиот план. Јас никаде не прочитав казни, цензури и слично. Ако сум грешка, ве молам во која од 18те точки е предвидено истото?

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.811
6.511
SK
Предлог план за одлучна акција против ширење дезинформации и против напади врз демократијата
Еве го предлог акцискиот план. Јас никаде не прочитав казни, цензури и слично. Ако сум грешка, ве молам во која од 18те точки е предвидено истото?
А што, ти као го застапуваш ставот дека легислативите демек нема да бидат мандаторни? :hay:

До кога со таа усилена наивност?
Предлог акциски план. ПРЕДЛОГ. Претпазливи се копитата. Oпипавање терен, колку се бреиндед зомбијата гласачите, дали ќе има поплаки и бунење. Како што стојат работите, мнозинството и тоа како СЕ бреиндед и сето ова глатко ќе им помине (впрочем како и куп други гомененици).


Вака се фантазираше и за мандаторноста на т.н. „говор на омраза“, па ете конкретни кривичнин судски постапки се водат за нешто што е 100% релативно и bias базирано.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно