Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Цензура

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.530
3.133
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Миленко се претвори во attention whore одамна. Си има некоја фалинка човекот. Сепак сакам да кажам дека не е ок да се израмнува Миленко со Реисот. Едниов е као новинар а другиов има мн побитна и помоќна функција. Башка позади него стојат муфтии и на глупостите му аплаудираат. Да биде трагедијата поголема убеден сум дека тој што сака да го замени е бетер. Замената сигурно му се некои вахабисти.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
@Lokvan, доволно прочитав за да видам со кого имам работа, па во интерес на квалитетот на овој ИТ форум(кадешто вакви муабети воопшто не се потребни), јас би ја прекинал дискусијата тука. Благодарам. Peace.
Хаха, колку сипатично е кога некој ќе напише обемна реплика - и ќе ја конклудира во стилот „не зборувам повеќе со тебе“. :D

Само да ти појаснам за поврзаноста со ТОПИКОТ и со ајти форумов (а нема да се либам и другите делови да ги коментирам подолу)... Ајде вака, кога зборуваме за цензура на социјалните платформи и медиуми, неизбежно ја илустрираме дискусијата со примери. Ако некој краткогледо ги гледа само примерите, надвор од контекст на дискусијата, тој некој неизбежно ќе види политика и офтопик.

Но ако ти гледаш дека идеш во муабет што не сакаш да го правиш. Можеби пошто ти ги отвара очите, или пошто е јасно дека е муабет со теза која не може логично да се одбрани... Тогаш друже, јас дефинитивно ќе те разберам ако не сакаш да продолжиш да дискутираш. :hay:



Воопшто не е бинарен изборот. Не е се црно и бело, има нешто и помеѓу. Мерата е најважна.
Кажи му го на џелатот, додека сече нечија глава, малку да ја исече - не многу.
Метафорава не е само имагинарна. Еве ти пример: Saudi Savagery: Kingdom Beheads 16-Year-Old For Sending Whatsapp Message

Koпиљот имал 16 години. Напишал нешто на whatsapp. Ама проблемот е што живеел во држава каде Вахабизмот е државна религија, всушност во држава која е теократија а монархот е и главен свештеник. Му ја отсекле главата, јавно на плоштад. Заедно со уште еден куп други луѓе.

Според меѓународните повелби, забрането е да се осуди на смрт било кој што е на возраст под 18 години. А „криминалот“ бил пишување порака на социјален медиум. Уште поужасно, ова во таквите држави се случува секојдневно, Саудијска Арабија е лидер (недостижен лидер) во егзекуции, секоја година. Oва се факти достапни секаде, ете и на Амнести Интернешионал.

Ова го пишувам за да објаснам како се почнува со цензура, се продолжува со репресија на тие што не се самоцензурираат, за малку по малку да се дојде до егзекуции и јавно сечење глави на плоштад.


Не сфатив. Вахабизам не е религија. Морал и неморал не се само исламски теми, пример Етиката се занимава со моралот.
Прво, Wahhabism - Wikipedia
Второ за Реисот зборуваме, кој е врховен свештеник на Исламот. Секако дека религијата не е исклучена од дискусијата, и не знам зошто инсистираш на тоа.


Не знам дали правиме муабет за истиот Миленко Неделковски којшто во своите емисии имаше ѕид налепен со слики од луѓе за кои повикуваше на јавен линч и ликвидација. А неговите фејсбук статуси...долга приказна.
Не го пратам човекот, а за ова прв пат слушам. Би било интересно да линкаш нешто да видиме. Инаку јас колку што знам, него го судат за недоветни глупости напишани по пожарите во Грција. Нешто во стилот „ако им е, господ ќе ги казни за тоа што ни го прават“. Што иако недоветно, ќе се согласиш дека не е повикување на насилство. Освен ако не спориш дека Миленко има влијание кај Господ, и го повикува на насилство со оган (kill it with fire) против Грците. :hay:

Нејсе, како што сме тргнале цензурата и губењето на слобода на говорот нема да биде крајот туку е почеток. Да не не чуди кога ќе дојдеме и ние овде до сечење глави и убивање на тинејџери заради фејсбук статуси (пошто некои веќе почнаа).


Повторно судиш на религијата според реисот, а не според она што таа го проповеда. Немам намера пак за истото да зборам.
Реисот е прв човек на религијата, лице и имиџ за таа религија. Секако дека поведението на Реисот ќе влијае врз мојата претстава за религијата. А припадниците на релгијата ако тоа им смета, ќе направат нешто за да го сменат Реисот... Наместо да го релативизираат проблемот по форуми.


Не се песни, повик за молитва е, и не трае подолго од 90 секунди, 5 пати на ден.
Песни или молитви, фактите се следниве: 5 пати на ден по неколку минути, СЕКОЈДНЕВНО, се крши законот за ред и мир преку правење бука над дозволеното ниво. Тоа за законите, а не е само тоа, туку се вознемируваат сите граѓани и предвремено се будат од спиење (летно време со отворени прозори, лош баритон не миљон децибели со лошо пеење, ужас).


Ако е нешто тука противзаконски тогаш нека го забранат и биењето на камбаните, разни концерти, свадби на отворено и не знам какви ли уште други извори на гласни звуци.
Противзаконски е дефинитивно. Само пошто законите функционираат селективно, така и ова не се регулира.

Инаку не можеш да правиш директни споредби со камбаните и свадби/концерти. Но ако сакаш ајде да направиме споредби и со тоа. Прво јас лично се согласувам дека и тоа треба да се регулира, ма со двете раце ќе потпишам само да се реши ужасната бучава од џамиите. Второ камбани нема да слушнеш освен ако не живееш ама баш блиску до црква со висока камбанарница (или како се вика). Трето бука од свадби/концерти дефинитивно треба да се регулира, но не се слуша толку гласно освен ако не си блиску и барем не се дешава 5 пати на ден од кои првиот пат е во ниедно време кога сите спијат, и со отворени прозори во лето.
И четврто, нити релиозните „аргументи“ не држат вода. Пошто Мухамед во Мека и Медина немал озвучење, пеел колку што го држи гласот и го слушале тие што дошле на молитва, не луѓе од цели милионски градови одалечени со километри. Пошто камбаните од црквите немаат разглас со миљон вати. И не најмалку пошто недозволиво е мнозинство од друга религија да биде малтретирано од малцинство.

едит:
Како да завртиш на исто излегува. Некој Миленко ќе го цензурираат и ќе го судат за глупости, а Реисот и џамиите ги игнорираат иако секојдневно и блатантно кршат вистински закони, не измислени легислативи за „говор на омраза“.
 
Последна промена:

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.766
10.098
@Lokvan , бидејќи многу големи дигресии правиш и никогаш не го дискутираш проблемот во моментот, туку екстраполираш „што би било кога би било“ за укинување на слобода на говор...направи еден пост за твојот аспект, односно да се има комплетна слобода на говор без закони (бидејќи во твоите екстраполирања збориш дека ќе се злоупотребуваат).

Направи и едно TL: DR, зашто во една реченица со бинарност @worker_x ти долови се што не е во ред со твојата логика.

Мојата поента е дека само ти можеш да се разбереш сам со себе, така да реплицирај си со поглед на другиот аспект (твојот) на ист начин со дисецирање и екстраполирање и можеби ќе сфатиш зашто не си во право.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Дел од тоа што го објаснував е дека TL-DR скратувањата се вадат од контекст.
Пошто во претходните постови неколку пати бев изваден од контекст, во наведениот пост го објаснив контекстот подетално. Нема да се извинувам за должината, никој не е приморан да чита ако не сака а инаку гејминг зоната е наваму.

зашто во една реченица со бинарност @worker_x ти долови се што не е во ред со твојата логика.
Јас не се согласувам со твојава TL-DR констатација. Можеби ако објасниш малку повеќе?
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
@Lokvan
Што е бе она што го гледам? Не сакал да полемизира со тебе??

Како ли само се дрзнал!


Да не полемизираш со господарот на дигресиите, вадењето од контекст и некрунисаниот краљ во пишувањето на километарски постови.
 

worker_x

hello world
17 март 2010
404
416
Ух, ај барем уште еднаш:

Но ако ти гледаш дека идеш во муабет што не сакаш да го правиш. Можеби пошто ти ги отвара очите, или пошто е јасно дека е муабет со теза која не може логично да се одбрани... Тогаш друже, јас дефинитивно ќе те разберам ако не сакаш да продолжиш да дискутираш. :hay:

@Lokvan ..., пријателе..., те молам... :)


Кажи му го на џелатот, додека сече нечија глава, малку да ја исече - не многу.
Метафорава не е само имагинарна. Еве ти пример: Saudi Savagery: Kingdom Beheads 16-Year-Old For Sending Whatsapp Message

Koпиљот имал 16 години. Напишал нешто на whatsapp. Ама проблемот е што живеел во држава каде Вахабизмот е државна религија, всушност во држава која е теократија а монархот е и главен свештеник. Му ја отсекле главата, јавно на плоштад. Заедно со уште еден куп други луѓе.

Според меѓународните повелби, забрането е да се осуди на смрт било кој што е на возраст под 18 години. А „криминалот“ бил пишување порака на социјален медиум. Уште поужасно, ова во таквите држави се случува секојдневно, Саудијска Арабија е лидер (недостижен лидер) во егзекуции, секоја година. Oва се факти достапни секаде, ете и на Амнести Интернешионал.

Ова го пишувам за да објаснам како се почнува со цензура, се продолжува со репресија на тие што не се самоцензурираат, за малку по малку да се дојде до егзекуции и јавно сечење глави на плоштад.

Ииии, поентата е? Не можам да разберам што си запнал со примерите за Саудиска Арабија. Такви работи можам да ископам за секој дел од светот. Тотално ирелевантно за нашава дискусија.


Барем да го прочиташе линкот за Вахабизам што го постира. Првата реченица од линкот:

Wahhabism (Arabic: الوهابية‎, al-Wahhābiya(h)) is an Islamic doctrine and religious movement founded by Muhammad ibn Abd al-Wahhab.[a].

Движење и религија не е исто. Па еве ја и втората реченица од линкот, ама требало да прочиташ:

It has been variously described as "ultraconservative", "austere", "fundamentalist", or "puritan(ical)"; as an Islamic "reform movement" to restore "pure monotheistic worship" (tawhid) by devotees; and as a "deviant sectarian movement", "vile sect" and a distortion of Islam by its detractors.

Значи само по себе не е религија, туку дигресија од изворниот Ислам.

Второ за Реисот зборуваме, кој е врховен свештеник на Исламот. Секако дека религијата не е исклучена од дискусијата, и не знам зошто инсистираш на тоа.
Реисот е прв човек на религијата, лице и имиџ за таа религија. Секако дека поведението на Реисот ќе влијае врз мојата претстава за религијата.

Логикава: Католичка црква ја тресат скандали со педофилија па според тебе претставата треба да е дека сите бискупи и сите католици се педофили. Однапред се извинувам што го користам овој пример.


А припадниците на релгијата ако тоа им смета, ќе направат нешто за да го сменат Реисот... Наместо да го релативизираат проблемот по форуми.

Ме подучуваш ти, @Lokvan , на кого ти смета цензурата како појава и место да направиш нешто, го релативизираш проблемот по форуми. Благодарам, одличен пример.

Верниците ќе сменат нешто тогаш кога народот ќе може да смени нешто во оваа држава.

Не го пратам човекот, а за ова прв пат слушам. Би било интересно да линкаш нешто да видиме. Инаку јас колку што знам, него го судат за недоветни глупости напишани по пожарите во Грција. Нешто во стилот „ако им е, господ ќе ги казни за тоа што ни го прават“. Што иако недоветно, ќе се согласиш дека не е повикување на насилство. Освен ако не спориш дека Миленко има влијание кај Господ, и го повикува на насилство со оган (kill it with fire) против Грците. :hay:

Ме зафркаваш? Не го пратиш човекот а тука полемизираш и расправаш за истиот? После се чудиш зошто сакам да излезам од дискусијата. За секој случај еве ти некој линк:

ЗНМ го осуди однесувањето на Миленко Неделковски - OhridNews
Група новинари поднесоа кривична пријава против Миленко Неделковски

Нејсе, како што сме тргнале цензурата и губењето на слобода на говорот нема да биде крајот туку е почеток. Да не не чуди кога ќе дојдеме и ние овде до сечење глави и убивање на тинејџери заради фејсбук статуси (пошто некои веќе почнаа).

Не ми е јасно како овој случај има врска со цензура, и со ова што го дискутираме овде. Се работи за класично убиство и убијците добија по 19 години затвор. Ама и тоа ваљда не го пратиш па еве:

Убијците на Никола Саздовски осудени на по 19 години затвор

Песни или молитви, фактите се следниве: 5 пати на ден по неколку минути, СЕКОЈДНЕВНО, се крши законот за ред и мир преку правење бука над дозволеното ниво. Тоа за законите, а не е само тоа, туку се вознемируваат сите граѓани и предвремено се будат од спиење (летно време со отворени прозори, лош баритон не миљон децибели со лошо пеење, ужас).

Што има тука уште спорно, нели се согласивме, ако има законска регулатива колку максимум децибели се дозволени, треба сите да следат и почитуваат, па дури и џамиите и црквите. Дали баритонот е лош, е ствар на вкус :D

...недозволиво е мнозинство од друга религија да биде малтретирано од малцинство.

А обратно може?


Хаха, колку сипатично е кога некој ќе напише обемна реплика - и ќе ја конклудира во стилот „не зборувам повеќе со тебе“. :D

Дојдовме до финалето, @Lokvan , другар, не е „не зборувам повеќе со тебе“, туку јас на оваа тема нема веќе што да зборувам со тебе. Знаеш дека тригерот за мое вклучување на оваа тема беше "религијата на мирот" и твојата индиректна прозивка кон мене, без да ја сфатиш суштината на мојот коментар претходно.

Воопшто немаше да се приклучам на дискусијата доколку вакви работи сретнев на Кајгана форум, и слично, но на ИТ форум каде членуваме луѓе(барем мислам) кои го надраснале тоа кој е атеист, муслиман, православен, итн, не можев да останам рамнодушен.

Пријателе, видов дека многу ја шириш темата за работи на кои не им е место на овој форум, па затоа, пред да дојдеме до степен да ги замараме модераторите со чистење, пред да дојдеме до степен да се вреѓаме на лична основа, јас одлучив да ја напуштам дискусијата. А како дополнителен показател дека одуката ми е исправна, е тоа што со последниот твој пост докажа дека се впушташ во полемика за работи кои не ги следиш, и за работи со кои не си запознат.

Пријателе, добив впечаток дека сите муслимани што си ги запознал во твојот живот се бомбаши самоубијци, силувачи, сечачи на глави, пљачкаши, итн. Баш ми е жал.

И за крај, се надевам дека не припаѓаш на овие 48% од сликава:
анкета.jpeg
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
осим навредите, убај муабети, ме остајвте без спиење :)
„Воопшто немаше да се приклучам на дискусијата доколку вакви работи сретнев на Кајгана форум, и слично, но на ИТ форум каде членуваме луѓе(барем мислам) кои го надраснале тоа кој е атеист, муслиман, православен, итн, не можев да останам рамнодушен.“ Треба обострано да се надминат „пречките“, нека не те лажат, не можесамо ти другар да си ми, а јас тебе да не сум ти, нели?
Онда муленко да не го гибате, мајка еднаш такво чедо раѓа, втор пат абортира xD Рамна била земјата.... Коцката е тркалезна...Што ќе дискутираш, не треба дискусија, бан треба :D
извинете што се смешав
 
Последна промена:
  • ми се допаѓа
Реакции: Avid

hipo

user
27 јануари 2011
1.806
1.692
sistrum.mk
Убаво е да се има различни мислења, да се искажуваат јавно и да се дискоутира за нив. Ај да кажеме нормално општество.
Но ако некој упорно ги негира сите други мислења, и своите си ги претставува како најточни и вистинити, не е нормално општество.

Оваа е ИТ форум, секој од нас ваљда завршил основно и има учено 2 години физика, билогија, хемија и то. Сите знаеме зошто врне, зошто дува ветар, зошто не се меша вода и зејтин, зошто сонцето изгрева на исток и заоѓа на запад, како се добива електрична енергија, како се раѓаат деца и како настанала нашата планета.

Дај да се држиме до компјутери, електроника итн не се замарајте со вакви теми.

НАЈВАЖНО сите термини кои се спомнуваат погоре цензура, слобода на говор итн се измисленни од правници. Само измислуваат некои правила по кои може да те тужат.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.631
3.196
Верниците ќе сменат нешто тогаш кога народот ќе може да смени нешто во оваа држава.
Верниците се народот, со оглед дека сме една од државите каде верниците се големо мнозинство.

Црквата се навредила од Галилеј. Цензурата е тоа.
Не постои нешто како навреда, постои слобода на говор.
Ако не ти се допаѓа што зборува некој, немој да го слушаш. Ама подобро да го слушнеш, можеби е во право, а ти си згрешил некаде.
Така одиме напред.

Инаку верник сум, но дека владициве се лопови у џипови е факт. Ама тоа не е верата.

НАЈВАЖНО сите термини кои се спомнуваат погоре цензура, слобода на говор итн се измисленни од правници. Само измислуваат некои правила по кои може да те тужат.
Правниците го регулираат ит секторот. Воведуваат цензура.
Тоа е болката.
 
Изменето од модератор:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Ииии, поентата е? Не можам да разберам што си запнал со примерите за Саудиска Арабија. Такви работи можам да ископам за секој дел од светот. Тотално ирелевантно за нашава дискусија.

@worker_x се извинувам што овојпат нема да ти ги опфатам сите моменти од мислењето. Не само што ме критикуваат за должината на постовите туку изгледа дека вака повеќе се разијдуваме со разбирањето.

Контекстот на целото мое мислење е да илустрирам кон што води цензурата. Саудиска Арабија ја земав како пример од повеќе причини. Но најмногу заради тоа што таму одамна практикуваат цензура, и таму најлесно и највидливо се гледа до каде прогресираат работите кога ќе се почне со одземање на човечкото право - слобода на говор.


Прво се почнува со цензура и со укинување на слободата на говор. Потоа се продолжува со укинување на други човечки права, за да се дојде до сечење на глави заради постирање на порака на социјална платформа на интернет. Ако смртна казна за порака на интернет не го гледаш како врвен пример за цензура, тогаш јас друже навистина не знам како да ти помогнам.


Проблемот со цензурата и со укинување на слободата на говор во најголема мера се должи на тоа што многумина не разбираат што значи слобода на говор. Заради тоа што многумина не разбираат, таквите оправдуваат цензура. Сега те молам обрати внимание пошто идеме до важниот дел: Цензурата и судското гонење на Миленко е различна од цензурата и сечењето на главата на 16-годнишниот Арап, само по степенот до кој е забегана злоупотребата на слободата на говор и на другите човечки права во двете држави (нашата и таа на С.А.).

Мојава споредба покажува дека со уведување на цензура, и овде кај нас е почнат тој процес на злоупотреба и укинување на човечките права. Со таа разлика што ние сме на почеток на таквото укинување на човечки права и сеуште можеме да направиме нешто во однос на тоа, почнувајќи со противење кон цензурата.
Поврзаноста на цензурата со религиозно-општественото уредување исто така е прилично јасна во случајов, пошто посечената држава за државна религија има Вахабизам кој е гранка на Исламот исто како што Катилицизмот и Православието се гранки на Христијанството. Примерот не е која религија е подобра, туку гледано од аспект на фактите кое државно/религиозно/општествено уредување повеќе забегува со ЦЕНЗУРА и со укинување на човечки права и слободи.
На крај се почнува и завршува со мерката цензура на слободното мислење.


Цензурата едноставно и непобитно не е ништо друго туку укинување на човечкото права на слобода на говор. Цензурата непобитно води кон укинување и на други човечки права и слободи. Естаблишментот (глобално гледано, не само локално) сака повеќе контрола врз популацијата и затоа се залага за повеќе цензура. Случаите со разни Миленковци служат за „оправдување на таа цензура. На жалост изгледа дека концептот им функционира. Многумина ве има што наседнувате на финтите и оставате да се дешава цензура без да разберете дека сето тоа води кон укинување на човечки права и слободи.

Целта на темава е да се информираме за негативните последици од цензурирањето.
Јас се извинувам ако бев разбран во било каков друг контекст.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Убаво е да се има различни мислења, да се искажуваат јавно и да се дискоутира за нив. Ај да кажеме нормално општество.
Но ако некој упорно ги негира сите други мислења, и своите си ги претставува како најточни и вистинити, не е нормално општество.

Оваа е ИТ форум, секој од нас ваљда завршил основно и има учено 2 години физика, билогија, хемија и то. Сите знаеме зошто врне, зошто дува ветар, зошто не се меша вода и зејтин, зошто сонцето изгрева на исток и заоѓа на запад, како се добива електрична енергија, како се раѓаат деца и како настанала нашата планета.

Дај да се држиме до компјутери, електроника итн не се замарајте со вакви теми.

НАЈВАЖНО сите термини кои се спомнуваат погоре цензура, слобода на говор итн се измисленни од правници. Само измислуваат некои правила по кои може да те тужат.
Да, баш така, но ете да речиме за месечината нема официјален став како настанала, па може да полемизираме, ама да те убедувам дека е тесија ? па и бан е малце,, за ќутек би бил во тој случај. Или еве сега да речиме некој што бара совет за термална паста, јас да го убедувам дека пастата е сатанска работа, да стави товатна маст или паста за заби? Па бан е блага форма на казна, каменување би заслужил :)
Или пак ја ги има лошо разбрано поимите цензура и/или слобода на говор.
Околу науката Тесла имал многу поразличен пристап од ајнштан, ама сепак не се правел слеп пред фактите и не бил убеден дека е земјта рамна xD
edit:
Колку што ме држи умот, Гоцка ги укинуваше овие групиве на фб што организираа масовно уништување на државен имот ака шарена ревулуција. По мое двете дејствија беа безмислица т.е. и трите (ако се земе предвид дека беше уништуван барокот)
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.631
3.196
Да, баш така, но ете да речиме за месечината нема официјален став како настанала, па може да полемизираме, ама да те убедувам дека е тесија ? па и бан е малце,, за ќутек би бил во тој случај. Или еве сега да речиме некој што бара совет за термална паста, јас да го убедувам дека пастата е сатанска работа, да стави товатна маст или паста за заби? Па бан е блага форма на казна, каменување би заслужил :)
Ама ако каже дека лепенката фабричка ќе држи, мора да поштуваш тоа, пошто беше презентирано на форумов.
Значи дека нешто колку и да не ти е веројатно, не може да кажеш дека е неточно.

Месечнината не е топка, Земјата не е топка, се и сите ние сме само програми во Матриксот.
Како би го дознале тоа дали е вистина или не, ако некој не го земе за теза и потврди/поништи?
Па дури и ако е потврдено/поништено, сепак треба да се преиспитува.
Теоријата на Ајнштајн ја поништи/подобри Њутновата физика. Се треба да се преиспита. Тоа е веќе наука. Нема навреда во тоа. Иако научниците се мнооогу суетни и не сакаат да видат дека биле во заблуда.
Ок, општо луѓето се суетни и не сакаат да признаат дека биле во заблуда (доказ, вчерашните избори).
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Миленко сам си верува во глупостине што ги тресе :)
Ете велат дека во екс југолавија немало демократија, а во Италија по фармерки оделе, што денешно време се смета за луксуз. Еднио против државатане смееле да шират контра пропаанда, додека можеле да плукаат по сите други држави. Денес е обратно.
Оваа демократија што ни ја наметнаа е епте некако со двојни арашини.
Колку има на нет глупости некој си пишал непшто што бога не мрзи само за лајки, народот си се подава. Или сподели за среќа(слика со икона) и пиши амин. Поголем ерен НЕМА. по две недели ти стига известување „групата Св. Богородица го смени своето име во „купи ефтино“ “. Што пак е сосем леитимно.
Во ред е да имаме различити ставови, разни мислења, да дискутираме итн. Ама не и да тресиме глупости, или за некој факт да речиш дека не е така, оти, не знаеш ни сам оти. Знали д има контрола некаква, или некоја организација за проверка на вистина. Ај сега да напрајме некој сат, страна или да пласираме некоја вест што не е вистина. Еве на пример за некој рандом член да речиш дека те зезнал при овдешна трговија, демек си му пратил пари, а тој не ти пратил роба или дека сте се договориле да прајте пазар за тастаура, а тој ти пратил кило јаболки.
Ете не мора да е миленко и рамната земја, било што нека е.
„Ама ако каже дека лепенката фабричка ќе држи, мора да поштуваш тоа, пошто беше презентирано на форумов.
Значи дека нешто колку и да не ти е веројатно, не може да кажеш дека е неточно.“
Баш тоа го велам, не само што не можам да кажам дека е неточно, него ако кажам, а лепенката стварно држи треба да се превземаат соодветни дејствија кон мене.
 

worker_x

hello world
17 март 2010
404
416
Оваа е ИТ форум, секој од нас ваљда завршил основно и има учено 2 години физика, билогија, хемија и то. Сите знаеме зошто врне, зошто дува ветар, зошто не се меша вода и зејтин, зошто сонцето изгрева на исток и заоѓа на запад, како се добива електрична енергија, како се раѓаат деца и како настанала нашата планета.

Дај да се држиме до компјутери, електроника итн не се замарајте со вакви теми.

Е ова де, ова :D

Инаку верник сум, но дека владициве се лопови у џипови е факт. Ама тоа не е верата.

Право в центар.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Што е тоа кога галерија покрива уметнички слики затоа што на некој му сметале?
Хинт: Одговорот го пишува во насловот на темава.
methode%2Fsundaytimes%2Fprod%2Fweb%2Fbin%2F0ff79932-6e92-11e9-a6b6-f54765c271fe.jpg

One of the two paintings covered by cloth at the gallery
BECKY BARROW
Вакво ниво на (само)цензура немало ни во времето на тој од сликата лево (непокриената). Дури и уметничкото изразување не е исклучок. На времето се правеа филмови како Животот на Брајан, а сега некој обскурен сликар не може да изложи слика на изложба.


едит, еве ја цензурираната слика:
imgage.jpg
 
Последна промена:

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
не зборувам конкретно за сликата.
Денеска кој не завршил факс, или завршил а не нашол работа, или е јутубер, или инста-ѕезда или уметник ( секоја чест на исклучоци). Точно дека новото темпо си налага нови критериуми, ама сепак квалитетот на знаење, на творење на живот е поопаднат за разлика од порано во скоро секоја свера.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Се согласувам. Но и ќе прашам: дали квалитетот на едно дело е критериум за цензура?
Навидум прв инстинкт е да се одговори ДА. Но според чиви критериуми ќе се одлучува тоа? Еден турбо фолк музичар веројатно со голем кеиф би цензурирал музика на некој Хеви Метал музичар, а уште повеќе и вајс верса. Но и во двата случаи би изгубиле фановите или на едната или на другата музика.

Лош пример правам пошто турбо фолк веројатно залужува да биде цензуриран. ;)

Ако не ме разбираш, се обидувам да покажам дека никој не е целосно објективен. Државата најмалку. Затоа мора да постојат правила како што се основните човечки права. Правото на слобода на говор, на слобода на изразување, мора да остене приоритет. Или отидоа работите во бестрага, и неминовно ќе следи автократија во некое идно општество. Ќе следат забегувања како сечење глави на малолетници за пишување порака на интернет, и масовни егзекуции на луѓе кои се секојдневие во такви држави како Саудијска Арабија. И таму живеат луѓе кои рационализираат дека не само цензурата, туку и масовните егзекуции се за нивно добро... Но само до смената на парадигма која им се дешава кога нивно дете ќе напише на интернет нешто што не треба.


Тоа што треба да се разбере е дека сега треба да се направи отпорот. Касно ќе биде тоа се пробува кога слободата на говорот ќе биде минато, кога цензурата ќе биде реалност и непобитно право на владетелите... Кога ќе се дешаваат такви работи како убивање на малолетници.

 
Последна промена:

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
„Лош пример правам пошто турбо фолк веројатно залужува да биде цензуриран. ;)“ -that's i am talcking about :D
Види, државата ако пониетит нешто ќе го реализират по било која цена. Повозрасен си од мене, повеќе помниш такви немили настани. Имаммногу примери, да не ги мепам овде. Цензурата е дел од ними. Можеш да бидеш дел од цената, или да им се придружиш. За жал овде така е.
како човештво, општество и поединци мора да поминиме низ некои фази како би дошле до некое повисоко нивоу на свест. Не мора, ама во нашиов случај така е.
 

hipo

user
27 јануари 2011
1.806
1.692
sistrum.mk
Убав пример за турбо фолк. Не само кај нас, истиот проблем го имаат секаде на Балканот и никој не го сака, јавно се збори против него...а тој цвета ли цвета.

Денес секоја поединка (амеба, партиски полтрон, газолижач, кокошка итн) може да си закупи домејн и простор и да си направи сајт и да се самопрогласи за новинар, блогер, инфлуенсер, стручњак, гастроном, сенсеи, господар на прстени итн, без за тоа да има некое си познавање. Ама може да преведува и да спинува што сака.
Е тоа е што ги е.е нашите кокошки а не е нашиот петел.
Секој портал може да пише што сака без да одговара за невистинита информација, се тоа под закрила на “слобода на говор“.
Најтазе пример...Српски портал пишува дека Папата ке биде убиен во Скопје.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
И сега што е решението за „веста“ со Папата на некој сензационалистички портал?
Да ги цензурираме сите поратали? Сите онлајн медиуми за вести?

Што правиме кога утре ќе треба да се напише истражувачка вест од некој криминал каде се вмешани луѓе со позиции на моќ? Кога некој може од ракав да извади мерка за цензура, дали на него ќе биде влијаено за да ја презема таа мерка според потребите на тие што ја имаат моќта да влијаат? Како е тоа добро за било кој, освен за тие што го прават криминалот?

Најпосле што мислиш дека ќе направиш со цензурирање? Ќе ги заштитиш глупавите да не ги лажат? Глупавите секако некој ќе ги лаже. Исто како што овците секогаш некој ги шиша, ги молзи, и ги јаде.

Си има судство и судски постапки за кривични дела како повикување на насилство, повикување на линч. Цензурата не е решение. Цензурирање на слобода на говор е како да ги затвориш сите луѓе во затвор, за некој од нив евентуално да не изврши убиство.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Не сите, тоа е исто како јас да отепам чоек, ти да лжиш, што е апсурд, но кога би е отепале мене и уште 3-ца блиски ченови оред мене, ќе слушам за пример за друг да не ни помисли на такво непто, не па да го повтори делото. Зачи тој што ја напишал веста бесење на плоштад, и повеќе нема да пипува, нити пак на некој друг ќе му текне да тресе глупости за кликбајти :D
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно