1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Цензура

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од JasSum, 7 Март 2019.

Тагови:
  1. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,771
    1,876
    8 Мај 2007
    Машко
    некој може има другари од арачиново, па знае дека имаат некаков план. Тоа што за тебе е смешно, за некого е вистина. Смешно било дека земјата се врти околу сонцето. Па дури и беселе/спалувале за такви fakenews. Денес малку поинаку гледаме на тие работи.

    Кажи ми која е соодветна казна за медиумите што ширеа вест за оружје за масовно уништување во ирак? Колку милиони луѓе загинаа од тие нарачани лажни вести?
    Што е соодветна казна?
    Тие медиуми се изземени од овој наратив? Оти се едни те исти се медиумите што шират пропаганда од која има смртоносни последици, а од друга страна се најгласни за стопирање на мали влијателни луѓе кои даваат поинаква перспектива и некои други вести.

    Тоа е цензура и е опасно.
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,669
    780
    3 Март 2018
    ама едното е фејк њуз, другото не е. Ќе си проверат што е што не е па нека објават. Ете, атентат не се случи.
     
  3. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,416
    3,298
    12 Јануари 2016
    Машко
    А што е па тоа „фејк њуз“?
    Поточно ме интересира како оправдува кршење на гарантирани човечки права (читај цензура)?
     
  4. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,669
    780
    3 Март 2018
    не оправдува, самиот чин е кршење на некакви права, лажна узбуна...
    Еве на пример си 4-ќа год гимназија, не си се спремал за завршен испит, пријавуваш бомба поставена во установата кај што полагаш. Во ред би било ?
    Околу земјата не би рекол дека нешто поинаку гледаме :D
    Flat Earth
     
  5. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,416
    3,298
    12 Јануари 2016
    Машко
    Тоа е нарушување на јавен ред и мир, плус опструкција на фукционирање на јавна установа. Веројатно и уште нешто може да се накалеми... Не ти требаат никакви новокомпоновани „фејк њуз“. Уште помалку цензура. Си имаш нормални закони за тоа.

    Какви права се скршени?
     
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,669
    780
    3 Март 2018
    Па ете некој учел, се спремал, сега ради мене повторно треба да го трпи истиот стрес. Не мора лично да пријавиш, ќе објавиш на фб со лажен профил :) пола нема да дојдат xD
    После оти некој да те лажи дека земјата е тепсија, дека ако се вакцинираш ќе стснеш акустиче(не аутистичен).
    Од ко ќе те зезне некој џабе после ќе оди ќорка. Или ете со вестите за папата, што трехаше, да го откажиме папата? Кој одговараше за лажната тревога?
     
  7. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,771
    1,876
    8 Мај 2007
    Машко
  8. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,416
    3,298
    12 Јануари 2016
    Машко
    A што е тоа „професионално сензибилизирање“?? :eek:
    (веројатно еуфемизам за перење мозок и/или заканување со последици, ако не се следи агендата)


    WTF is even that?
    Некои организации и проекти ќе кажуваат што се факти а што се „дезинформации“??

    upload_2019-7-27_9-20-47.png upload_2019-7-27_9-21-42.png
     
    artweb, toplel и на JasSum им се допаѓа ова.
  9. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,429
    12,585
    2 Август 2012
    Машко
    На artweb, gOJDO, Astro и уште 6 други им се допаѓа ова.
  10. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,612
    1,372
    27 Јануари 2011
    Машко
    Нема да ги тужат никогаш, они споделуваат икони за здравје и среќа.
     
    Astro, Sonic.01 и на FLEGMA им се допаѓа ова.
  11. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,771
    1,876
    8 Мај 2007
    Машко
    со хехенца најдобро се протнува агенда.
    верував дека во ит сектор има паметни луѓе...
     
    На Enigma, Luxell, windows8 и уште 3 други им се допаѓа ова.
  12. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    747
    672
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    И го сакаат кам во поштенско сандаче.
    Амин
     
    На hipo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    914
    460
    5 Јуни 2007
    Машко
    Тоа што пробувате 2 човека активно да кревате џева тука на форумот за некаква си цензура и на начинот на кој го правите тоа ве прави по ФЕЈК и од ФЕЈК ЊУЗ.

    Дај ве молам не ширите врмовски пропаганди и полити тука на форум. Или се правите луди или стварно сте дебили кои не приметуваат дека земјава изобилува со портали со фејк њуз ама кога се јаде трици против власта на вас ви одговара тоа изгледа.

    Знам 20 човека со по 5 портали што шибаат фејк њуз секојдневно и му еб*т маме на народот. Знам за албански портали знам и за македонски портали. Не сум океј со тоа ама не сум ја тој кој што треба да најде лек за тоа или да се замара со такви тематики.

    И те молам немој да инсинуираш дека спаѓаш у паметни луѓе ако си на ИТ форум, лол.
     
    На artweb, Necromancer, moongose и уште 8 други им се допаѓа ова.
  14. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,416
    3,298
    12 Јануари 2016
    Машко
    Чуму сега партии и политика се спомнува?
    Зошто е некој „дебил“ затоа што се противи на цензура?

    Кога имаш две партии, секогаш едната партија ќе го застапува спротивниот став (во случаков против цензура). Утре ќе се заменат партиите на власт, и експресно бргу ќе ги заменат и ставовите (опозицијата секогаш ќе биде против цензура)... Како тоа некој што е противник на цензурата го прави „припадник“ на некоја партија (мислам редно е да прашам кога веќе зборуваме за „дебилно однесување“)?


    Тоа на страна, за кршење на законите постојат државни институции како Судството. Ако некој клевети нешто на рандом портал, си постојат судски механизни: кривично дело Клевета.
    Нема потреба од измислување на Министерство за Вистина, кое ќе прави „фактчекинг“ и ќе кажува што се факти а што се дезинформации и „фејкњуз“.



    Хуморот е здрав и потребен механизам за справување со гомненици.
    Oдбранбен психолошки механизам, но на жалост воедно и механизам кој наголемо го (зло)употребуваат социјалните инжинери.

    Хуморот е еден начин за справување со непријатната реалност. Грешката е што најчесто се употребува како изговор за целосно занемарување на таа непријатна реалност. Ова е изборот на мрзливите и неодговорните, и на глупавите (хехе кловнирање додека им укинуваат основни човечки права).

    Друг начин за справување со непријатни работи е да се работи на менување на реалноста, или спречување на тие кои ја менуваат реалноста во своја корист (како во случајов, со активностиве за укинување на правото на слобода на говор). Ова би бил изборот на секој што сака да живее во поубав и понормален свет, и истото да го остави и на своите потомци.



    едит: Би замолил модераторите да модерираат - ама селективно и само делови на постови кои се чисто политички делови, не се по ред да се брише во дискусијата заради одредени поединачни испади на поединци.
     
    Последна промена: 27 Јули 2019
    Enigma, DelphiUser, Astro и на уште 1 им се допаѓа ова.
  15. alkibijad01

    alkibijad01
    Gaining Experience

    146
    124
    8 oктомври 2016
    Не верувам дека ќе се воведе цензура. Героски вчера убаво објасни зошто и кои се последиците од тоа.
    Јас сум за идејата "три корни пенал". Значи, објавување лажна вест еднаш може да биде случајност, ненамерна грешка. За објавување лажна вест втор пат да следи опомена. За објавување лажна вест трет пат да се затвори тој медиум.
    Така ќе се ослободиме од разни курири, инфомакси, републики и уште десетина отрови кои го трујат народецов неписмен.

    Sent from my Redmi
     
    Astro, NecrotoX и на igor_igor им се допаѓа ова.
  16. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,416
    3,298
    12 Јануари 2016
    Машко
    Грешката во овој пристап е тоа што проблемот е во неписменоста на народот, проблемот не е во достапноста до бљувотините од сајтовите кои ги наведуваш.
    Пошто никој писмен нема да поверува во наведените бљувотини. Не без самиот за себе да ги провери фактите (наместо да чека некое Министерството за Вистина да му каже што е вистина што не е).


    А кој ќе одредува која вест е вистинита а која е невистинита?
    Министерството за Вистина?

    Како што веќе реков - за кршење на законите постојат државни институции како Судството. Ако некој клевети нешто на рандом портал, си постојат судски механизни: кривично дело Клевета. Ако некој се заканува или повикува на насилство, постојат легислативи и за тие кривични дела.

    Нема потреба од измислување на параинституции, или невладини организации кои ќе прават „фактчекинг“ и ќе кажуваат што се факти а што се дезинформации.
     
    Enigma, Astro, RoninMK и на уште 1 им се допаѓа ова.
  17. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,832
    2,674
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Баш убаво го дефинираше планов во една реченица. Тие што шират лажни вести и дезинформации ја менуваат реалноста во своја корист и сега има барем некаков обид да се стави крај на тоа.
    Се разбира дека треба претпазливост и дека има простор за злоупотреба, ама тоа не значи од старт да се сече и веднаш да се етикетира како "закон за цензура" и "загрозување на слободата на говор"!

    А тоа дали има потреба или нема потреба е само твое лично мислење, смешно е толку сигурно да го претставуваш како непобитен факт.
     
    На toshex и igor_igor им се допаѓа ова.
  18. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,180
    752
    8 Мај 2010
    Машко
    Јас покрај овој „план“ гледам и можност да се вработат партиски ботови што ќе пријавуваат и профили и фан страни како и веб страни. Не знам како ќе ги категоризираат и дали ќе се води некоја евиденција ама мислам дека ќе се стегне малку работава.

    А за фејк њуз мк страни да не збориме колку ги има.
     
  19. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,416
    3,298
    12 Јануари 2016
    Машко
    Не е само мое (умислено?) мислење, туку факт е дека постои инстутуција Судство чија работа е да се занимава со клевети (помеѓу другото). Тоа е факт.


    Не, туку само ми ја извади мислата од конктекст. ;)

    Нејсе. Целиот проблем со „борбава“ против дезинформации, е тоа што воопшто не се работи за борба против дезинформации туку за борба за екслузивно право на дезинформирање (читај екслузивно право на пропаганда).

    Истите тие што сега еве демек се „борат“ против дезинфомирање (читај промовираат цензура), утре (некогаш) кога ќе бидат сменети од власт експресно ќе се завртат листот и ќе сменат став дека се борат против „цензурата на власта“. И вајс верса. Видовме доволно промени на власт да за знаеме дека ова е целосно точно и вистина. Тие на власт секогаш се стремат кон повеќе цензура и регулација а опозицијата обратно, се жалат на цензура. И истите партии како се менуваат од опозиција во позиција (и обратно) веднаш ги менуваат ставовите.

    Тоа што останува константно е дека само (вметни-тука)овците секогаш осатануваат шишани за волна, и колени за месо. :)


    Најпосле баш би сакал повеќе да ја појаснат идејата за промовирањето на Министерство за Вистина, или евентуално некои „тинктанкови“, НВО-оа кои ќе прават „фактчекинг“ и ќе одредуваат што се факти а што не се факти (и што се лажни вести). Воопшто не беа јасни во објавата поназад.
     
    Astro, cele_x и на JasSum им се допаѓа ова.
  20. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,669
    780
    3 Март 2018
    Ова е џлоупотреба на цензура, ја да ти кења сел ден на глава, ама ко ќе ти дојдам преку qr ти да ќутиш, така го сватив ова.
    Полошо од рамноземци се тие што ги мешаат со ристијани, а уште полошо е тие што луѓето со личен став и сопствено размислување,чие што мислење понекогаш се поклопува со став од некоја партија одма ги делат на жмро-ес де ес.
     
  21. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,771
    1,876
    8 Мај 2007
    Машко
    Дај пример за фејкњуз страна.
    Баш да видам што би пријавил ти.

    Интернет е слобода на говор.
    Што сакам ќе пишам.
    Се што го спречува тоа е цензура.
     
    RoninMK, cele_x и на toplel им се допаѓа ова.
  22. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,832
    2,674
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Живееме во надеж, нели, дека тоа ќе се смени. Ако досега било така тоа не значи дека сигурно и во иднина истото ќе продолжи. Затоа, како што реков, треба претпазливост.

    А јас нема да читам "промовираат цензура" зашто, пак ќе ти кажам, тоа е ТВОЕ гледиште, а не фактичка состојба. Ти немаш ниту еден доказ, пример или било што друго што ќе ги потврди и поткрепи твоите тврдења и наводи дека овие мерки ќе доведат до цензура и ќе ја загрозат слободата на говор. Сѐ што правиш е изнесување на твои лични ставови кои се изградени врз основа на некои претходни искуства.

    Можеш да пишеш што сакаш, ама не доколку си портал односно медиум кој треба објективно да известува и да информира точно. Слободата на говор не значи лажење и дезинформирање на народот. Како Трамп ги доби изборите? Против овој проблем се бори цел свет, а со напредокот на ВИ тек допрва уште посилно ќе се бори. Не е нешто што нашите сега го измислуваат.
     
    cipiripi, alkibijad01, igor_igor и на уште 1 им се допаѓа ова.
  23. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,116
    4,188
    18 Септември 2013
    Машко
    Ако низа големи портали почнат да објавуваат вести дека гиганти во ИТ индустријата ги продаваат своите крипто валути и дека се очекува пад и тоа доведе до пад на валута иако вестите биле лажни - ако имате вие крипто и ве погоди дали е сеедно?

    Ако портали и новински агенции не го проверат изворот и врз основа на шпекулација објават осетливи или осудувачки информации за некој (пример брендираат некој за крадец или убиец) и тој некој биде тормозен и осудуван од комшии и сограѓани, му се вандализира имот, тормозат фамилија и пријатели, остане сам и депресивен или полошо - дали е безопасно? Дали е сеедно?

    Пласирање на лажни информации може да се искористи за финансиска или емотивна па и физичка манипулација, штета, уцена итн.

    Ко индивидуа шо сакаш напиши на нет, се дури не е закана и говор на омраза шо е незаконско, ќе си пројдеш. Ама ако ТЕЛМА објави нешто непроверено, или ете дури и CNN, и нашиве (веќе) мрзливи "новинари" без проверка само ја ископираат истата вест - коа ќе се преплави етерот од таа вест обичниот Џо ќе верува во тоа пошо на вести било кажано.

    Тоа е страшно. Има премногу простор за пропаганда. Да не заборавиме дека со помош на радио пропаганда и пласирани информации Хитлер има на власт дојдено и започнато цела светска војна.

    Знам дека давам некои екстремни примери ама гледам некои тука ептен не сфаќаат какви импликации имаат лажни вести и дека е потребно да се искоренат.

    Напишан збор не секогаш има тежина. Ама ако го рашират весници и медиуми у чиј што напишан збор луѓе веруваат без да помислат дека може да не е вистина - тоа и те како е страшно.

    ЕДИТ: А во врска со контрола и факт-чекинг прво би требало самите медиуми да прават. Ама коа не прават секако дека треба и независно и непристрасно тело за тоа. Е сеа колку у државава стварно може да има такво независно па и непристрасно тело е друга дискусија од која се оградувам.

    БТВ имаше едно добро сајтче шо правеше дисекција на вести и проверка на факти, од некоја невладина. Тоа е пример за како треба да се анализираат "вести".

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
    На moongose, RoninMK, Astro и уште 3 други им се допаѓа ова.
  24. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    747
    672
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    И тоа беше со намена да се анализираат вести само од едната страна и да се карактеризираат како лажговци.

    Мора да има контрола на fake news-ов. Ова што се дешава е претерано. Од 10 сензационални вести 9 се fake news. За жал постои група на луѓе која ради X интерес ги споделува.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  25. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,116
    4,188
    18 Септември 2013
    Машко
    Примерот е добар ама да треба непристрасно сите вести шо се фејк да се разглабаат и мора казни и дури и затварање на портали кои манипулираат и пласираат информации. Претеризам е ова веќе.

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...