• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
89
174
Ова ме заинтересира - зошто ексцентричен центар од винилна плоча би претставувал проблем за грамофонскиот погон? Поместувањето на грамофонската рачка/игла заради ексцентричноста и латералниот притисок што го прави врз плочата заради тоа не може многу да влијае врз поместувањето на вертикалната оска на вртење на дискот - тој е тежок 2,2 kg и има некаква инерција заради ротацијата, а притисокот на иглата е помал од 1,5 грама.
 
Последна промена:

FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,049
13,596
Ова ме заинтересира - зошто ексцентричен центар од винилна плоча би претставувал проблем за грамофонскиот погон?
За лебдечкиов погон е проблем затоа што излезен од оска нешто треба да го врати во центар.
 
Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
89
174
... А едукација се прави преку (1) настани, (2) клубови, (3) специфични списанија, (4) посветени форуми итн. Затоа поздравувам отварање на нови простори (последно Аудиокултура), било какви проверени пишувања во списанија (Емитер покриваше овакви теми, но колку аудио хобисти кои не се интересираат за електроника помислиле да купат Емитер?) и настани на тој тип.
Сега обрнав внимание на ова (болдираното). Малку доцнам, но важно е да се каже.
ЕМИТЕР уште од 2002 година е списание за популаризација на науката и техниката - сите можни области (до тогаш беше исклучиво за електроника и сродните дисциплини). Последниве 18 години ЕМИТЕР покрива најразновидни теми: астрономија и астронаутика, аеронаутика, аудио и видео техника, физика, градежништво, медицина,... и да не набројувам понатаму. Електрониката е само дел од областите кои редовно се застапени.
Разгледајте го бесплатниот промотивен број на ЕМИТЕР (компилација на постари статии од разни броеви, што даваат добра слика што има во типичен број на ЕМИТЕР):
Emiter
На страниците 42 и 43 можете да го видите мојот проект за хај-фај звучник со ефикасност од 96 dB/1W/1m !
Болното прашање е: зошто не само аудио хобистите, туку зошто повеќето (99%) млади не читаат списанија? Еве, не мора ЕМИТЕР.
Мислењето е автоматски споено:

За лебдечкиов погон е проблем затоа што излезен од оска нешто треба да го врати во центар.
Па за тоа служи неговиот погон!? Прочитај ги тестовите - со прст го поместувале дискот додека вртел, па „самиот“ се враќал во центар.
 
Последна промена:

ivan88

Gaining Experience
22 февруари 2012
349
357
ivan88's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460| Deep Cool GAMMAX 400
Motherboard
Gigabyte GA-Z97 HD3
Storage
Samsung Evo 840 120GB| WD Blue 500GB
PSU
Deep Cool DA500-M Aurora 500w
RAM
Kingston Fury Red Series 8G
Case
Deep Cool Tesseract SW White
Mouse
Gigabyte Eco 600
Keyboard
Apple Wireless Keyboard
Audio
LLogitech x530
Monitor
Dell S2240L
OS
Mac OSX Yosemite| Windows 7
Сега обрнав внимание на ова (болдираното). Малку доцнам, но важно е да се каже.
ЕМИТЕР уште од 2002 година е списание за популаризација на науката и техниката - сите можни области (до тогаш беше исклучиво за електроника и сродните дисциплини). Последниве 18 години ЕМИТЕР покрива најразновидни теми: астрономија и астронаутика, аеронаутика, аудио и видео техника, физика, градежништво, медицина,... и да не набројувам понатаму.
Ги имам речиси сите изданија (со мн мали исклучоци) и на емитер и на сам свој мастор (овие од татко ми). Секогаш се претплатував и мн ми е криво што печатаната верзија ја снемува.
Еве како идеја баш би било фино да се изработи некој проект со драјверо на scanspeak, доста луѓе гледам по интернетов го прават B1371 моделот (кој мислам дека и како кит го има да се купи).
Некој проект на А класа засилувач....да се вратиме малку ма старите денови :)

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
89
174
Мало појаснување: ЕМИТЕР освен во електронска верзија, сè уште излегува и како печатено издание, но само за претплатниците.
Имам направено неколку проекти со Scanspeak компоненти, но не сум нешто презадоволен од нив. Позитивното е што кај повеќето нивни бас/среднотонски и среднотонски компоненти фреквециската каракеристика им е многу мазна, па со едноставна свртница многу лесно се добива рамна фреквенциска карактеристика и неутрален, природен звук во среднотонското подрачје. Главниот проблем се тотално погрешните (излажаните?!) Thiele-Small параметри на нивниот официјален сајт, па наместо Qts = 0,3 (на пример) кај некои бас/среднотонски модели од Classic и Revelator серијата јас сум измерил неверојатни Qts = 0,65 - полошо од евтини кинески звучници! Тоа лесно ќе го препознаете како мек, пренадуван, спор и непрецизен бас без никаква дефиниција, а особено без никаква динамика. На неискусните аудиофили тоа им се чини како многу пријатен звук, па заедно со неспорната длабочина на басовите, резултира во некритичко вознесување во незаслужени височини на Scanspeak компонентите.
Зачудувачки, кај нивната најевтина Discovery серија Thiele-Small параметрите што сум ги измерил потполно се исти со декларираните на нивниот сајт.
Јас одамна сум ги надраснал нединамичките и спори Scanspeak компоненти. Она што ми прави задоволство се професионалните звучници и активните студиски монитори.
 
15 август 2017
22
18
Скопје
Здраво
Тргнав да купувам Marshall Stanmore II bluetooth звучник, ама после две слушања во Анхоч се откажав, после слушнав и Google Home Max и заклучив дека многу подобра опција (a не многу поскапа) е да купам појачало и звучници.
Од понудата во МК, ми фаќа око комбинација од: Klipsch R-51M со Cambridge Audio - Topaz AM 10 (или за 90евра поевтиното AM5) или пак Monitor Audio SB100 со едно од споменатите појачала.
Веќе имам chromecast audio, и планирам да стримам од телефон преку chromecast audio.
Дали општо концептов ми е ОК?
Дали можеби е подобро да има DAC помеѓу chromcast-от и појачалото?
Дали можеби би сугерирале некоја друга комбинација во слична ценовка рамка (максимум 500евра)?
П.С. Кои се тие AVC што ги споменувате на форумов?
 
MadBuldog

Gaining Experience
22 јуни 2008
119
282
Скопје
MadBuldog's setup  
Processor & Cooler
DT R7 3700X / LT 6700HQ
Motherboard
DT Gigabyte AORUS X570 Elite / LT Alienware 17 R3 Laptop Motherboard with i7 2.6GHz Quad Core CPU - DVV6W
Storage
DT Samsung 970 EVO 500 GB, Samsung 860 QVO 1 TB / LT Kingston A100 480 GB
PSU
DT Gigabyte AORUS 850W / LT Alienware 280W
RAM
DT 32 GB G-Skill DDR4 CL16 3200 Mhz / LT 16 GB G-Skill DDR4 SO-DIMM 2400 Mhz
Video card
DT AORUS GeForce® GTX 1070Ti 8G / LT GeForce® GTX 970 3G
Case
DT NZXT H510 Elite / LT Alienware 17 R3 + Alienware Graphics Amplifier
Mouse
DT Alienware Elite Gaming Mouse AW959 / LT ROCCAT Nyth
Keyboard
DT Alienware Pro Gaming Keyboard AW768 / LT ROCCAT ISKU FX+
Audio
DT Alienware Wireless Gaming Headset AW988 / LT ASUS STRIX PRO 2.0
Monitor
DT / LT Alienware 25 Gaming Monitor AW2518HF + LG 29UM67-P 29" Ultra Wide
OS
DT/ LT Windows 10 Pro

Одлично што си се одлучил да одиш на посолидна опција и на посериозна опрема, самиот си увидел дека по цените по кој се нудат over-hyped уреди може да се најдат подобри решенија.
Мојот совет е кога ги гледаш компонентите што сакаш да ги комбинираш, обрати внимание на техничките перформанси.
На пример:
Кај Klipsch R-51M Моќноста е следната (CONT/PEAK) 85W/340W по звучник, треба појачалото да биде блиску до тоа барање (по канал) за да го „нахрани“ звучникот со доволно енергија за оптимално да ги придвижува драјверите , X 2 за стерео конфигурација.
Кај Cambridge Audio - Topaz AM 10 Моќноста е следната Power output: 35 watts (into 8 Ohms), Max. power consumption: 180 Watts, што не значи дека нема да ги придвижува звучниците, ќе ја врши работата само нема да го искористиш оптималниот потенцијал на звучниците.
Подобра комбинација ти се Monitor Audio SB100 со тоа појачало, само провери дали цената ти е за пар или за еден звучник, дека кај Klipsch R-51M имај во предвид цената е за еден звучник.

Ако буџетот ти е максимум 500евра, јас би ти предложил за максимум 20.000 ден. да си земеш активни монитори со мин. 5" вуфери, ефтин DAC или USB Audio Interface за околу 5.000 ден. Во DAC или USB Audio Interface ќе можеш да го приклучиш chromecast audio (мислам дека ќе можеш и од chromecast audio директно да ги приклучиш активните монитори) и немораш да му ја мислиш понатаму. Активните монитори си доаѓаат со оптимално поддесени појачала за нив и имаш слобода директно во нив да си конектираш повеќе аудио извори.

AVC се увозници на аудио опрема и имаат понекогаш поповолни цени за одредени производи, на пример од кај нив за пристојна цена можеш да ги набавиш активните монитори JBL 305P MkII, јас последен пат кога прашував ми ги понудија со попуст 135€ + ДДВ по парче (околу 16.700 ден. + ДДВ).
 
Последна промена:

Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
89
174
Ја поддржувам препораката на MadBuldog за активни мониторски звучници наместо класичната комбинација засилувач + пасивни звучници, особено ако се преферира компактност на целиот сетап. Исто така, мислам дека Cambridge Audio Topaz AM 10 веќе го немаат на залиха во Алфа Аудио.
Од позитивната страна, Monitor 100 звучниците имаат бас/среднотонски звучник од 6,5 инчи. Од негативната страна Klipsch R-51M имаат бас/среднотонски звучник од само 5 инчи и „пренадувана“ ефикасност од 93 dB/1W/1m која во реалноста е некаде околу 87 dB/1W/1m, а и високите тонови се пренагласени.
Мало појаснување: вообичаена заблуда е дека „ треба појачалото да биде блиску до (максималната моќност на звучникот) за да го „нахрани“ звучникот со доволно енергија за оптимално да ги придвижува драјверите“. Ако засилувачот е со помала моќност, тоа значи само дека од звучникот нема да може да се извлече максималната можна јачина на звукот, а не дека нема да може „оптимално да ги придвижува драјверите“. Квалитетот на звукот ќе биде ист. Разликата меѓу максималната јачина на звукот меѓу 85 W и 35 W засилувач е само 3,8 dB.
 
Многу благодарам за коментарите!
За овие AVC зборите?
Гледам дека од JBL моделот MadBulldog што го посочи постојат и 306 и 308 варијанти, со поголем бас/среднотонец, согласно вашиве препораки погоре, веројатно поголемиве опции се подобри. Ќе прашам и за нив.
Ако разбирам добро, послабото CA појачало (Topaz AM5), со моќност од 25 вати (во 8 оми), е преслабо за Monitor Audio 100 звучниците... ќе работат, ама конфигурацијата нема да е најсоодветна.
Имам уште едно глупо прашање, собата во која ќе стојат звучниците (Сега прашувам за JBL 305/6/8) е ~35квадрати, има генерално квадратна конфигурација, прашањто е, дали звучници со оваа моќност се соодветни за оваква просторија? Прашувам, затоа што ривјуата што ги гледам по нет, звучнициве ги ставаат во многу помали простории/студија/соби.

Многу фала уште еднаш.
 
TheMarshal

Practice makes perfect
3 јануари 2019
1,191
1,993
Или Mackie MR524/624 не се лоши модели. Дефинитивно разгледај и за тие. Многу се добри за парите.

Одлични се за да слушаш Украиниски метал и рок cover бендови - и @MadBuldog ќе ти потврди. :sneaky:
 
Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
89
174
...
Имам уште едно глупо прашање, собата во која ќе стојат звучниците (Сега прашувам за JBL 305/6/8) е ~35квадрати, има генерално квадратна конфигурација, прашањто е, дали звучници со оваа моќност се соодветни за оваква просторија? Прашувам, затоа што ривјуата што ги гледам по нет, звучнициве ги ставаат во многу помали простории/студија/соби.
[/QUOTE]
Не постојат глупави прашања. Евентуално некои одговори може да бидат глупави... :)
Дали некои звучници/засилувачи ќе бидат содветни, најмногу зависи од тоа колку гласно се сака да се слуша музиката, а и жанрот на музиката исто така влијае. Со други зборови, тоа е (пре)многу индивидуално и субјективно. Затоа, не обрнувај внимание во какви соби ги ставаат тие звучници, туку слушни ги во некоја соба (по можност во твојата) и веднаш ќе си знаеш дали ги бива или не.
 
InSides

On your way to fame
21 февруари 2009
273
609
Ајде да бидеме малку сериозни.

Да, ќе работат супер тие звучници во таа соба. Ако седиш на <2.5 метри од нив.
 
TheMarshal

Practice makes perfect
3 јануари 2019
1,191
1,993
Neither!
Активни студиски мониторски звучници.
Focal има активни студиски монитори - што патем ги бие и добар глас по интернетот.
 
Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
89
174
Така е, но штурото прашање од @k3b беше само „Focal ili Klipsch?“, а бидејќи Klipsch не произведува активни студиски монитори, логично беше да претпоставам дека прашањето се однесува на пасивни звучници.
Би замолил прашањата што ќе се поставуваат да бидат јасни и еднозначни, со повеќе податоци.
 
TheMarshal

Practice makes perfect
3 јануари 2019
1,191
1,993
Инаку, @Vladimir Filevski - ме интересира што би препорачал како добро решение за DiY стример, што би се користел најчесто за стримање од Tidal. Или па има некое друго не толку скапо готово решение. Мислам дека ова е интересна тема да почнеме да продискутираме сите во заедницава.
 
MadBuldog

Gaining Experience
22 јуни 2008
119
282
Скопје
MadBuldog's setup  
Processor & Cooler
DT R7 3700X / LT 6700HQ
Motherboard
DT Gigabyte AORUS X570 Elite / LT Alienware 17 R3 Laptop Motherboard with i7 2.6GHz Quad Core CPU - DVV6W
Storage
DT Samsung 970 EVO 500 GB, Samsung 860 QVO 1 TB / LT Kingston A100 480 GB
PSU
DT Gigabyte AORUS 850W / LT Alienware 280W
RAM
DT 32 GB G-Skill DDR4 CL16 3200 Mhz / LT 16 GB G-Skill DDR4 SO-DIMM 2400 Mhz
Video card
DT AORUS GeForce® GTX 1070Ti 8G / LT GeForce® GTX 970 3G
Case
DT NZXT H510 Elite / LT Alienware 17 R3 + Alienware Graphics Amplifier
Mouse
DT Alienware Elite Gaming Mouse AW959 / LT ROCCAT Nyth
Keyboard
DT Alienware Pro Gaming Keyboard AW768 / LT ROCCAT ISKU FX+
Audio
DT Alienware Wireless Gaming Headset AW988 / LT ASUS STRIX PRO 2.0
Monitor
DT / LT Alienware 25 Gaming Monitor AW2518HF + LG 29UM67-P 29" Ultra Wide
OS
DT/ LT Windows 10 Pro
Така е, но штурото прашање од @k3b беше само „Focal ili Klipsch?“, а бидејќи Klipsch не произведува активни студиски монитори, логично беше да претпоставам дека прашањето се однесува на пасивни звучници.
Би замолил прашањата што ќе се поставуваат да бидат јасни и еднозначни, со повеќе податоци.
Всушност Klipsh почнаа да произведуваат и активни монитори како следниве Klipsch THE FIVES, што ги има во Болин, е сега цената е отприлика како во USA + транспортни трошоци, царина и ДДВ. За разлика од традиционалните Klipsh пасивни звучници што традиционално си го имаат проблемот со твитерите каде високите тонови се пренагласени, на овие им имаат направено корекција и го немаат тој проблем (најверојтано со EQ во DSP-то). Плус имаат вграден Bluetooth, USB влез, PHONO влез, HDMI-ARC, субвофер излез, еден куп конекции и даљинско, што во суштина ги прави soundbar килери и севкупно наједноставна опција за директно конектирање на најразлични аудио извори. Претходно не ги спомнав затоа што го надминуваат буџетот на членот Х2 од она што го имаше наведено.
www.audiocentar.com.mk/#/proizveduvaci/74b28ed9-232e-4a04-b54e-8d763fc31745/details/b310ccb8-45c1-4f31-9a19-7c6821763e41
www.klipsch.com/products/the-fives-powered-speakers

Истотака ги имаат и THE SIXES со 6.5" вуфери, но тие ги нема кај нас.
www.klipsch.com/products/the-sixes

А од референтната серија Klipsh ги произведува и R-51PM активните монитори, со 5.25" вуфери, што исто не се наоѓаат на лагер, тие мислам исто по порачка може да се донесат.
 
Последна промена:

Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
89
174
Всушност Klipsh почнаа да произведуваат и активни монитори како следниве Klipsch THE FIVES, ... Истотака ги имаат и THE SIXES со 6.5" вуфери, но тие ги нема кај нас. ... А од референтната серија Klipsh ги произведува и R-51PM активните монитори,...
Познати ми се тие активни звучници на Klipsch, но тие не се активни студиски монитори - токму затоа во мојот претходен пост го болдирав зборот „студиски“. Студиските монитори имаат (мора да имаат!) некои карактеристики кои овие активни звучници од Klipsch ги немаат. Се разбира, тоа не значи дека овие активни звучници од Klipsch не можат да звучат добро. Може да се одлични (не сум ги чул, ниту сум видел тестови за нив), но сепак не се студиски монитори.
 
k3b

Gaining Experience
12 декември 2017
172
95
Така е, но штурото прашање од @k3b беше само „Focal ili Klipsch?“, а бидејќи Klipsch не произведува активни студиски монитори, логично беше да претпоставам дека прашањето се однесува на пасивни звучници.
Би замолил прашањата што ќе се поставуваат да бидат јасни и еднозначни, со повеќе податоци.
Точно,

Не потенцирав што попрецизно ми треба се извинувам.. Имам denon2600, за почеток ми е потребен 2.0/2.1 сетап. Не сум многу упатен со аудио брендови, тука беа спомнати Focal и Klipsch па затоа прашав. Ценовен ранг е макс 700 евра. Секој предлог е добредојден :)
 
Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
89
174
Инаку, @Vladimir Filevski - ме интересира што би препорачал како добро решение за DiY стример, што би се користел најчесто за стримање од Tidal. Или па има некое друго не толку скапо готово решение. Мислам дека ова е интересна тема да почнеме да продискутираме сите во заедницава.
Да, темата е многу интересна и е во склад со насоката во која се движат модерните решенија во хај-фај техниката.
Сè уште немам доволно практично искуство од оваа тема за да можам да дадам некои конкретни препораки. Добро би било да се вклучат оние кои можат да споделат некои корисни сознанија.
 
Последна промена:

Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
89
174
Имам denon2600, за почеток ми е потребен 2.0/2.1 сетап. ...
Ценовен ранг е макс 700 евра. :)
Denon AVR-2600H е модерен surround рисивер, па ако конечната цел е заокружување на еден комплетен surround сетап за домашно кино, тогаш може да се започне со еден пар (пасивни!) звучници од 700 евра, веднаш потоа сабвуфер (задолжително!), па потоа постепено да се надополнува со центар-звучник, па на крај со surround звучници, а можеби и со Atmos. Уште еднаш ќе нагласам дека добар сабвуфер е задолжителен за домашно кино!
Изборот на звучници кај нас е многу широк - покрај Klipsch и Focal, треба да се земат предвид и PSB, Monitor Audio, JBL, Dynaudio, Wharfedale, Q Acoustics, .... За 700 евра можат да се земат и поголеми, самостоечки звучници. На крај, сè се сведува на личен вкус - и слушно, и визуелно (дизајн).
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,609
Мислења
821,623
Членови
28,258
Најнов член
mimoza.stoilova
На врв Дно