• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

TheMarshal

Practice makes perfect
3 јануари 2019
1,178
1,963
Им пишав на Vision да ги прашам дали ги имат Mackie звучниците, па ако ги имаат да појде да ги слушне... За ЏБЛот, да се поврзат со хромкастот, и за нив ќе треба адаптер + кабли или? Чисто како втора поскапа алтернатива да знам да му кажам тотална цена колку ќе го чини таков сетап.

Едит: @TheMarshal ги немаат CR-4X i CR-3X. Ги имаат само CR-4 и CR-3. 4kata e 150 evra, dodeka 3kata e 120 evra...
За JBL дефинитивно ќе требаа да купи кабли. Со нив идат само кабли за струја. Во случај ако сака да ги користи нив со Chromcast ќе му требаа кабел со еден 3.5mm конектро и два 6.3mm конектори. Еве слика од каков кабел ќе би треба.

Сега за каблите, можеш да купиш најевтини од Логинг и нема да е никаков проблем. Но веќе кога давате пари за добри звучки, купете некои солиден кабел со добри конектори. На пример: Kltoz кабел со Neutrik/Rean конектори. Истите може да ви ги направат и во Вижн и Логинг. Не би требало повеќе од 1200 денари да ве кошта 2 метра кабел со конкетри.


51GDIhHSNRL._AC_SX425_.jpg

Како што ти кажа @Vladimir Filevski погоре, пожелно е да идете со минимум 5 инчен вуфер. Искрено дали JBL или Mackie нема да згрешите. Исто така и Adam Audio T5V не се лоши, имате повеќе опции. Најдобро е да појдете и да чуете се могуче.


за Mackie, не сум доволно созреал да слушнам
Јас имам чуено Mackie MR524 и MR624 воопшто не се лоши. Напротив одлични се за парите.
 

Глупав

Gaining Experience
20 април 2008
686
401
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Јас имам чуено Mackie MR524 и MR624 воопшто не се лоши. Напротив одлични се за парите.
не викам дека не се добри, само дека немав слушнато еве сега имам,
и да не знам колку е соодветно релевантно да се каже,
ама на JBL поскромна серија кај братучед звучат многу моќно гитари, додека кај мене секогаш може да има добар ритам, подобро отколку моќно,
сепак во голема улога е и амбиентот би рекол...
 

MadBuldog

Gaining Experience
22 јуни 2008
118
278
Скопје
MadBuldog's setup  
Processor & Cooler
DT R7 3700X / LT 6700HQ
Motherboard
DT Gigabyte AORUS X570 Elite / LT Alienware 17 R3 Laptop Motherboard with i7 2.6GHz Quad Core CPU - DVV6W
Storage
DT Samsung 970 EVO 500 GB, Samsung 860 QVO 1 TB / LT Kingston A100 480 GB
PSU
DT Gigabyte AORUS 850W / LT Alienware 280W
RAM
DT 32 GB G-Skill DDR4 CL16 3200 Mhz / LT 16 GB G-Skill DDR4 SO-DIMM 2400 Mhz
Video card
DT AORUS GeForce® GTX 1070Ti 8G / LT GeForce® GTX 970 3G
Case
DT NZXT H510 Elite / LT Alienware 17 R3 + Alienware Graphics Amplifier
Mouse
DT Alienware Elite Gaming Mouse AW959 / LT ROCCAT Nyth
Keyboard
DT Alienware Pro Gaming Keyboard AW768 / LT ROCCAT ISKU FX+
Audio
DT Alienware Wireless Gaming Headset AW988 / LT ASUS STRIX PRO 2.0
Monitor
DT / LT Alienware 25 Gaming Monitor AW2518HF + LG 29UM67-P 29" Ultra Wide
OS
DT/ LT Windows 10 Pro
Еве една од најновите рецензија за 5" монитори, во списокот од звучници кај нас мислам дека само Monoprice (USA бренд не е застапен надвор од тој пазар) неможе да се најде кај нас, Sanjay C е музичар и продуцент, кој доста често прави и YT рецензии.
Mackie CR5 и Monoprice SV25 мониторите се најбуџет варијанти. (Mackie MR524 се поскапите со сите влезови и отприлика со иста цена како кај JBL 305p MkII)


Им пишав на Vision да ги прашам дали ги имат Mackie звучниците, па ако ги имаат да појде да ги слушне... За ЏБЛот, да се поврзат со хромкастот, и за нив ќе треба адаптер + кабли или? Чисто како втора поскапа алтернатива да знам да му кажам тотална цена колку ќе го чини таков сетап.

Едит: @TheMarshal ги немаат CR-4X i CR-3X. Ги имаат само CR-4 и CR-3. 4kata e 150 evra, dodeka 3kata e 120 evra...
Последен пат кога ми пишаа информација од VISION ги имаа - Mackie CR4BT по цена 179 € / пар, тоа е во буџетот имаат вграден Bluetooth но се со 4" Вуфери и не се баш препорачливи, не дека неама да бркаат работа, али го немаат Umphhh-от од 5".

Инаку за 5" што користат XLR влезови од Логинг мене ме фатија 2 кабли по 1,5м. 1.371,00 ден. и тоа е со поскапите Neutrik конектори за XLR/TRS 6,35mm.
 
Последна промена:

TheMarshal

Practice makes perfect
3 јануари 2019
1,178
1,963
Инаку за 5" што користат XLR влезови од Логинг мене ме фатија 2 кабли по 1,5м. 1.371,00 ден. и тоа е со поскапите Neutrik конектори за XLR/TRS 6,35mm.
Друга работа е што од лично искуство воочив е дека за активни звучници подобро е да се иде на Balanced. Но, тоа е веќе понатаму, за почеток ќе му брка работа и chromecast со unbalanced.
 

TheMarshal

Practice makes perfect
3 јануари 2019
1,178
1,963
Пред 2 недели се решив во мојот систем да додам и грамофон. Наприв истражување што може да се купи локално, да биде солидно, а да не биде повеќе од 300 евра. Одлуката падна да се купи Sony PSLX310BT, но за жал ни во Галерија, а ниту пак во Југотон го немаа на лагер, иако на интернет им стојат дека се на лагер. Инаку, го сакав Sony-то бидејќи за цена од 200 евра (со попуст) е одличен грамофон за почетнички сетапк бидејќи има вградено phono (грамофонско пред-појачало) и интересни features за стримање, рипување на плочи и етц. Претпоставувам дека локално, во тој ценовен сегмент нема нешто подобро - можеби и грешам.

Да не одолговлекувам многу, малку поскапа и алтернативна опција ми беше да идам на Pro-Ject Primary-E и грамофонско пред-појачало Pro-Ject Phono Box. Се јавив во Болин, ги имаа на лагер. The decision was made for real this time, појдов до болин и ги купив. Сликиве не се мои, преземени се од Google, не сум во можност да го сликам сетапот моментално.

151410_2173052321854_faef5096_d85d_459f_b5e8_bd307df316a1.jpg4425.950.jpg

Кога стигнав дома, поврзав се - и сфатив дека немам никаков Volume Control во системот. Мониторите ми немаат контрола на gain, а ниту па грамофонското предпојачало. Па како приверемено решение го прилучив Phono Box-от на заслувачот за слушалки, па од него ја искористив preamp секцијата. Не звучеше лошо, но пресилен (презаситен?) беше сигналот, so there was YUUUGE distorsion. Заборавив да напоменам дека и кога звучниците беа поврзани директно со грамофонското пред-појачало се јавуваше брум.

По консултација со најистакнатиот грамофонџија на форумот, најдовме солуција и за дисторзијата и за брумот.

1. Контролата на гласноста се реши со додавање на Behringer Monitor1 пасивен пред-засилувач. In the signal chain, грамофоснкото пред појачало влегува во него, а преку излезот е поврзан со активните монитори. Да губам balanced, но се реши дисторзијата.

2. Брумот го решив со DIY заземјување - што ме кошаташе стотина денари. 2 метра кабел за заземјување, утикач со заземјување и клема. Инаку, се поврзува на qur-ето за заземјување на грамофонт (не знам правилен термин). Еве како изгледа кабелот и каде точно е поврзан.

122180772_967939690369541_7951024041657169451_n.jpg 20201022_175409.jpg

Се надевам дека овој пост и искуството што го споделив може да му помогне на некој што сака да купи грамофон - или пак на некој што ги има проблемиве. А за inital impressions DIGITAL vs Anolog компрација нема да зборувам - тоа ќе го оставам на други. :cool:

Was it worth it? Fuck Yeah! Сега идам да си го поминав викедот слушаќи плочите што ги имам по дома.
 

Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
87
160
Кога стигнав дома, поврзав се - и сфатив дека немам никаков Volume Control во системот.
...
1. Контролата на гласноста се реши со додавање на Behringer Monitor1 пасивен пред-засилувач.
...
2. Брумот го решив со DIY заземјување - што ме кошаташе стотина денари. 2 метра кабел за заземјување, утикач со заземјување и клема. Инаку, се поврзува на qur-ето за заземјување на грамофонт (не знам правилен термин). Еве како изгледа кабелот и каде точно е поврзан.
...
А за inital impressions DIGITAL vs Anolog компрација нема да зборувам - тоа ќе го оставам на други.
Секогаш ми е мило кога ќе чујам дека сè уште има аудиофили.
Посебните кутивчиња фоно пред-предзасилувачи (тоа е прецизниот опис) порано, уште во мое, предисториско време, немаа Volume Control - тоа е задача на предзасилувачот.
Behringer Monitor 1 пасивниот предзасилувач е convеnient решение, но е прилично скапо. Еден најобичен логаритамски стерео потенциометар би ја завршил истата работа. Во DIY изведба тоа би чинело најмногу 500 денари, со кутивче.
Ех, помладиве генерации не знаат нешто што порано само по себе се подразбираше - грамофонот/фоно предзасилувачот задолжително мора да се заземји! Шрафчето со ознака за заземјување беше очигледно, барем порано.
Начна многу „запаллива“ тема - digital vs analog. :) Во мое време имаше само аналогни уреди (во светот, не само кај нас!), дигиталните не беа измислени. Дури во 1982 година се појави првиoт CD плеер во светот - Sony CDP 101. Во 1983 година (ако добро паметам) еден мој другар некако го прошверцува од странство CD плеерот (царината тогаш беше 75% за хај-фај уреди!!!), па направивме директна споредба со грамофонска плоча - истата снимка од Вториот концерт за клавир и оркестар од Рахмањинов, издадена и на грамофонска плоча и на CD. Резултат? Грамофонот (т.е. „аналогниот звук“) претрпе убедлив пораз! Динамиката од CD плеерот беше огромно поголема во однос на компресираната динамика на грамофонската плоча (сосема разбирливо, со оглед на технологијата) - а динамиката е од пресудна важност во репродукција на класичните инструменти. А го немаше ни оној досаден шум од плочата. За оние „крц“ и да не збориме. Единствено нешто подобро кај грамофонот беше стерео сликата - просторноста беше поголема, подлабока и поширока (повторно - заради самата технологија на репродукција). Од тогаш, за сите нас кои бевме собрани на тој слушен тест, грамофонот беше засекогаш погребан. Се разбира, за оние кои имаа големи и вредни колекции на грамофонски плочи транзицијата не беше така едноставна, па токму од тие причини си ги задржаа грамофоните.
Има некоја магија во ритуалот на слушање плочи...
 
Последна промена:

TheMarshal

Practice makes perfect
3 јануари 2019
1,178
1,963
Behringer Monitor 1 пасивниот предзасилувач е convеnient решение, но е прилично скапо. Еден најобичен логаритамски стерео потенциометар би ја завршил истата работа. Во DIY изведба тоа би чинело најмногу 500 денари, со кутивче.
Супер е и Behringer Monitor 1, ќе ми се најде и понатаму, а и доста попкратично ми беше да купам готово решение. Но да, не е лошо ова што се спомна, сигурно на доста луѓе може да им помогне да направат DIY решение и да им останат 2500 денари во џеб, што може да се искористат за плочи или нешто попкратично. :)

грамофонот/фоно предзасилувачот задолжително мора да се заземји! Шрафчето со ознака за заземјување беше очигледно, барем порано.
И сега е доста очигледно, го заземјив грамофонот, но сеуште имаше брум - па затоа и направив DIY заземјување и за Phono-то.

царината тогаш беше 75% за хај-фај уреди
That is crazy!

Има некоја магија во ритуалот на слушање плочи...
Се согласувам, затоа и сакам грамофон.
 

DarthJe5us

Practice makes perfect
2 јануари 2012
1,769
1,314
Дечки, ајде мала помош за активни звучници бидејќи со нив немам искуство. Другар е во потрага по активни звучници за да направи еден стерео сетап со следните requirements:

- Да може да пушта музика вајрлес од телефон на нив (моја препорака беше Chromecast Audio, други алтернативи се добредојдени)
- Буџет 100-200 евра, што поефтино тоа подобро доколку може
- Може да се нови или половни


Нека ги бара во Vision.
 

ivan88

Gaining Experience
22 февруари 2012
349
357
ivan88's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460| Deep Cool GAMMAX 400
Motherboard
Gigabyte GA-Z97 HD3
Storage
Samsung Evo 840 120GB| WD Blue 500GB
PSU
Deep Cool DA500-M Aurora 500w
RAM
Kingston Fury Red Series 8G
Case
Deep Cool Tesseract SW White
Mouse
Gigabyte Eco 600
Keyboard
Apple Wireless Keyboard
Audio
LLogitech x530
Monitor
Dell S2240L
OS
Mac OSX Yosemite| Windows 7
Уште еден фан на грамофони

Еве го следниот проект на кој ќе работам.




Ќе биде комплетно реставриран ама дилемата уште ми е голема со што ќе се упари. Се зареков дека во животов ќе имам focal звучки и ќе се вратам на стерео па ги гледам focal chora 826 со cambridge audio cxa81. Засилувачот нема интегрирано фоно предпојачало па ќе треба да се комбинира. Го гледам и NAD C268 како опција ама треба да се слушне како би звучел со Focal-от, они некако повеќе си одговараат со Dynaudio.

Ама со оглед на тоа дека добив ќеркичка деновиве, ова најверојатно ќе почека до пролет плус до тогаш ќе го стокмам грамофонот.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

TheMarshal

Practice makes perfect
3 јануари 2019
1,178
1,963
Го гледам и NAD C268 како опција ама треба да се слушне како би звучел со Focal-от, они некако повеќе си одговараат со Dynaudio.
Нема везе - види кој е дилер на NAD и на Dynaudio во Македонија па ќе видме кој ја направил приказната дека NAD и Dynaidio се најдобар match. :)

Моја препорака за засилувач би ти било:

Уствари не знам цена за C268 и CXA81. Знам дека доста добар глас има за C268 на AudioScienceReview.

Разгледај нешто и од Elac имаат во Pix+ и тоа ти е добра опција за звучница.

Инаку, доста од аудиофилите избегнуваат сетапи со активни звучки - не е лошо да прочепкаш за Neumann KH310, Dynaudio LYD-48 или Genelec. Имаш одлични активни монитори што се супер и за hi-fi употреба.
 

Banjifiko

Unbeatable
28 октомври 2008
3,184
4,378
Skopje
Banjifiko's setup  
Processor & Cooler
i7-4790/TT Contac 29
Motherboard
Gigabyte GA-Z97M-DS3H
Storage
SSD Samsung 840 Evo 120 GB + Toshiba DT01ACA300
PSU
CM 700 W Silent Pro
RAM
Kingston HyperX DDR3 1600MHz 24GB
Video card
Asus Strix GTX970
Case
TT Commander Blue LED
Mouse
A4 Bloody V7
Keyboard
Modecom MC-800W Volcano
Audio
Samson SR850 & JVC HAM55X
Monitor
Dell U2414h
OS
Windows 8.1
Ама со оглед на тоа дека добив ќеркичка деновиве, ова најверојатно ќе почека до пролет плус до тогаш ќе го стокмам грамофонот.
Честитки. Нека е жива и здрава, и знаеш што те чека :)
 

ivan88

Gaining Experience
22 февруари 2012
349
357
ivan88's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460| Deep Cool GAMMAX 400
Motherboard
Gigabyte GA-Z97 HD3
Storage
Samsung Evo 840 120GB| WD Blue 500GB
PSU
Deep Cool DA500-M Aurora 500w
RAM
Kingston Fury Red Series 8G
Case
Deep Cool Tesseract SW White
Mouse
Gigabyte Eco 600
Keyboard
Apple Wireless Keyboard
Audio
LLogitech x530
Monitor
Dell S2240L
OS
Mac OSX Yosemite| Windows 7
Нема везе - види кој е дилер на NAD и на Dynaudio во Македонија па ќе видме кој ја направил приказната дека NAD и Dynaidio се најдобар match. :)

Моја препорака за засилувач би ти било:

Уствари не знам цена за C268 и CXA81. Знам дека доста добар глас има за C268 на AudioScienceReview.

Разгледај нешто и од Elac имаат во Pix+ и тоа ти е добра опција за звучница.

Инаку, доста од аудиофилите избегнуваат сетапи со активни звучки - не е лошо да прочепкаш за Neumann KH310, Dynaudio LYD-48 или Genelec. Имаш одлични активни монитори што се супер и за hi-fi употреба.

Ценовно кај нас cxa81 e околу 1200-1300е. Во Грција е околу 1000е. NAD-от треба да е исто во тој ценовен ранг. Разликата меѓу CA и NAD наспроти Audiophonic е само класата, АБ наспроти Д ама од друга страна доста помоќно е Audiophonic. Баш ќе се заинтересирам да видам подетално за Audiophonic-от. Исто претпоставивам локално го мена па не може да се види/слушне. Elac e супер варијанта а за cxa81 и Dali се одлична опција. Али пак се се сведува на уво, жанр, и најбитно просторијата кај што се слуша.

Искрено не сум размислувал за опција со активни звучки. Али сум отворен секогаш за предлози :)

Честитки. Нека е жива и здрава, и знаеш што те чека :)
Фала ти друже, само убавини да се враќаат. Нека е само здрава и жива, ќе разгледувам и пушки ваљда за некоја година


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

ivan88

Gaining Experience
22 февруари 2012
349
357
ivan88's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460| Deep Cool GAMMAX 400
Motherboard
Gigabyte GA-Z97 HD3
Storage
Samsung Evo 840 120GB| WD Blue 500GB
PSU
Deep Cool DA500-M Aurora 500w
RAM
Kingston Fury Red Series 8G
Case
Deep Cool Tesseract SW White
Mouse
Gigabyte Eco 600
Keyboard
Apple Wireless Keyboard
Audio
LLogitech x530
Monitor
Dell S2240L
OS
Mac OSX Yosemite| Windows 7
Кул. Која ти е идејата? Реставрација на stock состојба или некои модификации?
За почеток сакам сток. Понатака може да си играм и да учам уште повеќе.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

TheMarshal

Practice makes perfect
3 јануари 2019
1,178
1,963
Ценовно кај нас cxa81 e околу 1200-1300е. Во Грција е околу 1000е. NAD-от треба да е исто во тој ценовен ранг. Разликата меѓу CA и NAD наспроти Audiophonic е само класата, АБ наспроти Д ама од друга страна доста помоќно е Audiophonic. Баш ќе се заинтересирам да видам подетално за Audiophonic-от. Исто претпоставивам локално го мена па не може да се види/слушне. Elac e супер варијанта а за cxa81 и Dali се одлична опција. Али пак се се сведува на уво, жанр, и најбитно просторијата кај што се слуша.

Искрено не сум размислувал за опција со активни звучки. Али сум отворен секогаш за предлози :)


Фала ти друже, само убавини да се враќаат. Нека е само здрава и жива, ќе разгледувам и пушки ваљда за некоја година


Sent from my iPhone using Tapatalk
Мислам дека C268 е исто D class и користи постар модел на Hypex модули. Прочепкај поубаво.
 

Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
87
160
Инаку, доста од аудиофилите избегнуваат сетапи со активни звучки - не е лошо да прочепкаш за Neumann KH310, Dynaudio LYD-48 или Genelec. Имаш одлични активни монитори што се супер и за hi-fi употреба.
Да, потполно се сложувам. Навистина не можам да ги сфатам повеќето аудиофили - избегнуваат прекрасни активни студиски монитори, а даваат баснословни пари за засилувачи и звучници кои не им се ни до колена на студиските монитори.
Јас ги продавам активните студиски монитори Neumann KH310 А за само 3.800 евра (за пар) и гарантирам дека се подобри од која било комбинација на аудиофилски засилувачи и звучници со вкупна цена од 8.000 евра (ако не и повеќе).
 

InSides

On your way to fame
21 февруари 2009
273
609
Сум ги слушнал неколкупати тие KH310A во пријатна атмосфера. Не се лоши звучници. Малку ги кочеше аналогниот извор, ама тоа е очекувано.

Секако, има и подобро од 2 x KH310A - комбинација од 2 x KH310A + 2 x KH750DSP.

Не би знаел за споредбата со аудиофилски засилувачи и звучници во компаративна ценовна класа.
 

TheMarshal

Practice makes perfect
3 јануари 2019
1,178
1,963
Да, потполно се сложувам. Навистина не можам да ги сфатам повеќето аудиофили - избегнуваат прекрасни активни студиски монитори, а даваат баснословни пари за засилувачи и звучници кои не им се ни до колена на студиските монитори.
Јас ги продавам активните студиски монитори Neumann KH310 А за само 3.800 евра (за пар) и гарантирам дека се подобри од која било комбинација на аудиофилски засилувачи и звучници со вкупна цена од 8.000 евра (ако не и повеќе).

Dyna LYD-48 не се лоши. За мој вкус подобри беа, ама тоа доаѓа од човек што е навикнат на Dyna BM5.
 

InSides

On your way to fame
21 февруари 2009
273
609
Јас ги продавам активните студиски монитори Neumann KH310 А за само 3.800 евра (за пар) и гарантирам дека се подобри од која било комбинација на аудиофилски засилувачи и звучници со вкупна цена од 8.000 евра (ако не и повеќе).
А има ли каде да се слушнат во пригодна поставка?

Не прашувам за себе - јас ја имав привилегијата да ги слушнам како треба, во просторија која е третирана и во која се испочитувани сите потреби на тие звучници (мерења + DSP корекции).

Типични аудиофили купуваат системи кои можат да ги слушнат. Тоа е и премисата на хај фај продажните салони. Има ли прилика да се постават тие звучници, но во домашна поставка, како би можеле луѓе кои би дале 3,800 евра да утврдат колку им вршат работа?
 

masterwu

On your way to fame
11 февруари 2016
633
506
Струга
masterwu's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 6600K, Cooler Master Hyper 212 EVO
Motherboard
Asus Z170 Pro Gaming
Storage
Samsung 840 Evo 250GB, 2TB WD Caviar Blue, 640GB WD Caviar Green
PSU
Cooler Master V550S
RAM
16GB (2x 8GB) G.Skill Ripjaws V DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX 970
Case
Cooler Master CM690 III
Mouse
Logitech Proteus Core G502
Keyboard
Das Keyboard Model S (MX-Brown switches)
Monitor
Dell UltraSharp U2410
OS
Windows 10


Нека ги бара во Vision.
Веќе прашано, ги немаат Х моделите на лагер.
 

Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
87
160
Dyna LYD-48 не се лоши. За мој вкус подобри беа, ама тоа доаѓа од човек што е навикнат на Dyna BM5.
Dynaudio LYD-48 се одлични звучници за таа цена, но немаат никакви шанси покрај Neumann KH310A кој има подобар звук. Не ни може да споредуваат - почнувајќи од многу различната цена (Dynaudio LYD-48 се значително поевтини), па до објективните мерила (F3=40 Hz, SPLmax=114 dB и добра директивност кај Dynaudio vs F3=34 Hz, SPLmax=120 dB и одлична директивност кај Neumann).
Да не бидам разбран погрешно - ако некој нема пари да ги купи Neumann KH310A, следното поевтино нешто што јас од сè срце го препорачувам е Dynaudio LYD-48.
Мислењето е автоматски споено:

А има ли каде да се слушнат во пригодна поставка?
Не прашувам за себе - јас ја имав привилегијата да ги слушнам како треба, во просторија која е третирана и во која се испочитувани сите потреби на тие звучници (мерења + DSP корекции).
Типични аудиофили купуваат системи кои можат да ги слушнат. Тоа е и премисата на хај фај продажните салони. Има ли прилика да се постават тие звучници, но во домашна поставка, како би можеле луѓе кои би дале 3,800 евра да утврдат колку им вршат работа?
Со мала, „човек-фирма“ како мојата не можам да си дозволам да држам на залиха вакви скапи работи, па работам само по нарачка. Деновиве сум во преговори со еден потенцијален клиент за истиве звучници (веќе ги слушнал претходно), па ако одлучи да ги купи, ќе има можност за една еднодневна (не повеќе!) презентација кај него - ќе ве известам навремено тука на форумов.
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,578
Мислења
821,113
Членови
28,240
Најнов член
kadi babe
На врв Дно