FLEGMA
sensei
- 2 август 2012
- 11.619
- 19.356
Во конкретниот случај сепак преставува проблемНесовршениот центар на плочите е проблем за рачката/главата, а не за грамофонскиот погон.
Во конкретниот случај сепак преставува проблемНесовршениот центар на плочите е проблем за рачката/главата, а не за грамофонскиот погон.
За лебдечкиов погон е проблем затоа што излезен од оска нешто треба да го врати во центар.Ова ме заинтересира - зошто ексцентричен центар од винилна плоча би претставувал проблем за грамофонскиот погон?
Сега обрнав внимание на ова (болдираното). Малку доцнам, но важно е да се каже.... А едукација се прави преку (1) настани, (2) клубови, (3) специфични списанија, (4) посветени форуми итн. Затоа поздравувам отварање на нови простори (последно Аудиокултура), било какви проверени пишувања во списанија (Емитер покриваше овакви теми, но колку аудио хобисти кои не се интересираат за електроника помислиле да купат Емитер?) и настани на тој тип.
Па за тоа служи неговиот погон!? Прочитај ги тестовите - со прст го поместувале дискот додека вртел, па „самиот“ се враќал во центар.За лебдечкиов погон е проблем затоа што излезен од оска нешто треба да го врати во центар.
Сега обрнав внимание на ова (болдираното). Малку доцнам, но важно е да се каже.
ЕМИТЕР уште од 2002 година е списание за популаризација на науката и техниката - сите можни области (до тогаш беше исклучиво за електроника и сродните дисциплини). Последниве 18 години ЕМИТЕР покрива најразновидни теми: астрономија и астронаутика, аеронаутика, аудио и видео техника, физика, градежништво, медицина,... и да не набројувам понатаму.
Одлично што си се одлучил да одиш на посолидна опција и на посериозна опрема, самиот си увидел дека по цените по кој се нудат over-hyped уреди може да се најдат подобри решенија.Здраво
Тргнав да купувам Marshall Stanmore II bluetooth звучник, ама после две слушања во Анхоч се откажав, после слушнав и Google Home Max и заклучив дека многу подобра опција (a не многу поскапа) е да купам појачало и звучници.
Од понудата во МК, ми фаќа око комбинација од: Klipsch R-51M со Cambridge Audio - Topaz AM 10 (или за 90евра поевтиното AM5) или пак Monitor Audio SB100 со едно од споменатите појачала.
Веќе имам chromecast audio, и планирам да стримам од телефон преку chromecast audio.
Дали општо концептов ми е ОК?
Дали можеби е подобро да има DAC помеѓу chromcast-от и појачалото?
Дали можеби би сугерирале некоја друга комбинација во слична ценовка рамка (максимум 500евра)?
П.С. Кои се тие AVC што ги споменувате на форумов?
Ја поддржувам препораката на MadBuldog за активни мониторски звучници наместо класичната комбинација засилувач + пасивни звучници, особено ако се преферира компактност на целиот сетап. Исто така, мислам дека Cambridge Audio Topaz AM 10 веќе го немаат на залиха во Алфа Аудио.
Од позитивната страна, Monitor 100 звучниците имаат бас/среднотонски звучник од 6,5 инчи. Од негативната страна Klipsch R-51M имаат бас/среднотонски звучник од само 5 инчи и „пренадувана“ ефикасност од 93 dB/1W/1m која во реалноста е некаде околу 87 dB/1W/1m, а и високите тонови се пренагласени.
Мало појаснување: вообичаена заблуда е дека „ треба појачалото да биде блиску до (максималната моќност на звучникот) за да го „нахрани“ звучникот со доволно енергија за оптимално да ги придвижува драјверите“. Ако засилувачот е со помала моќност, тоа значи само дека од звучникот нема да може да се извлече максималната можна јачина на звукот, а не дека нема да може „оптимално да ги придвижува драјверите“. Квалитетот на звукот ќе биде ист. Разликата меѓу максималната јачина на звукот меѓу 85 W и 35 W засилувач е само 3,8 dB.
Focal ili Klipsch?
Sent from my iPhone using Tapatalk
Neither!Focal ili Klipsch?![]()
Neither!
Активни студиски мониторски звучници.
Всушност Klipsh почнаа да произведуваат и активни монитори како следниве Klipsch THE FIVES, што ги има во Болин, е сега цената е отприлика како во USA + транспортни трошоци, царина и ДДВ. За разлика од традиционалните Klipsh пасивни звучници што традиционално си го имаат проблемот со твитерите каде високите тонови се пренагласени, на овие им имаат направено корекција и го немаат тој проблем (најверојтано со EQ во DSP-то). Плус имаат вграден Bluetooth, USB влез, PHONO влез, HDMI-ARC, субвофер излез, еден куп конекции и даљинско, што во суштина ги прави soundbar килери и севкупно наједноставна опција за директно конектирање на најразлични аудио извори. Претходно не ги спомнав затоа што го надминуваат буџетот на членот Х2 од она што го имаше наведено.Така е, но штурото прашање од @k3b беше само „Focal ili Klipsch?“, а бидејќи Klipsch не произведува активни студиски монитори, логично беше да претпоставам дека прашањето се однесува на пасивни звучници.
Би замолил прашањата што ќе се поставуваат да бидат јасни и еднозначни, со повеќе податоци.
Познати ми се тие активни звучници на Klipsch, но тие не се активни студиски монитори - токму затоа во мојот претходен пост го болдирав зборот „студиски“. Студиските монитори имаат (мора да имаат!) некои карактеристики кои овие активни звучници од Klipsch ги немаат. Се разбира, тоа не значи дека овие активни звучници од Klipsch не можат да звучат добро. Може да се одлични (не сум ги чул, ниту сум видел тестови за нив), но сепак не се студиски монитори.Всушност Klipsh почнаа да произведуваат и активни монитори како следниве Klipsch THE FIVES, ... Истотака ги имаат и THE SIXES со 6.5" вуфери, но тие ги нема кај нас. ... А од референтната серија Klipsh ги произведува и R-51PM активните монитори,...
Така е, но штурото прашање од @k3b беше само „Focal ili Klipsch?“, а бидејќи Klipsch не произведува активни студиски монитори, логично беше да претпоставам дека прашањето се однесува на пасивни звучници.
Би замолил прашањата што ќе се поставуваат да бидат јасни и еднозначни, со повеќе податоци.
Да, темата е многу интересна и е во склад со насоката во која се движат модерните решенија во хај-фај техниката.Инаку, @Vladimir Filevski - ме интересира што би препорачал како добро решение за DiY стример, што би се користел најчесто за стримање од Tidal. Или па има некое друго не толку скапо готово решение. Мислам дека ова е интересна тема да почнеме да продискутираме сите во заедницава.
Denon AVR-2600H е модерен surround рисивер, па ако конечната цел е заокружување на еден комплетен surround сетап за домашно кино, тогаш може да се започне со еден пар (пасивни!) звучници од 700 евра, веднаш потоа сабвуфер (задолжително!), па потоа постепено да се надополнува со центар-звучник, па на крај со surround звучници, а можеби и со Atmos. Уште еднаш ќе нагласам дека добар сабвуфер е задолжителен за домашно кино!Имам denon2600, за почеток ми е потребен 2.0/2.1 сетап. ...
Ценовен ранг е макс 700 евра.![]()