1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од psyside, 19 Август 2011.

  1. vladic3110

    vladic3110
    Gaining Experience

    128
    222
    22 Февруари 2017
    Машко
    Ај и овде да си прашам за совет ако некој имал искуство со лампаши појачала и замена на лампи. Конкретно проблемот почнав да го наслушнувам на одредени фрекфенции прво како C# или А се слуша во позадина покрај звукот како тресење на прегорена сијаличка, по некое истражување по нет за можен дефект увидов дека две од лампите се заминати односно микрофонични/примаат звук на допир. Појачалото има 5 лампи, две поголеми веројатно за пред појачало и три помали. Првите две се EL84, третата е 12AX7B и последните две односно проблематичните се 12AX7A. Прашањето ми е дали може да се променат само тие две лампи или мора сите, или пак тој дел со малите лампи цел, исто за biasing односно регулација на волтажата на овие дифолт лампи пишува дека е 15в и така имав наместено, сеа ако земам две од различен/ист бренд дали треба на ист"bias" да ги местам или ако земам афтермаркет односно друга марка на пример JJ tubes комплет не ми е јасно и никаде не најдов тој биасот шо значи односно дали тие 15-16в препорачани се за појачалото или пак за дифолтните лампи внатре и ако земам јас друга марка на лампи како да дознаам на колку треба да ги подесам бидејки ако ги шлакниш на повеќе волти ќе им го скратам рокот или па ќе ги прегорам уште неупотребени.
    Еве во прилог и едно видео од појачалото Bugera v22
    Некој ако ме свати и да ми го појасни ова давам скара [​IMG]
    [youtube]
    ]View: https://www.youtube.com/watch?v=ziwylrk3vfA[/youtube]
    [​IMG]
     
    Последна промена: 2 Април 2018
  2. brasica

    brasica
    On your way to fame

    616
    939
    18 Април 2010
    Не сум имал проблем како твојот сеуште бидејќи ламбите се „релативно“ нови. На времето пред 10 години кога нарачував најдов голем избор на АХ7-ци. Јас попрецизно земав од Brimar и GE (General Electric) NOS верзии. Најубаво е да нарачаш впарени, така и се продаваат повеќето. Претпоставувам дека овие се на излез (барем на моето се така). Таа што е обележана со B и големите две се напајачки претпоставувам. Околу BIAS-от не можам да ти помогнам пошто на моето немам таков сетинг, автоматски е, така да тука немам искуство како треба да го подесиш.
     
    На Oktar и vladic3110 им се допаѓа ова.
  3. yasho

    yasho
    On your way to fame

    427
    505
    11 Јануари 2014
    Машко
    EL84 се излезни лампи (пентоди), 12АХ7 се дупли триоди од претпојачалото. Биасот не би требало да е подесив за предпојачалото, најверојатно е за излезните лампи, да работат без изобличување, а притоа да не греат превише и со тоа да траат подолго, нели. Би требало ова да го пишува во упатството (ако го има).

    Ако најдеш пар упарени 12АХ7А, јас би ги заменил само тие две, не би требало да има проблем никаков, ако проблемот е до лампите. Се додека не мењаш EL84-ки, јас не би чачкал биас ако не морам да сум на твое место (и излезот работи ОК).
    Не знам дали појачалото има некаков еластичен држач (гумица, федер) за лампите, демек вибрациите да не се пренесуваат од кутијата на лампите. Ако има такво, провери во каква состојба е...
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vladic3110

    vladic3110
    Gaining Experience

    128
    222
    22 Февруари 2017
    Машко
    @brasica @yasho фала на одговорите. Да yasho во право си,баратам цел ден прво се испозагинав уште толку со некои bias калкулатори каде што ништо не ми беше познато , ама сега на еден форум видов низ коментари дека тие две се од претпојачалото и дека не биле баш осетливи на биас така да ќе барам две такви :) иначе федер не, ама има некои гумици околу кои изгледаа океј, ги извадив ги преставив сите внимателно со крпче и пак истиот резултат на двете. Ќе барам сет такви, некои ставаат винтиџ, мене ми текна дека имам неколку од кога сум бил мал берев лампи од фрлени радиа за мои радија и појачала арно ама ни една не е 12ax7a или ECC83 по старо име. E сега ова за биасот уште не ми е јасно како да ја дознаам вредноста ако би ги менал некогаш тие EL84-те дали со сите даваат некоја препорачана бројка за биас или треба некои формули калкулатори да се користат.. Фала во секој случај
    [​IMG]
     
  5. yasho

    yasho
    On your way to fame

    427
    505
    11 Јануари 2014
    Машко
    Ecc83 или 12АХ7 се Америчка/Европска ознака, треба да се исти, не е стара/нова ознака. Еден ден ако дојде ред да мењаш излезни лампи, ќе треба во упатството да видиш како се подесува биасот. Ако немаш упатство, од око/уво :)
     
  6. alek99

    alek99
    Gaining Experience

    449
    380
    28 Јануари 2008
    Машко
    Биасот мора да ти биде -15,74V. Тој служи да ја подеси работната точка на излезните лампи EL84 кои работат во пушпул AB класа (плус имаш прекидач триода/пентода мод), како што предвидел дизајнерот на колото. Тука не треба да чепкаш ништо, освен да ти биде наместен на фабрички препорачаната вредност 15,74. При промена на лампи кај твоево појачало треба да внимаваш само излезнте лампи да бидат упарени. Додека другите три лампи ECC83 работат независно една од друга и не мора да бидат упарени т.е. можеш да ставаш какви сакаш модели на ECC83. Тоа што чукаш на првите две лампи е нормално да се слуша бидејќи тие се првите кои појачуваат и тоа со голем фактор. И нови да ставиш ако чукаш на нив пак ќе се појави звук, нормално е тоа. Кај тебе можно е да де е истрошена било која од лампите. Најдобро е да се проверат со инструмент во која состојба се.
    Инаку JJ се ново производство и се далеку понекваитетни од wintage моделите правени 50-60 години. Ги нема веќе тие фабрики како Mullard, Telefunken, Philips, Siemens, Ei и сл.
    Раликата меѓу моделите кај тебе 12AX7A и 12AX7B е во тоа што првите A, се помалку микрофонични, затоа и се ставени и први. Но ако купуваш wintage модели, сите ќе бидат OK.
    По мене не е лошо да се измерат сите лампи и да видиш во која генерална состојба е појачалото, поготово што се JJ и ако го свирел преку 1000 часови.
    Еве и шема од каде може све да се види како функционира.
     
    yasho, Chicco69 и на vladic3110 им се допаѓа ова.
  7. vladic3110

    vladic3110
    Gaining Experience

    128
    222
    22 Февруари 2017
    Машко
    @alek99 биасот последно го мерев лани и си беше на место, а за тоа со чукањето по проблемот со шушкањето како прегорена сијалица низ звучник почнав да го гуглам проблемот и сите одговори ме наведија на прегорена лампа, па барав низ youtube најлесен начин да приметиш прегорена лампа и неколку видеа излегоја со овај тест.За мерење незнам како да ги измерам немам некој посебен инструмент освен унимер, иначе не е премногу свирено купено е 2013 свирено подома, 10-12 свирки и уште толку проби и малце во студио, ама не е оптеретувано свирено е на микрофон а дома на тивко, ретко на некоја проба да прекршам пола јачина.
     
  8. alek99

    alek99
    Gaining Experience

    449
    380
    28 Јануари 2008
    Машко
    Овој дизајн е таков да биасот е негативен напон, кој треба да е стално константен, и се добива од посебна намотка од трафото, и се подесува со еден тример и два отпорника (види шема). Не зависи од истрошеноста на излените лампи, за разлика од други дизајни каде се биасира со тримери во катодите на излезните лампи, па тука треба да се биасира многу често зависно од тоа како се трошат лампите. Кај тебе тоа не е потребно. Инаку истрошеност на излезните лампи ќе приметиш ако почне на помал волумен да дисторзира непредвидено и да оди во клипинг, за разлика од кога биле нови.
    Лампите се трошат на вклучено појачало, па и да го свириш на минимум гласност. Значи битно е колку е време вклучено.
    За проверка на лампите унимер не ти врши работа.
     
    На yasho и vladic3110 им се допаѓа ова.
  9. vladic3110

    vladic3110
    Gaining Experience

    128
    222
    22 Февруари 2017
    Машко
    @alek99 чаре сега во кој ламби да ја барам маката да не ги менувам сите 5 наеднаш?
     
  10. alek99

    alek99
    Gaining Experience

    449
    380
    28 Јануари 2008
    Машко
    Ако ти се чека после празнициве да најдам слободно време, можам да ти ги тестирам сите лампи, па ќе видиме на што си.
     
  11. vladic3110

    vladic3110
    Gaining Experience

    128
    222
    22 Февруари 2017
    Машко
    @alek99 не ми е ич за брзање само јас сум од Битола, ако си од Скопје одам барем еднаш месечно можеби ќе се погодиме :)
     
  12. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,244
    1,384
    10 Септември 2010
    Вечерва ми стигнаа “custom made” шилци за сталките, одамна имав желба да ги кренам мониторите околу 3-4cm, но не сакав да купувам нови сталки.После неколку дена изработка и обработка на завршниот изглед, шилците се феноменално изработени.

    Сега кога сум во позиција за слушање, сум точно помеѓу високотонецот и среднотонецот, што најмногу ми одговара.Не знам на памет вертикалната дисперзија кој агол го имаше, но вака дефинитивно ми е по ќеиф.

    Исто така искористив сега да додадам и еден слој микропореста гума под гранитните плочи.Сега сталките се “залепени” за паркетот.

    Разлика има во звукот, ама не можам уште да оценам конкретно, не сум во можност да направам квалитетна сесија вечерва.Најголема промена има во басот за сега, осетно се намалени некои “модови” што сум ги имал низ собата и е уште повеќе “стегнат”, што мене ми одговара.

    Некоја слика со крш квалитет во продолжение.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Tegla, Nem_Akata, Chicco69 и уште 10 други им се допаѓа ова.
  13. gokica

    gokica
    Модератор

    8,471
    10,462
    13 Јуни 2009
    Поминаа децении како не сум се бавел со звучници. Цело време се дружам со слушалки. Сега прашањето ми е: во тек на реновирање ќе ставам FTP кабел во ѕидовите. Дали да ставам и жици за звучници во ѕидот? Или ако сега планирам па ќе ме ограничуваат во иднина бидејќи не сум одбрал сетап. Прашање е дали и ќе одберам. Но ете дали е така фјучерпруф?
     
  14. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,810
    5,012
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Па кабли за звучници не треба по правило да се долги многу, колку што ти е потребно, толку...во sидот ако ставиш нема да знаеш пред се какви кабли ти се потребни за звучниците, затоа што имам приметено луѓе со повеќе време на тацна, знаат да приметат разлика помеѓу еден и друг кабел на исклучително добри звучници, каблите имаат посебен карактер :) Меѓутоа мислам дека дистинкцијата ќе биде поизразена на поефтини звучници, така и потребата за менување на истите
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gokica

    gokica
    Модератор

    8,471
    10,462
    13 Јуни 2009
    Немам време сега да се замарам со сетап. Мислев да турам некои покултурни кабли низ ѕид. Ама без да имам претстава каде се би било поставено мислам дека е бесцелно да се размислува. Напишав во темава зашто сега ми е актуелно реновирање па мене одма ми текнува на аудио и техника. Сепак ќе баталам.
     
  16. civikom

    civikom
    Gaining Experience

    117
    102
    17 Декември 2011
    Машко
    А само ребрасти црева да си ставиш, па после мисли си на раат каков кабел ќе протнеш :)
     
    На Bubache, igor_xxxx, Lokvan и уште 3 други им се допаѓа ова.
  17. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,450
    10,330
    23 oктомври 2012
    Машко
    Најбоље е да идеш со црева и ете некаков кабел ако планираш да ставаш некад звучки позади. За лев, десен, центар и суб не ти требаат никакви црева и компликации, ама за позади дефинитивно несакаш каблите да ти се плеткаат низ соба. Би ти рекол, можеби е наједноставно да пуштиш една дозна и црево централно и после ке си позиционираш и пуштиш кабли по потреба, сега неверувам дека ке можеш да предвидиш точно.

    П.С. Обавезно пупшти кабли за задните инку после нема да пројде на куќен совет (читај, кај невестата) дека тие кабли мора да проаѓаат низ соба за задните звучки :D :D :D
     
    На Necromancer, igor_xxxx, Gaston и уште 3 други им се допаѓа ова.
  18. gokica

    gokica
    Модератор

    8,471
    10,462
    13 Јуни 2009
    Во право сте. Да не сте ми вие во гужвиве кои сум овој период на ништо нема да ми текне.
     
    На Bubache, yasho, igor_xxxx и уште 3 други им се допаѓа ова.
  19. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    Здраво живо другари,

    пред некоја година некој овде ми препорача мајстор за студиски монитори, ама никако да го лоцирам конкретниот одговор...
    Дали можеби некој од вас може да посочи уште еднаш?
    Мислам дека имаше и еден предлог за наш член овде што се бави со таа работа, ама не сум сигурен.

    Фала однапред!
     
    На MacReady му/ѝ се допаѓа ова.
  20. TheGamerTeacher

    TheGamerTeacher
    Gaining Experience

    115
    71
    9 Декември 2016
    Машко
    Постои ли некаде можност за купување на Sennheiser слушалки во Македонијава наша? Знам дека имаше некоја варијанта во Дуна или слично, ама никако не можам да најдам.
     
  21. Fredy

    Fredy
    Unstoppable

    844
    2,173
    12 oктомври 2014
    Машко
    Amski,во влезот до АмЦ салонот на улица Климент Охридски.

    Sent from my SM-G955F using Tapatalk
     
    Oktar, Banjifiko и на TheGamerTeacher им се допаѓа ова.
  22. Torlakian

    Torlakian
    Gaining Experience

    119
    87
    21 oктомври 2014
    Машко
    Artist Sistems d.o.o. Macedonia : Pro audio equipment & musical instruments Aртист Системс ДООЕЛ Македонија - Професионална Музичка Опрема и Музички Инструменти
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  23. TheGamerTeacher

    TheGamerTeacher
    Gaining Experience

    115
    71
    9 Декември 2016
    Машко
    Abe imase vo Duna nekoja varijanta od 2000-3000 denari, bez mikrofon. Valjda gi trgnale :S
     
    На Cyb3rAng3l му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    1,042
    629
    8 Август 2017
    Машко
  25. red dragon

    red dragon
    Intern

    45
    9
    28 Јуни 2013
    Машко
    Здраво може ли проценка 31783681_10211208328114591_6472102504858386432_n.jpg 31914182_10211208326994563_8996336943146991616_n.jpg 31783546_10211208326674555_4418525293128450048_n.jpg 31543348_10211208328234594_8347874457150291968_n.jpg за овие звучници за компјутер? Нови неотпакувани се.
     

Сподели

Вчитување...