После 2 недели размислување, конечно се решив да го земам ајфон 13 про макс. Со Самсунг расчистив од причина што ми здосади, а ги користев скоро сите верзии на галакси/С серијата.
Го гледав S21 Ultra и Пиксел 6 Про како најголеми конкуренти ама ме разочараа. S21 камерата не ме бендиса нешто, и единствена предност беше астро модот мислам.
Пикселот гледав и рака на срце има одлична камера за фотки, НО... голем дилбрејкер ми е лошата стабилизација, и целокупното видео искуство. Не ме јеби имаат 4 модови на стабилизација, кој од кој полош. Ова кај ајфонот си е решено дури во 1 единствен мод. Да не збориме за блурнато видео при снимање во slow-motion.
Единствената предност на камерава во однос со ајфонот ја видов кај портрети каде што ги дава доста поостри, можеби во темни услови (само фотка не и видео), и супер зум.
Ја согледав мојата страна и како го користам телефонот. Во последните 3 години, ја немам ни 20 фотки во темни услови направено, а имам еден тон видео. Еве скоро се вратив од Ф1 во Турција, и носев цел ДСЛР со 2 објективи за да снимам/сликам. Голема гњаважа, поготово, после префрлање, па едитирање, рендерирање и така натаму, за што? За горе-доле солидни резултати, а сум потрошил многу време. Кај ајфонот ме бендиса како е решена стабилизацијата, совршена е. Огромен, ама огромен + е кога дознав дека 256гб+ верзиите имаат опција за 4к ProRes. Тука беше веќе done deal. Макрото е исто доста интересно, па ќе треба да експериментирам и да си играм допрва.
Спомнав и претходно, службен телефон користам ајфон 10, меѓутоа освен повик/порака друго и да немам чепнато, си дојде веќе сетиран. Горе доле се снаоѓам низ менито, ама како прво искуство целото сетирање беше доста smooth. Она што ми "смета" во моментов е што треба да учам нови шорткатс т.е. да вежбам muscle memory. По навика правам некои чекори како во Андроид, а не функционира така.
Онака од први 24 часа, позитивно сум изненаден. Слики/видеа, батерија и тестови ќе споделам после 1-2 недели, прво да го истестирам убаво. За сега и ноут 9ката ќе го задржам, чисто како бекап.
пс. Квалитетот на телефонот е лудило! Го немам S21 при рака, ама во споредба со ноут 9, самсунгов е смешен. Од една страна тоа, од друга па и доста потежок е. Али имам и голема рака, па лесно движам низ цел екран.
Да се самоцитирам после скоро 2 недели.
Како што очекував, преоѓањето од Андроид на iOS нема да ми е лесно. Некои работи ми се допаѓаат, некои па ми пречат.
Батеријата мене ми е многу голем апгрејд. На Ноут 9, веќе ни пола ден не ми држеше. На ајфонов маста му ја вадам по цели денови, го полнам на ден ипол или секоја 2 вечер. Вчера од 100% падна на 72, а во позадина спотифај работеше цели 16 саати + гугл мапс. Зависник сум од игрици на телефон, губам по саат-два дневно батеријата ни 3-4% не симнува.
Целосниот софтвер, во споредба со Андроид ми е малку чуден. Од една страна многу работи се попрости за извршување, а некои па се искомплицирани непотребно. Не можам и не можам да разберам зошто нотификации при свајп на лево ми отвара clear и options. Никогаш не можам да фатам убав свајп за да ги избрише нотификациите. Кој курац ќе ми е options тука. На Андроид нотификациите сметам дека се подобро организирани и не се толку нападни. Овде се многу агресивни и пола и ги пропуштам ако имам сајлент мод. Хаотични ми се, ќе ми треба време да се навикнам.
Немав време детално да расчепкам, веројатно и се надевам дека ајфонов има опција да го сменам алармот. Кај Андорид имаше рилекс музика и си добивав временска прогноза, ова коа ќе засвири од памет ме вади.
Apple pay vs Google pay. Океј, имам картички што не се поддржани од овие сервиси, но... кога правам купување на Андроид имам опција да искористам картичка што не е поддржана од Гугл Пеј, овде на iOS нема таква опција. Д фак?
Сафари за мене е дефинитивно подобар браусер отколку Самсунг. Никогаш не користам на телефон Хром/Фајрфокс и немам потреба од тие букмарци.
Да напоменам дека телефонот највеќе го купив ради камерата. Не би рекол дека сум професионален фотограф, ама ретко искачам од дома без DSLR и неколку објективи.
Видеото е предобро! 4к + ProRes + стабилизација. НЕНОРМАЛНО добри резултати дава. Секако и просторот го јаде инстантно. Буквално немам никаква замерка. Фото камерата како што очекував има проблем со боите т.е. малку се мртви. Ништо што не можам да го средам со 2 минути во snapseed/lightroom. Со контраст не гледам никаков проблем, супер си е. Ноќна фотографија како што кажав ретко сликам, поготово па со телефон па не можам да дадам реални коментари тука.
Од она што највеќе се разочарав е макро модот. Не дека имав којзнае какви очекувања, ама веројатно ова е некоја тест фаза за овој мод. Не верувам дека ова е нешто што може софтверски да се реши, ама во некоја наредна верзија на ајфон сигурно ќе биде подобро решено. Макро модот е функционален само доколку телефонот е на трипод или субјектот е статичен. Имав неколку неуспешни обиди да фотографирам цвеќиња, сите слики се матни. Невозможно е да се извади кристално јасна слика ако нема трипод. И како да ми фали некој додаток на камерата за да можам да се оддалечам доволно, вака треба телефонот да се залепи до цвеќето за да се види некој детал. На игнор ќе иде модов, неупотреблив ми е.
Гејм центарот на Андроид е дефинитивно нешто што ми фали тука, ама се живее и без него. И до сега не најдов опција да ги изгасам Favourites и Recent фолдерите од Photos. Многу ме нервираат, а кога креирам нов фолдер и преместам некои слики, сеуште ги има во Recent и во новиот како дупликати се. Не знам можеби сум нуб, треба да прочепкам.
Горе доле тоа е се што имам да кажам за телефонов. Генерално гледано сум презадоволен од него и ми беше топ апгрејд. Реков дека Андроид ќе го чувам како бекап некој период ама не, го изгасив после 2 дена користење на ајфонов. Ми останува уште да најдам чаре за алармот епл пеј и галеријата другото си е супер.