Меморискиот контролер сега е на плоча, не е на процесор?
Меморискиот контролер сега е на плоча, не е на процесор?
Меморискиот контролер сега е на плоча, не е на процесор?
Ако е на плоча кај Z97, дали тоа значи дека вградениот кај Haswell нема да се користи и со самото тоа ќе се намалат температури и ќе се овозможи повисок оверклок кај нив? Бидејќи видов 4770К на 5GHz со воздушно ладење. Има смисла.
Ako e така овие процесори неможат да работат на стариот Z87 чипсет! А и мемориски контролер на матична е уназадување според мене,друго е кога меморијата директно комуницира преку процесорот а друго е преку чипсет!ке има поголеми латенци.
ЕДИТ: на 4790 контролерот е во процесорот според графата,така да не верувам дека за К верзијата ке е поинаку,ми нема смисла некако.
Незнам. Затоа реков акоНемам читано за 4790К. Но, некаде видов 5GHz на 4770К со Z97. Па се обидов само да го поврзам тоа со тоа што го кажа xenon.
Процесоров е само оверклокувана верзија на 4770к... Да не се лажеме![]()
Имам delid-иран 4770к и врска нема. Не е проблемот во IHS, односно контактот меѓу јадрото и металната плочка над него. Проблемот е што нема линеарно зголемување на волтажата и термалната дисипација.
На пример, дури и сток, неоверклокуван 4770к, доколку му се пушти Prime95 на сите јадра (8 процеси) повлекува 1.33в (според CPU-Z) и зајдува до 94С.
Рачно клокнат со фиксни волтажи од околу 1.25-1.28, со водено ладење / или Noctua D14, пак крева до 85-86С. Затоа и ми е оставен на 4.2 мислам со 1.85в фиксни. Некои викаат демек не се користи Прајм95 или Lynx на овој процесор бла бла.
Реално сценарио, некои 4.2 - 4.3 доколку компјутерот е наменет за тешка работа во која се очекува 99.99% стабилност. За курчење, некои пишуваат 4.5-4.6 и сл. но се сомневам под кои услови тие бројки се изведени, дали воопшто е тестирана стабилност и слично.
Според мене, Haswell платформата е феноменална од аспект интеграција на компоненти, потрошувачка и ред други финеси, но НЕ е клокерска платформа. Не верувам ниту наследниците ќе бидат, односно тотално е неинтересен за клокање. Премногу опции, премногу губење време. За epeen и чатал, по некој скриншот, 4.6 и слично се вади, но доколку некој сака да продаде за веродостоен податок дека 4.6 и слична херцажа вади под континуирани интензивни услови без употреба на вистинско водено ладење, тогаш лаже или е ептен среќлија.
Колку е пониска температурата на делидуваниот 4770K? Ако не е значителна (10-20 C), како тогаш го објаснуваш 4.0 GHz сток клокот на 4790K, а уште повеќе турбо клокот од 4.4 GHz? Тоа е повеќе од она што можат да постигнат 70% од 4770K-ките со нормални температури...
Intel не се испофалија со други power saving промени освен со дополнителните кондензатори за пеглање на напонот...
Пониска е, 15тина степени, подобар контакт има. Но како што реков не е тоа главен проблем. Едноставно не трпи волтажа. Ѕид има на некои 1.25в. Егзотични водени ладења немаме кај нас..мин 700-1000Е фаќа комплетно солидно водено ладење. Двајца дали имаат во земјава. Од тие 1000Е, 300-400Е се фрлени на царина/данок/шпедиција.
Новите верзии овој проблем со ѕидот може го решиле, незнам. А може и користат финти од типот:
- 4.4 само на едно јадро
- краток турбо прозорец (10тина секунди)
итн.
На крај на ден, цела оваа платформа е играчка реално гледано за деца по домите. Оние на кои вистински им треба процесирачка моќ и стабилност не купуваат оваа класа производи, купуваат или S2011 (претходно S1366) и нивните наследници или одат на Хеон платформа, каде нема многу многу клокање и заебанции. Не за џабе Mac Pro Trashcan започнува со 6 јадрен Xeon и има неверојатно тивко ладење за сите компоненти.

Зборам за една машина сценарио, за фарми има друг муабет, таму да си направил солиден изборЗависи од која гледна точка го гледаш процесорот, јас имам 13 I7 2600k и неколку 3770к и сите си ја вршат работата и до сега се преплатени. Xeon е за ектремни случаеви за десктоп работа, а за сервери дефинитивно само Xeon.
VGA INNO3D GT1030 2GB DDR5, LP PASSIVE, DVI-D, HDMI, N1030-1SDV-E5BL
5.520,00 ден
GAMING WHEEL MONITOR STAND LITE NEXT LEVEL RACING, UP TO 55" NLR-A020
7.250,00 ден
MOUSE WIRELESS CORSAIR SABRE V2 PRO RGB, Ultralight Gaming Mouse, 36g, MARKSMAN S 33000 DPI, 2.4Ghz/Bluetooth, White, CH-931G001-WW
6.750,00 ден
KEYBOARD WIRED USB GEMBIRD SLIM LED backlight, Black, KB-UML-04
650,00 ден
SSD M.2 NVMe and SATA DOCKING STATION GEMBIRD, USB Type-C, Black, DD-U3M2
1.390,00 ден
COMBO KEYBOARD AND MOUSE WIRELESS GEMBIRD SLIM PRO, White, KBS-WPS-01-W
940,00 ден