Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Safe City - Камерите за казнување

no_retreat

lurker
22 јануари 2011
616
1.504
no_retreat's setup  
Processor & Cooler
intel core i7 14700kf w/ NZXT KRAKEN 280mm AIO Liquid Cooler with LCD Display
Motherboard
Gigabyte Aorus Elite AX Z790 Black
Storage
Samsung 970 Evo 2tb
PSU
Corsair HX 1200i Platinum
RAM
2x16gb DDR G-Skill Trident Z5 ARGB 6000mhz cl30
Video card
RTX 4070 ti Super MSI Ventus 3X
Case
NZXT H9 Flow Black
Mouse
Logitech G Pro X Black
Keyboard
Keychron Q3 modded with Lime Green Switch and Glorious GPBT Black Ash Dye Keycaps
Audio
Logitech G733 wireless
Monitor
Samsung Neo G8 32" 240hz UHD MiniLED + QLED Panel
OS
windows 11 pro
Треба да се фаворизираат дестимулативни мерки за користење возило во град ако некој може да користи друга / алтернативна форма на превоз. Сам во кола (а може да оди велосипед, тротинет, јавен превоз, пешки итн.) затоа што сака газот да му е топол и комотен т.е. нема баш некоја посебна причина, треба да биде поскапо (режиски трошоци). Една ваква мерка, што пак ќе удри по џеб би намалила возила во сообраќај за едно 15%. Нека научат да се организираат, да споделуваат транспорт оние кои одат на иста дестинација. Ем ќе се развие социјален момент (соц. комуникација).

Повеќе од 50% возила низ град се возат со 1 возач.

200 ден. / 1л гориво можеби е најлесен начин ова да се постигне.
Баш ова, главниот проблем за сообраќајниот хаос во градов е немањето на соодветен градски транспорт, сите што користат градски транспорт во последниве 5-6 години знаат колку е нефункционален градскиот транспорт.
Баш заради овој проблем се повеќе луѓе се одлучуваат да купат кола и да возат кола наместо да користат градски транспорт.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.989
Не е до тоа, туку до преефтино возење коли, и прекоплексни полагања за А категорија за 125ка скутер.

Тоа е РЕАЛНИОТ проблем.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.696
Не е до тоа, туку до преефтино возење коли, и прекоплексни полагања за А категорија за 125ка скутер.

Тоа е РЕАЛНИОТ проблем.

Не баш. Јавниот превоз е клучен. Сто илјади пати е посигурен од возењето на мопед плус е сепак и поевтин. И може да се користи преку цела година. Непспоредливо.

(сум имал мопед многу одамна и издржав една сезона и го продадов. глава во торба... те гледа а не те виѓава и ти сече пат. два пати убаво се издраскав и чаос.)

Edit: И Gemini знае:

Споредба на смртност по 100 милиони километри​

Вид на транспортСмртни случаи на 100М кмРелативен ризик во однос на автобус
Мотоцикли~19 (на 100М км)~6.000× поголем
Автомобили~0.68 (на 100М км)~200× поголем
Велосипеди~0.05–0.15 (на 100М км)~10–30× поголем
Автобуси~0.005 (на 100М км)Основна вредност (најбезбедно)
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
Треба да се фаворизираат дестимулативни мерки за користење возило во град ако некој може да користи друга / алтернативна форма на превоз. Сам во кола (а може да оди велосипед, тротинет, јавен превоз, пешки итн.) затоа што сака газот да му е топол и комотен т.е. нема баш некоја посебна причина, треба да биде поскапо (режиски трошоци). Една ваква мерка, што пак ќе удри по џеб би намалила возила во сообраќај за едно 15%. Нека научат да се организираат, да споделуваат транспорт оние кои одат на иста дестинација. Ем ќе се развие социјален момент (соц. комуникација).

Повеќе од 50% возила низ град се возат со 1 возач.

200 ден. / 1л гориво можеби е најлесен начин ова да се постигне.
Зголемената ценба на горивото само ќе предизвика поголема инфлација, накурченост и тепачки по улици и луѓето се помасовно ќе се иселуваат во Европа и низ светот. Решение е само сериозен градски превоз, ефтин, точен, навремен и менаџиран од Германци, Австријци, Данци некои такви сериозни народности што не се дебили, во форма на трамвај и метро. Све друго е драпај си мад... меот.
 
15 септември 2012
1.157
1.299

Стиснав „ми се допаѓа“ иако НЕ ми се допаѓа размислувањето дека „сериозен градски превоз, ефтин, точен, навремен и менаџиран од Германци, Австријци, Данци некои такви сериозни народности што не се дебили, во форма на трамвај и метро.“

Еве ќе елаборирам зошто не ми се допаѓа:

Размислувањево мое се однесува на Скопје. Другите градови во Македонија имаа некаков рудиментиран градски сообраќај наменет претежно за транспорт на работниците до фабриките.
До плурализмов, ако сакаш читај во социјализмот или од кога почнаа масовно да крадат, имаше сериозен градски превоз. Не беше точен во секунда, ама од крајните станици тргнуваше точно +/- 1 минута. Приближно се знаеше времето на застанување на попатните станици. Во утринските и пладневните шпицови имаше дополнителни автобуси за да нема долги чекања. Наутро работниците одеа меѓу 5 и 7, школите од 6:45 до 7:30, факултетите од 7:30 до 8. По 9 часот до 14 часот двојно се редуцираа автобусите.
Автобуските линии и станици се истите од тоа време (само на Рекорд се курчат и ја шетаат наваму натаму) и не поминуваат низ подрумот на ГТЦ... Се друго е исто!
Да спомнам дека со свои очи имам гледано реки од автобуси на ГСП (ЈСП) пред/на паркингот во Железара кои донесуваа и враќаа работници во фабриката во незнам колку смени, реки од автобуси кои истовараа и враќаа работници пред МЗТ во исто незнам колку смени, реки од автобуси кои истовараа и враќаа работници во ОХИС.
Како средношколец одев на производна во Алумина и во Треска и колку што се сеќавам дека во Алумина имаше организиран превоз со истите автобуси на ЈСП. (Живеев во близина и не ми беше важен тој превоз, ама имаше школски кои одеа за Драчево со нив). За фабрика Треска не се сеќавам дали имаа превоз од ЈСП.

Е како бе тогаш, пред 40-50 (па и повеќе) години сме можеле да бидеме сериозни организатори на истиот (и пообемен) градски превоз, а денес кога нема потреба од автобуси за да се разнесуваат работници во Железара, МЗТ, ОХИС и незнам кои други фабрики, денес СМЕ НЕСПОСОБНИ ДА ОРГАНИЗИРАМЕ градски патнички превоз, па ни требаат КУРАЈБЕРИ од овие „способниве“ земји што ги спомнуваш???

Да не сме НИЕ (нашата генерација) ТОТАЛНО НЕСПОСОБНИТЕ? Знам дека ќе кажете дека партиски напикаа пун QR по буџетарскиве фирми... Па ниту еден од нив за QR не го бива бе. Никој ниту ги команда, никој ниту ги контролира. Распашана команда. Автобусиве се легло на нехигиена и зараза, не само што не се исчистени, ами не се ни дезинфицирани... Елементарна работа, чистење.
Во време Грујово (2011 година) им КУПИВМЕ НА ГСП (ЈСП) (со наши пари) 250 кинески и 100+ украински автобуси со автоматски менувачи на брзини, со климатизери.... Ги раскурцаа за 15 години. Сега сакаат нови. Заработија тие автобуси за да има пари за нови да се купат?
А дел од тие САНОС-ите и ИКАРУС-и од време комунистичко уште возат по градов или по градовите во внатрешноста.

Не се сложувам да треба да дојдат јабанџии да ни организираат елементарни работи, треба да бараме од овие (говедава) на кои им ги плаќаме платите да си ја работат работата за што ги плаќаме, па биле они од која сакаат партија. Или ќе треба да смислиме да има ставиме на говедава принудна управа и контрола од народот, ама па тоа е револуција, па оди муабетот во 3ПМ...

Ги молам тие што се вработени заради лепење на плакати и уништување на фасади со нив, да НЕ ПРИТИСКААТ „ми се допаѓа“.
 
18 август 2019
1.210
1.176
менаџиран од Германци, Австријци,
Само да додадам:

Овие менаџери ја покажаа својата способност со ЕВН. Не дека се неспособни, туку успешно се приспособуваат на (неспособниот) системот во „државава“.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.989
keGw2oT.png
 
Стварно не те разбирам, споредуваш ситуација денес со ситуација од пред 50 години? WTF? Како тогаш можело а денес не може? Па нормално дека денешнава генерација е таа која е неспособна и корумпирана, затоа ни требаат јабанџии кои гледаат како најдобро да ја завршат работата а не како да си ги чешаат јајцата по цел ден.
И ти можеш да не се сложуваш колку сакаш дека не ни треба да дојдат јабанџии, ама ајде дај друго чаре. Дај чаре како да ја натераме генерацијава да си ја врши работата.
Е кога нема да најдеш чаре, тогаш ќе се сложиш.
И што мислиш, ако се качи цената на бензинот 200 денари за литар, нашава неспособна генерација ќе се оправи во главата или ќе се случи нешто друго?
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
Да спомнам дека со свои очи имам гледано реки од автобуси на ГСП (ЈСП) пред/на паркингот во Железара кои донесуваа и враќаа работници во фабриката во незнам колку смени, реки од автобуси кои истовараа и враќаа работници пред МЗТ во исто незнам колку смени, реки од автобуси кои истовараа и враќаа работници во ОХИС.
Како средношколец одев на производна во Алумина и во Треска и колку што се сеќавам дека во Алумина имаше организиран превоз со истите автобуси на ЈСП. (Живеев во близина и не ми беше важен тој превоз, ама имаше школски кои одеа за Драчево со нив). За фабрика Треска не се сеќавам дали имаа превоз од ЈСП.
Овие автобуси не беа дел од градскиот превоз. Си ги рентаа фабриките од ЈСП за превоз на работниците. И сега е така со фабрики кои се надвор од градовите, само што рентаат автобуси од други фирми или имаат свои.
Затоа што таа бројност на луѓе кои во исто време патуваат кон или од иста дестинација не може ниту еден редовен превоз да ја издржи.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.696
@Astro друже, абе за да наметне контрола од надвор малцинството се бори од кога сме независни... Сами се предаваме па после Цацко ќе е крив.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
Туѓа. А ти викаш дури и во градскиот сообраќај
Јас зборувам за стопанисување, менаџмент, планирање, одржување, извршување.
Ама тоа е секако wishful thinking пошто такви дејности се непрофитабилни и никој нема да ти се нафати да ги прави безфинансирање од државата. А државата не сака ништо да финансира зошто ќе има помалце за крадење.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.696
Тоа де - го потврдува нивното тврдење дека ние Македонците не заслужуваме држава зашто не сме добри стопани, недомаќини, за ништо не не бива
 
15 септември 2012
1.157
1.299
Да додадам уште еден факт:

Имав можност да студирам и во сфрј и во РМ (ист факултет, ист град).
На факултет патував со автобус број 7 во 7:25. Ако го утнам, имаше автобус со број 59 во 7:32 и уште едно возило број 7 во 7:35. Со првата кола бев комотен и не морав да се брзам од автобуската станица каде ќе се симнам со предавалната, ама со втората а посебно со третата кола морав да брзам, да не кажам да трчам за да стигнам на време во 8:00 на предавања.
Во автобусот број 7 што тргнуваше во 7:25 се возеше комшија, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, без горили, без панцири, без возила за пратење, без сирени, без флешови, без стопирање на сообраќај, едноставно облечен, со ништо не се разликуваше од другите патници кои патуваа на работа, едноставно ќе се качеше во автобусот, ќе ја поништеше картата и си седнуваше на место. До која станица патуваше незнам, јас се симнував пред него.

Да ви еба* цела џандармерија, сите неизживеани мајмуни кои еба* сообраќај, блокираат раскрсници, гњават со оние идиотските сирени, светат со светла за циркуз на колите - кога ќе ти се појават на ретровизор не знаеш идиотиве ли се, озбилно амбулантно или противпожарно возило ли е, возат на сред две ленти и со сила ти го бутаат возилото надвор од сообраќајницата, секоја шуша ја развезуваат по град а имам впечаток и дека исто така се однесуваат и кога одат да купат сендвич од седмица за појадок. А овие неизживеаниве рамковни се посебна приказна со затемнетите стакла. Ебате затемнетите стакла, ЗАЅИДАЈ ГИ, демек не заболе QR кое говедо го транспортирате...

Да си ги чувате, да ви вредат за нешто народот ќе ги чува, а вака се понашате пошто за QR не ги бива.

За крај ќе се цитирам себеси со дел од послените две реченици од претходната моја порака: „ќе треба да смислиме да им ставиме на говедава принудна управа и контрола од народот, ама па тоа е револуција, па оди муабетот во 3ПМ...

Ги молам тие што се вработени заради лепење на плакати и уништување на фасади со нив, да НЕ ПРИТИСКААТ „ми се допаѓа“.“

Е, да, заборавив, се извинувам на животните наречени говеда, тоа се силни и корисни животни.
Мислењето е автоматски споено:

Овие автобуси не беа дел од градскиот превоз. Си ги рентаа фабриките од ЈСП за превоз на работниците. И сега е така со фабрики кои се надвор од градовите, само што рентаат автобуси од други фирми или имаат свои.
Затоа што таа бројност на луѓе кои во исто време патуваат кон или од иста дестинација не може ниту еден редовен превоз да ја издржи.
Тие автобуси беа дел од ГСП (ЈСП), се паркираа на истите паркинзи во базите каде и другите автобуси, ги сервисираа истите механичари како и другите автобуси и ако некој од нив се расипеше, имаше резерва со која се надополнуваа, возачите беа од ГСП (ЈСП) и се ротираа малку работници до фабрика, малку градски превоз... Беа дел од ГСП (ЈСП). Денес тоа го нема, па е полесно да се управува со возниот парк на ГСП (ЈСП)...
 
Последна промена:

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
Тоа де - го потврдува нивното тврдење дека ние Македонците не заслужуваме држава зашто не сме добри стопани, недомаќини, за ништо не не бива
Епа ако не се сложиме со ова, и речеме дека ние Македонците заслужуваме држава, тогаш ќе мораме да живееме со фактот дека не сме добри стопани. Тоа го практикуваме 35 години и до каде стигнавме? Стигнавме до моментот дека ние сме најдобри, најпаметни и најспособни, 4та економија во Европа и дека сме подобри од другите, ниту треба некој да не менаџира ниту пак сакаме да научиме било што. Кога повоена Германија можеше да отиде во Австрија и да научи како се работи јавен превоз, зошто не можеме ние да отидеме и да научиме? И на што ни личи државата со ваков мајндсет? На циркуз со полудени мајмуни ни личи државава.

Свесно се ставаме во шах мат позиција и никој не мрднува со прст да направи било што околу тоа. Тотален парадокс, мене ми е несфатливо ова и никогаш нема да ми биде.
 
boriseto

lurker
7 јули 2013
524
493
boriseto's setup  
Processor & Cooler
AMD 5900X
Storage
1TB
RAM
96GB
Video card
6700XT
OS
Windows 11

TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770
До плурализмов, ако сакаш читај во социјализмот

Забораваш на факторот пари доделени од федералниот буџет. Не сите тие проекти функционирале чисто од републичкиот буџет. Пари од данокот што се собирале од Љуљлана, Белград, Загреб, туристичките делови и слично. Биле реинвестирани и во помалку развиени делови на СФРЈ како што се Скопје и Приштина. Со пропаѓањето на Југославија, средствата од тој федерален буџет ги губиме.

Друго, тогаш нашите фабрики имале пазар од 22 милиони жители и целосен supply chain што зависел од интерна трговија внатре во држават. Преку ноќ, тој пазар ти се намалува на 2 милиони жители, а поради ембарго и санкции, пракитчно ти се уништува и цел supply chain.

Парите во државната каса се намалуваат, почнува да се крати на услуги што ги нуди државата. Бидејќи во државата настанува криза, се формираат одлични услови за развој на сивата економија. :)
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.696
Епа ако не се сложиме со ова, и речеме дека ние Македонците заслужуваме држава, тогаш ќе мораме да живееме со фактот дека не сме добри стопани. Тоа го практикуваме 35 години и до каде стигнавме? Стигнавме до моментот дека ние сме најдобри, најпаметни и најспособни, 4та економија во Европа и дека сме подобри од другите, ниту треба некој да не менаџира ниту пак сакаме да научиме било што. Кога повоена Германија можеше да отиде во Австрија и да научи како се работи јавен превоз, зошто не можеме ние да отидеме и да научиме? И на што ни личи државата со ваков мајндсет? На циркуз со полудени мајмуни ни личи државава.

Свесно се ставаме во шах мат позиција и никој не мрднува со прст да направи било што околу тоа. Тотален парадокс, мене ми е несфатливо ова и никогаш нема да ми биде.
Едно е да одиме некаде да учиме од други а друго е друг да дојде да раководи тука. „Само една ствар расте во туѓи раце“.
И пак - за да може да се „вработи“ неукото население (прво од малцинството а после и сите се спровреа), се симнаа сите можни критериуми. И не се подобри стопанисувањето, туку напротив. Ова излегува „self-fulfilling prophecy“.

(и тие муабети за четврта економија се од Србија АФАИК)
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.215
2.644
економскиот раст е тоа, проценти од БДП раст 3.8% имавме, не дека сме поголема економија од големите држави. Али со овие војни на трампериве, може тоа да забави што е штета.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
економскиот раст е тоа, проценти од БДП раст 3.8% имавме, не дека сме поголема економија од големите држави. Али со овие војни на трампериве, може тоа да забави што е штета.
Хаха, кога желката му рекла на полжавот успори брат, не се труди до толку :LOL:
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770
А добро, да се вратиме на темата, успеа некој да се регистрира на порталот за казни?
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.498
3.101
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Порталот не е пуштен официјално колку што знам?
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.480
2.926
А добро, да се вратиме на темата, успеа некој да се регистрира на порталот за казни?
Да, добро прашање.
Се придружувам кон истото.
Мислењето е автоматски споено:

Порталот не е пуштен официјално колку што знам?
Ама па, постои линкот, се отвора, само на крај после внесување на бараните податоци, завршува со неуспех.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно