Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Safe City - Камерите за казнување

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
Невероватно еееееј, какви муабети се свртеа на темава. Абе нема надеж за нас, едноставно нема, што би рекол Гоце и останативе револуционери. Пред 150 години било така, така е и денес, од нулта точка не сме мрднале.,
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.050
7.724
Ова е вистинска случка - доставувач ѕвонел во зграда и му рекле комшиите дека лицето не живее веќе тука. Нотарот пишал до МВР да праша дали важи адресата и МВР рекло дека лицето сѐ уште живее таму. Фаст форвард 3 години (за да застари сѐ) и нотарот се јавува за да наплати 10.000 (неоправдани, ама застарено) и 10.000 камати и триста чуда за тие три години. На прашањето што се случило, зошто тоа не е доставено на време службеникот ја раскажува прикаската од погоре. А на прашањето зошто не се обиделе повторно да достават - одговорот бил „НЕМАМЕ ЗАКОНСКА ОБВРСКА“. 20.000 ДЕНАРИ НИ ЈАЛ НИ ПИЛ.
Што се однесува со оваа достава по меил - знам за Хрватска дека е доброволна, т.е. има сајт каде лицето да пише дека сака да ги прима званичните документи во меил. Има и сајт/мобилна апликација за таа намена (ePretinac/mPretinaac). А поштата подобро функционира отколку во Македонија, но е далеку од тоа што треба...
И конечно, после искуствата со нотари, извршители, разни автоматски распределби на судски предмети и сл. дигитализација на нашето општество, можам само да помислам дека целта на ова е пак рајата да го јаде стапот. Освен ако нема некој да сподели искуство во кое извршител или нотар му помогнал да наплати некакво побарување од банка/телеком/па и друго физичко лице...
 
Gligorov

hello world
25 февруари 2021
113
127
Многу се изнапишало овде, и ај да се информирам директно во МВР.
Веб страната на МВР изгледа вака
1735941282282.png
А бе тие слика од министерот не знаат да стават, мејлови ќе праќале, половина мејлови ќе завршат на фејсбук и реклама 5.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Што се однесува со оваа достава по меил - знам за Хрватска дека е доброволна, т.е. има сајт каде лицето да пише дека сака да ги прима званичните документи во меил. Има и сајт/мобилна апликација за таа намена (ePretinac/mPretinaac). А поштата подобро функционира отколку во Македонија, но е далеку од тоа што треба...
Абе нормално. Сѐ што е доброволно, плус ако олеснува живеење полесно и побрзо ќе се прифати од работи кои се мандаторни. Психологија и можда нелогичност, ама јбг човечка природа.
 
HoLfElDeR

hello world
13 октомври 2010
226
146
Непозната
Кога веќе гледат европски закони, кога ќе дозволат камери во автомобилите? Кога ќе направат закон каде што ќе може да се снима во јавност, а да не се вадат на повреда на приватноста (на јавна површна бараат приватност) и да се прифаќаат снимките како докази за прекршоци и сѐ останато?
 
18 август 2019
1.219
1.193

Е тоа веќе не може.
На „државата“ не ѝ одговара да има контрола на криминалот.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
Кога веќе гледат европски закони, кога ќе дозволат камери во автомобилите? Кога ќе направат закон каде што ќе може да се снима во јавност, а да не се вадат на повреда на приватноста (на јавна површна бараат приватност) и да се прифаќаат снимките како докази за прекршоци и сѐ останато?
Кога популацијата ќе биде правно писмена и ќе знае како да ги толкува законите. На јавна површина нема приватност, спрема тоа и не е забрането.
 
18 август 2019
1.219
1.193
Кога популацијата ќе биде правно писмена и ќе знае како да ги толкува законите. На јавна површина нема приватност, спрема тоа и не е забрането.
За жал законите се против популацијата. На улица не смее да се снима.

Значи не популацијата, туку законодавците треба да бидат правно писмени.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
За жал законите се против популацијата. На улица не смее да се снима.

Значи не популацијата, туку законодавците треба да бидат правно писмени.
Како да не, не смеело. Што ти е бе на тебе брату?
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.712
3.841
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Луѓе пред некој месец имаше дискусија за камерите в кола ...еден тон страни се напишаа немојте пак :))))))
Што е тоа е засега...
 
18 август 2019
1.219
1.193
Како да не, не смеело. Што ти е бе на тебе брату?
Што ми е мене?
Имам налог да го променам аголот на камерата за да не го покрива јавниот пат.
А адвокатот кој имаше исто мислење како твоето, после два дена ми препорача сепак да постапам по налогот. Се премисли и не прифати да одиме на суд, ама ако изгубиме тој да ги плати сите трошоци. А пред тоа се согласуваше.

Адвокат со долгогодишно искуство вели дека законите се конфузни, има начин да се докаже дека јавниот пат не е под заштита, ама „док објасниш Босанцу да ниси магарац, одоше јаја“.

Судот ќе донесе одлука врз основа на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а јас можам да се жалам колку сакам.
 
Последна промена:

Еве, читај погоре и поздрави го адвокатот.
Мислењето е автоматски споено:

Многу јасно.
 
Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.169
18.784
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Еве, читај погоре и поздрави го адвокатот.
Мислењето е автоматски споено:

Многу јасно.
Различни закони се астро, едното е дека смееш да снимаш полицаец како си ка врши должноста другото е за снимање јавни површини и да, не смееш. Ако имаш камера што ти го снима влезот, улицата и тротоарот треба да се маскирани.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Што ми е мене?
Имам налог да го променам аголот на камерата за да не го покрива јавниот пат.
А адвокатот кој имаше исто мислење како твоето, после два дена ми препорача сепак да постапам по налогот. Се премисли и не прифати да одиме на суд, ама ако изгубиме тој да ги плати сите трошоци. А пред тоа се согласуваше.

Адвокат со долгогодишно искуство вели дека законите се конфузни, има начин да се докаже дека јавниот пат не е под заштита, ама „док објасниш Босанцу да ниси магарац, одоше јаја“.

Судот ќе донесе одлука врз основа на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а јас можам да се жалам колку сакам.
Ова се однесува на дашборд камера или на куќна камера за 24/7 стациониран надзор.?

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
18 август 2019
1.219
1.193
Ова се однесува на дашборд камера или на куќна камера за 24/7 стациониран надзор.?

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
Куќна камера која го снима дворот, мојот пристапен пат (моја сопственост), а зафаќа и дел од локалниот пат. Не е улица, ама исто е.
Во мојот двор (и мојот пат) можам да правам што сакам, не сум должен ниту да поставам табла дека имотот е под видео надзор.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Куќна камера која го снима дворот, мојот пристапен пат (моја сопственост), а зафаќа и дел од локалниот пат. Не е улица, ама исто е.
Во мојот двор (и мојот пат) можам да правам што сакам, не сум должен ниту да поставам табла дека имотот е под видео надзор.
Значи сосема друга работа е 24/7 константно снимање. Затоа и се вика „видео надзор“. И нема врска со тоа што збори @Astro , нит па неговото повикување на копираното за џандарите има врска со твоево. А ни едното ни другото немаат допир со мислењето за дашкамери. Сѐ е сива зона, додека некој не направи или допрецизирање или автентично толкување или може да се реши и со општо правно мислење на врховен суд.
 
Не е сива зона, проблемот е во неразбирањето и во пропагандата на полицијата. На јавно место е дозволено да се снима се додека не се снима со УМИСЛА да се наруши приватност, на пример да земеш камера и да снимаш некого, да го следиш што прави и каде се движи. Ако иначе беше забрането снимање на јавно место, или како што љуби полицијата да мисинтерпретира „само полиција смее да снима“, тогаш на сите ќе ви беа забранети и исклучени камерите на мобилните телефони.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.703
3.349
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Офтопик:

Онаа слика што ја споделив погоре не го опфаќа делот со камери за ВИДЕО НАДЗОР. За камери кои снимаат објекти дозволено е, НО е РЕГУЛИРАНО, односно треба да снима само твојот имот (ако е куќа) или поголема ЈАВНА површина (ако си правно лице, прмер: локал, бутик), НО мора да имаш изложено ИЗВЕСТУВАЊЕ дека тој простор е под видео надзор. Истото важи и за државни имоти кои се под видео надзор (пример).

Доколку е зграда, со согласност од поголемиот % станари, се поставуваат камери и мора да се постават известувања дека објектот е под видео надзор (страна 8 и 9) истите камери не треба да опфаќаат влезови на приватни станови, односно јас НЕ МОЖАМ да поставам камера пред влезна врата од мојот стан ако таа камера го снима влезот од соседниот стан.

Сива зона според она што сум зборел со лаик правник: Dash камери, Sвончиња со камера.
Односно за dash камерите, снимката (ако ја има) не смее да се објавува, не смее да снима таблички (?!), луѓе, и се што ја нарушува приватноста на субјектот.
^ по ова јас dash камерата ги толкувам,само да снимаат асфалтот и делови под регистарските таблички од колата, во овој случај нема да има таблички, и нема да има лица од луѓе на видеото.

За подетално со добри примери го имате Водичот за вршење на видеонадзор.

Акцент паѓа на „лични податоци“, поеднставно:
  • Ако си полицаец и ја вршиш јавната работа во интерес на цел народ, нема причина да ми забрануваш да те снимам.
  • Ако си обичен граѓанин, твоите лични податоци треба да бидат заштитени, доколку си сниман без било каква ИЗЈАВА, имаш право да се побуниш, побараш бришење на видео записот па дури и да тужиш.
  • Ако си обичен граѓанин, и покрај известувањето ИМАШ право да побараш од правен субјект да ги избрише твоите видео податоци.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Па така, од каде знаеш колку бил реалниот uptime на нечиј сервис, и колку објавени/необјавни проблеми имале... Пошто спомна твое анегдотално искуство како некаков параметар за стабилноста и доверливоста од бесплатен сервис за кој застапуваш став дека може да ги довериме нашите правни и финансиски статуси. Да веруваме дека нема заради таков сервис утре да ни се појават извршители на врата затоа што некој мејл за паркинг отишол во спам, или серверот имал глич или што и да може се да се деси.

Пошта ако не достави официјално писмо, тоа теоретски може и да се избутка до крај. А дека некој маил отишол во спам фолдер, или некој сервер преку океанот имал downtime/заглавил - тоа ни господ не го докажува, пред ниеден суд не па пред нашиве овде.

Замисли тек да бев копач на канали колку ќе знаев.
Се што кажав сеуште си стои, физички потпис за примена пратка не може се спордува со логови од сервери. Датотека во фајл систем трпи се. Е сега ако ти сакаш да живееш во некаква дистопија каде админ на сервер одлучува за човечки судбини, тоа е друга работа. Пак не гледам логика истото да се наметне на сите и тоа да е ОК.

Овде сакаат стотици илјади такви луѓе/работници да ги исклучат од општеството - ама јас имам предрасуди против работниците... Или чекај! Ти мислиш на работниците од администрација? Хаха... Што ти е тезата дека административците се избрани според меритоктратија, стручни во работата, и многу способни? :D
Немам теза, прашања имам, ама не ги одговараш.
Па не така како ти мислиш. Немање на негативен одговор на пратена порака од сервер на сервер, од МТА до МТА, не значи по дифолт дека пораката е прифатена, а уште помалку дека ќе биде доставена до некој јузер.
Еве да на правиме споредба со писмо/известување по пошта. Ти (sender) ми праќаш писмо (email). Писмото оди од пошта А (outgoing/originating MTA) до пошта Б (destination MTA). Поштарот (MTA B) од пошта Б го прима, еве дури и ја известува поштата А дека писмото е кај него (250 Ok или слично). Дали тоа значи дека писмото е доставено, пошто тракингот завршува тука кај е-маил случајот. Кај поштарот не, тој мора стварно да ти го донесе и да се потпишеш или со потпис да си го подигнеш или да извести назад за недостава. Пази, судот мора да има доказ за недостава за да те стави на табла. Ако нема повратно од пошта мора пак да прати од почеток. Кај емаил немаш ништо од тоа како морално и задолжително. Што ќе биде доказ на МВР дека ми доставил известување. Ова е нешто што сигурно ќе го повторам и подоле.

Ама тоа ти мислиш така. Ама изгледа не знаеш баш точно како работи емаил сервис протоколот (или поточно SMTP) и на колку различни начини може да се конфигуриираат серверите. И се е дозволено. И да има стандард ама не е таков као ти замислуваш, и покрај тоа што сите се грижат да биде колку толку унифицирано. На пример remote MTA му вика на твојот sender (или originating) MTA helo/ehlo, се е ОК, здраво живо, еве ти код 250ка да не досаѓаш, ама пошто си на BL јас едноставно правам на твојов материјал discard without notify. Ова е само еден пример. И уште нешто пострашно значи следи од ова, не зависи од корисникот ништо, зависи од серверот и неговите политики.
Ако мислиш така, ок. Моето искуство е поинакво.

Ама ти навистина не си работел позадина на маил сервери, спам сервери или филтри, фајрвол или слично. Сѐ е дозволено, т.е. оставено на избор на сервисот и администраторот. И не, не мора да го означи за спам и да го стави во спам фолдер, може да го означи за спам и да го стави пак во инбокс, или да го стави во посебен Spambox и многу често и над одреден скор или и директно да го избрише без никаква нотификација до примач и праќач.
Еве на пример како обично се наместени по дифолт шеард хостинг маил сервери со SpamAssassin
Код:
Where do you want the spam to go?
[ ]    Inbox (don't block it)
[ ]    Redirect it to the catch-all spam folder in your main imap account.
[ ]    Send the spam to the appropriate users's spam folder.
[x]    Delete the spam.
Не бе не ги прише серверот, упсссс :D
Да, може да ставиш правило и сите дојдовни пораки да се бришат, ништо нема да те спречи, ама не е тоа начинот.

Кој го напиша ова јас или ти?
Како одговор на друго прашање.

И уште чекам да пишеш кој се тие фирми.
Па веќе ти пишав, нема такви фирми како што бараш.
Да се разбереме, емаил како сервис е "Best effort" тип на сервис. Се ќе направи и ќе проба, ама не може да гарантира достава а тек прием па воопшто.
Точно, ама во најлош случај известува дека не успеал. Дали е тоа оправдание пред суд, не знам. Ама во овој случај судот секако не е во игра.

Муабетот беше дали имејлот е доверлив за достава на писма колку и обична пошта, повеќе или помалку од неа.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Не е сива зона, проблемот е во неразбирањето и во пропагандата на полицијата. На јавно место е дозволено да се снима се додека не се снима со УМИСЛА да се наруши приватност, на пример да земеш камера и да снимаш некого, да го следиш што прави и каде се движи. Ако иначе беше забрането снимање на јавно место, или како што љуби полицијата да мисинтерпретира „само полиција смее да снима“, тогаш на сите ќе ви беа забранети и исклучени камерите на мобилните телефони.
Абе така е, ама цело време се нешто збориме за разни работи. @Паланчански пишува пример за куќен видео надзор, ти му одговараш со цитат за снимање џандари со мобилен, муабетот во тек е за дашкам-ови и каша попара е сѐ. Искрено според мислењата на џандарите и на тие од тоа за лични податоци не смее, ама па навистина не сум чул некој да го казниле, или како се поминува на суд, пошто тие таму треба да судат и толкуваат закони а не МВР или некој си таму чиновник. Еве и до тебе прашање дали ако мислиш дека сѐ е во ред би платил сите казни досудени на суд за поставен дашкам во автомобил. Исто се наметнува додатно прашање, што правиме со дашкам-овите кои снимаат и при паркиран автомобил (на моушн, на потрес, на одредено време и слично). Зарем тоа не е исто како и она со домашен видео надзор? Дали тоа смее?
Офтопик:

Онаа слика што ја споделив погоре не го опфаќа делот со камери за ВИДЕО НАДЗОР. За камери кои снимаат објекти дозволено е, НО е РЕГУЛИРАНО, односно треба да снима само твојот имот (ако е куќа) или поголема ЈАВНА површина (ако си правно лице, прмер: локал, бутик), НО мора да имаш изложено ИЗВЕСТУВАЊЕ дека тој простор е под видео надзор. Истото важи и за државни имоти кои се под видео надзор (пример).
Не само известување, треба и да пријавиш, да исполниш основни услови и да добиеш папир од ДЗЛП.
Ако мислиш така, ок. Моето искуство е поинакво.
Ама тоа е само твое искуство. Јас ти кажувам како работи и што сѐ е можно да се случи во реалност.
Да, може да ставиш правило и сите дојдовни пораки да се бришат, ништо нема да те спречи, ама не е тоа начинот.
А може и да речеме Гугл или Јаху да го стави и јас како корисник појма да немам за тоа.
Како одговор на друго прашање.

Па веќе ти пишав, нема такви фирми како што бараш.
Аха епа ти рече дека имало, поврзано со претходниот одговор. Ти му рече на Локван да бара кај нас такви фирми.
Точно, ама во најлош случај известува дека не успеал. Дали е тоа оправдание пред суд, не знам. Ама во овој случај судот секако не е во игра.
Не во најлош, туку во најголем број случаи. Но тоа не значи секогаш, како и што ти објаснив. А како тоа судот не е во игра??? На крај на денот, ако не го добиеш известувањето, и не постапиш или не се жалиш по него, ќе завршиш на суд и ќе треба да се докаже некако дека ти си бил известен.
Муабетот беше дали имејлот е доверлив за достава на писма колку и обична пошта, повеќе или помалку од неа.
Во случај на вакви работи, каде законски се пропишани постапките за званична достава, имејлот е понедоверлив и не е законски предвиден. Ако се направат измени во закони, ќе видиме. Како и што ќе смислат, доверливост, право на жалби, право на повторена постапка, огласна табла, итн...
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Аха епа ти рече дека имало, поврзано со претходниот одговор. Ти му рече на Локван да бара кај нас такви фирми.
Не такви како ти што бараш. Тој бараше фирма каде што ќе може да се пожали за услугата затоа што кај Гугл и Мајкрософт не можел. Ти упадна во муабетот со друго барање. Дали погрешно го интерпретираше или не, не знам, ама замена на тези не е убаво да се прави.
А како тоа судот не е во игра??? На крај на денот, ако не го добиеш известувањето, и не постапиш или не се жалиш по него, ќе завршиш на суд и ќе треба да се докаже некако дека ти си бил известен.
Во случај на вакви работи, каде законски се пропишани постапките за званична достава, имејлот е понедоверлив и не е законски предвиден. Ако се направат измени во закони, ќе видиме. Како и што ќе смислат, доверливост, право на жалби, право на повторена постапка, огласна табла, итн...
Тоа е под претпоставка дека ако не постапиш според мејлот веднаш ќе одиш на суд. Во реалноста би имало повторно известување, опомена итн. И нема сѐ ова да оди по мејл, туку по веќе досегашните начини на известување. Може и двајца полицајци да дојдат пред врата и да ти го врачат. Мада овие муабети се нероден Петко капа му кројат.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Не такви како ти што бараш. Тој бараше фирма каде што ќе може да се пожали за услугата затоа што кај Гугл и Мајкрософт не можел. Ти упадна во муабетот со друго барање. Дали погрешно го интерпретираше или не, не знам, ама замена на тези не е убаво да се прави.
Исто како кај Гугл и Мајкрософт, толку и кај нас можеш да се пожалиш на услугата, бидејќи истата ја обезбедуваат, со исти параметри и правни огради. И не, не упаднав јај, него ти рече да побара кај нас дека имало фирми кои биле под наша законодавна „јурисдикција“. И јас и тој уште чекаме да ни кажеш кои се тие фирми, што ќе ни завршат работа како гугл и мајкрософт, ама ќе бидат наши и ќе бидат бољи и ќе можеме да ги тужиме. Тоа е и беше муабетот. Сега ако ти правиш сакам кажам незнам речам, не мислев така, овака, не сме ти ние криви.
Тоа е под претпоставка дека ако не постапиш според мејлот веднаш ќе одиш на суд. Во реалноста би имало повторно известување, опомена итн. И нема сѐ ова да оди по мејл, туку по веќе досегашните начини на известување. Може и двајца полицајци да дојдат пред врата и да ти го врачат. Мада овие муабети се нероден Петко капа му кројат.
Ааааа, ашколсун. Дојдовме на моето. Значи не се знае. Значи нагаѓате што ќе биде. Значи во реалноста што ќе биде уствари појма немате/немаме никој. Инаку како тргнавте со мејлот човек ќе рече знаете како ќе биде законот. Ако ништо не се знае, ама ајдеее да оставаме телефони и мејлови на таму некое чиновниче нешто да прави, а појма немаме што ќе прави, како, за што, како и каде ќе ги чува, за што ќе ги употебува, и уште 1000 Зашто 0 Затоа :D
 
Последни теми

Последни огласи

На врв Дно