Македонското момче
lurker
Нема повеќе bridge mode на новите рутери со новата Магента или обнова на интернет и тв пакетите. Ако сакаш да остани Max TV наместо Магента ТВ, тогаш ќе ти ја оставеа истата опрема и за истото ова се дискутираше низ форумов.Не можам да опишам колку сум нервозен.
Обновив договор, ќе ми менуваат рутер дека не можело да ми обноват ако го задржам стариот (Huawei еден бел). Поддржува бриџ мод (дека читав муабети по форумов), секако дека да.
Доаѓаат денес да го заменат, пак истото прашање, пак истиот одговор. Си одат, се јавувам на 122 да ми го префрлат во бриџ мод (помеѓу ТВ и бриџ мод, одбирам бриџ мод секогаш), не можело. Кого да убијам, кого да тужам, што да правам? Едвај интернет конекција имам, друго ништо во мрежа не ми работи а не ми се реконфигурира мрежата дека дури и да го направам тоа, пак стварите нема да ми функционираат дека до рутеров (Technicolor FGA2235) немам никаков пристап, едвај преку апликацијата да видам вифи пасворд и некои такви скоро безкорисни инфо.
Дај некој нека пише нешто, нека ме утеши дека ќе пукнам веќе.
Нема враќање, пишано беше повеќе пати со обнова на договорот. Нека ти е со лесно.