Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Т-Home оптика

18 септември 2020
945
883
Македонија
Не можам да опишам колку сум нервозен.
Обновив договор, ќе ми менуваат рутер дека не можело да ми обноват ако го задржам стариот (Huawei еден бел). Поддржува бриџ мод (дека читав муабети по форумов), секако дека да.
Доаѓаат денес да го заменат, пак истото прашање, пак истиот одговор. Си одат, се јавувам на 122 да ми го префрлат во бриџ мод (помеѓу ТВ и бриџ мод, одбирам бриџ мод секогаш), не можело. Кого да убијам, кого да тужам, што да правам? Едвај интернет конекција имам, друго ништо во мрежа не ми работи а не ми се реконфигурира мрежата дека дури и да го направам тоа, пак стварите нема да ми функционираат дека до рутеров (Technicolor FGA2235) немам никаков пристап, едвај преку апликацијата да видам вифи пасворд и некои такви скоро безкорисни инфо.
Дај некој нека пише нешто, нека ме утеши дека ќе пукнам веќе.
Нема повеќе bridge mode на новите рутери со новата Магента или обнова на интернет и тв пакетите. Ако сакаш да остани Max TV наместо Магента ТВ, тогаш ќе ти ја оставеа истата опрема и за истото ова се дискутираше низ форумов.
Нема враќање, пишано беше повеќе пати со обнова на договорот. Нека ти е со лесно.
 

Ljesh Njeri

hello world
12 јуни 2017
127
158
Не можам да ти ставам ми се допаѓа кога воопшто не ми се допаѓа одговорот :)))
Чудно ми е дека ај овие во салон, ќе рече човек не знаат, ама овие што ми го местеа новиот рутер не знам зошто не ме опоменаа. Загубен ден од работа чекајќи ги да дојдат, целосно пореметена мрежа чие оправање ќе бара уште еден ден...
Накратко, не можам никако да овозможам пристап до апликација хостирана во мојата локална мрежа? Не би требало да можам штом не можам да си го направам мојот рутер да рутира, ама сепак да потврдам ако некој знае.
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.392
12.333
Скопје
androgaming.com
Не можам да опишам колку сум нервозен.
Обновив договор, ќе ми менуваат рутер дека не можело да ми обноват ако го задржам стариот (Huawei еден бел). Поддржува бриџ мод (дека читав муабети по форумов), секако дека да.
Доаѓаат денес да го заменат, пак истото прашање, пак истиот одговор. Си одат, се јавувам на 122 да ми го префрлат во бриџ мод (помеѓу ТВ и бриџ мод, одбирам бриџ мод секогаш), не можело. Кого да убијам, кого да тужам, што да правам? Едвај интернет конекција имам, друго ништо во мрежа не ми работи а не ми се реконфигурира мрежата дека дури и да го направам тоа, пак стварите нема да ми функционираат дека до рутеров (Technicolor FGA2235) немам никаков пристап, едвај преку апликацијата да видам вифи пасворд и некои такви скоро безкорисни инфо.
Дај некој нека пише нешто, нека ме утеши дека ќе пукнам веќе.

Ај да те утешам, барај SAGEM уред да ти стават/дадат. Тие имаат PPPoE passthrough, т.е. друг уред од мрежа да може да покрене конекција. Ако се пуфкаат како за фирми е само тоа, речи дека сметката ти ја плаќа државна фирма од САД и дека кај нив мора да е така. Ќе дадат.

Трета опција ти е од лан на техниколор, во WAN на твојот рутер, наместо PPPoE намести да зима адреса за интернет преку DHCP, на првиот рутер изгази се што можеш (освен ДХЦП, WAN) и дај му DMZ на IP адресата на вториот (стариот) уред.

Ова теоретски би работело ако сеуште имаш јавна ИП адреса. Колку што знам телеком уште даваат такви.
 
18 септември 2020
945
883
Македонија
Не можам да ти ставам ми се допаѓа кога воопшто не ми се допаѓа одговорот :)))
Чудно ми е дека ај овие во салон, ќе рече човек не знаат, ама овие што ми го местеа новиот рутер не знам зошто не ме опоменаа. Загубен ден од работа чекајќи ги да дојдат, целосно пореметена мрежа чие оправање ќе бара уште еден ден...
Накратко, не можам никако да овозможам пристап до апликација хостирана во мојата локална мрежа? Не би требало да можам штом не можам да си го направам мојот рутер да рутира, ама сепак да потврдам ако некој знае.
Како што ти пишав, нема повеќе бриџ мод на новите рутери, уште порано имав пишано.
 

Ljesh Njeri

hello world
12 јуни 2017
127
158
Трета опција ти е од лан на техниколор, во WAN на твојот рутер, наместо PPPoE намести да зима адреса за интернет преку DHCP, на првиот рутер изгази се што можеш (освен ДХЦП, WAN) и дај му DMZ на IP адресата на вториот (стариот) уред.

Ова теоретски би работело ако сеуште имаш јавна ИП адреса. Колку што знам телеком уште даваат такви.
И третата опција ми е неизводлива - немам апсолутно никаков пристап до рутерот. Кога го посетувам 192.168.1.1 прикажува некои основни информации како
  • Широкопјасната линија е поврзана
  • Интернетот е достапен
ама не можеш да се најавиш и да оперираш со рутерот. До толку е оневозможен пристапот што да сменам име на вифи мрежа веројатно треба да се јавам на 122, остај ти DMZ и такви ствари :))
Јако се зафркнав, ми го пореметија денот (и цела домашна мрежа). Сериозно почнав да размислувам да поднесам приговор со барање за раскинување на договор па да земам интернет од Телекабел на пример. Треба да го размислам ова добро, тешка заебанција ми е. Правам бекапи од други сервери на локален сервер, и немам пристап сега до локалниот сервер јер не можам да отворам/форвардирам порти, до толку не ја бива работава.
 

TexasUS

user
25 февруари 2017
1.316
1.341
Кога го пишував пред неколку месеци немаше некоја заинтересираност за тоа што следи и кога се бунев дека за еден Андроид бокс ќе го снема она за што Телеком беше Телеком со интернетот и за бриџ модот, епа еве повелете сега, убаво ви го турија пак.

Повторно победа на маркетинг тимот во Телеком и к*р ги заболе за твојот и на другите бриџ модовите. Кога вртев во контакт центар ме правеа будала дека може бриџ и на Магента ТВ, ќе беше интересно после што ќе ми кажеа кога не можеа да ми пренесат. Истото ми го тврдеа и на Х/Твитер преку нивниот официјален канал. Е арно ама кога пишав мејл сосема друга беше приказната и на крај ми дадоа дозвола да останам на МаксТВ. И кога бев во салон кога им кажав спремен да им се објаснувам дека ми имаат дозволено таа ми рече само, нема проблем може да се задржи и старата платформа, ќе пишам да не се менува. И стварно до ден денес никој не се јави за промена на опремата, ми останаа макств рисиверите и Хуавеито ХГ8145В5

Е сега што ќе биде ако цркне рисивер, што е со скроз нови корисници кои сакаат бриџ... Е тоа е добро прашање.

Ама тоа е, ете, еднаш со ХД каналите го кркавме, сега со бриџ модот.
Мислењето е автоматски споено:

Ај да те утешам, барај SAGEM уред да ти стават/дадат. Тие имаат PPPoE passthrough, т.е. друг уред од мрежа да може да покрене конекција. Ако се пуфкаат како за фирми е само тоа, речи дека сметката ти ја плаќа државна фирма од САД и дека кај нив мора да е така. Ќе дадат.

Трета опција ти е од лан на техниколор, во WAN на твојот рутер, наместо PPPoE намести да зима адреса за интернет преку DHCP, на првиот рутер изгази се што можеш (освен ДХЦП, WAN) и дај му DMZ на IP адресата на вториот (стариот) уред.

Ова теоретски би работело ако сеуште имаш јавна ИП адреса. Колку што знам телеком уште даваат такви.
Ако со сагемком работи бриџ + магента тв зошто не може со постоечкиве техниколори што ги даваат кај сите сега да работи исто така. Сигурен сум дека може и кај техниколорите ама глупавата МагенаТВ го праи целиот проблем.
Мислењето е автоматски споено:

Треба да го размислам ова добро, тешка заебанција ми е. Правам бекапи од други сервери на локален сервер, и немам пристап сега до локалниот сервер јер не можам да отворам/форвардирам порти, до толку не ја бива работава.
Ај ние што сме овде што дискутираме што знаеме, замисли некој што не е свесен што му следи што му е подметнато дека демек може а што тотално му треба истата ствар и му ја укинат. Пекол.

Еве повелете нивен одговор, нека стои јавно тука, ако ти треба у приговори слични ствари слободно обрати се цела конверзација ќе ти ја испратам дека лажно информираат што може а што не. 1727190794857.png
 
Последна промена:

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.799
3.983
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Имаше случај каде беше поднесено барање за магентаТВ и на типот покушале да му тупнат МаксТВ (фино лепо сакал магентатв). Значи се прават телеком ама и омекнаа од ставот дека за нови договори и нови корисници мора исклучиво магента.
Незнам дали би успеал погоре членот да бара да му го вратат стариот рутер...може ако им досаѓа и им објасни што како.
 

wolverine

user
27 јуни 2012
1.344
1.583
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Intel i5-13600K / Arctic Liquid Freezer II 360
Motherboard
Gigabyte Z790 GAMING X AX
Storage
1x 2TB 980 Pro | 2x 980 PRO 500GB | 1x 1TB MX500
PSU
NZXT C750
RAM
2x32GB G.Skill TridentZ 6400
Video card
ASUS 7800 XT 16G
Case
Phanteks Eclipse P600s
Mouse
Logitech G502
Keyboard
IBM Model M / F12 Kailh BOX White
Monitor
2x Dell 27" S2721DGFA 166Hz
OS
Fedora (GNOME)
Добро бе какви се овие глупости сега со форсирањево на теџниколор...
 

TexasUS

user
25 февруари 2017
1.316
1.341
Имаше случај каде беше поднесено барање за магентаТВ и на типот покушале да му тупнат МаксТВ (фино лепо сакал магентатв). Значи се прават телеком ама и омекнаа од ставот дека за нови договори и нови корисници мора исклучиво магента.
Незнам дали би успеал погоре членот да бара да му го вратат стариот рутер...може ако им досаѓа и им објасни што како.
Се може, само мора да си страшно и ненормално упорен. И мене тука ми тврдеа дека не може да се задржи, па ја задржав, иако недела дена мејлот патуваше до најразлични сектори у Телеком, техника одма даде, или дадете му да остане и ќе користи бриџ или нема да може да користи, и за жал на крај пак од маркетинг беа тие кои го имаа последниот збор и од кои се бараше дозвола да ми ја остават старата опрема. Лудило до кое ниво дојде Телеком, па и другарите А1 не се ништо подобро.
Мислењето е автоматски споено:

Добро бе какви се овие глупости сега со форсирањево на теџниколор...
Не е до техниколорот, до МагенаТВ-то е мислам, ако не им користиш телевизија, ќе можеш бриџ и на техниколорот најверојатно.
 

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.799
3.983
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Добро е што денес не инсиститраат на промена на опрема, кој сака може да си ја задржи ама не може вечно вака. Целта им е да се префрлат што повеќе на новата магента...
 

Ljesh Njeri

hello world
12 јуни 2017
127
158
Јас сум запрепастен од тоа што го гледам. Да морам да звонам на 122 за да сменам вифи име/лозинка, не знам што да речам повеќе.
Се надевам дека е привремено ова (така ми објасни тој од техничка поддршка, демек во моментов не може бриџ), ама ако вака се планира да се тера постојано, ќе биде зафркнато ептен.
Мислењето е автоматски споено:

Добро е што денес не инсиститраат на промена на опрема, кој сака може да си ја задржи ама не може вечно вака. Целта им е да се префрлат што повеќе на новата магента...
Јас добив друго инфо денес:
  • морам (потцртано/болдирано) да имам бриџ мод, ако не може на колоров оставете ми го стариот рутер
  • не се секирај, откако ќе си одиме ние без проблем на 122 ќе ти го префрлат во тој мод
 

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.799
3.983
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Јас сум запрепастен од тоа што го гледам. Да морам да звонам на 122 за да сменам вифи име/лозинка, не знам што да речам повеќе.
Се надевам дека е привремено ова (така ми објасни тој од техничка поддршка, демек во моментов не може бриџ), ама ако вака се планира да се тера постојано, ќе биде зафркнато ептен.
Мислењето е автоматски споено:


Јас добив друго инфо денес:
  • морам (потцртано/болдирано) да имам бриџ мод, ако не може на колоров оставете ми го стариот рутер
  • не се секирај, откако ќе си одиме ние без проблем на 122 ќе ти го префрлат во тој мод
Колку имам читано во темава тој рутер не подржува бриџ мод, може грешка сум нека кажат тие што го имаат
 

TexasUS

user
25 февруари 2017
1.316
1.341
Јас сум запрепастен од тоа што го гледам. Да морам да звонам на 122 за да сменам вифи име/лозинка, не знам што да речам повеќе.
Се надевам дека е привремено ова (така ми објасни тој од техничка поддршка, демек во моментов не може бриџ), ама ако вака се планира да се тера постојано, ќе биде зафркнато ептен.
Мислењето е автоматски споено:


Јас добив друго инфо денес:
  • морам (потцртано/болдирано) да имам бриџ мод, ако не може на колоров оставете ми го стариот рутер
  • не се секирај, откако ќе си одиме ние без проблем на 122 ќе ти го префрлат во тој мод
Хахахахахаха лажат сушат. 6 месеци им е во продукција магентава веќе, пред тоа исто толку време интерно ја тестираа. Во моментов? Сериозни сте? Година дена не беа свесни за ова? Година дена го планираат да е привремено?
 

Ljesh Njeri

hello world
12 јуни 2017
127
158
Хахахахахаха лажат сушат. 6 месеци им е во продукција магентава веќе, пред тоа исто толку време интерно ја тестираа. Во моментов? Сериозни сте? Година дена не беа свесни за ова? Година дена го планираат да е привремено?
Ако идејата им е да го осиромашат интернетот до максимум, да не може корисникот ништо да прави, да не може да си пристапи до одредена порта во своја мрежа... со среќа нека им е.
 

TexasUS

user
25 февруари 2017
1.316
1.341
Ако идејата им е да го осиромашат интернетот до максимум, да не може корисникот ништо да прави, да не може да си пристапи до одредена порта во своја мрежа... со среќа нека им е.
Ќе може, ќе си собира срценца на магента моментс за точаци и пуканки.
 

Pej4o

hello world
12 ноември 2015
98
97
Новина е што има нов софтвер од Дојче Телеком RDK ,а сите корисници ке бидат префрлени пополека на нова платформа.На овој софтвер не може лично корисникот со ип адреса (192.168.1.1) туку преку апликација на Телеком ке може вифи да мења и сите други работи.
 

TexasUS

user
25 февруари 2017
1.316
1.341
Новина е што има нов софтвер од Дојче Телеком RDK ,а сите корисници ке бидат префрлени пополека на нова платформа.На овој софтвер не може лично корисникот со ип адреса (192.168.1.1) туку преку апликација на Телеком ке може вифи да мења и сите други работи.
Супер, уште 1 причина зошто треба да овозможат бриџ на истиот и да не замараат со апликации.
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.392
12.333
Скопје
androgaming.com
Ако со сагемком работи бриџ + магента тв зошто не може со постоечкиве техниколори што ги даваат кај сите сега да работи исто така. Сигурен сум дека може и кај техниколорите ама глупавата МагенаТВ го праи целиот проблем.

Незнам за телевизијата, за интернет зборев. Само интернет.
 

Ervo

hello world
7 септември 2008
365
653


Повелете. Ќе имаат и нови Mesh или WiFi Booster рутери како опција.

Ако тргнат скроз bridge mode за по напредни корисници, ќе се мења на Neotel и слично со оптика, тоа е.

1727196025546.png

1727196211842.png
 

TexasUS

user
25 февруари 2017
1.316
1.341


Повелете. Ќе имаат и нови Mesh или WiFi Booster рутери како опција.

Ако тргнат скроз bridge mode за по напредни корисници, ќе се мења на Neotel и слично со оптика, тоа е.

Погледнете го атачментот 141254

Погледнете го атачментот 141255
Ахаха кинески уред кај тебе дома во тотална контрола на телеком. Ќе си кинеме договори.

П.С. Ова во фирми не проаѓа.
Чекај чекај чекај, стој. Според упатствово од сега ништо нема да може да менуваш освен име на мрежа и лозинка на истата, бидејќи никаде не гледам никакви дополнителни поставки ниту порт форвардинг ниту ништо а притоа пристап до 192... нема да може?
Мислењето е автоматски споено:

@Ljesh Njeri немаш апсолутно никаков пристап до порталот за поставки на 192.168.1.1 не ти го отвара или е забрането/немаш усер пасворд?
 
Последна промена:

Avid

senior
21 јануари 2009
6.444
11.501
Скопје
Еве повелете нивен одговор, нека стои јавно тука, ако ти треба у приговори слични ствари слободно обрати се цела конверзација ќе ти ја испратам дека лажно информираат што може а што не.Погледнете го атачментот 141253
Извинете, имавме тајпо во пораката. Мислевме оНЕвозможена.
 

Ljesh Njeri

hello world
12 јуни 2017
127
158
@Ljesh Njeri[/USER] немаш апсолутно никаков пристап до порталот за поставки на 192.168.1.1 не ти го отвара или е забрането/немаш усер пасворд?
Не знам како да ти објаснам а не сум дома моментално да ти скриншотувам.
На 192.168.1.1 имаш едноставна да ја наречеме "добредојде" страница. Се е ОК со мрежата, некои такви бајати инфо (не можеш ништо да смениш, немаш каде да се најавиш).
И од техничарите ми беше кажано дека пристап до рутерот немаш, ама се надевав на бриџ мод ќе си имав пристап до конфигурација барем на мој рутер. Вака испаѓа ти даваат интернет за youtube и facebook, гига конекција за ништо.
 

TexasUS

user
25 февруари 2017
1.316
1.341
Од денес и јас повеќе не можам да пристапам до рутерот :O Internet XXL пакет
Лол арни се овие? Може да им пишете најпросто сега како да отвориме порти напредни поставки на мрежа, статички ип и што се не како може да се прави? Многу ме интересира одговорот.

Дојде време на старава опрема да се радуваме да не ја заменат со нова. Не ми се верува. Не сум видел никде до сег оператор да ограничува ваква ствар.
Мислењето е автоматски споено:

Како што видов на унгарскиов телеком сеуште во поддршка гледам има опција да се пристапи до веб менито, не е валда дека нашива изиграваат паметни па го забранија само они?
 
Последна промена:
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно