Паланчански
user
- 18 август 2019
- 1.229
- 1.204
Од една страна си во право, треба да плаќаме за да имаме здравство.@Pane24 верувај со неплаќање на продонеси нема да ни стане понапредно.
@kirev така е братче, дивиот од планината што ти сечи дрва и ти одгледува крави за да кснеш сиренце купено од Тинекс ти е крив што немаш достоинствено здравство.
Не си ти крив што ако можеш и во трудот би се пишал невработен иако заработуваш онлајн од странство 5к еур и никој не те знае... што има ти да им плаќаш толку здравство, а сиромавите ништо или само 1850.... коа можеш и ти така со 1850 да врвиш или уште поарно беспари и ти као невработен.
Тоа што ти плаќаш повеќе а некој селанец помалку е благодарение на социјалниот здравствен систем.
Е коа ќе дојдеме како во Америка, да умираат по улици заш нема поќе социјално здравство и едно брза помош возило да дојде кошта 1000еур, е дур тогаш ни СМС донација не не вади.
дисклејмер, и јас си плаќам фул придонеси (т.е фирмата за која работам ми плаќа) ама уште ме држи умот дека сите треба да плаќаме зш во спротивно ќе биде само полошо.... а лично јас познавам доста фриленсери поранешни колеги и пријатели што се обидуваат и тие 10% данок да не го плаќаат па секаде плаќаат од Пејонир картица директно.... а имаат дома по 2 пензионери што очекуваат некој да ги лечи и пензија да им исплати.
Од друга страна не си во право, триесет години плаќав, сега морам да одам на приватно бидејќи термин не се добива.