Македонското момче
lurker
STBEMU апликацијата јас би ти ја предложил за вистинско ХД искуство во гледањето на телевизиски канали и за гледање на филмови и серии. Имаш како се инсталира на youtube и верувај ми дека нема да згрешиш. HBO кај мене го нудат а1 ама само во СД резолуција и затоа си ги гледам само македонските канали со антена, а филмови и други канали си гледам преку други апликации.Синоќа го сетирав и да пишам први импресии. Со оглед на тоа што телевизорот (PHILIPS 43PUS8007) најмогу ќе се користи за гледање кабловска телевизија мислам дека и не згрешив (можеби немаше да згрешам и да одев со некој поевтин модел). Се мислев помеѓу овој, PHILIPS 43 PUS8507 и SAMSUNG QE 43 Q60BAUXXH. 8507-ката е 3000 ден поскап и не ме бендиса пошто безелот е сребрен, иако тенок некако ми сметаше а Q60-ката беше за 6000 ден. поскапа и мислам дека не ги оправдуваше сретствата заради тоа што како реков најмногу ќе се користи за кабловска телевизија.
Интерфејсот е брз, едноставен и убаво изгледа за око. На демото и на YouTube 4К видеата сликата е одлична а теливизииве на кабелска, знаете, иако ХД се тиња (ќе мора да се бара некое друго решение да се искористи потенцијалот).
Амбилајтот можеби за некои гимик, некои нема да го сакаат ама мене од прва ми се бендиса, дава динамика на содржината. Синоќа гледав ракомет и некако подинамична ја прави играта, исто и филмовите, имате чувство како да е поголем екранот. Звукот е ОК со оглед на тоа колку е тенка "кутијата" ама го поврзав со оптички аудио со сараунд системот така да филмови ќе се гледаат со добар звук.
Дајте некој предлог (и линкови) што да се инсталира и да се гледаат телевизии со подобра квалитет (ВЛЦ, Коди...?)