Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Следење на Електрична Потрошувачка во домот, статистика

Скоти

user
15 октомври 2013
1.281
2.370
Јас мерев за инвертерите кога ги купив, ама горе долу ги испраксирав, и не ми треба за нив. Сепак едниот мерач го оставив на инвертерот за да гелдам со колку напор работи - баш ми се допаѓа таков податок.
А другиов мерач го шетам наоколу кога ми треба. Ме изненади високата потрошувачка на еден фрижидер кој нема скоро ништо во него од некои 450денари месечно. Треба да го наполнам со шишиња флаширана вода и кока кола зеро, мислам дека ќе се намали драстично.

Ете некој момент. :)
На трите клими( едниот е мултисплит систем), имам ставено Шели уреди. На мултисплитот е 1PM( се гледа на таблата кај осигурачите, црвен е), а на другата клима е Shelly Plug S, така да знам веќе некое време колку ми трошат климите.
Сакав да имам преглед на вкупната потрошувачка на ел. енергија во домот.
Мислењето е автоматски споено:

Може некој ден ќе ги врзам сите 3 уреди на HA, па ќе имам и подетални информации.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.828
5.531
Правецот бил добар, само се поврза од трите фази во Шелито, и ставени се 3 осигурачи од 6А, најмали беа тие. Си мери како треба.
Ти реков. Ако референтниот напон не е фазно соодветен на тој што се мери низ клемата, дава живи глупости. Пошто нели 3 фази, фазно поместени за 120 степена, па уште некоја клима со индуктивено оптеретување ќе ја измести малку поназад струјата од напонот, и добиваш леле мајко резултати :) Топ си сега уживај, и прво нешто што ќе инвестираш, аман молим те среди тоа таблата и додатоците, коса ми се крева како е сѐ на виделина, прилепено, надодавано со изолирбани :)
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.281
2.370
Ти реков. Ако референтниот напон не е фазно соодветен на тој што се мери низ клемата, дава живи глупости. Пошто нели 3 фази, фазно поместени за 120 степена, па уште некоја клима со индуктивено оптеретување ќе ја измести малку поназад струјата од напонот, и добиваш леле мајко резултати :) Топ си сега уживај, и прво нешто што ќе инвестираш, аман молим те среди тоа таблата и додатоците, коса ми се крева како е сѐ на виделина, прилепено, надодавано со изолирбани :)
Така си е. Вчера кога не беа убаво наместени, кога ќе ја уклучев климата во спалната, чак покажуваше и дека помалце трошам во станот струја него пред да ја уклучам :ROFLMAO:
Иначе го реновирав станот лани, ама појма не сум ни имал дека е таков хаос во таблата кај осигурачите, не знам и дали би се нафатил некој ова да го средува..
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.828
5.531
Така си е. Вчера кога не беа убаво наместени, кога ќе ја уклучев климата во спалната, чак покажуваше и дека помалце трошам во станот струја него пред да ја уклучам :ROFLMAO:
Иначе го реновирав станот лани, ама појма не сум ни имал дека е таков хаос во таблата кај осигурачите, не знам и дали би се нафатил некој ова да го средува..
Да бе зошто да не. Еееее бетер имам видено, кај тебе додатоците што се надвор на голо да речам ми сметаат. Ама се гледа дека имаш кабли доволно така да би требало саглам електричар да се нафати, да откорне сѐ, да подреди, испегла, и нова табла една да нареди.
 

gdamjan

poweruser
3 април 2008
4.078
3.537
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Јас мерев за инвертерите кога ги купив, ама горе долу ги испраксирав, и не ми треба за нив. Сепак едниот мерач го оставив на инвертерот за да гелдам со колку напор работи - баш ми се допаѓа таков податок.
имаш график од ова? баш ме интересира како личи
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.099
6.042
Немам, не. Ама имаат постирано во другата тема.
 

Widlok

read-only
10 јануари 2018
13
20
Здраво , може ли да споделите од каде може да се порача Shelly?
 

acikaaa

user
22 октомври 2018
1.210
1.227
Скопје
Гледав и кај нас има изгледа ги носат, некоја фирма домотика, само не можев да најдам дали имаат дуќан или само преку нет продаваат
 

Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.166
3.219
Струмица
Домотика мк (Струга) и Делукс ком мк (Куманово), ама заради високите маржи проценив оти најмногу ми се исплаќа да си порачувам директно од Шели сајтот.
За Блек Фрајдеј имаше убав попуст и порачав 2 парчиња Shelly 1PM, а пред месец дена порачав 4 парчиња Shelly Duo GU10 RGBW и стигнаа пред 2-3 дена.

Шипингот им е зезнат специјално за нас оти ни се комшии. Го праќаат изгледа прво на Пост НЛ (Холандија) па го носат накај нас и затоа се чека месец дена.
Ќе ги прашам за следната порачка дали може преку БГ-МК Пошта да праќаат за кај нас.
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.281
2.370
Немаат скоро ништо на лагер. И да имаат, високи им се цените. Нарачајте си онлајн, мене ми стигнаа за 20 дена.
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.281
2.370
@Скоти
Преплет црева :)
Инаку да, може да се среди малку од малку сето тоа.
Може да се среди топ. Најдов на ФБ еден електричар, по сликите што ги постира, имало и бетер од ова моево, во право беше @marv :ROFLMAO:, само е од Скопје, и не знам дали би се нафатил да доаѓа до Охрид и колку пари би барал.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.828
5.531
За тие што ги интересира а не знаат: (18(ако батеријата е 18V)*8(амперчаса на батеријата)/1000) *цената за kWh
А јас всушност не те ни разбрав што сакаш да прашаш. Мислев некоја посебна батерија е па се наплаќа некаде за пунење

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 

Corsair

hello world
7 мај 2015
81
56

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.774
6.484
SK
Малце оффтопик, ама па цела тема е малце оффтопик.
Со оглед на ефикасноста на тополинските пумпи, дали истите би биле економичен начин на греење во однос на ТА печки. Ова од причина што со воведувањена блоковите за пресметка на струја, истите ја имаат во предвид само потрошената скапа струја а ефитината не е од значење, што не е случај со климите кои работат 24 часа на ден.
Конкретно, за еден ист стан да речеме 60 м2, под претпоставка дека ТА би трошела само ефтина струја, навечер 9 часа дневно, а климите би работеле 24 часа дневно од кои 9 часа на ефитна и 13 часа на скапа.
Така теоретски потрошувачката на ТА не би требало да влезе во 2 или 3 блок, а климите теоретски би требало да влезеат во 2, а можеби и во 3 блок.
Дали ефикасноста на климите во однос на ТА би била доволна да ја надмине разликата во цена помеѓу блоковите ?

Ова прашање е многу специфично за секој одделен дом/објект одделно.
Фактите се дека и климите и ТА печките можат да работат и работат на евтина тарифа. Климите немаат термален бафер како што се циглите во ТА печките, но кога се загрева домот самиот дом има термална акумулација. Се греат ѕидовите, подот, плафонот, намештајот и сите предмети. Има луѓе што со тајмери си ги подесуваат (или рачно ги пуштаат) климите да загреваат на повисоки температури за да дојде до што поголема акумулација на топлина во домот, навечер додека може да се користи евтината тарифа.

Во твојов случај би ти требале повеќе ТА печки, и би имал релативно големи топлински скокови меѓу деното и ноќта. За да грееш 60м2 стан. Крајната равенка зависи од топлинските загуби на тој стан.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.099
6.042
Со новиве тарифи ТА печка смее да се користи само и исклучиво само со тајмер. Затоа што чепне ли од скапата струја, отиде заштедата од цело зимо со едно заборавање. А нема шанси да не заборавиш цело зимо. Така да тоа врачунајте го уште сега пред сезонава ако планирате да допирате ТА печки. 1 саат да се упали во скапа струја, тоа се 5KWч, со 5KWч еден инвертер ќе грее 5-10 саати.

Башка што и тие на ефтина не се бесплатни и пак имаат транспорт на киловатчасовите. Така да секако предност е да се намалат киловат часовите како се може и умее. А тоа се прави со: изолација на фасада, ПВЦ, кровна изолација, подна изолација, заптивање на постоечки врати и прозорци, проверка на постоечки врати и прозорци, отворање на завеси во периодот на сонце од 8-17ч, а затворање на завеси од 17-8ч за да се акумулира сончева радијација, итн. А кога веќе е тоа завршено, хиперинвертер со што е можно повисок SCOP.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.774
6.484
SK
Во сегашнава ситуација проблем ќе бидат рестрикциите... Тоа би било една предност на ТА печките во однос на климите, ако потрошувачката ја ставиме на страна.

Конкретно ние што се грееме на клими, ќе мора да загреваме на многу повисоки температури за да ги компензираме рестрикциите. Ефикасноста солидно ќе ни опадне па следствено и потрошувачката ќе скокне. Ова додатно на поголемите цени на струјата. Освен тоа неизбежно ќе имаме топлински скокови ама тоа во вакви ситуации е од споредна важност.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.099
6.042
Може ли некој со мерач и сушара за алишта со топлинска пумпа да измери колку троши во едно сушење?
 

Fidan

hello world
18 април 2017
143
148
Може ли некој со мерач и сушара за алишта со топлинска пумпа да измери колку троши во едно сушење?
1668277371991.png

Не сум мерел, ама најдов вакво нешто на нет за мојот модел на машина.
Значи зависи и колку ја полниш и колку се влажни алиштата (центрифуга на колку ќе пуштиш).
Иначе ова е некој просек, пример:
211 киловати вика дека троши годишно, тоа го мерат на 160 циклуси и зимаат некоја средна вредност. Односно 211:10=1,31киловат, а во табелава вика дека на полна машина троши 1,71кв, а на пола капацитет 0,99кв. Значи средина би било некаде 1,3кв.
Ако има некој ватметар да измери точно, и мене ме интересира дали е ова точно
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.590
19.308
Исто така треба да знаете дека "инвертер" сушарите зависат од околната температура.
Колку поладна соба толку подолго ќе суши.
Ист принцип како и кај клима.

За да ти се исплати ти требаат над 5 години. Освен во случај секој ден да сушиш купишта алишта
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно