TylerMkD
poweruser
- 7 ноември 2014
- 4.764
- 10.096
Кога веќе го спомнав AirPower, гледам Apple fanboys на темава се ситат на промашен производ од конкуренцијата ко Apple да се безгрешни. Океј е да се критикува, ама малку пообјективно не е на одмет.
Премногу се фокусирате на „епл фенбојз“, во моментот е релевантно дали критиките кон Samsung и Galaxy Fold држат вода или не. Како што кажа @Goran. погоре, станува збор за финален производ кој имаше цена и се примаа преднарачки, за потоа спектакуларно да им експлодира во фаца (по вторпат).
Проблемот е јасен - се знаеше дека Huawei ќе најави нешто големо со нивниот телефон на превиткување и Samsung мораше да биде прв.
