moongose
poweruser
- 19 јули 2013
- 4.376
- 5.511
Повод за темава е денешното излегување на втората верзија на прелистувачот Vivaldi.
Најзначајни новости кои ги носи оваа верзија во однос на последната стабилна 1.15 се освежен изглед на спид дајалот и на целокупниот интерфејс, нови можности за манипулација на табовите со што се овозможува промена на големината на „тајлуваните“ табови, лебдечки веб панели, огромен број ситни подобрувања и опции како и долгоочекуваната синхронизација, со која може да се синхронизираат букмарците, лозинките, спиддајалот, впишаните адреси, забелешките и екстензиите.
Еден од најјаките адути на Вивалди е кастомизацијата. Речиси се може да се прилагоди на потребите на корисникот. Комплетна можност за редефинирање на кратенките од тастатурата, кои можат да се составени и само од едно копче, на гестовите од глувчето, на пребарувачите. Се уште не е можно да се редефинира главното мени, но веќе е на новата to do листа.
Вивалди нуди единствена можност на групирање на табовите и на tiling.
Второво е многу полезна функција за истовремена работа на две или повеќе страници, кога имате потреба за директна споредба. Особено во време кога веб страниците се со вертикална ориентација, а мониторите стануваат се пошироки, се овозможува максимална искористеност на екранот.
Вака изгледа делот за табовите во подесувањата.
Ова е панелот со моментално отворените табови, по редослед и групирање како на таб барот. Можно е пребарување на отворените табови, брзо одбирање на активниот и преуредување на редоследот и на групите.
Иста структура има и панелот за пребарување на историјата, додека целосниот приказ на посетените страници дава многу поголема прегледност и статистика.
Вивалди овозможува комплетна навигација низ веб страниците само со тастатура. Нормално копчињата за тоа може да си ги подесите според желбите и навиките.
Quick commands e уште една полезна функција којашто штеди време и кликови. Со притискање на F2 (нормално, може да се постави на било кое друго копче) се појавува листа за пребарување, која се филтрира со впишување на било кој дел од содржината на бараниот поим. А листата може да содржи наслови од моментално отворените табови, од букмарците, нивните прекари, од историјата на посетени страници или од листата на команди. Како и за се друго, сами одредувате кои од овие работи ќе се прикажат.
Во веб панелите покрај веќе споменатите панели за отворени табови и историја, достапни се букмарците, панелот за контрола на преземањата и забелешките.
Забелешките (notes) можат да содржат слики и линкови, а доколку забелешката се креира од некоја веб страница, автоматски се презема адресата и времето на креирање. Лесно можат да се додадат документи и скриншотови како од целата така и од произволен дел од страницата. Забелешките се дел синхронизацијата.
Може да се додаде било која веб страница како нов веб панел, препорачливо е тоа да биде мобилната верзија.
За зависниците од екстензии, достапни се сите екстензии за хром, но за добар дел од нив нема потреба затоа што функционалностите се веќе вградени во самиот прелистувач.
Ова е само краток осврт на многу мал дел од новите можности на вивалди. Се надевам дека е доволно за да ве испровоцира да го инсталирате и малку да го прочепкате и сами да ги откриете сите благодети кои ги нуди, коишто секојдневното користење на интернет го прават многу поедноставно и помоќно отколку со било кој друг прелистувач.
За комплетен преглед на сите можности со објаснувања и начини за користење, посетете ја главната страница за помош.
Направете си услуга, користете го вивалди и заборавете на сите останати браузери (освен можеби Опера 12)

Последна промена: