Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Vivaldi Browser v2

moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.903
4.726
Повод за темава е денешното излегување на втората верзија на прелистувачот Vivaldi.

Најзначајни новости кои ги носи оваа верзија во однос на последната стабилна 1.15 се освежен изглед на спид дајалот и на целокупниот интерфејс, нови можности за манипулација на табовите со што се овозможува промена на големината на „тајлуваните“ табови, лебдечки веб панели, огромен број ситни подобрувања и опции како и долгоочекуваната синхронизација, со која може да се синхронизираат букмарците, лозинките, спиддајалот, впишаните адреси, забелешките и екстензиите.

Еден од најјаките адути на Вивалди е кастомизацијата. Речиси се може да се прилагоди на потребите на корисникот. Комплетна можност за редефинирање на кратенките од тастатурата, кои можат да се составени и само од едно копче, на гестовите од глувчето, на пребарувачите. Се уште не е можно да се редефинира главното мени, но веќе е на новата to do листа.

Вивалди нуди единствена можност на групирање на табовите и на tiling.
clipboard26.09.2018 _ 13_28_48.png

Второво е многу полезна функција за истовремена работа на две или повеќе страници, кога имате потреба за директна споредба. Особено во време кога веб страниците се со вертикална ориентација, а мониторите стануваат се пошироки, се овозможува максимална искористеност на екранот.

clipboard26.09.2018 _ 13_33_00.png
clipboard26.09.2018 _ 13_33_30.png


Вака изгледа делот за табовите во подесувањата.
clipboard26.09.2018 _ 12_38_37.png


Ова е панелот со моментално отворените табови, по редослед и групирање како на таб барот. Можно е пребарување на отворените табови, брзо одбирање на активниот и преуредување на редоследот и на групите.
clipboard26.09.2018 _ 12_41_23.png


Иста структура има и панелот за пребарување на историјата, додека целосниот приказ на посетените страници дава многу поголема прегледност и статистика.
clipboard26.09.2018 _ 12_45_06.png

Вивалди овозможува комплетна навигација низ веб страниците само со тастатура. Нормално копчињата за тоа може да си ги подесите според желбите и навиките.

Quick commands e уште една полезна функција којашто штеди време и кликови. Со притискање на F2 (нормално, може да се постави на било кое друго копче) се појавува листа за пребарување, која се филтрира со впишување на било кој дел од содржината на бараниот поим. А листата може да содржи наслови од моментално отворените табови, од букмарците, нивните прекари, од историјата на посетени страници или од листата на команди. Како и за се друго, сами одредувате кои од овие работи ќе се прикажат.
clipboard26.09.2018 _ 12_59_33.png


Во веб панелите покрај веќе споменатите панели за отворени табови и историја, достапни се букмарците, панелот за контрола на преземањата и забелешките.
Забелешките (notes) можат да содржат слики и линкови, а доколку забелешката се креира од некоја веб страница, автоматски се презема адресата и времето на креирање. Лесно можат да се додадат документи и скриншотови како од целата така и од произволен дел од страницата. Забелешките се дел синхронизацијата.
Може да се додаде било која веб страница како нов веб панел, препорачливо е тоа да биде мобилната верзија.

За зависниците од екстензии, достапни се сите екстензии за хром, но за добар дел од нив нема потреба затоа што функционалностите се веќе вградени во самиот прелистувач.

Ова е само краток осврт на многу мал дел од новите можности на вивалди. Се надевам дека е доволно за да ве испровоцира да го инсталирате и малку да го прочепкате и сами да ги откриете сите благодети кои ги нуди, коишто секојдневното користење на интернет го прават многу поедноставно и помоќно отколку со било кој друг прелистувач.
За комплетен преглед на сите можности со објаснувања и начини за користење, посетете ја главната страница за помош.

Направете си услуга, користете го вивалди и заборавете на сите останати браузери (освен можеби Опера 12)

 
Последна промена:

SiPy`

Unbeatable
23 јуни 2015
3.073
5.278
Одличен е се слагам, во секој поглед е пред другите. Страшно одлична кастамизација, само има големи 2 проблема. Едниот е проблем со тачпад, премногу брзо скрола и неможе да се промени тоа. Другиот е синхронизација, иако ова се решава на други начини.
Ќе му дадам вечерва трета шанса. :)

ЕДИТ: Таман и да споредам како е со хардверските барања во споредба со Хром.
 

SiPy`

Unbeatable
23 јуни 2015
3.073
5.278
Лелелеее сега има синхронизација. :inlove::kiss:

ЕДИТ: Далеку помали хардверски побарувања и дефинитивно побрз од Хромот.
 
Последна промена:

StOrMK

Gaining Experience
25 јули 2015
966
480
Скопје
StOrMK's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 - 4440
Motherboard
Gigabyte H81M-S
Storage
TOSHIBA DT01ACA100 1TB
RAM
Kingston HyperX Fury 8GB
Case
Ментална :D
Mouse
Motospeed V70
Keyboard
Motospeed CK 104
Audio
Realtek HD Audio
Monitor
Benq DL2215-B 1920x1080 Full HD
OS
Windows 10 PRO 64bit
Ај да не останам и јас покусо, го инсталирав. На прв поглед изгледа солидно, брзината на стартување е очигледна. Ќе видиме дали ќе може да се смени Хромот.
 

moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.903
4.726
Одличен е се слагам, во секој поглед е пред другите. Страшно одлична кастамизација, само има големи 2 проблема. Едниот е проблем со тачпад, премногу брзо скрола и неможе да се промени тоа. Другиот е синхронизација, иако ова се решава на други начини.
Ќе му дадам вечерва трета шанса. :)

ЕДИТ: Таман и да споредам како е со хардверските барања во споредба со Хром.
За првиот проблем не гледам зошто би била вината кај вивалди. Вториот, како што веќе и виде, веќе не е проблем :)
Помалку рам зафаќа од хромот, за истите работи. Проверено и тестирано од заедницата.
Ај да не останам и јас покусо, го инсталирав. На прв поглед изгледа солидно, брзината на стартување е очигледна. Ќе видиме дали ќе може да се смени Хромот.
Расчепкај го, не го оставај само на поглед, иако убаво изгледа. Брзината на стартување е најмалку важна, важно е што можеш да си го прилагодиш спрема твоите потреби и желби и со тоа работата во него ќе стане многу побрза, а ти како корисник многу попродуктивен. Не гледам причина зошто би останал на хром.
 

StOrMK

Gaining Experience
25 јули 2015
966
480
Скопје
StOrMK's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 - 4440
Motherboard
Gigabyte H81M-S
Storage
TOSHIBA DT01ACA100 1TB
RAM
Kingston HyperX Fury 8GB
Case
Ментална :D
Mouse
Motospeed V70
Keyboard
Motospeed CK 104
Audio
Realtek HD Audio
Monitor
Benq DL2215-B 1920x1080 Full HD
OS
Windows 10 PRO 64bit

Astraion

Unstoppable
24 ноември 2012
2.092
3.102
Струмица
Помалку рам зафаќа од хромот, за истите работи. Проверено и тестирано од заедницата.
Вчера го инсталирав и гледав како го хендлаат РАМот, со по два идентични табови, Вивалди со 2 екстензии а Хромот со истите плус 3-4 додатни. Вивалди користеше 1.2 Гига а Хромот 900 Мега.
 

moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.903
4.726
Клучот е во екстензиите, иако не е пресуден фактор. :)
Истите екстензии се достапни и за вивалди. Се инсталираат од дуќанот на хром.
Вчера го инсталирав и гледав како го хендлаат РАМот, со по два идентични табови, Вивалди со 2 екстензии а Хромот со истите плус 3-4 додатни. Вивалди користеше 1.2 Гига а Хромот 900 Мега.
Можно е. Моментално имам 47 таба и десет активни екстензии, 1,8 гига рам држи.
 
Последна промена:

stefan_mkd

On your way to fame
18 март 2015
779
596
Има начин на Вивалди да се инсталира Гугл Транслејт и да ја преведува цела страна со клик? Да не треба јас да копирам...
 

Justice for All

Gaining Experience
10 септември 2010
338
198
Вчера го инсталирав ама не можев никако да направам профил за синхронизација. Имаше некој ваков проблем?
 

moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.903
4.726
Има начин на Вивалди да се инсталира Гугл Транслејт и да ја преведува цела страна со клик? Да не треба јас да копирам...
Да, било која екстензија за превод може да се инсталира, вклучувајќи го и гугл транслејт. Ја нема опцијата пребарувачот сам да препознае дали треба превод и да понуди да ја преведе веб страницата, затоа што гугл наплаќа за тоа.

Сите екстензии за хром можат да се инсталираат и да работат и во вивалди. Се инсталираат исто како и во хром.
Ctrl+Shift+E или F2+ext+ENTER или Menu>Tools>Extensions или со десно копче на било кое иконче од екстензија>mange extensions за да ја отворите страницата со инсталирани екстензии. Таму има и линкче до Chrome Web Store.

Има некој мал број специфични екстензии кои ја немаат целокупната функционалност, дали заради лош развој дали што користат гугл/хром сервиси, дали заради што се судираат со веќе вградените можности кои што ги нема на хром. Имаше листа на форумот на вивалди за сите полу и нефункционални екстензии, не беше нешто долга.
Вчера го инсталирав ама не можев никако да направам профил за синхронизација. Имаше некој ваков проблем?
Имаше мал застој вчера, најверојатно премногу корисници истовремено обидувајќи се да го направат истото. Сега функционира нормално.
 

Justice for All

Gaining Experience
10 септември 2010
338
198
Е сега пробав и конечно успеа. Ко што памтам најголем проблем што го имав со браузеров беше што немаше синхронизација. Сега веќе е нешто друго. :)
 

stefan_mkd

On your way to fame
18 март 2015
779
596
Да, било која екстензија за превод може да се инсталира, вклучувајќи го и гугл транслејт. Ја нема опцијата пребарувачот сам да препознае дали треба превод и да понуди да ја преведе веб страницата, затоа што гугл наплаќа за тоа.

Сите екстензии за хром можат да се инсталираат и да работат и во вивалди. Се инсталираат исто како и во хром.
Ctrl+Shift+E или F2+ext+ENTER или Menu>Tools>Extensions или со десно копче на било кое иконче од екстензија>mange extensions за да ја отворите страницата со инсталирани екстензии. Таму има и линкче до Chrome Web Store.

Има некој мал број специфични екстензии кои ја немаат целокупната функционалност, дали заради лош развој дали што користат гугл/хром сервиси, дали заради што се судираат со веќе вградените можности кои што ги нема на хром. Имаше листа на форумот на вивалди за сите полу и нефункционални екстензии, не беше нешто долга.
Имаше мал застој вчера, најверојатно премногу корисници истовремено обидувајќи се да го направат истото. Сега функционира нормално.

Дали знаеш дали постои опција јас мануелно да подесам на екстензијата да го преведе сајтото од тој во тој јазик? Било за мозила или вивалди?
 

moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.903
4.726
Дали знаеш дали постои опција јас мануелно да подесам на екстензијата да го преведе сајтото од тој во тој јазик? Било за мозила или вивалди?
Па сите екстензии за превод што сум ги видел даваат можност тоа да го одбереш. За превод веќе не користам екстензии, туку мобилната верзија на сајтот за превод на гугл (Google Translate) во вебпанел.
 

fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
2.062
3.832
Очигледно има корисници на Vivaldi, па едно прашање сакам да поставам. Моментално користам Chrome (Windows/Android). Го инсталирав новиов Vivaldi (v2), и разликата помеѓу него и Chrome (Vivaldi тазе инсталиран, без account, без екстензии, Chrome после 6-7 месеци користење, со 4-5 активни екстензии) е +/- 5% во искористеност на RAM, со истите 4-5 табови отворени на двата, некогаш во корист на Chrome, некогаш во корист на Vivaldi. Според мене незначителна бројка, во никој случај не е доволна за да го сменам Chrome.

Освен опции за персонализација, дали има некоја друга причина да пробам да го користам активно, и евентуално да го заменам Chrome со него?

EDIT: Имам оптички интернет, така да и разликата во брзина е минимална и занемарлива.
 

Psycore

Practice makes perfect
12 ноември 2013
1.008
1.343
Скопје
Може некој да објасни како работи синхронизацијата? Можам со гугл акаунт да се логирам, да ги добијам сите стари букмаркс да речеме и да продолжам да додавам нови?
 

Astraion

Unstoppable
24 ноември 2012
2.092
3.102
Струмица
да ги добијам сите стари букмаркс да речеме и да продолжам да додавам нови?
Импортираш букмаркс од Хром и после синкронизацијата си брка работа ако продолжиш на Вивалди.
 

Psycore

Practice makes perfect
12 ноември 2013
1.008
1.343
Скопје
Импортираш букмаркс од Хром и после синкронизацијата си брка работа ако продолжиш на Вивалди.
Значи, после и да се вратам на Хром, ќе ги имам сите букмаркс што сум ги додал додека сум користел Вивалди?
 

Astraion

Unstoppable
24 ноември 2012
2.092
3.102
Струмица
Нема да ги имаш бидејќи веќе си мигрирал на Вивалди облакот, ќе треба да си играш цело време на ти го - дај ми го (импорт/експорт) со двата браузери, ако сакаш да ги имаш и во Хром.
Затоа уште седам на Хром и јас. :)
 

SiPy`

Unbeatable
23 јуни 2015
3.073
5.278
Не споредувајте само рамот. Многу е битно како се однесува со процесорот. Кај мене се осеќа далеку "полесен" Вивалди во споредба со Хром, помазен и флуиден.
Само ако може @FLEGMA ( мислам дрка ти ми посочи едно програмче поодамна ) да каже како беше програмчето за синхронизација на броузер за кросплатформ и кросброузер.

ЕДИТ: @FLEGMA Најдов што си ми пишал, Pushbullet.
ЕДИТ1: Не е тоа што ми треба. Инаку @moongose дали има шанси наскоро да има мобилна верзија?
 
Последна промена:

moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.903
4.726
Може некој да објасни како работи синхронизацијата? Можам со гугл акаунт да се логирам, да ги добијам сите стари букмаркс да речеме и да продолжам да додавам нови?
Синхронизацијата на вивалди нема допорни точки со акаунтот на гугл и се што е поврзано со него, вклучувајќи ги и букмарците. Истите може да се преземат од било кој браузер или стандарден формат на размена на букмарци, но потоа синхронизацијата останува само помеѓу вивалди прелистувачите.
Доколку ви треба синхронизација помеѓу различни браузери, има екстензии што тоа го овозможуваат, но тоа оди преку нивни сервери и се губи флексибилноста на менаџирањето на букмарците. Додуша кај хром не се губи ништо, затоа што и нема некои можности за менаџирање :)
Освен опции за персонализација, дали има некоја друга причина да пробам да го користам активно, и евентуално да го заменам Chrome со него?
Опциите наведени во првиот пост не ти се доволни?
Инаку @moongose дали има шанси наскоро да има мобилна верзија?
Во изработка е мобилна верзија, но нема одредено датум. Приоритет е десктоп верзијата.
 

'CuoreSportivo

Gaining Experience
9 ноември 2017
55
69
Како досегашен корисник на Firefox, решив да го променам прелистувачот.

Firefox на неколку места ме разочара, неможев да прикачам фајлови кои можев најнормално со Chrome. Никогаш не сум користел ниту екстензии ниту акаунти или профили на некој прелистувач.

Моментално на нов лаптоп направив свежа инсталација на Vivaldi, Firefox и Chrome.
Како што реков, немам инсталирано екстензии.

Како корисник на Firefox сваќам дека Chrome е зависник од екстензии. Мислам дека Chrome ви е познат скоро на сите. Познат е исто така и дека користи многу рам, но бидејќи немам поранешно искуство и искуство со екстензии не можам да коментирам. (скриншот подоле)

Ми се допаѓа концептот на Vivaldi. Не сум сигурен дали е тоа до самите подесувања, сеуште го немам истражено детално, но ми пречи кога притискам Open link in new tab веднаш да ми го отвора. Исто така поради големиот број на можности за подесувања на прв поглед може да биде overwhelming и потребни би ми биле неколку часа за да го подесам по мој вкус. Сепак мислам дека има најголем потенцијал: вградените алатки кои можат многу да го подобрат користењето и продуктивноста.

Firefox го користам најдолго време и ме служеше сосем добро се додека не забележав дека некои работи Chrome ги извршува подобро. На Firefox ми се допаѓа изгледот бидејќи мислам дека најмногу се вклопува со изгледот на Windows 10 (барем изгледот на табовите). Најдобро работи на прилично срат десктоп со Single core cpu и 2GB RAM. Не е некоја голема замерка, но на YouTube нема preview на видеата. Поголема замерка имам бидејќи на нов лаптоп забележав дека побрзо троши батерија.

Со вклучени идентични три таба, активен идентичен таб, без екстензии Firefox користи најмногу рам, Chrome најмалце.

comparison.png
 

Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
6.377
7.315
Скопје
www.facebook.com
Почнавте да ми личите ко оние ( корисниците ) на топшоп кај што го фалат само производот и кај што ослабеле дури да ја најдат синхронизацијата на хром со вивалди...
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
47.249
Мислења
977.406
Членови
35.554
Најнов член
dorchek
На врв Дно