Chicco69
lurker
- 21 април 2016
- 648
- 3.080
Наутилус сам по себе е легенда. Но тие што го пропуштиле, го пропуштиле. Наутилус 2? Хммм. Ги користи истите одлични вертикални греачи, плус некои нови. Колку што знам колегата Шарло го има и е задоволен. На времето ги прегледав сите ривјуа, и не беа баш позитивни. Протекувал, особено при полнење. При отшрафување, греачот знаел да се заглави на горниот дел. Металната обвивка е од алуминиум. Мене ми е ружен како ниту еден друг, но верувам спасил многумина од тутунското зло и поради тоа заслужува респект.
Сепак убаво би било да имаме ново решение, прикладно на ова ново време. Вејпинг индуструјата е брза гранка, значи без влечкање, бујрум Николче на сцената.
Многу сличен со наутилусите, ама сепак различен.
- има полнење од горе
- изработка што ветува минимум проблеми
- 3 мл капацитет
- 22 мм дијаметар, 39 гр, резервно стакло
- дизајн и компатибилност со модови - ерсте класе
Никола беше многу фален на ривјуата што ги гледав/читав. Греачите биле во класа или подобри од тие за Наутилус. Дефинитивно траеле долго (многу подолго). Ги има во две варијанти: чистокрвни МТЛ и квази ДТЛ. Купците од Фасттек имаат само пофални зборови за Никола... Сижето е: одлична замена за Наутилус кец, за двојката муабет не праиме.
Да сум почетник што појма нема од електронски цигари, а сакам да му избегам на злото, би го пуцнал Никола in a heartbeat. Во комбинација со еден Eleaf iPower 80-ка, би биле атрактивна пропозиција, особено поради флексибилноста на комбото. Модот во иднина би функционирал топ со било кој РДА/РТА, а Николче би бил одличен за на работа, до продавница или за кежуал прилики.
Навистина верувам во овој ати, останува уште некој да биде доволно храбар да го нарача и проба.
Станавме малку досадни со препораките за Ендура и АЈО во 100 варијанти, особено што има почетници што би платиле во старт и малку повеќе, но да добијат поголем квалитет и флексибилност. Воедно би имале и одличен upgrade path и сигурни 5000mAh, особено сега кога имаме проблем со набавка на адекватни батерии по разумна цена.
Последна промена: