Не можам да кажам ништо до кај 17-18ч., обично тогаш се прибирам дома од работа. Брат ми не се пожалил во тој временски период откако сме на оптика, така да за снемување досега само еднаш и тоа на 2-3 минути. Минатиот викенд беше топ преку цел ден.импресии со стабилност/брзина на ДЛ/УЛ?
Има моменти кога мавам спидтест и аплоудот или даунлоудот е на пола, ама со уште 2-3 последователни пак се враќа на 37-39, значи варира ама мислам дека е постабилна отколку 15/1 пакетот.
Приметив, кога гледам видео на YT и скокам напред со стрелките/глушецот има некој минимален буферинг од пола-една секунда што мислам дека го немаше на 15/1. Ако си на ауто квалитет знае да префрли од HD na SD и обратно.
За даунлоуд нема мака, си кине фајлови со 5MB/s. Со торенти ретко се занимавам, користам Коди за трошење на време, не можам да кажам моментално за аплоудот на практика.