1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Телекабел проблем со брзината

Дискусија во форумот 'Телекабел' започната од Sylvester, 3 Декември 2011.

  1. Sylvester

    Sylvester
    Intern

    432
    38
    24 Март 2009
    Машко
    Студент
    Дали и други корисници на телекабел се соочуваат со премногу мала брзина на интернетот во попладневните и вечерните часови веќе скоро месец ипол ?
    А пројде 14.00ч брзината паѓа на 0.36Mbps и со многу голем пинг од 250-350ms ?!

    Коа ќе им се јавите на техничка служба нон стоп истиот одговор, ќе пратиме екипа, почекајте ќе се реши проблемот и слично ....
    Ме интересира дали некој друг има ист/сличен проблем
     
  2. lamja

    lamja
    Gaining Experience

    424
    181
    1 oктомври 2008
    Машко
    aman be druze sea svati za telekabel deka se sranje.... batali gi sto mozes pobrzo
     
  3. bate mile

    bate mile
    Gaining Experience

    412
    205
    4 oктомври 2011
    moj predlog ako imas hd tv i ako ti se dava poveke pari smeni na 1500 pretplata vo isto vreme simnuvas 1080p film doma slusaat muzika na youtube i pravis kiling spree na cs.
    BTW jas sum od stip
     
  4. bate mile

    bate mile
    Gaining Experience

    412
    205
    4 oктомври 2011
    a na koj da se prefrli cabletel najlosa varijanta za cs 3 godini se macevme so cimerot vo NL cekavme da dojde 01:00 pa da zaigrame
     
  5. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,378
    922
    8 Декември 2009
    Сеа шо дигнаа на 100 гига, каша попара им е интернетот.
     
  6. @ILE@

    @ILE@
    Gaining Experience

    173
    69
    21 oктомври 2010
    Машко
    Ист проблем со Телекабел, брзината им е за никаде, ама кога же пуштиш торент шиба. Чудна работа се, незнам што да кажам :(
     
  7. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,070
    25,355
    4 Септември 2008
    Јас знам, интернетот е многу повеќе од само данлоуд, стрим, сурфање, аплоад, пинг итн.
     
  8. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,934
    2,857
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Да да, и јас имам забележано, еве моментално [​IMG] не знам со да кажам, после нова година, бегам на кејблтел, само ме интересира некој од штип дали има, да ми каже каква им е стабилноста, бидејќи многу се жалат дека палѓа во денот еднаш.
     
  9. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,070
    25,355
    4 Септември 2008
    Подобро да паѓа 1 у ден него да лази со мизерни 2 мегабита цел ден......
     
    На RagingDemon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. HijackHacker

    HijackHacker
    Gaining Experience

    5,108
    296
    21 Февруари 2008
    Машко
    Web Designer
  11. Sylvester

    Sylvester
    Intern

    432
    38
    24 Март 2009
    Машко
    Студент
    Да тоа е точно торентот шиба со по 900kbps али отварање страни едвај :S
    За кејблтел или по ново blizoo слушам исто се жалат така да незнам кај да се префрлам... t-home се изгор скапи...
     
  12. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,934
    2,857
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Тоа е, ми треба некој од Штип, кој ќе ми потврди дека не го губи интернетот од кејблтел секој ден, сепак стабилнсота е важна, а ова со телекабел е ептен мизерно, кај се далеку под конкуренцијата на пазарот, па и брзината е сра*е... ајде Штипјани пишете искуство со кејблтел.
     
  13. kimi makedonski

    kimi makedonski
    Intern

    440
    14
    19 Август 2009
    Исто е и кај мене денес.. ни јутуб не отвара а бев кај другар преска и кај него исто. пробав да се јавам во подршка зафатено секогаш изгледа јасно им е и на нив дека не ги бива па се исклучиле.
    Што се однесува до кејблтел имам две различни случаеви.. на едно место со чести прекини и проблеми на друго место се е ок.
     
  14. filipvselena

    filipvselena
    Gaining Experience

    2,794
    75
    7 Април 2007
    Мислам дека премногу се радувавме за ништо.Телекабел со години веќе не вложува во нивната и така дотраена опрема и никако неможе нормално да ги опслужи сите корисници.Јас имам Телекабел интернет околу 7 години и од тие 4 години се ужас.Се беше во ред додека немаше многу приклучени али после тоа лошо..Брзината кај сите е многу мала затоа што со качување на 100 те гига лимит сите симнуваат и самата мрежа неможе да го издржи тој терет мора некаде да пукне.Многу покорисно ќе беше да останеа 50те гига затоа што сегашната конфигурација едвај функционираше со 50 гига а сега со само дуплирање на пакетот гледате што се случува.Проблеми насекаде.Факт е дека ако тие не вложат пари за нова опрема ништо нема да се смени.Мене ми скисна од проблемите од типот 20 дена во месесот со 1мбпс брзина наместо 8 па се префрлив на Оне.Сеуште не сум приклучен но заразлика од нив конекцијата е колку толку подобра и неверувам дека е полошо од Телекабел. Единствена добра работа кај нас е Близу кој е релативно добар во регионите каде што инсталацијата е нова(не преземена од стари оператори како во Скопје).Некаде има прекини некаде нема, сепак вложија 2 милиони евра во инфраструктура кога тогаш и тоа што е проблем ќе го надминат.Телекабел вложи само 0 денари(со вклучен ДДВ). Сега Телекабел ја прифати политиката да се шири во повеќе градови во Македонија со цел да го надомести изгубениот дел на корисници од градовите кај веќе ги има.Сепак и тоа не им е решение затоа што истото тоа и Близу го најави...
     
  15. Dragon

    Dragon
    Intern

    13
    0
    26 Мај 2010
    Машко
    3d Modeler

    Jas go imav istiot problem 2 godini pa mi pukna film i se prefrliv vo ONE, sega e super.Telekabel se najmizerni za internet vo koja bilo druga kompanija da odis e podobro nego vo telekabel, pozdrav.
     
  16. Sylvester

    Sylvester
    Intern

    432
    38
    24 Март 2009
    Машко
    Студент
    А кажи ми која е брзината кај One? Бидејќи никаде не им пишува тоа на нет. И колку плаќаш(кој пакет)?
     
  17. Dragon

    Dragon
    Intern

    13
    0
    26 Мај 2010
    Машко
    3d Modeler

    Download brzinata e 850 kbajti ne znam vo biti kolku e.A za paket moras da odberes telefonska linija i internet.Telefonot nema pretplata.Okolu 1500 denari bese ne sum siguren zatoa sto plakam i televizija zaedno.
     
  18. Dragon

    Dragon
    Intern

    13
    0
    26 Мај 2010
    Машко
    3d Modeler

    http://www.one.mk/default.aspx?SectionID=894 eve tuka pisuva deka mesecna pretplata e 799 denari so neogranicen internet.
    Во цените е вклучен ДДВ.
    Важи политика за фер користење од 400 GB. Кај ADSL интернет, по искористување на бесплатниот интернет сообраќај, секој дополнителен интернет сообраќај од 1GB се наплаќа по 49 денари дополнително.
    Брзина на интернет пристап download/upload: кај ADSL - до 6144 Кbps / 768 Кbps; кај WADSL – до 1024 Кbps / 128 Кbps.
     
  19. architect

    architect
    Unstoppable

    1,925
    2,274
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    На крај се ќе се сведе на T-home. Кога ќе ги намалат пакетите ( а намалувањето ќе се случи после нова година ) сите ќе се префрлат на 3 MAX и сите ќе си живеат среќно и весело :)
     
  20. Sylvester

    Sylvester
    Intern

    432
    38
    24 Март 2009
    Машко
    Студент
    Од кај тоа дека ќе ги намалат? Они ако планираа требаше сеа да ги намалат за пред Нова Година...
     
  21. architect

    architect
    Unstoppable

    1,925
    2,274
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    Имам пријатели и во One и во T-home во администрација , значи близок извор и ми потврдија дека цените ќе паднат заради конкуренцијата и промените што ги нудат кабелските оператори пред се Blizoo.
     
  22. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,934
    2,857
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Не сакам да звучам конзервирано, но апсолутно никогаш нема да се вратам на монополот на Т-Home, само blizoo... ако се покажат нешто подобро.
     
  23. Ghost

    Ghost
    Intern

    123
    20
    3 Декември 2010
    Машко
    Цената на Т-Хоме би ја поднел доколку не би ги працијализирале корисниците. Пр. Јас сум на Comfort+ со сите глупости што ги нудат како провајдер и плаќам 3000 денари во месецот за да бидам на ADSL линија со 10мб/пс и 250Гб транфер а некој што има достапност за оптичка линија ке го кошта само 300ден повеќе од ова доколку би го одбрал истиот пакет е сега кажете ми кој е ненормален за 300 ден да стави оптика ама ете... тука расте моето незадоволство ако веќе промовираат оптика барем нека се потрудат да нема дупки во тоа што го нудат од типот има дистрибутивна линија ама нема локална дека си во куќа, или најсмешното од се дојди во рамстор потпиши договор и ке ти биде наместено за 6 дена па после 6 дена врати се во рамстор да раскинеш договор сме се помешале, извини :confused::confused:
     
  24. Zimrie

    Zimrie
    Gaining Experience

    473
    110
    11 Април 2008
    Машко
    Јас сум на Т-хоме, интересно во октомври 2011 направив околу 50гб промет а сум на почетниот пакет тој за 500ден и не ме прекинаа, решив да не му ја мислам (супер, паметен потег ќе ги задржам), но во ноември како „што треба“ ме пресекоа на 20гб и.. пред некој ден отидов во близоо и потпишав договор на 1год нет 10 (700ден месечно). Што не побрзаа тие од т-хоме, пошто стварно за квалитет немам никакви примедби, се си работеше супер 100%. Плус телефонската линија што ја имам на т-хоме исклучиво ја користам за интернет а плаќам 1150 ден месечно, тука ме јадеа оние 400-500ден претплата за ништо..
    Тоа е, да видиме што ќе испадне со близоо кога ќе дојдат и наместат.
    Инаку интересно јас бев уклучен на cabletel од летото 2007 до ноември 2008 (кабелска, тогаш немаа други понуди) и се регуларно си платив и се исклучив на мое барање, сега кога бев ми рекоа дека сум должен некои сметки (така стоело на компјутерот) па морав дома најпрвин да се вратам да донесам потврдите и барањето за исклучување да се среди тоа. Што значи, незнам сега, ама на времето се вртеле непоштени игри со корисници таму веројатно надевајќи се дека тие барања за исклучување ќе се изгубат со тек на време..
    А кога се спомнува Оне, пресудно да ја отфрлам нивната понуда е што над 400гб не ја намалуваат брзината туку се доплаќа (така барем сум информиран). Иако тие 400гб никогаш нема да ги потрошев, сепак не сакам да постои таква можност од предострожност, што знае човек што се не е можно.
    Да видам сега колку време ќе им треба на близоо да дојдат и наместат и како се ќе работи (брзина/стабилност) ќе известам
     
  25. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,337
    5,252
    24 Март 2009
    Машко
    Уште еден незадоволен корисник на Телекабел тука -_-
    До пред да го зголемат лимитот никогаш не ми се беше случило да ми падне брзината. Можеше да се случи во месецот еднаш или двапати да падне целиот интернет, но по 5-10-15 минути се вракаше. И за пингот, во 90% од случаите на CS серверите имав најмал пинг од сите играчи.
    Вчера пуштив да се симнува еден торент и брзината тапа, тапа!
    Го пуштив околу 22.30 и се симнуваше со нестабилна брзина од 180-200KBps, нестабилна оти често пагаше и на 60-80. кога проверив на speedtest брзина има што да се види, 1.5Kbps, со пинг до небото...
    А јутуб видео не можеш ни да замислиш да отвориш.
     

Сподели

Вчитување...