Gilfoyle
lurker
- 10 септември 2009
- 571
- 2.026
По втор пат пишувам во темава со цел да ви расчистам некои работи кои што очигледно што ги изнесувате се глупост и ништо повеќе од тоа.
Најпрво малце историја, џабе се препукувате дали била оваа или онаа власт најголем дел од законите се донесени кратко по осамостојувањето на нашата држава и голем дел од нашиот економскиот систем е во согласност со Шестата ДДВ директива на Европската унија.
2. Има два вида на даноци:
Директни: Тука спаѓа Персоналниот данок на доход(ПДД) и Данокот на добивка(ДД)
Индиректни: Тука спаѓаат Данокот на додадена вредност(ДДВ), Акцизите и Царината.
2-1. Персонален данок се плаќа годишно на приходите остварени во земјата и во странство како: лични примања од работен однос; пензии и инвалиднини; приходи од земјоделска дејност; приходи од стопанска и професионална дејност; приходи од имот и имотни права; и други видови приходи, како, приходите од авторски права и права од индустриска сопственост, од капитал, капиталните добивки и добивките од игри на среќа.
Овој персонален данок изнесува 10% и ништо повеќе.
Ако си физичко лице си физичко лице и плаќаш Персонален данок на доход.
Ако си правно лице тогаш се плаќа ДДВ и тогаш може да бараш повраток на ДДВ итн итн итн.
Значи просто и едноставно. Ако си физичко лице и во годината направиш 999.999 денари нема да платиш данок према државата. Ако направиш 1 милион денари ќе платиш 10% према државата. И следните 3 години на крајот од годината од севкупниот збир на примања ќе си платиш 10% на државата.
Важно: Со договорите на дело најчесто ако работите за големи компании слободно може да ставите ставка каде што читко пишува дека на крајот од годината ТИЕ да ви го платат данокот. И тука завршуваат сите приказни и глупости што ги кажувате.
И @Astro да може физичко лице да фактурира на фирма преку договор на дело или авторска агенција. Притоа парите мора од сметка на фирма да легнат на сметка на физичкото лице и во договорот читко да пишува дека данокот ќе си го плати или фирмата или физичкото лице. Затоа се вика договор на дело.