– официјализирање на кризaта со загадениот воздух и прогласување вонредна состојба;
– РЕК „Битола“, најголемиот индустриски загадувач, да добие А-дозвола за усогласување со оперативен план до крајот на годинава;
...
– да престане изградбата на мини хидроцентрали, кои имаат негативно влијание врз реките;
Интересно, но ајде малку елаборирај (макар накратко).Апсолутно хидроцентрали не се најчисти. Ужас се за природата.
Да ама Норвешка има и гас и нафта (eден од најголемите производители и извозници всушност), дури имаат и едни од најголемите резерви на јаглен. Зошто не ги палат тие фосилни горива во термоцентрали туку 97% од струјата им е добиена од хидроцентрали?Норвешка има водотек, ние едвај.
бичиче могуќности (можит ќе бидит), ко ќе почнат енргија од црни дупки да искористуваат, кај нас можит гас ќе донесат.како што ветуваа).
OK до овде. Логично е нели, не мора да си којзнае колку интелегентен за да разбереш кога и од што е загадувањето: Загадувањето најмногу е од греење со ќумбиња (дали на дрва или на пелети). Секундарно од индустријата, ама солиден дел е и до тоа.Загдувањето на воздухот драматично се зголемува помеѓу 16 и 17 часот попладне и навечер после 22 часот, вели министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Дециден е дека во тој период најголем ефект на загадувањето имаат граѓаните односно начините на кои тие се греат. Сепак министерот рече дека и индустријата има влијание и вели дека во иднина се потребни повеќе контроли.
Повторување на истото.„ Во тоа време граѓаните се враќаат дома и го вклучуваат греењето, но тоа не се само домовите на луѓето, туку и други објекти во државата, а потоа имаме и воздушен притисок. Значи, една од причините, за жал, е греењето во нашите објекти и домови. Друга причина дефинитивно е индустријата што треба да се контролира, и можеби треба да има поригорозни контроли во иднина“, рече Нуредини за ТВ21
Како го Насер Нуредини заклучил ова?Тој смета дека инвертер климите не се целосно решение за решавање на проблемите со загадување на воздухот.