Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Загадување на воздухот во урбаните средини

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.820
6.519
SK
Екстремно загаден воздухот во Куманово
Неретко ми се чини дека истово се дешава и во Скопје/Карпош.

kumanovo-zagadeno-237364.jpg
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.820
6.519
SK
Активисти на средба со Пендаровски: Над 25.000 луѓе починаа досега поради загадениот воздух

Oвие активистиве се сериозно збунети суштества. По која логика бараат борба против загадување на воздухот (и тоа за РЕК „Битола“)... Ама да не се граделе хидроцентрали кои даваат најчиста можна електрична енергија?!!?

- Зошто, пошто рисот нема да се качи 100 метри повисоко и ќе се удави во новото езерце?
- Заради рибниот фонд од реките, кој уште пред повеќе децении во голема мера е непостоечки кај сите планински реки заради идиоти кои ловат риби со мрежи?


Добро е да се бара подобрување и одговорност од одговорните, ама треба да се знае што се зборува, и што се бара. Не папагалски да се повторуваат агендите на нво-ата како Грин Пис, без да се земат во предвид локалните околности - и уште поважно - локалните приоритети. А овде приоритет е забрана за горење било што во големите градови, за што мора да се понуди поевтина електрична енергија за греење во зимската сезона.

Хидроцентрали = поевтина електрична енергија за греење, и најчиста енергија. Кој го е*е рисот, и рибите (кои и онака се скоро непостоечки во реките). Само идиот приоретизира еко-идеализам и такви глупости, додека самиот тој и најблиските негови, се гушат во ултра загаден воздух.


– официјализирање на кризaта со загадениот воздух и прогласување вонредна состојба;
– РЕК „Битола“, најголемиот индустриски загадувач, да добие А-дозвола за усогласување со оперативен план до крајот на годинава;
...
– да престане изградбата на мини хидроцентрали, кои имаат негативно влијание врз реките;
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Ако ве, нека напраат соларна електрана. Секако, и аа ќе зафаќ место и ќе го уништо домот некому. Вака со електраниве на јаглен не рисот, не рибите, све ќе испоцркат. Поарно да одат 1000 дрва и 5000 мравјалници јабана него х10 и пак да биде загадено. Пак конќе копаат руда се уништува птиродата, повеќе или помалку.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.111
6.057
Апсолутно хидроцентрали не се најчисти. Ужас се за природата.

Од друга страна ние сме во најсончевиот дел на европа и третина од МК има над 350 сончеви денови во годината со невидени соларни капацитети.

Јасно е што треба и каде треба.

7d087c039f77788852c84b26d735f340.jpg
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.111
6.057
Но дали се подобри? Знаеш колку милиони метри квадратни езера треба за една РЕК? Смешно полоши се хидроцентралите од РЕК. Едноставно премалку енергија даваат, поготово на подрачја со микронски реки како кај нас со страшно непостојан водотек.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.820
6.519
SK
Апсолутно хидроцентрали не се најчисти. Ужас се за природата.
Интересно, но ајде малку елаборирај (макар накратко).
Од тој аспект - две прашања (и едно бонус).

- Како термоцентралите се „почисти“ од хидроцентралите?
- Како хидроцентралите се „ужас“ за природата?

Бонус: Што се дешава со фотоволтаик панелите после крајот на работниот век?

На крај ќе искочи тие во Норвешка се најглупите идиоти на светов.
Norwegian-electricity-production-2011.gif
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Да, хидроцентралитее даваат малу енергија, но за се треба услови, секако норвешка нема да мести фото волтаици, сли ете Господ им дал вода, кај нас нема некои значајни реки па ќе бараме друго решение нели. Инаку осломеј има окопирано многу голема површина кај што се копа руда, така да многу површина е уништена само со копот, башка загаѓењето.
Има и места кај што дува ветар, па може да се произвефе некој киловат.
Сонвето не мора да се користи со фотоволтаици, имаше неккј електрани со огледала кај што се концентрира светлината во еден "бољер" и така работит. Има начини, само некој треба да седнит и да сработит, да напрајт проект, испитување, статистика...
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.820
6.519
SK
Норвешка има водотек, ние едвај.
Да ама Норвешка има и гас и нафта (eден од најголемите производители и извозници всушност), дури имаат и едни од најголемите резерви на јаглен. Зошто не ги палат тие фосилни горива во термоцентрали туку 97% од струјата им е добиена од хидроцентрали?

Нешто не штима во приказнава.

Сериозно, почна муабет дека хидроцентралите се лоши - фер е да го довршиш муабетот без ескивирање. Кажи малку повеќе за посочените моменти: Што е „нечисто“ во хидроцентралите како енергетски извор, и како тоа хидроцентралите се „ужас“ за природата?

едит:
Не споредуваме македонски и норвешки хидропотенцијал. Зборуваме за искористување на македонскиот хидропотенцијал - наспроти некои никако објаснети „еколошки“ приказни (а иронично, во исто време се бара борба против загадувањето).
 
Последна промена:

mdeni

senior
24 септември 2012
6.111
6.057
Затоа што имаат потреба од енормни површини од природата и екосистемот. Ние имаме соларни енергенси небројано повеќе од хидропотенцијал.

Термоцентрала на гас е многу поеколошка од хидро. За јаглен е второ по загадување, после биомаса.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.820
6.519
SK
Ама чекај малку... Никако не објаснуваш како термоцентралите „се поеколошки“ (од хидроцентралите). Тоа би сакал да го слушнам а верувам и другите исто. Плус важно е за дискусијава, те молам биди љубезен и објасни малку.

Патем, површински неискористен простор имаме на претек. Посебно во тие рурални реони каде има услови за хидроцентрали. Која сакаш хидроакумулација земи ја за пример. Ете езеро Козјак, за што побогу се користеше тој простор порано пред хидроцентралата?

И што е толку проблемот со екосистемот?
Не се секирај - рисот нема да се удави, ќе отиде десетина метри погоре. Ќе отидат јабана дрвата во тој појас од десетина метри висина, но тоа е добар компромис за неограничен период на генерирање хидро енергија. На дрвата ионака мама им **** дрвосечите, кои (иронијата е голема) имаат побарувачка за продавање за огрев пошто цената на струјата е голема - а може да биде поевтина, на пример ако имаме повеќе хидроцентрали.


П.С. Гас нема поента да спомнуваш кога по сила на приликите (геополитички) не е реална опција за во термоелектраните.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.111
6.057
И хидро нема логика да спомињаш кога заради самата локација е во полоша состојба во МК од Гас.

Македонски Брод е преселен комплет заради езерото, како нема ефект? Маврово уште неможе да се реши и џабе е браната заради викендици на големци и браната е со пола капацитет. Не зафркавај кај живееш, тие квадрати се нечиви некаде и треба да ги платиш. А се многу.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Зш се исселил брод?
Реално да, има влијание езерата на слана, и на плод од овошкте, но се тоа може да се предвиди и да се дизајнира убљво како штетата ви била минимална. Од друга страна и 100% да се искористи хидро капацитетот може нема да е доволно. На истото место може да се поства огледала и бољери, јбг ќе одат неколку квадрати јабана, но и онака одат и ќе нема нус појави. Крљј краева се викаат експерти, (ама оригинал, не од нашиве), се рљзгледува, се испитува се прави план се реализира и тоа е тоа.
 

Sludge.Factory

Баниран/a
7 февруари 2014
1.225
1.901
Gostivar
Во Гостивар ја исклучија мерната станица после една недела. Помирна глава ако ништо друго. Да гледам вакви бројки секој ден, нервоза ствара :)
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.820
6.519
SK
Само ветер е спасот со оволку загадување што константно се дешава.
На пример сега дува северен ветер, Водно го блокира ветерот во регионот на Сопиште и Сопиште има 44ппм.

Едно Сопиште во рурална средина може да се самозагади кога нема ветер.
Да не имаат во Сопиште булевари со премногу сообраќај, или фабрики? Не туку загадувањето е од греење со ќумбиња како што знаеме сите кои размислуваме со своја глава.

Надлежните нека се молат за ветер и нека лепат лепенки на автомобилите, наместо да го решаваат проблемот и да забранат греење со ќумбиња (нормално треба прво да понудат природен гас до секој дом, како што ветуваа).

upload_2019-12-11_11-14-30.png

upload_2019-12-11_11-12-39.png
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
како што ветуваа).
бичиче могуќности (можит ќе бидит), ко ќе почнат енргија од црни дупки да искористуваат, кај нас можит гас ќе донесат.
Ја има друг предлог во склоп со досегашните модерни сваќања со оние што не водат напред. Да пратиме 20-30 души америјка во резерватине на курс кај индијанцине да ги научат да повикуваат дожд, и ко ќе има загаѓење да отпочнат со ритуалот... Многу пореално ми гледат него сругите наведени мерки.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Поарно е пд ништо, но џабе е чист оџакот ко ќе го затни дотокот на воздух.
Пред некој ден поминав кај пивара, страшно мирисаше на гума запалена најверојатно, и кој знае уште што хемикалии н3маше што не може да се детектираат со нашите вродени сетила, печеше на очи и н нос.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.820
6.519
SK
Загдувањето на воздухот драматично се зголемува помеѓу 16 и 17 часот попладне и навечер после 22 часот, вели министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Дециден е дека во тој период најголем ефект на загадувањето имаат граѓаните односно начините на кои тие се греат. Сепак министерот рече дека и индустријата има влијание и вели дека во иднина се потребни повеќе контроли.
OK до овде. Логично е нели, не мора да си којзнае колку интелегентен за да разбереш кога и од што е загадувањето: Загадувањето најмногу е од греење со ќумбиња (дали на дрва или на пелети). Секундарно од индустријата, ама солиден дел е и до тоа.


„ Во тоа време граѓаните се враќаат дома и го вклучуваат греењето, но тоа не се само домовите на луѓето, туку и други објекти во државата, а потоа имаме и воздушен притисок. Значи, една од причините, за жал, е греењето во нашите објекти и домови. Друга причина дефинитивно е индустријата што треба да се контролира, и можеби треба да има поригорозни контроли во иднина“, рече Нуредини за ТВ21
Повторување на истото.

ОК... Ама како доаѓа до ова долу?
Тој смета дека инвертер климите не се целосно решение за решавање на проблемите со загадување на воздухот.
Како го Насер Нуредини заклучил ова?
Врз основа на кои факти/податоци? Колку домаќинства се греат на инвертор клими? Колкав е нивниот процент во однос на ќумбињата? Кој однос на клими/ќумбиња треба да се постигне за да се дојде до резултати?

Тоа нека го одговори Насер, а до тогаш ова што го напишал се куп гомненици.
Мене ми личи како увертира во барање изговори за прекинување на субвенционирање клима уреди.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Ова демоде е, сега короништево е во мода.
А кој ти гарантира дека ако земиш субвенции за клима дека нема да гориш дрва?
Кујча малу потешко да стоплиш со клима. Дрвата на црно или отпад кој може да се гори оди како алва во ќумбинана и ич никој не се замара.
Многумина изназедоја клими со субвенцииве ама им дувале, промаја ќе ги фатело, па климите стојат колку за инспекција. пак си се греат на дрва, око не им трепина. Што и греењето на огревно дрво вом солидна печка е ок, ама ретко практикуваат таква комбинација. Ко беше карантинот комшијата да не го фрла ѓубрето го збираше на куп и го палеше. А и да го фрли в контејнер веројатноста дека некој ќе го запали контејнерот или депонијата не е за потценување. и така натака.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно