1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Загадување на воздухот во урбаните средини

Дискусија во форумот 'Off-topic теми' започната од FLEGMA, 21 Декември 2018.

  1. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,365
    12,472
    2 Август 2012
    Машко
    Бројот на ќумбиња е фиксен со години. Не приметуваш дека загадувањето се зголемуваше паралелно со либерализацијата на увоз на стари автомобили?

    Иначе дрвата не се забранети никаде во светот. Вие знаете за таков случај?
     
  2. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
    Да кажеме... Монтреал?
    Ban on wood burning stoves comes into effect in on October 1
    Ville de Montréal - Environment - Wood-burning


    Сан Франциско?
    Spare the Air - Wood Burning Regulation
    Со ова забрануваат горење дрва кога загадувањето на воздухот е над дозволените граници... Што нормално е баш тогаш кога сакаш да го распалиш ќумбето, нели Флегма? ;)


    Има и други. Но во некои/подоста од ваквите забрани, има начин да се добие дозвола за горење дрва ако се поседува печка за дрва со сертификат за ниска емисија на честици (пм2.5 пм10). И тоа е ОК, мене не ми смета греењето на дрва само по себе, ми смета чадот натежнат со несогорени саѓи.
    Кај нас ниедна печка, ниедно ќумбе не доаѓа ни блиску да го исполни стандардот а тоа е 2.5 грама пм2.5 пм10 честици на саат. Понајмалку ќумбињата со котел за парно.

    Вака треба и кај нас да се направи, сакаш да се грееш на дрва?
    Може, ама мораш да задоволиш стандард за незагадување.
     
  3. Roncic

    Roncic
    Гостин

    Ima detalen izvestaj deka rek bitola godisno ispusta 27toni pm2.5 ili pm10 - ne pametam tocno. Istrazeno dokazano. Dali ima nekakva studija za ogrevno drvo? Muabetov vozele pijani 100dusi pa na cel grad vozackata da se odzemi. Neka kaznuvaat koj pali gumi I slicno . Na kraj kraeva , naprevete termocentrala vo Skopje pa neka nosat kakvi sakaat zakoni , neka zabranat ako treba I kolektori !!
     
  4. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
    Да можам да бирам меѓе две опции, каде едната опција е термоцентрала на 15+ километри од Скопје ама никој да не се грее со ќумбиња, а втората опција ова што е сега - 80% од луѓево се греат со ќумбиња... Јас лично без една секунда двоумење веднаш би ја одбрал термоцентралата.

    Всушност да не сум врзан со работата овде, во секој случај попрво би се преселил во Битола отколку да останам во Скопје. Од многу причини, иако најголемите се загадувањето и секундарно - гужвите.


    Јас барем не сум нашол убава сеопфатна студија за ова. Пошто по развиените држави (каде обично се прават студиите), таму се греат на гас и други еколошки извори на енергија. Не се греат на дрва. Ама дека има некои мерења, секако има.

    Просечна печка на дрва по западни стандарди, за 4 часови горење испушта 150 грама пм честички во воздухот. Овдешните ќумбиња испуштаат дупло повеќе пм честички, и тоа само ако работат на пропишаната максимална ефикасност на согорување од ~63%. Но пошто овде купувачите се неписмени а продавачите се идиоти, овде во Македонија сите имаат предимензионирани ќумбиња - кои никој не ги користи на силно согорување како што треба, пошто така прејако им греат предимензионираните ќумбиња и затоа сите го намалуваат горењето на послабо. Проверете бе, дали кај себе дали кај други, видете на винтот за силина за горење - кој од вас го користи горењето на максимум или блиску до максимум? На сите ви е горењето намалено на првите една две цифри на скалилото. Епа така ефикасноста на согорување паѓа некогаш и под 10%, а годишно во просек најверојатно не оди над 25% ефикасност. Што мислите дека се случува со другите 75% од сите тие МИЛИОНИ ТОНИ ДРВА кои секоја година се горат? Магично исчезнуваат?

    Овде во Македонија според достапните податоци, просечно ќумбе за 4 часови горење испушта накај 500 грама пм честички во воздухот. Ако дрвата не се купени од претходната пролет/лет, тогаш помножете ја оваа бројка пута 5.

    И тоа се податоци за само 4 часови на ден. Да претпоставиме дека просекот на користење на ќумбињата е барем 10-12 часови на ден... И доаѓаме до некои 1.5 килограми пм честички на ден. Или 7.5 килограми пм честички на ден, ако дрвата се сурови и/или влажни.

    Грејна сезона е од пола Октомври до Април, некогаш подолго некогаш пократко зависно од условите. Значи 5ипол до 6 месеци, блиску до пола година. Да земеме 5 месеци нека биде, или некои ~150 дена грејна сезона.
    Едно ќумбе за 150 денови ќе испушти (150 х 1.5) отприлика 225 килограми пм честички во воздухот. Или цели 1,125 килограми пм честички, ако дрвата се влажни.

    Ај сега види ако во Скопската котлина има скоро милион жители, некаде кажаа некои 200,000 домаќинства. Од нив 80% се греат на дрва, со ќумбиња. Значи 150,000 до 160,000 ќумбиња.
    Сезонски тоа (150,000 х 225) се 33,750,000 килограми пм честички. Toa се 33,750 тони.

    Или ако дрвата се влажни, 168,750,000 килограми пм честички. 168,750 тони пм честички.

    Ајде да бидеме оптимисти и да кажеме дека барем пола од луѓево купиле дрва на почеток на летото. Добиваме некој просек од пола суви и пола влажни дрва (16,875 + 84,375) тоа се некои 33,750 до 101,250 тони. Пм честички. Во воздухот. Кој го дишеме секојдневно!


    Ајде бе, нека грешам. Дупло нека грешам. Абе тродупло нека грешам... Споредете го тоа со тие „цели“ 27 тони од РЕК. РЕК кој е над 15 километри подалеку од најблискиот град. А ќумбињава ни се под нос, на неколку метри. Чадот паѓа меѓу куќите каде не дува ветер, и не се мрда оттаму. За разлика од рамнината окулу РЕК каде и мало ветре за час го оддувува и дилутира загадувањето.

    Ви велам дека не разбирате колку димензиите на загадувањето се неспроделиво поголеми од ќумбињата. Се обидувам да објаснам ама цело село масовно и упорно се правиме глупи. Ќе ни се смеат на глупоста идните генерации. А ние ќе продолжиме да се труеме и да умираме од загадувањето. Се додека не ни дојде паметот (ако ни дојде).
     
  5. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,365
    12,472
    2 Август 2012
    Машко
    Добро! Ти победи
    Пола кило ПМ10 (или ватевер)
    Одам да слушам Шаде.
     
  6. smole

    smole
    Unstoppable

    2,920
    3,264
    18 Април 2007
    Централно парно и гасификација не одат заедно - или или.

    Колку што разбрав гасификацијата ќе почне со рецимо с. Лисиче каде нема централно парно и ќе се шири во прстени нанадвор.

    Не верувам дека во централно Скопје ќе има довод на гас, таму веќе има парно.
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
    ... само што никако да почне. А буквално сите што беа/се на власт, пред избори ветуваа итна и брза гасификација.

    Инаку гасот не е само за греење. Со гас може да се готви, да се загрева топла вода, дури и фрижидери и други уреди да работат на енергија од гас (со генератори, нормално).
     
  8. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
    А каква е сега ситуацијата друже, во градовите?
    Од што се труе мнозинството од граѓаните?

    80% од домаќинствата се греат на дрва.
    Како резултат на тоа имаме најзагадени градови во Европа, па и во светот.

    Битола е на 15 километри од РЕК а Прилеп е на 32 километри од РЕК.
    Дали е помалку лошо да се гори на десетици километри надвор од градовите, или подобро е да се гори внатре во градовите, Битола и во Прилеп да чадат оџаци кои сите заедно повеќе загадуваат од РЕК?

    Ако мислиш дека не сум во право тогаш како го објаснуваш тоа што сите мерења покажуваат скоро три пати поголемо загадување во центарот на Битола, ама осетно помало загадување на воздухот на мерна станица накај РЕК?
    Quo vadis?
    [​IMG]
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
    Во моментов:
    МојВоздух - Знам што дишам

    Во случај на некој да не му е јасно зошто баш Карпош е најзагаден дел од градот, ја заокружив зоната каде се виновниците - што лесно се докажува со ставање една мерна станица во средината на тој индустриски реон. Или со банални едноставни инспекции на ку*тоните кои во државава се нарекуваат инспектори:

    upload_2018-12-30_14-3-43.png
     
  10. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,189
    2,884
    24 Септември 2012
    Мислиш на ромите кои палат ствари за да се греат на отворено, така?
     
  11. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
    Уште повеќе на разните сервиси, погони, итн во околината на Момин поток и накај Качанички Пат. Циганите инаку палат гуми и во лето, што знам точно што прават, дали ја вадат жицата од гумите, или цели тркала палат за да ги извадат бандашите, горат акумулатори за да го извадат оловото... Не знам точно, само знам дека ни полиција ни инспектори не доаѓаат на пријави.
     
  12. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,820
    24,935
    4 Септември 2008
    viber image.jpg

     
    На bicikle и Lokvan им се допаѓа ова.
  13. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
    Само што на повеќето работи од графиконот погоре секој лично за себе може да пази и да внимава (што јаде, дали пуши цигари/тутун, дали се дрогира, движење спорт, итн, итн. Дури и од криминал можеш некако да се заштитиш, ако знаеш што праваиш... Но ова загадувањево во воздухот што да правиш не можеш да се заштитиш од сограѓаните, сакаш нејќеш мораш да го дишеш чадот од нивните ќумбиња.

    Туку кога сме кај ќумбињата, @FLEGMA го слушна ли на вести пред неколку дена тој пензионираниот машински инжинер од Прилеп? Остарено деденце, ама уште го држи паметот. :)
     
  14. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,820
    24,935
    4 Септември 2008
    Не беше постот насочен кон тебе, него кон лицемерието на луѓето....и токму тоа е и поентата, она кое е далеку поопасно и можат да го сменат не го менуваат и не е проблем, додека тоа што не можат, е :)


    Едит, додатно инфо за графиконот...

    download (1).png
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  15. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,365
    12,472
    2 Август 2012
    Машко
    Не. Што тоа?
     
  16. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
    Не не го разбрав како насочено кон мене. :)
    (а го разбрав и едитот) ;)


    Штета, си кажа човекот дека главниот проблем е до чадот од ќумбињата. Прашај меѓу сограѓаните, секако некој ќе се сети на името на човекот и сигурно има некое видео на нет. Не дека нешто ново кажа. :)
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DarkDeFnx

    DarkDeFnx
    Gaining Experience

    64
    103
    20 Јули 2016
    Машко
    Миле Грданоски?
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
    Тој е човекот!

    И како што кажа Флегма: „РЕК Битола користи еден исклучително неквалитетен јаглен што содржи, многу висок процент на сулфур.“


    View: https://youtu.be/CgkQPgESh3M
     
  19. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,365
    12,472
    2 Август 2012
    Машко
    Факт е дека воздухот е загаден во Прилеп но околу мернана станица има барем две (и тоа многу блиску) кафеани/скари кои се на ќумур па сега видете вие.

    Сега брзо и мерните станици во Сараево поулдеа пред да откријат слично нешто.
     
  20. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
  21. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
    Moментално во Скопје дува ветер од 16 km/h... Ама во Карпош 4 КОРНЕ СМРДИ НА ЗАПАЛЕНА ГУМА. Само што морав да ги затворам сите прозори и терасата.
    Windfinder.com - Wind and weather forecast Zajcevrid
    Поздрав до градските власти кои се „борат со загадувањето“. Што ли ќе правевме да не дуваше ваков ветер?
     
  22. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,576
    726
    3 Март 2018
    Генерално да,или за одредени локации, ама да ги донеса во двор зимава тие што ја прајле табелава за 15 минс(ако не паднат кома) аеро загаѓењето ќе го стават на прво место ем ќе ја прошират табелата xD
    Во Велес до пред некое време имаше голем проблем со загаѓењето од оловото преку воздухот. Во некое америчко градче исто така (ова одамна) имаа фрка со оловото од бензинот(бензинските мотори).
    Каков е тој отпад што е здрав да се гори? Е да живееш маврови анови пеки, аеро загадувањето ќе биде на 10-то место.... Ама во Ск, Те, Бт, Кич... малу појче е загадено. Ќешки да не утича толку на здравјето, ама не ми изгледа возможно толку да е не влијателно.
     

Сподели

Вчитување...